Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Природа

Резиме

1. Што се случува?

Промените во природните екосистеми се перманентни. Процесите не се следат континуирано поради недостаток од воспоставен континуиран мониторинг на состојбата со природата. МЖСПП  во 2021 година изготви и донесе Упатство за начинот на вршење теренска опсервација, инвентаризација и мониторинг на биодиверзитетот и живеалиштата на територијата на Република Северна Македонија со протоколи/обрасци за васкуларни растенија, мовови, цицачи, птици, водоземци и влекачи, риби и ракови, без’рбетници, габи и лишаи, како и обрасците за шуми и други шумски живеалишта, отворени живеалишта (тревни површини, вриштини и грмушеста вегетација) и мочуришни живеалишта (тресетишта, блата, езера и реки).
Негативните влијанија врз природата и природните процеси од антропогениот фактор се се почести. Преку реализираните програми и проекти за мониторинг на неколку диви видови растенија, габи, животни и птици кои се од национално и европско значење, утврдени се негативни промени кај водните, блатните, тревестте, шумските и планинските екосистеми и живеалишта што доведува до фрагментација на живеалиштата како и намалување на ареалите и бројноста на популациите на дивите видови животни и растенија. 
При подготвување на стратешки развојни проекти кои поради нивниот карактер, обем или локација можат да имат значително влијание врз природата, не се врши во целост оцена на влијанијата односно проценка на потенцијално значајните влијанија врз природата и биодиверзитетот кои можат да произлезат од реализацијата на проектите. Во студиите или елаборатите за оцена на влијанието врз животната средина (EIA) е содржано само поглавје кое се однесува на опис на природното, културното и историското наследство на пределот но без соодветни мерки за спречување или намалување на негативните/штетните влијанија врз природата и биодиверзитетот.
Мрежата на заштитени подрачја континуирано се зголемува со прогласување на нови подрачја вклучително и природни реткости, сепак процесот на ре-прогласување на постоечките заштитени подрачја не е завршен во целост и ефикасноста на управувањето зависи од капацитетите на субјектите за управување.  
Оценка на засеганатоста на дивите растителни и животински видови се спроведуваше во изминатите години, постојат податоци за одредени таксономски групи (пр. водоземци, влекачи, цицачи, итн) но не е завршено оценување на сите таксономски групи. 
Управувањето и користењето на природните ресурси не секогаш се врши на одржлив начин. Собирањето диви видови растенија, габи, лишаи, животни и нивни делови од природата се врши од страна на обучени собирачи и со претходно  добиени дозволи за собирање од МЖСПП. Сепак, има недостаток на податоци за количините кои можат да се собираат од природата како и податоци за вкупно соберени диви видови растенија, габи, лишаи, животни и нивни делови. Ова го доведува во прашање начинот на собирање односно дали сите диви видови се собираат на одржлив начин што може да резултира со загрозување на нивниот опстанок и носење на Олуки за ограничување или забрана за собирање како што е примерот со генцијаната (Gentiana sp.), мечкиното грозје (Arctostaphylos uva-ursi) или дабовиот лишај (Evernia prunastri)  се со цел одржување на поволна состојба на зачуваност на овие диви видови растенија. Врз основа на извршена теренска проценка на популациите на видот мечкино грозје на национално ниво, донесена е Наредба за ограничување на собирање на растителниот вид Мечкино грозје (Arctostaphylos uva-ursi) заради користење и трговија (Службен весник на РСМ бр.201/21). 

2. Зошто се случува?

Промените во природните екосистеми се условени како од биотските така и од абиотските фактори. Дополнителни нарушувања кај природните екосистеми се регистрирани и од антропогените влијанија. Главни сектори кои имаат негативни влијанија врз природните екосистеми а посебно врз загрозувањето и опстанокот на дивите видови и/или нивните живеалишта се: енергетскиот, транспортниот, шумарскиот и земјоделскиот сектор, преку изградбата на инфраструктурни објекти и други индустриски и урбани комплекси, рударството и неодржливиот масовен туризам. Во последнава деценија главните притисоци се врз водните екосистеми, посебно сливовите на поголемите реки, како и зафаќањето на води од помали водотеци во планинските екосистеми со цел производство на електрична енергија. Се почестото поставување на фотоволтаичните електроцентрали без соодветна оцена на влијанијата кои овие активности ќе ги имаат врз природата и биодиверзитетот доведува до губење на природните вредности и деградација на земјиштето. Негативни влијанија се регистрирани и кај тревестите екосистеми и заедници преку депопулација и намалување на сточниот фонд во руралните подрачја, што резултира со промени во природниот состав на видовите, зараснување на пасиштата (сукцесија) и ширење на инвазивните растителни видови. 
Сепак, најизразени се промените кај водните екосистеми, пред се влажните живеалишта, блатата и тресетишатата, бидејќи, со нарушување на режимот на водите и влијанието на климатските промени, во нив се губат значајните вегетациски заедници, ендемични и ретки диви видови растенија и животни. Загадувањето на водите и почвата од различни извори влијае врз биодиверзитетот.  

Поради неодржливо управување со шумите, регистрирани се појави на ерозија на земјиштето, а со тоа и губење на вегетацијата. Се почестите шумски пожари имаат директно негативно влијание врз стабилноста на шумските екосистеми и губењето на биодиверзитетот. Драстичните климатски промени се повеќе негативно  влијаат врз опстанокот на живиот свет, а со самото тоа и брз стабилноста на природните екосистеми и живеалишта. 

3. Дали имаме национална цел?

Основните национални цели за заштита на природата и зачувување на биолошката разновидност се утврдени со Законот за заштита на природата и стратешките документи од областа на заштита на природата како: Национална Стратегија за заштита на природа со Акционен План (2017-2027) и Национална Стратегија за биолошка разновидност со Акционен План (2018-2023) во кои детално се разработени приоритетните цели на РСМ кои се однесуваат на заштита на природата и биолошката разновидност. Националните цели за заштита на природата се дел и од другите стратешки документи на државата како што се: Стратегија за развој на енергетиката во РМ до 2040 година, Стратегија за животна средина и климатски промени 2014-2020, Просторниот план на РМ, Национална Стратегија за одржлив развој во РМ (2009-2030), Национална стратегија за одржлив развој во шумарството 2007-2026 и други секторски  планови и програми.

Во Националната стратегија за заштита на природата се идентификувани 7 национални цели за тематски подрачја од областа на геодиверзитетот, биолошката и пределската разновидност. Во Националната Стратегија за биолошка разновидност се дефинирани 4 стратешки цели од кои произлегуваат 19 национални цели за зачувување на биолошката разновидност кои беа усогласени со глобалните цели за биодиверзитет на ООН (познати како Цели од Аичи) и Европската Стратегија за зачувување на биолошката разновидност до 2020 год.

4. Дали националната цел е постигната?

Секторот за природа при МЖСПП постојано го следи прогресот на имплементација на Акциските планови од Национална Стратегија за заштита на природа и Националната Стратегија за биолошка разновидност. Констатирано е дека националните цели на РСМ утврдени со овие стратегии целосно не се постигнати, меѓутоа евидентен е соодветен напредок во реализацијата на активностите.
Акцискиот план од Стратегијата за заштита на природата содржи бројни акции кои треба да се преземат со цел исполнување и постигнување на националните цели до 2027 год.

Од вкупно 222 акции содржани во Акцискиот план на Стратегијата за заштита на природата досега се реализирани 87 акции или 39,19%, во фаза на реализација се 49 акции или 22,07%, а неотпочнати се 56 акции или 25,23%. Имено, досегашната анализата покажа дека сеуште не се зајакнати капацитетите на локално,  регионално и национално ниво, а и националната еколошка свест за заштита на природата и  биолошката разновидност сеуште е на ниско ниво. 

Целите кои се дефинирани во Националната стратегија за одржлив развој на шумарството се во насока на одржливо управување со шумите и заштита на природниот капитал на пределите. Тројната светска криза како што ја нарекуваат ОН, се однесува на климата, загадувањето и биодиверзитетот како и енергетската криза имаат големо влијание врз обезбедување финансиски ресурси за реализирање програми и проекти за заштита на природата и биолошката разновидност во регионот и во државата. На глобално ниво донесени се нови цели за зачувување на биолошката разновидност до 2030 год. како и нова Стратегија на ЕУ за биодиверзитет (2021-2030). Следствено ќе се направи  усогласување на националните цели на државата за заштита на природа и биолошката разновидност.

5. Клучни пораки за темата

Во периодот од 1973 год заштитата на природата и биолошката разновидност била регулирана со Закон за заштита на природните реткости (Сл. Весник на РМ бр. 41/1973) каде за прв пат се утврдени категориите на заштитени подрачја. Од 1995 до 2004 година заштитата на природата и биолошката разновидност  е регулирана во Законот за заштита и унапредување на животната средина и природата (Сл.Весник на РМ бр. 13/2003). Во 2004 година беше донесен посебен закон за заштита на природата. Во периодот од 2004 до 2024 година Законот за природа беше често менуван и дополнуван. Врз основа на Законот за заштита на природата во овој период беа донесени сет со подзаконски акти кои се однесуваат на: одржливо користење на природни ресурси, вклучително и за собирање на диви видови растенија, габи и животни од природата како и акт за регулирање на прометот со засегнати и заштитени диви видови. Донесени се и правилници како што се: Листи за утврдување на строго заштитени и заштитени диви видови, Правилник за евиденција за заштита на природата, Правилник за содржината на студијата за валоризација или ревалоризација на заштитено подрачје, Правилник за содржината на плановите за управување со заштитени подрачја и годишните програми за заштита на природата и Правилник за издавање дозвола за спроведување на научно истражување во природата и др. Во тек е изготвување и донесување нов Закон за природа со кој треба јасно да бидат дефинирани целите, активностите и мерките за зачувување на природата преку заштита на биолошката разновидност, заштита и зачувување на природните екосистеми и живеалишта како и заштита на дивите видови растенија и животни кои се од национално и меѓународно значење. 

Министерството за животна средина и просторно планирање спроведува континуирани активности за зголемување на процентот на заштитени подрачја со цел исполнување како на националните така и на меѓународните обврски од областа на заштита на природата. Во последниот три годишен период процентот на заштитени подрачја во РСМ е значително зголемен со прогласување на нови заштитени подрачја и денес истиот изнесува 13,9 % од националната територија. 

Во интерес на секоја земја заради социо-економски развој е да се прогласуваат повеќе заштитени подрачја. Во светот е докажано дека економската моќ на земјите е многу поголема, доколку заштитените подрачја се  управуваат рационално и одржливо. Соодветното користење на екосистемските услуги што ги пружаат заштитените подрачја се од големо значење за локалното население и локалната економија. Концептот на заштитени подрачја, нивното соодветно управување и развојот на плаќањето на екосистемските услуги се важни за воспоставувањето на модел за одржливо користење на природните ресурси, но и одржување на екосистемите во поволна состојба на зачуваност.
Во таа насока направен е значителен напредок во спроведување на постапките за прогласување на нови заштитени подрачја. Согласно Законот за заштита на природата донесен е Закон за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II - Национален парк (Службен весник на РСМ бр. 151/21). Исто така, планината Водно беше прогласена за заштитено подрачје во категорија V - Заштитен предел (Службен весник на РСМ бр.195/21) и дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел (Службен весник на РСМ бр.286/21). Со тоа процентот на заштитени подрачја е зголемен на 13,9 % од територијата на државата и  направен е прогрес и надминат е предвидениот процент на заштитени подрачја од 11,5% од територијата на држава, што беше утврден за исполнување до 2020 година во Секторската студија за заштита на природното наследство, која е дел од Просторниот План на државата (2004).

