Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Сектор за координација на работата на министерот

Управување со функционирањето на секторот во функција на обезбедување оперативно -техничка и координативно - логистичка подршка во реализацијата на предметите од меѓуресорска природа и меѓународна соработка. 

Oпис на дејноста и обврските на секторот:

  • Ја планира, организира и координира работата на секторот, спроведува надзор и дава насоки и упатства за работа на вработените, го следи, контролира и оценува работењето на вработените
  • Ја планира, организира и координира билатералната соработка во министерството, учествува и координира билатерална соработка во мешовити владини комисии
  • Соработува со агенциите на ООН како во земјава така и нивните претставништва во странство, со Министерство за надворешни работи и со други релевантни домашни институции, со регионални меѓународни организации и меѓународни финансиски институции
  • Го координира процесот на испраќање материјали до Владата на РМ, Генералниот секретаријат и Собранието на РМ и дава насоки и упатства при подготовка на истите;
  • Ја следи реализацијата на Заклучоците од седниците на Владата на РМ за прашања од надлежност на министерството и го назначува до одговорните за реализација
  • Го организира протоколот во Кабинетот на министерот при посета на странски претставници како и при посета на други држави; 
  • Дава насоки и предлага мерки за градење на транспарентно министерсво (организирање на настани, јавни настапи, медиумски кампањи и др)
  • координирана меѓуресорска соработка и учествува во работата на меѓуминистерските тела
  • Го координира протоколот и јазичната редакција

 

Јасмина Петковска

Сектор за координација на работата на министерот
Раководител на сектор
Раководител на сектор за координација на работата на министерот
Телефон: +389 76 432 757
Е-пошта: j.petkovska@moepp.gov.mk
 

Опис на работната позиција

Управување со функционирањето на секторот во функција на обезбедување оперативно -техничка и координативно - логистичка подршка во реализацијата на предметите од меѓуресорска природа и меѓународна соработка

  • Претставник од МЖСПП во Заедничките Владини Комисии за економска соработка со Словенија, Украина, Казахстан, Чешка, Словачка, Бугарија итн. координирани од Министерство за Економија;
  • Претставник од МЖСПП во Заедничките комисии и работни тела за животна средина произлезени од билатералните Меморандуми за разбирање и договори каде МЖСПП е страна (Бугарија, Романија, Косово, Албанија, Турција итн.);
  • Договор за заштита и одржлив развој на Охридското Езеро помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија (потпишан во 2004 година); 
  • Договор за заштита и одржлив развој на Паркот Преспа, потпишан од страна на Република Македонија, Албанија, Грција и Европската Унија (2010 година, стапи во сила на 2019 година); член на Комитетот за управување со Паркот Преспа од МЖСПП,  
  • Претставник од Република Северна Македонија во регионална работна група за Зелена Агенда за земји од Западен Балкан Северна Македонија членка на работната група Зелена Агенда  – меѓувладина платформа за постојан политички дијалог за животната средина и климатските активности, столб на структура за координација во областите на имплементација на Зелената агенда за Западен Балкан,
  • Координатор на Проект „Заедничко управување со ризици од поплави со река Вардар во прекуграничниот појас“ – прекуграничен проект во ЕУ ИНТЕРРЕГ Програмата со Грција;
  • Координација при градење на официјална позицијата на земјата за Конференцијата на страните од Конвенциите од Рио и други мултилатерални механизми за соработка во областа на заштитата на животната средина, усогласување и поддршка на регионалните позиции како и изготвување и застапување демарши од дипломатските канцеларии;
  • Лице за контакт од МЖСПП за Рамката за развојна помош на ОН (UNDAF 2016 – 2020) и Рамката за одржлив развој на ОН за соработка (UN SDCF 2021 – 2025) – да обезбеди надзор и стратешки насоки за подготовка и имплементација на овие стратешки документи на канцелариите на ОН во земјата во Северна Македонија;
  • Постигнувањата на целите за одржлив развој (ЦОР), ЦОР 6 и 13 особено, и преку нивниот интегриран и меѓусекторски пристап на политиката и нивните средства за имплементација (хоризонтален принцип на одржлив развој, тематски интервенции, партнерство и пристап на повеќе нивоа на управување), 
  • ОЕЦД Извештај за конкурентност за Република Северна Македонија  за 2021 и 2024 година, координатор  за димензија на политиката за животна средина;
  • Член во следните Комисии:
    • Комисија за управување со светско природно и културно наследство на Охридски регион ( назначена во Февруари 2024 г.),
    • Меѓуресорска Комисија за спроведување на политиката за упатување лица од Република Македонија во меѓународни мисии и меѓународни организации при МНР ( од Февруари 2023 г.);
    • Екпертска работна група при МНР за Универзален периодичен преглед за човекови права;
    • Меѓуинституционална работна група за унапредување на договорната соработка при МНР;
    • Контакт лице од МЖСПП за подготовки за упатување на мандат на дипломатски претставници во ДКПа.
  • Подготовки на Министер за животна средина и просторно планирање за седници на Влада (во рамки на секторот со кој раководам е и одделение за подготовка на седници на Влада), 
  • Зајакнување на институционалната транспарентност преку координација и вклучување на јавноста во процесот на носење одлуки (во состав на секторот со кој раководам е и одделение за комуникација со јавност и едукација)

