Сектор за отпад

Секторот за отпад е одговорен за имплементација на законските одредби од Законот за управување со отпад и сродните закони од делот на управувањето со отпадот, како и подзаконските акти кои произлегуваат од нив во делот кој го опфаќа процесот на управување со отпад како и Стратегијата за управување со отпад, Националниот план за управување со отпад националниот план за спречување на создавање на отпад. Исто така, секторот е одговорен за имплементација на Законот за управување со пакување и отпад од пакување, Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпад на електрична и електронска опрема, Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Законот за проширена одговорност на производителите, како и подзаконските акти кои произлегуваат од овие закони.

Секторот учествува и во транспонирање и хармонизирање на ЕУ директивите во националното и законодавство и анализа на измените на соодветните ЕУ директиви.

Секторот е одговорен за имплементација на проекти од областа на управувањето со отпадот финасисрани од буџетски средства, меѓународни грантови или заеми. Учествува во работата на работните тела на Собранието на Република Македонија и Владата на Република Македонија, со овластеување од функционерот кој го раководи министерството и соработува со единиците на локалната самоуправа во делот на воспоставување на регионалните системи за упрвување со отпад како и други прашања.

Раководител на Секторот е м-р. Ана Каранфилова – Мазневска A.Karanfilova@moepp.gov.mk

Помошник раководител на Секторот е Ана Петровска A.Petrovska@moepp.gov.mk

Секторот е составен од 2 одделенија:

Одделение за управување, увоз, извоз и транзит на отпад и за регистрација и евиденција на управувачите и постапувачите со отпад и за управување со посебни текови на отпад
Одделение за развој на политики, планови и програми за управување со отпад