Истовремено, преку ЕУ проектот “Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES” се спроведуваат активности на национално ниво за идентификација на идни Натура 2000 подрачја што подразбира идентификација на значајни типови живеалишта видови и птици кои се од европско значење. За овие подрачја ќе бидат изготвени и Стандардни податочни формулари (SDF).

Во процесот на приближување кон ЕУ се работи на усогласување и спроведување на директивите на ЕУ од областа на заштита на природата. Со оглед дека за зачувување на природата неопходни се огромни финансиски средства, Министерството за животна средина и просторно планирање за прв пат во 2024 година обезбеди финансиски средства за заштита на природата кои беа доделени на Националните паркови како имплементатори на активностите за заштита на природата но истите не се доволни за воспоставување на одржлив систем на финансирање на заштитените подрачја.

РСМ како прва земја во регионот потпиша Договор за учество во Програмата на Европската Унија „Живот“ (LIFE), што ќе ни обезбеди отворање на нови можности за аплицирање за проекти од областа на природа и биодиверзитет. 
МЖСПП е дел од работната група за биолошка разновидност Biodiversity Task Force предводена од Регионалната канцеларија на IUCN која има за цел стимулирање на регионалната соработка и напредок кон исполнувањето на обврските од Конвенцијата за биолошка разновидност и ЕУ директивите за живеалишта и птици. 

Согласно исполнувањето на националните обврски кои се однесуваат на заштита на природата и биолошката разновидност во годишните извештаи за прогресот на државата кон ЕУ за делот заштита на природата нотиран е значаен прогрес во последните неколку години.

6. Кои активности се/треба да се превземат?

Во тек е донесување на новиот Закон за природа кој ќе овозможи целосно транспонирање на одредбите од ЕУ директивите и регулативите од областа на заштита на природата. 
Подготвен е и нов закон за CITES со кој ќе се регулира меѓународната трговија со загрозени видови растенија и животни со цел спречување на губењето на биодиверзитетот предизвикано од прекумерното искористување на дивиот растителен и животински свет од страна на човекот. По усвојувањето на ова законско решение ќе се контролира меѓународната трговија со диви растителни и животински видови до степен што не може да го загрози нивниот опстанок.
Изработена е Студија за изводливост за воспоставување на центар за згрижување на повредени и запленети диви животни во Република Северна Македонија со што ќе се одговори на барањата на CITES конвенција како и регулативата на ЕУ за регулирање на прометот со диви растителни и животински видови.
Во однос на обврските од ЕУ Директивата за живеалишта и ЕУ Директивата за птици досега во РСМ се идентификувани 12 потенцијални НАТУРА 2000 подрачја со вкупна површина од 1756,45 км2 или 175645 ha (6,8%). Во моментот се спроведуваат активности за идентификација на идни НАТУРА 2000 подрачја на целата територија на РСМ за кои ќе бидат изготвени и Стандардни податочни формулари (SDF).
 Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во соработка со национални и меѓународни експерти, применувајќи ги критериумите на IUCN изготви Национални Црвени листи за херпетофауна (водоземци и влекачи), габи и за пет селектирани видови на цицачи (рис, мечка, видра, волк и чакал).  Утврден е конзерваторски статус за 14 виши васкуларни растенија кои се од национално и европско значење и изготвена е Приоритетна листа на таксони на флората на национално ниво како основа за понатамошна селекција и утврдување на конечна листа со приоритетни таксони за Црвената листа на флората на државата. Националните Црвени листи се поставени на веб страницата на МЖСПП сhttp://redlist.moepp.gov.mk/pocetna/. Во завршна фаза е ревидирањето на Листите на строго заштитени и заштитени диви видови растенија, габи и животни.
Изработена е картата на значајни живеалишта во РСМ и изработена е веб апликација за онлај притап до картата (habitatnakarta.moepp.gov.mk).
Се реализираат активности за воспоставување на Транснационална платформа за размена на информации за управување со големи месојади во Динарскиот регион во осум земји од Динарскиот регион: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Словенија. Преку платформа националните администрации работат заедно со други релевантни чинители од земјоделството, науката, ловот и зачувувањето на природата на заеднички развој на водечки принципи за идната соработка.
Неопходно е да се работи на воспоставување на континуиран мониторинг за следење на состојбата со клучните видови и живеалишта со национално и меѓународно значење заради преземање соодветни мерки за зачувување и ревитализација.
Извршена е селекција на екосистемите и нивно мапирање на цела територија на земјата,  утврдена е состојбата на екосистемите и дефинирани се екосистемските услуги што ги даваат екосистемите. Изработена е пилот шема за плаќање на екосистемски услуги и во тек е нејзино тестирање во Споменик на природа Вевчански Извори. Континуирано се спроведуваа обуки за засегнатите страни во рамки на долгорочниот план за јакнење на капацитети за сите засегнати страни за екосистемски услуги.
МЖСПП спроведува постапка за повторно прогласување на локалитетите Кањон Матка, Охридско Езеро и Долна Пчиња за заштитени подрачја во категорија III - Споменик на природа и повторно прогласување на Маврово за национален парк Исто така, во изминатите години постигнат е голем прогрес во прогласување на природни реткости како обврска од Законот за заштита на природа. Со завршување на веќе отпочнатите постапки за прогласување на Студенчишко и Белчишко Блато за нови заштитени подрачја ќе се зголеми процентот на заштитени подрачја на национално ниво. До Министерството за животна средина и просторно планирање поднесена е иницијатива за отпочнување на постапка за прогласување на дел од планината Јабланица за заштитено подрачје и обезбедени се финансиски средства од страна на МЖСПП за изготвување на Студија за валоризација на природните вредности на Јабланица. Покрената е иницијатива за прогласување на првиот гео-парк Демир Капија. Во тек се активности за валоризација на гео вредностите и биодиверзитетот со кои се карактеризира ова подрачје.
Локалитетот Длабока Река во НП Маврово е вклучен на Листа на УНЕСКО за стари букови шуми во 2021 год. 
Прекуграничната соработка за заштита на природата е унапредена во рамки на Фондот за природа Преспа-Охрид (ПОНТ), при што беа опфатени заштитените подрачја (НП Пелистер, НП Галичица, СП Преспанско Езеро, Парк на природа Езерани и НП Шар Планина). Се очекува соработката со ПОНТ да се прошири и во други заштитени подрачја по завршување на процесот за повторно прогласување како што се СП Охридско Езеро и НП Маврово.
Подобрено е управувањето со заштитените подрачја преку изработка и донесување на планови за управување. Изработени и донесени се плановите за управување со Национален парк Пелистер (2021-2030), Национален парк Галичица за период 2021-2030 година и Заштитен предел Осоговски планини (2022-2031) и Планот за управување со Национален парк Шар Планина (2022-2031) и План за управување со Преспанско Езеро (2023-2033). Изготвен е Нацрт-План за управување со Споменик на природа-Охридско Езеро..
Со цел справување со предизвиците, потребите и приоритетите кои се однесуваат на заштита на природата и биолошката разновидност како и навременото исполнување на националните и меѓународните обврски за заштита на природата неминовно ја наметнуваат потребата од преземање на низа активности како: формирање на Агенција/Завод за заштита на природата како стручно институција која ќе одговори на сите предизвици; воспоставување на функционален и одржлив систем на заштитени подрачја; идентификација на НАТУРА 2000 подрачја на национално ниво; обезбедување на финансиски средства од Буџетот на РСМ наменети за заштита на природата и биолошката разновидност; донесување на акциски планови за управување со клучни висови и живеалишта; изготвување на Планови и Програми за ревитализација на значајни живеалишта и клучни видови кои се од интерес на заедницата; проценка на еколошкиот статус на водните живеалишта; обезбедување функционалност на еколошките коридори; изградба на зелена инфраструктура; идентификација и преземање пилот мерки за ерадикација на инвазивни видови; усогласување со глобалната рамка за биолошка разновидност согласно Конвенцијата за биолошка разновидност, воспоставување на систем на плаќање на екосистемски услуги, воспоставување национален информативен систем за природа и др.
Еден од најефикасните начини за намалување на негативните влијанија од климатските промени е примената на Решенијата засновани врз природата односно активности насочени кон заштита, ревитализација и одржливо управување со природните екосистеми со цел создавање на здрави и функционални екосистеми. Неопходно е да се направи национален акциски план за ревитализација на приоритетните живеалишта во земјата.
Целта на понатамошно исполнување на обврските е спроведување на пропишаните активности  од националната легислатива за одржливо управување со шумите и заштита на природата, ратификуваните меѓународни договори и ЕУ директивите и регулативите од областа на шумарството, а согласно националната стратегија за одржлив развој на шумарството 2007-2027, Прирачник за одржливо управување со шумите во Република Северна Македонија 2021 и Националната стратегија земјоделство и руралниот развој за периодот 2021-2027. За интензивирање на процесите и дооформување на определени фази и постапки во завршна фаза и изготвување на нов предлог текст на закон за шуми каде се имплементирани 12 ЕУ регулативи поврзани со шумите и дел од ЕУ Директивите од областа на шумарството.

 

Дефиниција

Индикаторот го проценува генералниот тренд на броевите биолошки видови во Северна Македонија кои може да се сметаат за засегнати, заради нивната застапеност на Националните црвени листи, додатоците I и II од Бернската Конвенција, Директивата за птици на ЕУ, додатоците II и IV од Директивата за живеалишта на ЕУ, Конвенцијата за меѓународна трговија со засегнати видови и Конвенцијата за заштита на миграторни видови диви животни.

Единици

Индикаторот може да биде мерлив доколку редовно се води евиденција за два параметри:

  • Бројот на таксони чиј статус на засегнатост е проценет на националните Црвени листи, или пак кои се наоѓаат на една од меѓународните наведени конвенции или директиви;
  • Промени во категориите на засегнатост на видовите (според Црвени листи или релевантни конвенции).
     
Клучно прашање за политиката

За колкав дел од националната биолошка разновидност е познат ризикот од нејзино исчезнување?