Образование

Високо, Дипломиран политиколог
 
Обуки и усовршување
Одржлив развој на заедницата со учество на граѓаните за земјите од Западен Балкан – Токио, Јапонија, 2009 год. (Japanese International Cooperation Agency – JICA)
Управување со животната средина со фокус на ЕУ –Swedis Environment Protection Agency - SEPA 2011/2012
Баварска летна академија за животна средина – Баварска агенција за животна средина – Хоф, Бавариа, јули, 2023 година
Проценка на влијание на регулативата – Regulatory Impact Assessment, Охрид 2007
 
Останати јазици
Англиски

Сашо Секуловски

Сектор за координација на работата на министерот

Заменик раководител на сектор за координација на работата на министерот
Телефон: +389 76 456 716
 
 
Опис на работната позиција

Помагање во развивање и обединување на политиките во рамките на делокругот на секторот во однос на издигнување и учество на Министерството на меѓународно ниво како и адекватно запознавање на јавноста со политиките и активностите на Министерството

  • Соработува со другите раководни административни службеници од институцијата;
  • Во случај на отсуство или спреченост на непосредно претпоставениот административен службеник го заменува истиот врз основа на овластување од секретарот;
  • Му помага на раководителот на Секторот во креирање на политиките на секторот
  • Предлага системски решенија и други активности во врска со работата на одделенијата како и иницира решавање на одделни проблеми во таа насока. 
  • Ги контролира протоколарните активности
  • Контролира административните активности поврзани со Е- Влада 
  • Ја врши крајната контрола на сите предмети од управна постапка во случај на отсуство на раководителот на сектор

Билјана Јовановска

Раководител на одделение за меѓународна соработка
Телефон: +389 76 455 412
 

Управување со секојдневното работење на одделението преку организирање, насочување и контрола на активностите, како и развивање и креирање на политики поврзани со меѓународната соработка (билатерално, регионално и мултилатерално ниво)

  • Дава насоки и упатства за работа и потребна стручна помош и го следи текот на извршувањето на работите;
  • Дава упатства, мислења и слично од областа меѓународната соработка и европските интеграции, 
  • Во делот на меѓународната соработка врши анализа, оценување и проценување на прашањата и проблемите кои се појавуваат и дава предлози за нивно надминување; 
  • Го организира начинот на следење  на статусот на исполнување на  обврските во рамки на ратификуваните меѓународни договори и примена на европското законодавство и регулативите на ЕУ  кои се во надлежност на одделението; 
  • Подготвува и ја координира подготовката на  периодични (полугодишни) извештаи за реализација на меѓународната соработка и за статусот  на исполнување на обврски по меѓународни договори;  
  • Дава предлози, напатствија, мислења и слично од областа на меѓународната соработка 

