Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Сектор за индустриско загадување и управување со ризик

Согласно Законот за животна средина, од 1 Јануари 2006 година почна имплементацијата за новите законски обврски за индустријата, а кои се однесуваат на Интегрирано спречување и контрола на загадувањето. Овој систем на ИСКЗ дозволи е опфатен со две глави во законот:

  • глава XII - Интегрирани Еколошки Дозволи
  • глава XIV - Дозволи за усогласување со оперативни планови

Глава XV од истиот закон се однесува на Спречувањето и контролата на хавариите со присуство на опасни материи.

 

Назим Алити

Раководител на СИЗУР
Телефон: +389 76 445 942
 
 
Опис на работната позиција

Менаџирање на секторот преку координирање на работите поврзани со интегрирано спречување и контрола на загадувањето, хемикалии и индустриски несреќи, аерозагадување и органски испарливи материи

Листа на обврски-одговорности:

  • Соработува со другите раководни административни службеници од институцијата;
  • Во случај на отсуство или спреченост на непосредно претпоставениот административен службеник го заменува истиот врз основа на овластување од секретарот; му помага на раководителот на секторот за општи работи кои се однесуваат на давање потребна стручна помош на раководителите на одделенијата во секторот при вршење на насложени работи и задачи и го следи текот на извршувањето на задачите доверени од раководителот на секторот. 
  • Иницира решавање на одделни проблеми и одговара за навремено, законите и квалитетно вршење на работите и задачите кои се вршат во секторот, а за кои е овластен и кои му се доверени од раководителот на секторот. 
  • Врши работи кои бараат посебна стручност и самостојност во работата што ќе му ги довери раководителот на секторот, 
  • Се грижи за спроведување и извршување на програмата за работа на секторот; 
  • Предлага ставови по начелни системски прашања на раководителот на секторот.

Фатос Балиу

Заменик раководител на СИЗУР
Телефон: +389 76 456 717
Е-пошта: 
 
 
Опис на работната позиција

Помагање во работењето на раководителот на секторот поврзана со менаџирање на секторот преку координирање на работите поврзани со интегрирано спречување и контрола на загадувањето, хемикалии и индустриски несреќи, аерозагадување и органски испарливи материи

Листа на обврски-одговорности:

  • Соработува со другите раководни административни службеници од институцијата;
  • Во случај на отсуство или спреченост на непосредно претпоставениот административен службеник го заменува истиот врз основа на овластување од секретарот; му помага на раководителот на секторот за општи работи кои се однесуваат на давање потребна стручна помош на раководителите на одделенијата во секторот при вршење на насложени работи и задачи и го следи текот на извршувањето на задачите доверени од раководителот на секторот. 
  • Иницира решавање на одделни проблеми и одговара за навремено, законите и квалитетно вршење на работите и задачите кои се вршат во секторот, а за кои е овластен и кои му се доверени од раководителот на секторот. 
  • Врши работи кои бараат посебна стручност и самостојност во работата што ќе му ги довери раководителот на секторот, 
  • Се грижи за спроведување и извршување на програмата за работа на секторот; 
  • Предлага ставови по начелни системски прашања на раководителот на секторот.

Беса Татеши

Раководител на одделение за ИСКЗ
Телефон: +389 76 446 758
Е-пошта: b.tateshi@moepp.gov.mk

Oпис на дејноста и обврските на одделението:

  • Одделението работи во остварувањето на програмските задачи и активности од областа  на индустриско загадување, запазувајќи ги законските рокови за спроведување на системот за интегрирано спречување и контрола на загадувањето.
  • Разгледување и анализа на барањата за интегрирани еколошки дозволи.
  • Изготвување на интегрирани еколошки дозволи, вршење на увид на лице место на исталацијата за која се изготвува интегрирана еколошка дозвола.
  • Изготвува записници од состаноците и од теренските посети на инсталациите.
  • Врши размена на податоци со други служби во министерството, особено со Државниот инспекторат за животна средина, државни органи, ЕЛС и невладини организации, одржува состаноци, јавни расправи, објавување на барањата, нацрт дозволите и издадените А/Б-ИЕД дозволи.

Во рамките на активностите на Одделението за ИСКЗ е и водењето на Регистар на издадени А/Б-ИЕД дозволи од страна на МЖСПП како и од страна на Општините во РСМ. Воедно, се разгледуваат и Б-ИЕД дозволите издадени од страна на ЕЛС. Доколку се утврдат недостатоци, се информираат надлежните органи во врска со истите, дава насоки за спроведување на процедурата за Б-ИЕД дозволи процесуирање на Б-дозволи за инсталации во заштитени подрачја или кога општината нема капацитет да ги процесуира истите.

Емилија Ќупева - Неделкова

Раководител на одделение за ХИН
Телефон: +389 76 446 953
Е-пошта:
 

Одделението за хемикалии и индустриски несреќи се занимава со две области поврзани со контролата на опасните хемикалии:

  • Управување со одредени групи на хемикалии, и
  • Спречување на хаварии со присуство на опасни супстанции.

Во смисла со управувањето со хемикалиите Одделението се занимава со изработка на мислења по барања за увоз/извоз на одредени хемикалии, како и опрема која содржи опасни хемикалии. Исто така, Одделението работи на управувањето со одредени групи на хемикалии (супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка, перзистентни органски загадувачи, жива) започнувајќи од подготовка на стратешки документи до конкретни акции за мониторинг, контрола, редукција и елиминација на овие групи на хемикалии.

Спречувањето на хаварии со присуство на опасни супстанции се однесува на имплементација на Поглавјето XV од Законот за животна средина. Одделението врши работни задачи врз основа на конкретни упатства и насоки кои се однесуваат на подготвителните работи од доменот на спречување на хавариите. Во оваа смисла Одделението врши евиденција на инсталациите кои работат со одредени количества на хемикалии, се ажурира базата на податоци на инсталации/системи кои складираат/аплицираат опасни супстанции.

Покрај ова, Одделението ги прави сите подготовки (Прирачник за подготовка на извештај за мерки за безбедност, Водич за подготовка и инспекција на извештајотмерки за безбедност со систем на листи за проверка) за непречена евалуација и инспектирање на клучните документи поврзани со превенција на индустриските несреќи кои инволвираат опасни супстанции.

Свето Василески

Раководител на одделение за АОИМ
Телефон: +389 78 426 016
Е-пошта:
 

Одделението  работи  во  делот кој го опфаќа процесот на управување со аерозагадувњето што е во надлежност на министерството и управувањето со органски испарливите материи

Oпис на дејноста и обврските на одделението:

Oдделението, работи во имплементација на законските одредби во делот кој го опфаќа процесот на управување со аерозагадувњето што е во надлежност на министерството и управувањето со органски испарливите материи. 
Врши евиденцијата на инсталациите кои работат со органски испарливи материи, го следи процесот на имплементација на обврските кои проилзегуаат прометот на органски испарливи материи. 
Работи на  програмските задачи и активности во овие области, 
Соработува со другите организациони облици во министерството, со државните органи, со научните и стручните институции и со невладините организации од земјата и странство, 
Работи во изготвувањето на научно-стручни студии и елаборати. 
Одделението работи во донесувањето на  предмети во управна постапка

Мени за пристапност