Клучна порака

На национално ниво се очекува тренд на зголемување на бројот на проценети засегнати видови. Имено, со сѐ поголем развој на интерните еколошки капацитети во државата, се очекува интензивирање на фреквенцијата со која се воспоставуваат проценки за засегнатост на видовите во Северна Македонија. Овој тренд е веќе очигледен од формирањето на првите Национални црвени листи во 2019 (на влекачи, водоземци и одредени видови растенија) и брзото последователно проширување на други таксономски групи (цицачи и габи) веќе во 2021 година. Сепак, и покрај корисноста на Црвените листи во информирање на јавноста и формирање на политики за заштита на природата, постојат и други платформи за проценка на засегнатост на видовите. Така, застапеноста на видовите на Конвенцијата за трговија со загрозени видови (CITES), Бернската конвенција, Директивите на ЕУ за видови и живеалишта, Директивата за птици или Конвенцијата за заштита на миграторни видови диви животни се исто така индикативни за состојбата со засегнатите видови во државата. Следствено, треба да се стремиме што поголем дел од националниот биодиверзитет да се најде и на овие конвенции, покрај (регионалните и глобални) Црвени листи. Ова е особено важно за (стено)ендемичниот диверзитет. Видовите застапени на меѓународните конвенции неретко ги отсликуваат приоритетите за заштита на поразвиените, особено западноевропските држави, додека пак локални ендемити се отсутни. Наша национална должност е да му го најдеме местото на овој географски поограничен, а со тоа најчесто и позасегнат биодиверзитет, на што повеќе конвенции, особено ЕУ Директивите за видови и живеалишта; на овој начин дополнително би придонеле кон поголема стандардизација на меѓународните приоритети за заштита со националните.
За жал, Северна Македонија не отстапува од глобалните трендови на загуба на биолошката разновидност, па така се очекува тренд на зголемување на засегнатоста на видовите. Овој тренд дава особена тежина на потребата за следење на состојбата со засегнатите видови во државата, особено имајќи предвид дека само на овој начин може да се идентификуваат приоритетите за заштита и да се изградат ефикасни конзервациски програми. Државните институции и сите други релевантни тела за заштита на природата треба да ја приоретизираат заштитата на природата, почнувајќи од веќе идентификуваните видови и градејќи достапни и едноставни програми и планови (на пр. Акциски планови) кои даваат јасни насоки за заштита. Само на овој начин може да го успориме трендот на загуба и евентуално да го намалиме степенот на засегнатост на видовите.

Оценка

Табела 1. Регистриран број видови во Република Северна Македонија проценети како засегнати (ранливи, загрозени или критично загрозени) според националните Црвени листи на IUCN (во заграда е дадена пропорцијата на таксони со национална проценка), според Директивата за видови и живеалишта (ЕУ II и ЕУ IV), Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови (CITES I или II), Бернската конвенција (Bern I или II) и Конвенцијата за заштита на миграторни видови диви животни (CMS I).

Таксономска група

Вкупен број

IUCN

ЕУ II

ЕУ IV

CITES I или II

Bern I или II

CMS I

Безрбетници

13400

0

27

26

0

20

0

Риби

?

0

25

0

0

1

1

Водоземци

14 (100)

6 (100)

3

8

0

7

0

Влекачи

32

13 (100)

7

24

3

25

0

Птици

323

NA

114

NA

54

231

13

Цицачи

89

5 (5.9)

20

20

1

6

1

Габи (само макромицети)

2044

60 (3.1)

/

/

/

/

/

Растенија

3500

14

10

10

0

12

0

Опфат на податоциexcel

Извор на податоци: Национални црвени листи за флора, габи, херпетофауна (водоземци и влекачи), габи и крупни цицачи

Методологија

Присуството на даден вид на опишаните листи, конвенции и директиви е индикативно за неговиот степен на засегнатост: 

  • Црвената листа на светската унија за заштита на природата (IUCN) дефинира три категории („ранлив“, „загрозен“ и „критично загрозен“) кои се показател за нивото на засегнатост на даден вид. Точната категорија се одредува според сет од пет квантитативни критериуми: 1) големина на популација и тренд на опаѓање; 2) големина на географски опсег и фрагментација (опаѓање или флуктуација); 3) мала популација и во опаѓање, фрагментација, флуктуација или малку подпопулации; 4) многу мала популација и нејзин рестриктивен опсег; 5) квантитативна анализа на ризик од исчезнување. Во текот на 2019 година беше изготвена првата Национална црвена листа за херпетофауна (водоземци и влекачи) и тоа за: 14 вида водоземци и 32 вида влекачи. Дополнително, во 2019 година извршена е проценка и на 14 вида растенија, кои имаат меѓународно и национално значење и изготвена е Приоритетна листа на таксони на флората на национално ниво, како основа за понатамошна селекција и утврдување на конечна листа со приоритетни таксони за Црвената листа на флората на Република Северна Македонија. Во периодот 2020/2021 година изготвени се Национални црвени листи за габи и крупни ѕверови (мечка, рис, волк, видра и шакал). Во моментот се врши нова проценка за статусот на заштита на балканскиот рис, кој за прв пат беше проценет во 2015 година според критериумите на црвената листа на IUCN. Проценките се вршат преку Информативниот сервис за видови на IUCN (Species Information Service – SIS). Овој сервис е централна база на податоци која служи за складирање и управување со написите за видовите и процените за публикување на Црвената листа на IUCN. Пристапот до овој систем е ограничен за корисници кои се вклучени во глобални или регионални процени според IUCN. Регистрирани корисници можат да пристапат до онлајн верзијата на SIS каде, во формат погоден за публикување, можат да ги подготват, променат и поднесат процените до групата која раководи со Црвената листа на IUCN. Почнувајќи од 2020 година, IUCN воведе нов начин за проценка на потенцијалот за закрепнување на видовите и на ефектот од заштитарските заложби воведувајќи ја платформата за процена на Зелениот статус на видот (Green Status of Species). Проценката на зелениот статус може да се смета дека има два главни дела: (I) дефинирање на состојба „целосно закрепната“ и (II) проценка на состојбата на видот во однос на „целосно закрепната“ состојба со цел да се оцени влијанието на зачувувањето. Влијанието на зачувувањето се оценува врз основа на проценка на состојбата на видовите под различни сценарија (минато, сегашно и идно, со или без заштита). Платформата нуди можност да се процени видот во веќе подготвена работна книга со веќе дефинирани формули и исход. Балканскиот рис ќе биде првиот македонски вид чиј зелен статус ќе биде проценет. Повеќе информации околу Црвена листа на IUCN може да се најдат на следниот линк: https://www.iucnredlist.org/resources/categories-and-criteria
  • Бернска Конвенција - Конвенција за зачувување на дивиот свет и природните живеалишта во Европа. Во оваа Конвенција постојат четири Додатоци (Appendix I, II III & IV). Четирите додатоци ги содржат списоците диви видови кои се заштитени со Конвенцијата: Додатоците I и II се најрелевантни во однос на индикатори за засегнати видови, бидејќи ги опфаќаат списоците на строго заштитени видови на флора (https://rm.coe.int/168097eb56), односно на фауна (https://www.coe.int/en/web/bern-convention/appendices#{%2212480131%22:[0]}), додека видовите на дива фауна од Додаток III се заштитени, но со нивните популации може да се управува и преку „експлоатација“ регулирана во согласност со Конвенцијата. Во Додатокот IV се наведени забранетите средства и методи за убивање, заробување и други форми на експлоатација.
  • Директивата за живеалишта (https://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/PDF/?uri=CELEX:01992L004…) и Директивата за птици (https://environment.ec.europa.eu/topics/nature-and-biodiversity/birds-d…) на Европската Унија. Директивата за живеалишта покрива пет Додатоци кои ги земаат предвид заштитата на живеалиштата и видовите. Во однос на засегнатите видови и нивните индикатори, релевантни додатоци се: Додаток II кој содржи видови за кои е потребно прогласување на посебни заштитени подрачја и Додаток IV на кој се излистани строго заштитени видови. Директивата за птици ги опфаќа птиците кои се предмет на посебни мерки за зачувување во однос на нивното живеалиште со цел да се обезбеди нивниот опстанок и размножување во нивната област на распространување. 
  • CITES - Конвенција за меѓународна трговија со загрозени видови на дива флора и фауна. Оваа конвенција вклучува три Додатоци (Appendix I, II & III) од кои само првиот се однесува на (нај)загрозените видови животни и растенија (https://cites.org/eng/app/appendices.php). Во Додатокот II се наведени видовите на кои во моментот не им се заканува истребување, но тие можат да станат загрозени доколку трговијата не е строго контролирана. Додаток III претставува список на видови вклучени на барање на страна која веќе ја регулира трговијата со видовите и на која и е потребна соработка со други земји за да се спречи неодржлива или незаконска експлоатација.
  • Конвенцијата за заштита на миграторни видови диви животни обезбедува глобална платформа за заштита и одржливо искористување на миграторни видови и нивните живеалишта(https://www.cms.int/sites/default/files/uploads/revised-appendices_cop1…). Видовите се вклучени во два Додатоци (Appendix I & II). Првиот Додаток ги опфаќа загрозените миграторни видови на кои им се заканува висока опасност од исчезнување во целиот или значителен дел од нивниот ареал на распространување. Додатокот II ги опфаќа миграторните видови кои имаат неповолен статус на зачувување и за кои се потребни меѓународна соработка преку договори за нивно зачувување и управување. 

 

Во продолжение се дефинирани начините на кои одреден вид може да влезе во еден од додатоците на четирите директиви и конвенции кои ги обработуваме тука како индикативни за засегнати видови: 

  • Секоја од државите потписнички на Бернската конвенција може да поднесе предлог за додавање на вид на Додатоците I или II. Предлог документот е најчесто подготвен од владина, научна или невладина институција и се поднесува до секретаријатот на конвенцијата. Понатаму, секретаријатот формира комисија со претставници од членките потписнички и/или научни експерти, а понекогаш и нарачува засебни студии за засегнатоста на предлог видот. Откако комисијата ќе донесе одлука (едногласно или со мнозинство), секретаријатот ги известува сите држави потписнички на конвенцијата за да почнат со имплементација согласно со нивните национални закони.
  • Додавање пак на видови на додатоците I, II и IV од ЕУ директивата за живеалишта и птици може да биде направено, најчесто, според ажурирани научни податоци околу статусот на засегнатост на некој вид и предложено од страна на Европската комисија, или од научна, владина или невладина институција од земја членка на Европската Унија. Европската комисија потоа го проценува предлогот во консултација со Европската агенција за животна средина и Орнитолошката експертска група (само за птици). Предлогот понатака се дискутира на јавни консултации со чинители од државите членки на унијата, по што комисијата подготвува амандман за конкретниот Додаток, кој на крај се става на глас во Комисијата за птици или Комисијата за живеалишта. Во случај на мнозинство, амандманот се прифаќа и се објавува во Официјалниот весник на Европската Унија по што земјите членки се должни да преземат мерки за заштита на видот и/или неговите живеалишта.
  • Конференцијата на Страните, која е врховното тело за одлучување на Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива флора и фауна и ги опфаќа сите нејзини страни, донесе Резолуцијата со која според сет на биолошки критериуми и критериуми за трговија, одредува дали одреден вид треба да биде вклучен во Додаток I или II. На секој родевен состанок Страните поднесуваат предлози врз основа на тие критериуми за измена на овие два Прилози. Тие предлози за амандмани се дискутираат и потоа се ставаат на гласање. Конвенцијата, исто така, дозволува измени со поштенска процедура помеѓу состаноците на Страните, но оваа постапка ретко се користи.
  • Конференцијата на Страните е главното тело за донесување одлуки на Конвенцијата за миграторни видови. Се состанува еднаш на секои три години и ги утврдува буџетот и приоритетите за следните три години. На тој состанок, исто така, се одлучува за изменување и дополнување на Додатоците и се разгледуваат извештаите поднесени од Страните, Научниот совет и Договорите утврдени според Конвенцијата. Секоја земја членка на оваа конвенција има можност да предложи измени за дополнување или промена на статусот на заштита на одреден вид. Конференцијата на Страните има задача и да им препорача на Страните да склучат дополнителни регионални договори за зачувување на одредени видови или групи на видови.
     