Управување со функционирањето на одделението во насока на координирано, навремено и транспарентно работење на Кабинетот на министерот поврзано со прашања од протоколарна природа и за прашања од надлежност на министерството и органите во состав

  • Ја планира, организира и координира работата на одделението, спроведува надзор и дава насоки и упатства за работа на вработените, го следи, контролира и оценува работењето на вработените 
  • Ги координира севкупната работа на Министерот со активностите во Влада на РМ, Владините тела и комисии и Собранието на РМ;
  • Ја разгледува поштата на Министерот, ја распределува и утврдува временска рамка и динамика за реализација на предмети;
  • Ја организиара дневната и неделна агенда на министерот; состаноците на Министерот (тематска, временска и просторна рамка);
  • Го палнира, организира и координира протоколот на Министерот;
  • Ја следи реализацијата на заклучоците донесени на Владините седници за прашања од надлежност на министерството и на протоколарни задолженија на Министерот;
 
Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30

Билјана Ѓорѓиевска

Раководител на одделение ПООЈР
Телефон: +389 76 445 884
 

Опис на дејноста и обврските на одделението

Протоколарни и организациони задачи кои произлегуваат од потребите на кабинетите на министер, заменик министер и државен секретар како и секторите во министерството.

  • Протоколарни и организциони задачи кои произлегуваат од кабинетите на министер, заменик министер и државен секретар
  • Спроведување на процедури за дипломатски и службени патни исправи
  • Спроведување на процедури за службени патувања во странство
  • Спроведување на процедури за службени патувања во земјава
  • Спроведување на процедури за превод
  • Македонски – Албански јазик ( двонасочно)
  • Македонски – Англиски јазик ( двонасочно)
Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30

Ангелина Јовановиќ

Раководител на одделение за комуникација, односи со јавност и едукација
Телефон: +389 70 267 238

Логистичка поддршка на Министерот за јавни настани,  средби, интервјуа,  подготовка на соопштенија за јавност, соработка со медиуми  и транспарентно информирање на јавноста за активностите на Министерството од области во негова надлежност, 
организирање кампањи и настани за подигање на јавна свест и еколошка едукација.

Опис на дејноста и обврските на одделението

  • Координација на севкупната работа на Министерот со активностите во Влада на РСМ, Владините тела и комисии и собранието на РСМ; 
  • Следење на активностите на Министерот, заменик министерот, државниот секретар и поединечните секторски активности 
  • Подготвување соопштенија за јавност за активностите на министерството, организирање кампањи и настани за подигање на јавна свест и еколошка едукација, се во функција на транспарентно информирање на јавноста за активностите од области под надлежност на Министерството;
  • Подготвување на телеграми, дописи, поздравни писма и друга коресподенција со домашни и меѓународни институции за прашања од протоколарна природа и за прашања под надлежност на Министерството; 
  • Одржување контакти и соработка со НВО од области во надлежност на Министерството;
  • Организирање и реализација на јавни настани кои овозможуваат учество на јавноста во донесувањето на одлуки за прашања под надлежност на Министерството;
  • Организирање на прес конференции
  • Постапување по предмети од Слободен пристап до инпормации од јавен карактер
  • Следење на реакцијата на јавноста во печатените и електронски медиуми и изработување на прес-клипинг
Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30

Ратификувани конвенции:

  • Хоризонтално законодавство:

