Продолжува соработката со фондацијата „Фридрих Еберт“

Денеска, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари средба со директорот за Северна Македонија на фондацијата „Фридрих Еберт“, Рене Шлее. На средбата соговорниците изразија задоволство од досегашната добра соработка меѓу двете институции и разменија мислења за  потенцијалот и правецот во кој таа треба да се развива и зацврсти.

Продолжува соработката со фондацијата „Фридрих Еберт“

Министерката Шукова се заблагодари за подршката што Фондацијата во континуитет ја дава за проекти од областа одржлив развој и заштита на животната средина, особено во делот на хармонизација на македонското законодавство од областа животна средина со правото на ЕУ. На оваа прва средба по назначувањето на министерската Шукова, директорот Шлее изрази подготвеност за понатамошно градење на добра комуникација и поддршка на процесите.