Цели

1.    Проценка на статусот на засегнатост на сите клучни таксономски групи во Република Северна Македонија (преку чија заштита би се обезбедила сеопфатна заштита на нивните живеалишта и голем дел од пропратниот биодиверзитет);
2.    Поголема застапеност на балкански (стено) ендемити на постоечки конвенции и директиви;
3.    Намалување на степенот на засегнатост на проценетите таксони;
4.    Промоција на статусот на засегнатост и заштитата на македонскиот биодиверзитет преку изработка на материјали како онлајн платформи (на пр. Националната црвена листа) или печатени материјали како што се Црвени книги или Акциски планови.

Обврска за известување
  • Европска агенција за животна средина
  • Секретаријат на Конвенцијата за биолошка разновидност (CBD)
  • Секретаријат на Конвенција за заштита на дивиот свет и природните живеалишта во Европа (Бернска конвенција)
  • Секретаријат на Рамсарска Конвенцијa
Општи мета-податоци
Тема Природа Поврзаност со други теми/сектори Земјоделство
Код на индикаторот MK НИ 007 Временска покриеност 2019 - 2024
Име на индикаторот Загрозени и заштитени видови Извор на податоци Национална стратегија за биолошка разновидност со акциски план за период 2008-2013; Националната Стратегија за природа со Акционен План (2017-2027). VI Национален извештај кон Конвенцијата за биолошка разновидност (ЦБД), Web страна на Министерство за животна средина и просторно планирање http://redlist.moepp.gov.mk/pocetna/
https://www.iucnredlist.org/
Класификација по ДПСИР С Датум на последна верзија 20.09.2024
Тип А Подготвено/ажурирано од: М-р Влатко Трпески*
М-р Сашко Јорданов*
Даниела Камчева*
Фреквенција на публикување Годишно Контакт v.trpeski@moepp.gov.mk
s.jordanov@moepp.gov.mk
d.kamceva@moepp.gov.m

*) последната верзија од индикаторот е ажурирана од надворешен експерт

Поврзаност со други индикатори

МК НИ 007 Загрозени и заштитени видови EEA – Европска агенција за животна средина IND-140/CSI 050, SEBI 001- Abundance and distribution of selected species
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа D5 Trends in the number and distribution of selected species
Каталог на индикатори за животна средина 130 – Abundance and distribution of selected species
SDG – Цели за одржлив развој 15 – 15.5.1
Red List Index
GGI – Индикатори за зелен раст не
Кружна економија не

 

Дефиниција

Индикаторот ја прикажува вкупната (кумулативна) површина на заштитените подрачја, прогласени според националната легислатива за заштита на природата во текот на времето.

Овој индикатор ги покажува трендовите во:

  • Број на заштитени подрачја,
  • Вкупна површина на заштитени подрачја,
  • Површина на заштитени подрачја по категорија на заштита,
  • Процентуална застапеност на поединечните категории на заштитени подрачја од вкупната територија на државата.
Единици
  • Број на подрачја, ha, km2 и %.
Клучно прашање за политиката

Каков е прогресот на бројот и вкупната површина на заштитени подрачја, прогласени според националното законодавство?

Клучна порака

На национално ниво се очекува тренд на зголемување на бројот и вкупната површина на заштитените подрачја.
Зголемувањето на бројот и површината на заштитените подрачја на национално ниво е значајно за зачувување на природата/биолошката разновидност. Со тоа ќе се подобри националната политика за зачувување на природата преку спроведување на мерки и активности за заштита, зачувување и одржливо користење на биолошката разновидност.

Оценка

Системот на заштитени подрачја се воспоставуваат со цел заштита на биолошката разновидност во рамките на природните живеалишта, процесите што се случуваат во природата, како и абиотички карактеристики и пределна разновидност, како што е наведено во член 65 од Законот за заштита на природата (“Службен весник на Република Македонија” бр 67/04, 14/06, 84/07, 35/10, 47/11, 148/11, 59/12, 13/13, 163/13, 41/14, 146/15, 39/16, 63/16, 113/18, 151/21). Со прогласување на едно заштитено подрачје, истото се стекнува со статус на природно наследство.

Со донесувањето на Законот за заштита на природата во 2004 година и неговото стапување на сила во 2005 год. воведена е нова категоризација на заштитените подрачја во согласност со критериумите на Светската унија за зачувување на природата (IUCN-International Union for Conservation of Nature) со што се овозможува вклучување на националните заштитени подрачја во светската мрежа на заштитени подрачја.

Во согласност со член 66 од Законот за заштита на природата, прифатени се шест категории на заштитени подрачја, усогласени со категоризацијата на IUCN:

1. Категорија I - (Iа) Строг природен резерват (СПР)

                           ( Ib) Подрачје на дивината (ПД)

2. Категорија II - Национален парк (НП)

3. Категорија III - Споменик на природата (СП),

4. Категорија IV - Парк на природата (ПП),

5. Категорија V -  Заштитен предел (ЗП) и

6. Категорија VI – Повеќенаменско подрачје (ПНП)

 

Заради утврдување на реалната состојба и обезбедување стручна основа за изработка на актот за прогласување на едно заштитено подрачје се изработува Студија за валоризација или ревалоризација на заштитеното подрачјето. Содржината на студијата е пропишана во подзаконски акт - Правилник за содржината на Студијата за валоризација или ревалоризација на заштитено подрачје (Службен весник на РМ, бр. 26/2012).

Националните цели, мерките и активностите за заштитените подрачја се вклучени во Стратегијата за биолошка разновидност со Акциски план за период (2018-2023), Националната стратегија за заштита на природата со Акционен план (2017-2027) како и Просторниот План на Република Македонија (2004-2020).

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) ги спроведува постапките за прогласување на заштитени подрачја, предлага субјекти за управување со заштитените подрачја и врши надзор врз управувањето и заштитата на заштитените подрачја.

Почнувајќи од 1948 година, кога беше прогласен првиот Национален парк - Пелистер во Република Македонија, бројот и површината на различни категории на заштитени подрачја, на национално ниво, бележат континуиран раст.

Во моментов, системот на заштитени подрачја вклучува 68 подрачјa, кои зафаќаат површина од 352135,23 ha или 13,84 % од територија на Република Северна Македонијa согласно најновите пресметки за површината на земјата која изнесува 2544056 ha или 25441 km2.

Табела 1. Број и површина на заштитени подрачја по категории на заштита

 

Категорија на заштита според IUCN

Број на подрачја

Површина (ha)

% од територија на РСМ

Ia. Строг природен резерват (СПР) 2 7.797,5 0,31
Ib. Подрачје на дивина (ПД) - - -
II. Национален парк (НП) 4 177.744,6 6,99
III. Споменик на природа (СП) 46 7.1133 2,8
IV. Парк на природа (ПП) 12 3.467 0,14
V. Заштитен предел 5 65.054 2,56
VI. Повеќенаменско подрачје 1 26.940 1,06
Вкупно 70 352.136 13,86

Со прогласувањето на новите заштитени подрачја во периодот од 2020 - 2024 година постигнат е значителен напредок во зголемувањето на вкупната површина на заштитени подрачја која зафаќа околу 14% од територија на државата и истите се прикажани на картата подолу (карта 1). Со тоа е направен прогрес и надминат е предвидениот процент на заштитени подрачја од 11,5% од територијата на државата што бил утврден до 2020 година во Просторниот План на државата (2004) и соодветната Секторска студија за заштита на природното наследство.
Националните паркови зафаќаат околу 7% од територијата на државата, потоа следуваат спомениците на природата со околу 3 %, додека сите други категории на заштитени подрачја зафаќаат околу 4 % од територијата на државата.

Карта 1. Преглед на националните заштитени подрачја 


1. Гол Човек, 2. Даб - с.Орашац, 3. Чам Чифлик, 4. Вевчански Извори, 5. Тумба, 6. Суви Дол, 7. Катлановско Блато, 8. Платан, с.Калиште, Струга, 9. Водно, 10. Шар Планина, 11. Осоговски Планини, 12. Кањон на Градешничка Река, 13. Манастир, Мариово, 14. Кале Бањичко, 15. Езерани, 16. Иберлиска Река, 17. Конче, 18. Превалец, 19. Дојранско Езеро, 20. Пештера Млечник, 21. Голем Козјак, 22. Плоче Литотелми, 23. Моноспитовско Блато, 24. Локви - Големо Коњаре, 25. Црни ореви, Демир Капија, 26. Дреначка Река, 27. Караслари, 28. Белешничка Река, 29. Јасика, Јегуновце, 30. Пештера Убавица, 31. Ручица, 32. Малешево, 33. Колешински Водопад, 34. Јасен, 35. Гарска Река, 36. Речица, 37. Калница, 38. Клисура Демир Капија, 39. Катлановски Предел, 40. Кањон на Матка, 41. Охридско Езеро, 42. Пелистер, 43. Кожле, 44. Заштитен предел Гази Баба, 45. Арборетум, 46. Орашац, 47. Гладница, 48. Стебла од платан, Стар Дојран, 49. Менкова Ливада, 50. Тиквеш, 51. Македонски даб, с.Трпејца, Охрид, 52. Слатински Извор, 53. Конопиште, 54. Див прнар, Гевгелија, 55. Маврово, 56. Галичица, 57. Преспанско Езеро, 58. Куклица Кратово, 59. Зрзе, 60. Маркови Кули, 61. Смоларски Водопад, 62. Карши Бавчи, 63. Дреновска Клисура, 64. Острово, Гази Баба, 65. Скопска тврдина, 66. Црна топола, с.Мачево, 67. Орлово Брдо, 68. Лескодол, 69. Платан – с.Мокрино, 70. Состоина од платан, с.Мокриево, Струмица

Трендот во прогласување на заштитените подрачја е прикажан на графиконот 1. Во текот на годините се забележува зголемување на бројот на заштитени подрачја. Денес, вкупниот број на заштитени подрачја е 70 и истиот е намален заради спроведена постапка за репрогласување на поединечни стебла или помали локалитети кои биле прогласени како споменици на природата, а со измените на Законот за заштита на природа, истите се репрогласени како природни реткости. Вкупниот број на природни реткости до денес изнесува 27. Најголем број подрачја припаѓаат на категоријата споменик на природата (44), потоа следи категоријата парк на природата со 12 подрачја.

График 1. Вкупен број на заштитени подрачја

Трендот на зголемување на вкупната површина на заштитените подрачја во км2 во периодот од 1990 до 2024 година е прикажан на график 2. Во 2024 година регистрирана е промена во трендот и зголемување на вкупната површина на заштитените подрачја на национално ниво.

График 2. Вкупна површина на заштитени подрачја

 Трендот на површината на заштитени подрачја по категорија на заштита за период 1990-2024 година во хекатри е прикажан на график 3. Во 2024 година регистрирана е промена во трендот на површината на заштитени подрачја по категорија на заштита. Може да се забележи дека најголема површина од заштитените подрачја припаѓа на категоријата национален парк. 