    • Конвенција за оценка на влијанијата врз животната средина во прекуграничен контекст (Еспо, февруари 1991)
      Закон за ратификација (“Службен весник на РМ” бр. 44/99)
      http://www.unece.org/env/eia  
    • Протокол за стратешка оценка на животната средина
      Закон за ратификација (“Службен весник на РМ” бр. 120/2013)
      http://www.unece.org/env/eia/sea_protocol.html 
    • Мултилатерален договор меѓу земјите на Југоисточна Европа за спроведување на конвенцијата за оценка на влијанијата врз животната средина во прекуграничен контекст
      Закон за ратификација (“Службен весник на РМ” бр. 157/10) 
      http://www.unece.org/env/eia/subregions/se_europe.html
    • Протокол за Регистар на загадувачи и пренос на загадувачки материи
      Закон за ратификација (“Службен весник на РМ” 135/2010)
      http://www.unece.org/env/pp/prtr.html
  • Природа

    • Конвенција за биолошка разновидност
      Закон за ратификација (“Службен весник на РМ” 54/97) 
      www.cbd.int 
    • Картагенски Протокол за биосигурност кон Конвенцијата з абиолошка разновидност
      Закон за ратификација (Сл. Весник на РМ бр. 40/2005) 
      http://bch.cbd.int/protocol 
    • Конвенција за заштита на водните живеалишта со меѓународно значење за заштита на водните птици (Рамсар)
      Уредба за ратификација (Сл.лист на СФРЈ 9/77) 
      http://www.ramsar.org 
    • Конвенција за заштита на миграторни видови диви животни (Бон)
      Закон за ратификација (“Службен весник на РМ” 38/99) 
      http://www.cms.int
    • Конвенција за заштита на дивиот растителен и животински свет  и природните живеалишта во Европа (Берн)
      Закон за ратификација, (“Службен весник на РМ” 49/97)
      http://www.coe.int/t/dg4/cultureheritage/nature/bern/default_en.asp 
    • Конвенција за заштита на светското културно и природно наследство
      Службен весник на СФРЈ” 56/74). Конвенцијата е ратификувана со акт за сукцесија од СФРЈ во 1977 година. 
      http://whc.unesco.org/en/conventiontext 
    • Конвенција за меѓународна трговија за загрозени диви животински и растителни видови (Вашингтон)
      Закон за ратификација (“Службен весник на РМ” бр. 82/99) 
      www.cites.org 
    • Договор за заштита на лилјаците во Европа (Лондон, 1991)
      Закон за ратификација (“Службен весник на РМ” бр. 38/99) 
      http://www.eurobats.org 
    • Амандманот на Договорот за заштита на лилјаците во Европа
      Закон за ратификација (“Службен весник на РМ” бр. 13/2002)
      http://www.eurobats.org 
    • Договор за заштита на Африканско-Евроазиските миграторни видови водни птици (Хаг)
      Закон за ратификација (“Службен весник ан РМ” бр. 32/99) 
      http://www.unep-aewa.org 
  • Атмосфера