График 3. Број на заштитени подрачја по категорија на заштита

 

График 4. Површината на заштитени подрачја по категорија на заштита

 

График 5. Процентуална застапеност на поединечните категории заштитени подрачја во вкупната територија на државата

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: МЖСПП, Национални паркови, други субјекти за управување со заштитени подрачја

Прогласувањето на заштитени подрачја на национално ниво претставува сложен и комплексен процес, кој бара вклучување на сите засегнати страни. Усогласувањето со различните засегнати страни, особено околу границите и зоните на заштитените подрачја, како и назначување на субјект задолжен за управување со заштитените подрачја кој треба да има соодветни капацитети (финансиски и човечки ресурси) се едни од главните предизвици што можат да го забават процесот на прогласување заштитени подрачја.

Преку измена и дополнување на Правилник за содржината на студијата за валоризација или ревалоризација на заштитено подрачје може да се поедностави постапката за прогласување а со тоа да се забрза процесот на прогласување на заштитени подрачја и да се овозможи позитивен тренд на бројот и површината на заштитените подрачја во земјата.

МЖСПП води неколку постапка за прогласување на нови заштитени подрачја и/или повторно прогласување на постојни заштитени подрачја кои биле прогласени според старата категоризација и тоа: репрогласување на Националниот парк Маврово, репрогласување на Споменикот на природа Охридско Езеро, репрогласување на Кањон Матка за заштитено подрачје во категорија Споменик на природа, репрогласување на локалитетот Катлановски Предел во Споменик на природа со променет назив Долна Пчиња, прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за заштитено подрачје Парк на природа, прогласување на Белчишко Блато за Парк на природата, со кои би се постигнал напредок во зголемување на бројот и површината на национални заштитени подрачја.

Со прогласување на заштитени подрачја и и донесување на планови за управување се воспоставува соодветна контрола врз управувањето со овие простори. Во изминатиот период, изработени и донесени се планови за управување со Национален парк Шар Планина, Заштитен предел Осоговски Планини, Заштитен предел Малешево, Споменик на природа Преспанско Езеро и др.

Потребно е да се работи и на зголемување на ефикасноста во управувањето со заштитените подрачја, назначување субјекти за управување за сите заштитени подрачја и обезбедување соодветни средства за финансирање. Освен тоа, потребно е да се обезбеди поголемо вклучување на заштитата на природата во другите секторски политики со цел да се направи прогрес во одржливото користење на природните ресурси во дозволените зони од заштитените подрачја. Со тоа ќе се обезбеди подобра имплементација на законодавството за заштита на природата како и усогласување со другите сектори (шумарство, земјоделство, енергетика, економија, транспорт, туризам и др.). Особено неопходно е да се зголеми едукацијата на национално, регионално и локално ниво за значењето што го имаат заштитените подрачја, како и бенефитите кои тие можат да ги пружат на луѓето, особено во обезбедувањето на екосистемските услуги.

Заштитени подрачја со меѓународно признат статус

  • Споменик на природата „Охридско Езеро“- Светско природно наследство (УНЕСКО) (1979);
  • Споменик на природата „Преспанско Езеро“- Рамсарско место (1995);
  • Споменик на природата „Дојранско Езеро“- Рамсарско место (2008);
  • Споменик на природата „Охридско Езеро“- Рамсарско место (2021);
  • Споменик на природата „Маркови Кули“– Светско природно наследство (Прелиминарна листа на УНЕСКО);
  • Споменик на природата „Слатински Извор“- Светско природно наследство (Прелиминарна листа на УНЕСКО);
  • Прекуграничен биосферен резерват Охрид-Преспа прогласен според критериумите на Програмата на УНЕСКО “Човек и Биосфера (2014);
  • Локалитетот Длабока Река во Национален парк Маврово од Република Северна Македонија е впишан на Листа на УНЕСКО за букови шуми;
  • Трилатерален Преспа Парк, прогласен со Декларација на трите држави кои го делат подрачјето (Северна Македонија, Албанија, Грција и Европската Комисија) во 2019 година.
Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

За изработка на индикаторот се користи база на податоци (катастар на заштитени подрачја) кој содржи податоци за заштитените подрачја според категорија, година на прогласување/репрогласување, површина и други промени кои настануваат. Истата редовно се ажурира и се дополнува согласно настанатите промени. За просторна анализа се користат карти изработени во ГИС за секое поединечно подрачје - полигони и точкасти податоци за поединечните стебла или други мали локалитети. Со овие информации редовно се репортира до Европската агенција за животна средина и се ажурира Базата на податоци на заштитени подрачја (CDDA).

Цели

Глобалната цел 11 од Конвенцијата за заштита на биолошката разновидност која се однесува на заштитените подрачја беше вградена во Акциониот План на Национална стратегијата за биолошката разновидност за период (2018-2023). Согласно оваа цел предложено е да се зголеми површината на национални заштитени подрачја до 15% од територијата на државата, да се обезбеди нивно функционално поврзување како еколошка мрежа и да се воспостави ефективно управување со заштитените подрачја во соработка со локалните заедници до 2023 година. Конвенцијата за биолошката разновидност (на светско ниво) и Европската Унија поставија нови цели до 2030 година (Рамка за биодиверзитет од Монтреал-Кунминг) кои предвидуваат зголемување на терестричните заштитени подрачја до 30% од територијата на земјата од кои 10% да бидат под строга заштита.  

Обврска за известување
  • Европска агенција за животна средина
  • Секретаријат на Конвенцијата за биолошка разновидност (CBD)
  • Секретаријат на Конвенција за заштита на дивиот свет и природните живеалишта во Европа (Бернска конвенција)
  • Секретаријат на Рамсарска Конвенцијa
Општи мета-податоци
Тема Природа Поврзаност со други теми/сектори Земјоделство, Шумарство, Енергија, Транспорт, Туризам
Код на индикаторот MK НИ 008 Временска покриеност 1990-2024
Име на индикаторот Заштитени подрачја Извор на податоци Студии за валоризација/ревалоризација на заштитени подрачја, планови за управување со заштитени подрачја,  катастар на заштитени подрачја, закони за прогласување на заштитени подрачја, национални извештаи кон меѓународни конвенции (VI Национален извештај за Конвенција за биодиверзитет - CBD, извештаи за  Рамсарска, Бернска конвенција итн.), извештаи за Европска агенција за животна средина (ЕЕА), извештаи од проекти поврзани со заштитени подрачја и зачувување на природата, годишни извештаи за реализирани активности на Секторот за природа и др 
Класификација по ДПСИР Р Датум на последна верзија 02.09.2024
Тип А Подготвено/ажурирано од: М-р Влатко Трпески*
М-р Сашко Јорданов*
Фреквенција на публикување Годишно Контакт v.trpeski@moepp.gov.mk*
s.jordanov@moepp.gov.mk*

 * последната верзија од индикаторот е ажурирана од надворешен експерт

Поврзаност со други индикатори
МК НИ 008 Заштитени подрачја EEA – Европска агенција за животна средина IND-142/C, SEBI 007 Nationaly designated protected area
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа D1/63 – Total protected areas by IUCN categories
Каталог на индикатори за животна средина 120 – Nationally designated protected areas
SDG – Цели за одржлив развој 15 – 15.1.2
Proportion of important sites for terrestrial and freshwater biodiversity that are covered by protected areas, by ecosystem type
GGI – Индикатори за зелен раст не
Кружна економија не
 
Дефиниција

Индикаторот ја покажува моменталната состојба на транспозиција и имплементација на Директивата за живеалишта (92/43 / ЕЕЗ) и Директивата за птици (79/409 / ЕЕЗ и 2009/147/EC) преку процентот на вкупна површина на идентификувани идни НАТУРА 2000 подрачја во земјата.

Единици
  • Број на подрачја, ha, km2 и %.
Клучно прашање за политиката

Каков е прогресот во процесот на идентификацијата на потенцијални идни Натура 2000 подрачја преку имплементација на европското законодавство од областа на заштита на природа, поточно Директивата за живеалишта (92/43 / ЕЕЗ) и Директивата за птици (79/409/ЕЕЗ и 2009/147/EC) на национално ниво?

Клучна порака

Се очекува позитивен тренд на површината на идентификуваните потенцијални Натура 2000 подрачја и зголемување на бројот на изготвени стандарди податочни формулари (Standard Data Formular-SDF) за овие подрачја на национално ниво, преку имплементација на националното законодавство за заштита на природа и негова понатамошна хармонизација со Европското законодавство за заштита на природа.

Директивите на ЕУ за живеалишта и птици имаат за цел да ги зачуваат природните живеалишта и дивата фауна и флора во рамките на Европската Унија.

Воспоставувањето на Натура 2000 подрачја согласно Директивите на ЕУ е директен одговор на загриженоста за загубата на биолошката разновидност. Зголемувањето на површината на Натура 2000 подрачјата е вреден показател за залагање за зачувување на биолошката разновидност и намалување на нејзината загуба.

На национално ниво, процесот на идентификација на идни Натура 2000 подрачја започна во 2016 година и сеуште се одвива.

Согласно барањата на Директивите за живеалишта и птици во периодот 2016-2020 година, дванаесет (12) подрачја беа идентификувани како потенцијални идни Натура 2000 подрачја во земјата.

Оценка

Со цел да ја заштити својата природа, Европската Унија (ЕУ) има воспоставено еколошка мрежа, наречена Натура 2000, која е најголемата координирана мрежа на заштитени подрачја во светот.

Таа опфаќа повеќе од 18% од копнената и приближно 6% од морската територија на ЕУ.

Целта на мрежата Натура 2000 е да се обезбеди долгорочен опстанок на највредните и загрозени видови и живеалишта во Европа, наведени во двата главни правни акти за заштита на природа на ЕУ, Директивата на ЕУ за птици и Директивата на ЕУ за живеалишта. Директивите на ЕУ за живеалишта и птици имаат за цел да ги зачуваат природните живеалишта, дивата фауна, флора и дивите птици во рамките на ЕУ.

Натура 2000 мрежата вклучува два вида на подрачја: Посебни заштитени подрачја (Special protected areas-SPA), кои се воспоставуваат во согласност со ЕУ Директивата за птици и Посебни подрачја на зачувување (Special areas of conservation-SAC) во согласност со ЕУ Директивата за живеалишта.

Земјите кандидати за ЕУ изготвуваат листа на предложени области за Натура 2000 за да станат дел од оваа мрежа. Откако земјата станува членка на ЕУ, тие се предмет на одобрување од страна на Европската комисија и стануваат официјален дел на Натура 2000 мрежата. Национално заштитените подрачја, исто така може да бидат прогласени и како Натура 2000 подрачја, бидејќи во нив постојат живеалишта и видови кои исто така, се и од европско значење.

Член 52 од Законот за заштита на природата пропишува дека еколошки важно  подрачје за Европската унија – Натура 2000 е  подрачје кое  е важно за зачувување на диви видови птици и други диви видови на растенија и животни и нивни живеалишта, како и видови на живеалишта кои се прогласени за загрозени и / или заштитени на ниво на ЕУ.