    • Виенска Конвенција за заштита на Озонскиот слој (Виена, март 1985)
      Закон за ратификација (“Службен Лист на СФРЈ” 1/1990). Ратификувана од РМ на 10 март, 1994. 
      http://ozone.unep.org/new_site/en/vienna_convention.php 
    • Монтреалски Протокол во врска со супстанциите кои го осиромашуваат озонскиот слој
      (“Службен весник на СФРЈ” бр. 16/90).Протоколот е ратификуван на 10.03.1994.
      http://ozone.unep.org/new_site/en/montreal_protocol.php 
    • Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот (Женева, ноември 1979)
      (“Службен Лист на СФРЈ” 11/86). Конвенцијата РМ ја ратификува со акт за сукцесија. РМ ја потпиша Конвенцијата на 17.11.1991. 
      http://www.unece.org/env/lrtap 
    • Протокол кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот (Женева,1979) за долгорочно финансирање на Програмата за соработка за мониторинг и евалуација на далекусежниот пренос на загадувачите на воздухот во Европа (EMEP) (Женева, септември 1984)
      Закон за ратификација (“Службен весник на РМ” 24/2010) 
      http://www.unece.org/env/lrtap/emep_h1.html 
    • Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за намалување на емисиите на сулфур или на нивното прекугранично пренесување најмалку за 30 проценти ( Хелсинки, јули 1985)
      Закон за ратификација (“Службен весник на РМ” 24/2010)
      http://www.unece.org/env/lrtap/sulf_h1.html 
    • Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на испуштањето азотни оксиди или нивно прекугранично пренесување (Софија, октомври 1988)
      Закон за ратификација (“Службен весник на РМ” 24/2010)
      https://treaties.un.org/Pages/ViewDetails.aspx?src=TREATY&mtdsg_no=XXVII-1-c&chapter=27&lang=en 
    • Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на емисиите на испарливите органски соединенија или на нивното прекугранично пренесување (Женева, ноември 1991)
      Закон за ратификација (“Службен весник на РМ” 24/2010).
      http://www.unece.org/env/lrtap/vola_h1.html 
    • Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година во врска со понатамошното намалување на емисиите на сулфур (Осло, јуни 1994)
      Закон за ратификација (“Службен весник на РМ” 24/2010) 
      http://www.unece.org/env/lrtap/fsulf_h1.html  
    • Протокол кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 за перзистентни органски загадувачки супстанции Архус, јуни 1998
      Закон за ратификација (“Службен весник на РМ” 135/2010) 
      http://www.unece.org/env/lrtap/pops_h1.html 
    • Протокол кон Конвенцијата а за далекусежно прекугранично загадување на воздухот за тешки метали oд 1979 година (Архус, јуни 1998)
      Закон за ратификација (“Службен весник на РМ” 135/2010) 
      http://www.unece.org/env/lrtap/hm_h1.html 
    • Протокол кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за намалување на закиселувањето, еутрофикацијата и приземниот озон (Гетеборг, ноември 1999)
      Закон за ратификација (“Службен весник на РМ” 135/2010) 
      http://www.unece.org/env/lrtap/multi_h1.html
  • Климатски промени

    • Рамковна Конвенција на Обединетите Нации за климатски промени (Њујорк, Mај)
      Закон за ратификација (“Службен весник на РМ “бр. 61/97)
      http://unfccc.int/2860.php 
    • Протоколот од Кјото кон Рамковна Конвенција на Обединетите Нации за климатски промени
      Закон за ратификација (“Службен весник на РМ” бр. 49/2004)
      http://unfccc.int/kyoto_protocol/items/2830.php
  • Хемикалии

    • Стокхолмска Конвенција за неразградливи органски загадувачи
      Закон за ратификација (“Службен весник на РМ” бр. 17/2004)
      https://chm.pops.int
    • Ротердамска Конвенција за постапка за претходно добивање на согласност за одредени  опасни хемикалии и пестициди во меѓународниот промет (Ротердам,1998)
      Закон за ратификација (“Сл. весник на РМ” бр. 83/2010
      www.pic.int 
    • Минамата Конвенција за жива
      Конвенцијата е потпишана на 25.07.2014
      www.mercuryconvention.org
  • Отпад

    • Базелска Конвенција во врска со контролата врз прекуграничните загадувачи со опасен отпад и неговото депонирање
      Закон за ратификација (“Службен весник на РМ” 49/97)
      www.basel.int
    • Амандман на Базелската Конвенција за контрола на прекуграничното пренесување на опасниот отпад и негово одлагање и Амандманот на Анекс I, Анекс VIII и Анекс IX (Кичен, Малезија, 23-27.02.1998 година)
      Закон за ратификација (“Службен весник на РМ” бр. 49/2004)
      www.basel.int
  • Почва

    • Конвенција на Обединети Нации за борба против опустинувањето во земјите што се соочуваат со сериозни суши или опустинување, особено во Африка
      Закон за ратификација (“Службен весник на РМ” бр. 13/2002) 
      www.unccd.int
  • Индустриски несреќи

    • Конвенција за прекугранични последици од индустриски несреќи (хаварии)
      Закон за ратификација (“Сл. весник на РМ” бр. 19/2010) 
      www.unece.org/env/teia

Настани, соопштенија, публикации, брошури, кампањи

Слободен пристап до информации од јавен карактер

Мени за пристапност