Владата на Република Северна Македонија, по предлог на министерот кој раководи со државната управа надлежна за работите од областа на заштитата на природата, го утврдува предлогот на еколошките значајни подрачја за Европската унија – Натура 2000 и целите за зачувување, начинот на нивното управување на националната територија, мониторингот и други правила неопходни за нивна заштита во согласност со одредбите на овој закон.

Управувањето со еколошки значајните подрачја за Европската унија-Натура 2000 ќе обезбеди зачувување и подобрување на карактеристиките важни за зачувување на поволнa состојба на типот на живеалиштето или на дивите видови.

Националните цели, мерки и активности за идентификација на Натура 2000 се вклучени во Стратегијата за биолошка разновидност соакциониот план за период (2018-2023) и Националната стратегија за заштита на природата со Акционен план (2017-2027).

МЖСПП е надлежен државен орган за воспоставување, развој и имплементација на Натура 2000 мрежата на национално ниво и го води и координира целиот инвентар и селекција на  подрачја за оваа еколошка мрежа.

МЖСПП треба да го подготви списокот на предложените подрачја за Натура 2000 во соработка со научни институции и експерти. Владата треба да го усвои списокот со подрачја за Натура 2000.

На национално ниво, процесот на идентификација на идни Натура 2000 подрачја започна во 2016 година и сеуште се одвива.

Во текот на 2019 година во рамки на ЕУ Твиниг проект со помош на меѓународни експерти беа ревидирани и дополнети формуларите (SDF) за две заштитени подрачја, Споменик на природа – Преспанско Езеро и Национален Парк Пелистер и беше изготвен нов SDF за островот Голем Град, кој административно припаѓа на Национален Парк Галичица.  Површината на Островот Голем Град како идентификувано подрачје изнесува 20 ha.

Во 2018 и 2019 година, МЖСПП во соработка со национални експерти од областа на биологијата, екологијата и шумарството, по собраните податоци од целокупната литература и теренските истражувања извршени во рамките на Источниот плански регион, идентификуваше пет потенцијални области на Натура 2000 (Овче Поле, Долна Брегалница, Плачковица, Осоговски Планини и Малешевските Планини).  Селектирани се три подрачја (Овче Поле, Долна Брегалница и Малешевските Планини) за кои во текот 2020 година беа изготвени комплетни стандардни податочни формулари за две идни потенцијални НАТУРА 2000 подрачја: Долна Брегалница и Малешевски Планини.

Од дванаесетте идентификувани идни Натура 2000 подрачја, пет се предложени како потенцијални Посебни заштитени подрачја (SPA), опфаќајќи ја притоа и Долна Брегалница  согласно Директивата за птици. Долна Брегалница воедно е предложена и како Посебно подрачја за зачувување (SAC) согласно Директивата за живеалишта.

Како Посебни подрачја за зачувување (SAC) се предложени седум подрачја, согласно Директивата за живеалишта, со вкупна површина како што е подолу наведено :

  • Дојранско Езеро (SPA) – 2692 ha
  • Охридско Езеро (SPA) – 24 745 ha
  • Преспанско Езеро (SPA) – 19 849 ha
  • Остров Голем Град (SPA)-20 ha
  • Маврово (SCI)- 14 813 ha
  • Пелистер (SCI) – 14 853 ha
  • Галичица (SCI) – 6883 ha
  • Јакупица (SCI) – 16 143 ha
  • Овче Поле (SCI) – 2582 ha
  • Пештера Убавица (SCI)- 1806 hа
  • Малешевски Планини (SCI) – 6013,8 ha
  • Долна Брегалница (SCI) и (SPA) 11121.0 ha

Вкупната површина на дванаесетте (12) идентификувани идни Натура 2000 подрачја е 1756,45 км2 или 175645 ha. Тие опфаќаат околу 6,8 % од територијата на земјата.

Слика 1 – Дистрибуција на десетте предложени идни подрачја за Натура 2000 со подготвени СДФ

CSI_080_Priroda2020_karta1

Извор: MЖСПП, 2017

 

За 12-те предложени идни НАТУРА 2000 подрачја изготвени се 14 стандарди податочни формулари, со тоа што за идентификуваното подрачје Национален Парк Маврово изготвени се посебни 3 формулари: Маврово 1, Маврово 2 и Маврово 3.

Дополнително како подрачја со висок природен потенцијал беа идентификувани:

  • Мариово
  • Кожуф
  • Шар Планина

 

Слика 2- Карта на идни идентификувани НАТУРА 2000 подрачја и подрачја со висок потенцијал

CSI_080_Priroda2020_karta2

Извор: MЖСПП, 2017

Предложените подрачја за Натура 2000 не се законска обврска се до пристапувањето на земјата во ЕУ, а во иднина потребни се континуирани теренски истражувања за идентификација на живеалишта, растенија, животни и птици од значење за ЕУ.

Процесот на идентификација на потенцијалните подрачја за Натура 2000 бара вклучување на сите релевантни институционални капацитети (државни органи, научни институции, индивидуални експерти за живеалишта и за различни таксономски групи на растенија и животни и птици, невладини организации, итн.).

За да се обезбеди позитивен тренд на овој индикатор на национално ниво, потребно е да се забрза процесот на идентификацијата на живеалиштата, растителните и животинските видови и птиците согласно барањата на ЕУ Директивите за хабитати и птици.

Исто така, потребно е постојано ажурирање на Нацрт-националната референтна листа на живеалишта од Анекс I од Директивата за живеалишта, нацрт листата на видови на растенија и животни, наведени во Анекс II од Директивата за живеалишта за секој од двата биогеографски региони (континентален и алпски) и ажурирање на нацрт списокот на видови птици од Анекс I од Директивата за птици.

Во насока на поефективна идентификација и понатамошно воспоставување на НАТУРА 2000 изготвен е Каталог на типови живеалишта од европско значење на национално ниво.

Табела 1: Идентификувани НАТУРА 2000 подрачја со површини во km2 во период од 2016-2020 година

Идентификувани НАТУРА 2000 подрачја на територијата на МК 2016 2017 2018 2019 2020
Дојранско Езеро (SPA) 26,92 26,92 26,92 26,92 26,92
Охридско Езеро (SPA) 247,45 247,45 247,45 247,45 247,45
Преспанско Езеро (SPA) 198,49 198,49 198,49 198,49 198,49
Маврово (SCI) 148,13 148,13 148,13 148,13 148,13
Пелистер (SCI) 148,53 148,53 148,53 148,53 148,53
Галичица (SCI) 68,83 68,83 68,83 68,83 68,83
Јакупица (SCI) 161,43 161,43 161,43 161,43 161,43
Овче Поле (SCI) 25,82 25,82 25,82 25,82 25,82
Пештера Убавица (SCI) 18,06 18,06 18,06 18,06 18,06
Oстров Голем Град (SPA)       0,2 0,2
Долна Брегалница (SCI, SPA)         111.21
Малешевски Планини (SCI, SPA)         601,38
Вкупна површина (km2)       1043,86 1756,45

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Определување на вкупната површина на идни идентификувани НАТУРА 2000 подрачја согласно барањата од Директивата за живеалишта и Директивата за птици се базира на прибирање на податоци од спроведени активности за идентификација на нови подрачја од различни извори и субјекти кои работат на тоа поле.

Индикаторот треба да се следи во период од една година.

Цели

Целта на следењето на овој индикатор е да се прикаже напредокот во процесот на хармонизација на националното законодавство и европското законодавство во областа на заштита на природа преку имплементација на одредбите од двете директиви и идентификација на подрачја кои ќе бидат дел од европската мрежа НАТУРА 2000.

Обврска за известување
  • За предложените подрачја непостои  законска обврска за известување кон европската комисија и европската агенција за животна средина се до пристапот на земјата во ЕУ.
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Природа Поврзаност со други теми/сектори Земјоделство, Шумарство
Код на индикаторот MK НИ 080 Временска покриеност 2016-2020
Име на индикаторот Вкупна површина на идентификувани подрачја на национално ниво за идната НАТУРА 2000 мрежа Извор на податоци База на податоци за Natura 2000, база на податоци Emerald Network,  план за имплементација на директиви за живеалишта и птици, план за идни  теренски истражувања, долгорочен план за обука за спроведување на ЕУ Директивите за живеалишта и птици, Студија за развој на ГИС за заштитени природни области во согласност со барањата на Натура 2000, дигитални ГИС карти за предложените дванаесет области како потенцијални  подрачја за Натура 2000, Corine Land Cover 2012, дигитална мапа со граници на земјата, дигитална мапа со граници на заштитени  подрачја, дигитална мапа на езерата, дигиталната мапа на населби, дигиталната мапа на биогеографските региони на ЕУ, дигиталната карта на подрачјата на Натура 2000 во Грција и Бугарија, Нацрт-национална референтна листа на живеалишта од Анекс I од Директивата за живеалишта, Нацрт Национална референтна листа на  растенија и животни, наведени во Анекс II од Директивата за живеалишта за секој од двата биогеографски региони (континентален и алпски) и Нацрт списокот на видови птици од Анекс I од Директивата за птици, мапи за дистрибуција на живеалишта и диви видови и птици на ЕУ, студии за валоризација и нацрт-планови за управување со дел од Натура 2000 за Пелистер и за СП Преспанско Езеро – како потенцијални места на Натура 2000, Предлог протоколи за набудување на 20 живеалишта, 20 растенија и животински видови и 20 птици со проценка на статусот на зачувување во согласност со Директивите на ЕУ за живеалишта и птици, Национална веб-страница за Национална Црвена листа за сите 46 видови од херпетофауната (водоземци и влекачи), габи, пет селектирани крупни цицвачи (рис, мечка , волк, видра и чакал) и за 14 виши васкуларни растенија со утврден конзерваторски статус на национално ниво и национален и меѓународен режим на заштита, извештаи како обврска од меѓународни конвенции,  како што се  VI Национален  извештај за ЦБД,  потоа извештаи за Рамсар, Берн, УНЕСКО, итн., извештаи за ЕЕА, извештаи од проекти поврзани со Натура 2000 и зачувување на природата, Годишни извештаи за реализирани активности на Секторот за природа и др.
Класификација по ДПСИР Р Датум на последна верзија 29.07.2021
Тип Д Подготвено/ажурирано од: М-рВлатко Трпески
М-р Сашко Јорданов
Едита Зеќировиќ
Фреквенција на публикување Годишно Контакт v.trpeski@moepp.gov.mk
s.jordanov@moepp.gov.mk
e.zekjirovikj@moepp.gov.mk
 
Поврзаност со други индикатори
 
МК НИ 080 Вкупна површина на подрачја идентификувани за НАТУРА 2000 подрачја EEA – Европска агенција за животна средина SEBI 008-Sites designated under the EU Habitat and Bird Directive
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа D1/63 – Total protected areas by IUCN categories
Каталог на индикатори за животна средина 123 – Surface of terrestrial sites designated under NATURA 2000
124 – Sites designated under the EU Habitats and Birds Directives
SDG – Цели за одржлив развој 15 – 15.1.2 Proportion of important sites for terrestrial and freshwater biodiversity that are covered by protected areas, by ecosystem type
GGI – Индикатори за зелен раст не
Кружна економија не
Дефиниција

Во нашата земја како резултат на недостаток на регуларен мониторинг на рибната фауна, многу е тешко да се направи проценка на состојбата на рибниот фонд, а со тоа рибите да бидат и корисен индикатор во проценката на статусот на водните живеалишта. Секако дека во земјата се спроведуваат ихтиолошки истражувања, но истите се извршуваат по различен основ, во рамките на различни проектни активности или студии, а притоа податоците се недостапни и не можат да бидат соодветно искористени. 
Во моментов, единствени официјално достапни податоци за рибниот фонд во земјава се оние од Државниот завод за статистика, а се однесуваат на комерцијален излов на економско/стопански значајни видови риби и аквакултурно производство. 
Комерцијалниот излов на риби и аквакултурното производство треба да бидат засебни индикатори. Од причина што податоците за аквакултурно производство не се во континуитет (недостасуваат годишни податоци), во рамките на овој извештај анализиран е единствено индикаторот-комерцијален излов на риби.  Сепак, во толкувањето на податоците од комерцијалниот излов земени се во предвид одредени податоци од аквакултурното прозиводство.

Преку индикаторот- Комерцијалниот излов на риби може да се следи редовниот улов на риба, кој се изведува на езерата (природни и вештачки), реките, каналите и во рибниците низ државата. Преку индикаторот може да се следи притисокот врз рибите, од аспект на нивно искористување за потребите на човекот.

Според достапните податоци, индикаторот нуди можност за следење на:
•    вкупен годишен улов на риби;
•    годишен улов на економско значајни видови риби;
•    вкупен годишен улов на останатите видови риби во риболовните води.

Единици

Број на видови риби, килограми (тони) уловена риба.

Клучно прашање за политиката

Колку е одржлив уловот на риба во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Од податоците за годишниот улов на риби (Сл. 1) може да се констатира дека, во последните години изловот на риби е релативно зголемен во однос на периодот од 2001 до 2018 година. Но ова не треба да се толкува како одраз на подобрени услови на средината, а со тоа и зголемен рибен фонд. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, вкупниот улов на риба изнесува 2.073.341 kg и во однос на 2022 година е поголем за 0,8%. Притоа аквакултурното производство изнесува 1.873.619 кг и учествува со 90,4% во вкупниот улов на риба. Во 2023 година, во однос на 2022 година, забележано е зголемување на аквакултурното производство и намалување кај стопанскиот и рекреативниот улов. 
Ако ги погледнеме податоците кои се однесуваат на годишниот излов на комерцијални видови (Сл. 2) јасно е дека зголемениот годишен излов се должи на зголемениот излов на пастрмка. 

Слика 1. Вкупен улов на риби на годишно ниво

 

Слика 2. Годишен улов на комерцијално значајни риби

 

Зголемениот пак излов на пастрмка се должи пред сѐ на зголеменото производство на порибителен материјал. Според податоците од Државниот завод за статистика, прикажани во Табела 1, може да се види дека во периодот од 2020 до 2023 има значителен тренд на зголемување на производството на порибителен материјал на поточна пастрмка, а зголемување се забележува и во производството на порибителен материјал на крапот. Според истите објавени податоци не е јасно за кој вид поточна пастрмка станува збор. Според Законот за рибарство и аквакултура, во голем број риболовни ревири се врши редовно порибување со пастрмка, без притоа да биде нагласено со кој вид пастрмка. Особено е зголемено е производството на виножитната пастрмка, но наведената количина на порибителен материјал е за понатамошно одгледување во различни рибници низ земјава.

 

Табела 1. Производство на подмладок, по видови риба и по години

 

Вкупно, кг

Крап

Сом

Виножитна пастрмка

Поточна пастрмка

Охридска пастрмка (QFP)

Друга риба

2020

Произведен порибителен материјал, кг

75.570

3.581

88

67.838

2.948

315

800

Префрлени во контролирана средина за понатамошно одгледување, кг

110.371

35.410

88

64.948

1.615

310

8.000

2021

Произведен порибителен материјал, кг

125.723

1.845

 

95.761

2.505

82

25.530

Префрлени во контролирана средина за понатамошно одгледување, кг

167.454

37.795

2.800

98.421

2.875

15

25.548

2022

Произведен порибителен материјал, кг

190.921

2.134

 

149.301

2.906

80

36.500

Префрлени во контролирана средина за понатамошно одгледување, кг

159.113

36.184

 

84.929

1.450

50

36.500

2023

Произведен порибителен материјал, кг

189.530

15.150

 

144.010

9.870

 

20.500

Префрлени во контролирана средина за понатамошно одгледување, кг

192.294

73.404

 

101.430

7.460

   

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Државен завод за статистика

Оценка

Во разгледуваниот период во Република Северна Македонија просечно се уловува 1.501  тони различни видови риба. Во периодот од 1995 до 2023 година, вкупниот улов на риба има флуктуирачки тренд на намалување и зголемување, затоа што одделни риболовни претпријатија, деловни субјекти и концесионери ја имаат изгубено дозволата за риболовни дејства во одделните водни басени, а и голем број риболовни спортски друштва станале неактивни. Зголемувањето на уловот на риба во последните неколку години се должи на зголемувањето на аквакултурното производство на риба, особено на пастрмки и крап. Намалувањето на стопанскиот и рекреативниот улов во последниве години може да се должи на непријавување на сите податоци од страна на концесионерите, немање увид во рекреативниот риболов од страна на самите концесионери, како и отсуство на концесионери на неколку риболовни ревири (пример реката Струмица).
Имено, и покрај тоа што рибарењето и искористувањето на рибниот фонд во Република Северна Македонија е регулиран со повеќе закони и е под постојан надзор, сепак и понатаму постојат бројни пропусти кои негативно се одразуваат врз рибниот фонд во земјава. Прекумерното искористување на рибниот фонд од природните езера и понатаму претставува проблем со кој се загрозува опстанокот на поголем број видови, вклучувајќи ги и ендемичните видови риби, како, на пример, охридската пастрмка (Salmo letnica)  и белвицата (Salmo ohridanus).
Сличен проблем се јавува и кај речните екосистеми. Поради малиот број на вработени рибочувари, особено на риболовните ревири кои опфаќаат поголеми водни површини постои неконтролиран излов на риби, кој најчесто вклучува излов на пастрмски видови. 
Без да се знае големината на рибниот фонд во риболовните води во земјава и понатаму се врши континуирано порибување. Ова особено е проблем кога станува збор за порибување на води со пастрмка без притоа да се знае генезата на порибителниот материјал, со што директно се загрозува генофондот на автохтониот вид пастрмка.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Како извор на податоци за карактеристиките на рибниот фонд во Република Македонија ќе бидат користени податоците од Државниот завод за статистика и нивните методи за обработка на податоци.

  • Методолошка Несигурност

Достапните податоци го сумираат вкупниот излов на риба од сите риболовни ресурси во земјата, вклучувајќи ги и аквакултурните објекти и на тој начин не се добива јасна слика за одржливиот улов на риба во Република Северна Македонија. Податоците исто така не даваат јасна слика за состојбата на рибната фауна во земјава. Недостасуваат информации за останатите видови риби во уловот, особено за сензитивните видови риби, риби кои се со низок праг на толеранција на антропогениот притисок, како што се видовите од родот на Cobitis, Romanogobio, Phoxinus или Pelasgus. Станува збор за риби кои се со мали димензии и не се од интерес за стопански и рекреативен риболов, па истите не се ни заведуваат во податоците. Исто така, недостасуваат и информации за изловот на алохтоните видови, особено инвазивните.
Но, и покрај големиот број недостатoци, индикаторот – Комерцијален излов на риби може да биде корисна алатка доколку во иднина базата на податоци во Државниот завод за статистика се надгради со податоците од Годишните извештаи, кои концесионерите на риболовни ревири ги доставуваат до Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, а од таму како обработени се доставуваат до Државниот завод за статистика. Притоа, потребно е да се внесат одделно:
•    податоци од годишниот излов на риби во трите езера, вклучувајќи ги одделно податоците од сите изловени риби, меѓу кои и ендемичните видови во секое од езерата; 
•    за секој од останатите риболовни ревири да се дадат поединечно информации за изловот на риби од страна на рекреативните риболовци;
•    податоците за излов на риби од реките и езерата да бидат засебни од оние кои се однесуваат на излов на риби од рибници, мрестилишта, оградени простори и базени.

Цели

Континуирано следење на состојбата на рибниот фонд во земјава преку имплементирање на редовен мониторинг.  Со податоците од редовниот мониторинг, меѓу другото ќе се овозможи и добра основа за креирање на програми за одржлив риболов, балансиран помеѓу природното производство (принос) и риболовниот притисок.

Обврска за известување
  • FAO – Fisheries and Aquaculture Department
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина

 

Препорака

Од причина што горе елаборираниот индикатор не дава јасна слика за рибниот фонд во земјава потребно е да се имплементираат современи биомониторинг програми преку кои континуирано ќе се следи состојбата на рибниот фонд. 
А. Пожелно е мониторингот да се одвива на секои три години. Во одредени ситуации неопходни се и чести проценки бидејќи големината на популациите, структурата и дистрибуцијата флуктуираат во зависност од промените на животната средина. Природните нарушувања (поплави, сушите или пожарите) во комбинација со антропогениот притисок ( пр. прекумерен излов, инвазивни видови, загадување) можат за краток временски период да ја променат структурата и големината на рибниот фонд.   
Во текот на регуларниот мониторинг на речните и езерските екосистеми од непроценливо значење е следење на следните индикаторски вредности: 
1)    рибен состав (структура на рибната заедница) на секое од мерните места;
2)    релативна густина на популациите;
3)    должински /старосни класи на секој регистиран вид;
4)    (2) присуство/отсуство на сензитивни видови риби;
5)    присуство на алохтони видови риби.
Колекционирањето на материјалот е потребно да биде со стандардизирана методологија во сите реки и со иста стандардна методологија во езерата, вклучувајќи ги и акумулациите. Со помош на наведените индикаторски вредности може да се процени големината на рибниот фонд во рамките на секој риболовен ревир, како и да се добијат сознанија за интензитетот на притисокот врз рибите, со цел, преземање соодветни мерки од страна на релевантните структури во земјава.  Податоците од редовниот мониторинг истовремено се добра основа за креирање на програми за одржлив риболов (стопански и рекреативен), вклучувајќи ја и програмата за порибување. 
Б. Според Рамковната директива за води, Европскиот индекс за риби (EFI) е единствениот мултиметриски индекс за проценка на еколошкиот статус на речните екосистеми, применуван во повеќето земји на Европската унија. Во нашата земја рибите, а со тоа и EFI индексот, сѐ уште не се применуваат во регуларниот биомониторинг на реките, вршен од страна на УХМР. Во моментот на редовна имплементација на рибите во проценка на еколошкиот статус на реките, EFI индексот може да биде исто така корисен индикатор за проценка на состојбата на рибниот фонд во реките.
 

Општи мета-податоци

 

Тема Природа Поврзаност со други теми/сектори Вода, Рибарство,Климатски промени
Код на индикаторот MK НИ 041 Временска покриеност 1990-2023
Име на индикаторот Карактеристики на рибниот фонд Извор на податоци Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР С Датум на последна верзија 18.09.2024
Тип А Подготвено/ажурирано од: Катерина Николовска*
Фреквенција на публикување Годишно Контакт

e-пошта: K.Nikolovska@moepp.gov.mk

*) последната верзија од индикаторот е ажурирана од надворешен експерт

Поврзаност со други индикатори

МК НИ 041 Карактеристики на рибниот фонд EEA – Европска агенција за животна средина IND-25, MAR 008 Aquaculture production
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина 93 – Aquaculture production
SDG – Цели за одржлив развој нема еквивалент
GGI – Индикатори за зелен раст не
Кружна економија не

 

Дефиниција

Индикаторот го прикажува бројот и локацијата на природните реткости  кои се прогласени според националната легислатива за заштита на природата во текот на времето.
Овој индикатор го покажува трендот на:

  • Број на прогласени природни реткости
  • Локации на природните реткости
Единици
  • Број на природни реткости 
Клучно прашање за политиката

Каков е прогресот на бројот на природни реткости, прогласени според националното законодавство?

Клучна порака

Како дополнителна форма на заштита, зголемувањето на бројот на прогласени природни реткости ќе овозможи подобрувања во зачувувањето на природата и биолошката разновидност. Со тоа ќе се придонесе кон исполнување на обврските од националната легислатива за природа кои се однесуваат на зачувување на природата преку спроведување на мерки и активности за заштита, зачувување и одржливо користење на природата и биолошката разновидност.

Оценка

Правен основ за заштита на одделни делови на природата како природни реткости е даден во Законот за заштита на природата во член 90-а.

Како природни реткости можат да бидат прогласени одредени ретки, загрозени и ендемични, растителни и животински видови, нивни делови и заедници, релјефни форми, геолошки профили, палеонтолошки и спелеолошки објекти. Релјефни форми, геолошки профили, палеонтолошки и спелеолошки објекти, можат да бидат прогласени за природна реткост доколку нивната површина е помала од 100 хектари.

Предлог за прогласување на природна реткост можат да дадат правни и физички лица врз основа на изготвен елаборат за валоризација, кој меѓудругото треба да содржи предлог мерки за заштита и унапредување на природната реткост.

Природните реткости се прогласуваат од страна на Министерот за животна средина и просторно планирање и тоа претставува добар модел на локално ниво за заштита на одделни стари стебла со изразити хабитуелни каратеристики, состоини од ендемични и ретки дрвенести видови, како и релјефни форми, геолошки профили, палеонтолошки и спелеолошки објекти.

 

Со прогласување на одреден локалитет за природна реткост, истиот се стекнува со статус на природно наследство.

Министерството за животна средина и просторно планирање е орган на државната управа надлежен за водење и креирање на политиката на заштита на природата, заштита на биолошката и пределската разновидност и заштита на природното наследство, како и за управување со биолошката и пределската разновидност и природното наследство, чиј составен дел се и природните реткости. Покрај спроведување на постапката за прогласување на природна реткост, Министерството врши надзор врз управувањето и заштитата на заштитените подрачја вклучувајќи ги и природните реткости.

Започнувајчи од 2011 година кога е прогласена Пештерата Дона Дука како прва природна реткост во Македонија, во изминатиот период, Министерството за животна средина и просторно планирање направи значителен напредок во спроведување на постапките за прогласување на нови природни реткости. Така, до денес прогласени се вкупно 27 локалитети од кои на 21 локалитет се наоѓа едно или група на стари стебла од особена важност, а заштитени се и две пештери, два палеонтолошки локалитети, еден карактеристичен геолошки профил и една тектонска појава.   

 

Табела 1. Вид и локација на природните реткости  во Република Северна Македонија

Природни реткости

Локалитет

Управувач

Сл. весник на РСМ бр.

Пештера Дона Дука

Југоисточни падини на планината Жеден, КО Рашче

Општина Сарај

182/2011

Платанови Стебла

с. Мородвис

Општина Зрновци

65/2016

Чинар

Плоштад-Охрид

Општина Охрид

205/2019

Даб Благун

Манастир Св.Илија, с. Бели

Општина Кочани

205/2019

Црна Дудинка

с. Лесново

Општина Пробиштип

205/2019

Геолошки профил Звегор

с. Звегор

Општина Делчево

205/2019

Киселичка пештера

с. Киселица

Општина Делчево

174/2019

Палеонтолошки локалитет Стамер

с. Стамер

Општина Делчево

217/2019

Кочеџик

Црква Св. Богородица Перивлепта

Општина Охрид

143/2021

Чинар

Зграда на Црвен Крст

Општина Охрид

143/2021

Чинар

Централно градско подрачје

Општина охрид

143/2021

Чинар

Влашка Маала

Општина Охрид

143/2021

Чинар

Кошишта

Општина Охрид

143/2021

Чинар

Пензионерско здружение

Општина Охрид

141/2021

Чинар

Населба Воска

Општина Охрид

141/2021

Платаново стебло

Арабати Баба Теќе

Општина Тетово

100/2023

Платаново стебло

Во центар на Валандово

Општина Валандово

100/2023

Платаново стебло

с. Честово

Општина Валандово

100/2023

Платаново стебло

с. Смолари

Општина Ново Село

100/2023

Платаново стебло

с. Магарево

Општина Битола

100/2023

Платанови стебла

с. Колешино

Општина Ново Село

100/2023

Платаново стебло

Радовиш

Општина Радовиш

100/2023

Стебла од црн бор

Карши Бавчи

Општина Кратово

100/2023

Платаново стебло

с. Теово

Општина Чашка

100/2023

Стебло на блатен даб

с. Кривогаштани

Општина Кривогаштани

100/2023

Тектонска појава Дувало-Косел

с. Косел

Општина Охрид

128/2024

Палеонтолошки локалитет Змијовец

с. Долни Дисан

Општина Неготино

189/2024

 

График 1. Тренд на прогласување на природните реткости за период 2011-2024 година

 

Карта 1. Дистрибуција на природните реткости на национално ниво

1. Пештера Дона Дука; 2. Платан, Арабати Баба Теќе; 3. Платан - центар на Валандово; 4. Платан - с. Честево, Валандово; 5. Платан - с.Смолари, Општина Ново Село; 6. Платан - с. Магарево, Битола; 7. Платани - с.Колешино, Општина Ново Село; 8. Платан, Општина Радовиш; 9. Стебла од црн бор - Карши Бавчи, Кратово; 10. Платанови стебла-Мородвис; 11. Платан - с. Теово, Општина Чашка; 12. Блатен даб - с.Кривогаштани; 13. Киселичка Пештера; 14. Чинар - Плоштад Охрид; 15. Даб благун - с.Бели; 16. Црна дудинка – Лесново; 17. Карактеристичен геолошки профил – Звегор; 18. Палеонтолошки локлалитет – Стамер; 19. Кочеџик - црква Св. Богородица Перивлепта; 20. Чинар - зграда на Црвен Крст Охрид; 21. Чинар - централно градско подрачје Охрид; 22. Чинар - Влашка Маала Охрид; 23. Чинар - Кошишта Охрид; 24. Чинар - Пензионерско Охрид; 25. Чинар - Воска Охрид; 26. Тектонска појава - Дувало, Косел; 27. Палеонтолошки локалитет - Змијовец

Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: МЖСПП, субјекти задолжени за управување со природните реткости

Површината на природните реткости не може да се пресмета кај поединечните стебла, додека другите локалитети зафаќаат вкупна површина од околу 85 ha.  
Со природните реткости управуваат општините на чија територија е прогласена природната реткост, а во има на општината управува градоначалникот. Управувачите на прогласените природни реткости се дадени во табела 1. 
Со цел заштита, зачувување и унапредување на состојбата со природните реткости потребно е преземање на мерки и активности за спречување на негативните влијание врз природните реткости. За таа цел, потребно е да се спречи уништување и деградирање на природната реткост од страна на природни и антропогени влијанија со кои директно или индиректно може да се загрози природната реткост. Управувачот со природната реткост треба да презема активности за чување и одржување на природната реткост во насока на спречување на: градежно-технички активности, земјоделски работи и пренамена на земиштето, промена на постоечката вегетација, превенција од пожари, фрлање отпадоци, смет, други материјали и др.
Заради заштита на природната реткост потребно е да се воспостави континуиран мониторинг на природната состојба и евентуалните промени кои се настанати на природната реткост, едукација на локалното население за значењето на природната реткост и потребата од негова заштита и зачувување, промоција и вклучување на природната реткост во туристичката понуда како и уредување на просторот околу природната реткост со поставување на информативни табли за значењето на локалитетот кои ке ги содржат основните податоци за природната реткост.
Уредувањето на просторот околу природната реткост како што се изградба на пристапни патеки и уредување на места за одмор треба да се направи на начин со кој ќе се обезбеди висок степен на заштита на биолошката и пределската разновидност во насока на обезбедување на одржливо управување со природната реткост.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Индикаторот се пресметува според бројот и површината на прогласени природни реткости по години, за што се води посебна база на податоци, во која до сега се вклучени 27 природни реткости.
Согласно постојната состојба со природното наследство, дел од подрачјата кои биле прогласени како заштитени подрачја вклучувајќи ги и поединечните стебла пред донесувањето на Законот за заштита на природата во 2004 година, потребно е да се ре-прогласат како природни реткости.  

Цели

Индикаторот за природни реткости има за цел да го следи зачувувањето на природноста на природната реткост и да ги прикаже резултатите кои придонеле за негово унапредување. 
Тенденција за зголемување на бројот на природни реткости и нивна поголема промоција едукација за зачувување на природните реткости. Во таа насока, потебно е да се изработи публикација за природните реткости во РСМ.

Обврска за известување
  • Европска агенција за животна средина 
Општи мета-податоци

Тема

Природа

Поврзаност со други теми/сектори

Земјоделство, Шумарство,  Енергија, Транспорт, Туризам

Код на индикаторот

MK НИ 117

Временска покриеност

2011-2024

Име на индикаторот

Природни реткости

Извор на податоци

Студии за валоризација/елаборати за природни реткости, катастар на заштитени подрачја, решенија за прогласување на природните реткости, национални извештаи кон меѓународни конвенции (VI Национален извештај за Конвенција за биодиверзитет - CBD, извештаи за Европска агенција за животна средина (ЕЕА), извештаи од проекти поврзани со природните реткости, годишни извештаи за реализирани активности на Секторот за природа и др.

Класификација по ДПСИР

Р

Датум на последна верзија

01.10.2024

Тип

А

Подготвено/

ажурирано  од:

М-р Влатко Трпески*

М-р Сашко Јорданов*

Фреквенција на публикување

Годишно

Контакт

v.trpeski@moepp.gov.mk

s.jordanov@moepp.gov.mk

*) последната верзија од индикаторот е ажурирана од надворешен експерт

 Поврзаност со други индикатори

МК НИ 117 Заштитени подрачја

EEA - Европска агенција за животна средина

IND-142/C, SEBI 007 Nationaly designated protected area

 

 

Каталог на индикатори за животна средина

120 - Nationally designated protected areas

SDG - Цели за одржлив развој

15 - 15.1.2

Proportion of important sites for terrestrial and freshwater biodiversity that are covered by protected areas, by ecosystem type

GGI - Индикатори за зелен раст

не

Кружна економија

не

Мени за пристапност