Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Социо-eкономски промени

Дефиниција

Индикаторот го покажува бројот на население според пописите и проценет број на население на 31.12 во тековната годнина на целата територија на земјата, по статистички региони и по специфични групи на возраст.

Единици

  • Број на население и процент (%) на население

Клучно прашање за политиката

Каков е прогресот во бројот на населението во Република Северна Македонија и како тоа се одразува на рамномерен регионален развој на земјата?

Клучна порака

Со последниот попис направен во 2021 година имаме намалување на бројот на резидентно население за 9,2% во однос на претходниот попис пред 19 години, односно спроведен во 2002 година. Во однос на првиот попис од 1931 година бројот на население е зголемен за 2,1 пати. Со последниот попис, вкупното резидентно население изнесува 1,836,713 жители. Благодарение на позитивниот природен прираст, населението во Република Северна Македонија ја задржува позитивната насока на пораст се до 2018 година, но со значително намалено темпо. Во 2019 и 2020 година има негативен природен прираст и изнесува -0,3 и -3,2 соодветно, што влијае на намалување на бројот на резидентно население.

Според податоците за проценет број на население за 2022 и 2023 година се забележува тренд на опаѓање на бројот на население во однос на бројот на жители од последниот попис во 2021 година за 0,37% во 2022 и 0,57% во 2023 година, што се должи на иселувањето и намалениот наталитет на населението.

Разгледувано според старосната структура, може да се заклучи дека македонското население се повеќе старее. Вкупниот број на старо население од 2002 до 2023 година се зголемил за 54%, додека на младото население се намалил за 28,5%. Процентуалното учество на жените во 2023 година е поголемо во однос на мажите и процентот изнесува 50,5% наспроти 49,5%

Разгледувано по статистички региони и земен во предвид новиот попис на населението, бројките прикажуваат пораст на населението само во Скопскиот регион и тоа за 2,62%. Сите останати региони прикажуваат негативен пораст во однос на 2006 година и тоа во проценти од 20,7% во Југозападниот регион и  19% во Полошкиот регион.

Регионалната нерамномерност во растот на населението, како и изразените разлики помеѓу урбаните и руралните средини, доведува до нееднаков притисок врз животната средина, односно во регионите со поголем број на население има зголемен притисок врз транспортот, создавање отпад, зголемено загадување на воздухот, намалување на зелените површини генерално (јавни и приватни), зголемена изградба на објекти, зголемена бучава и други негативни влијанија врз животната средина. Спротивно на претходно кажаното, како последица од падот на бројот на население, притисокот врз животната средина се намалува. 

Слика 1. Население во Република Северна Македонија според пописите

 

Слика 2. Проценет број на население во Република Северна Македонија на 31.12, вкупно

 

Слика 3. Проценет број на население во Република Северна Македонија на 31.12, по специфични групи на возраст

податоци од попис во 2021

 

Слика 4. Проценет број на население во Република Северна Македонија на 31.12, по статистички региони, по години

 

Слика 5. Проценет број на население во Република Северна Македонија на 31.12.2023 година, по статистички региони и по специфични групи на возраст

Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Државен завод за статистика

Оценка

Динамиката на порастот на населението во секоја земја главно се следи врз основа на резултатите од редовните пописи на населението и податоците за природниот прираст и миграциските движења, а како извори за податоци се користат: пописите, матичните книги, регистрите на населението и други извори. 

Според податоците од пописите од 1931 до 2002 година се забележува пораст на вкупниот број на население за 2,1 пати, односно според последниот Попис на населението, домаќинствата и становите во 2021 година, Република Северна Македонија има 1,836,713 жители. 

Вкупното население од последниот попис во 2021 изнесува 1,836,713 жители и во однос на пописот од 2002 година имаме пад на бројот на жители за 185,834 или пад од 9,2%. 

Според податоците за проценет број на население за 2022 и 2023 година се забележува тренд на опаѓање на бројот на население во однос на бројот на жители од последниот попис во 2021 година за 0,37% во 2022 и 0,57% во 2023 година, што се должи на иселувањето и намалениот наталитет на населението.

Разгледувано според старосната структура, може да се заклучи дека македонското население сè повеќе старее. Во разгледуваниот период од 2002 до 2023 година, вкупниот број на старото население (65 и повеќе години) покажува тренд на зголемување за 54%. Вкупниот број на младото население (0-14 години) е намален за 28,5% и процентот на работоспособно население (15-64) исто така е намален за 14%. Процентуалното учество на жените во 2023 година е поголемо во однос на мажите и процентот изнесува 50,5% наспроти 49,5%.

Во периодот од 2006 до 2023 година од проценетиот број на население како и земен во предвид последниот попис, разгледувано по статистички региони, се забележува пад во порастот на населението во сите региони, освен во Скопскиот. Таму процентот на пораст изнесува 2,62%. Сите останати региони прикажуваат негативен пораст во однос на 2006 година и тоа во најголем процент од 20,7% во Југозападниот регион и 19% во Полошкиот регион. Потоа следат Источниот регион со 18,4% и Југоисточниот регион со 14,8%. Соодветно следат и Североисточниот со 12,5%, Пелагонискиот со 12% и Вардарскиот со 11,2%.

Според старосната структура на населението по региони, во 2023 година, најголемо учество на младото население (0-14 години) има во Скопскиот (18,5%), а најмало во Источниот регион (13,5%). Учествотo на старото население (65+) е најголемо во Источниот (22,5%) и Пелагонискиот регион (20,9%), а најмало во Полошкиот регион (14%).

Од претходно кажаното може да се заклучи дека, за жал на ниво на цела територија на земјата, поради намалување на бројот на родени деца и на природниот прираст на населението, пораст на емиграцијата во странство, како и интензивирање на процесот на демографското страеење, се намалува учеството на младото население, а се зголемува учество на старите лица во вкупното население. Исто така, важно е да се нагласи дека заради процесот на миграција од помалку развиените рурални средини во урбаните средини, има изразена регионална нерамномерност во растот на населението, како и со изразени разлики помеѓу урбаните и руралните средини.

Методологија

  • Методологија за пресметка на индикаторот

Податоците се преземени од МАКСТАТ базата на Државниот завод за статистика и се анализирани според барањата во дефиницијата на индикаторот.

Цели

Во согласност со Стратегијата за демографски политики на Република Македонија 2015-2024 година, главна стратешка цел е подобрување на постојните демографски трендови во Република Северна Македонија, преку спроведување на долгорочни политики и подрачја на делување, кои директно и индиректно ќе влијаат на демографскиот развој во земјата. 

Обврска за известување

EUROSTAT

Општи мета-податоци

Тема Социо-економски индикатори Поврзаност со други теми/сектори Сите сектори
Код на индикаторот MK НИ 090 Временска покриеност 2002-2023
Име на индикаторот Број на население Извор на податоци Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР Д Датум на последна верзија 12.08.2024
Тип А Подготвено/ажурирано од: Катерина Николовска
Ана Димишкова
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: K.Nikolovska@moepp.gov.mk
a.dimishkova@moepp.gov.mk

 

Поврзаност со други индикатори

МК НИ 090 Број на население EEA - Европска агенција за животна средина IND-48/Outlook 042 -Population trends 1950 – 2100: globally and within Europe
UNECE - Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина 15 - Population trends 1950 – 2100: globally and within Europe
SDG - Цели за одржлив развој со сите цели
GGI - Индикатори за зелен раст не
Кружна економија не

 

Дефиниција

Индикаторот покажува број на жители што живеат на еден км2 според проценетиот број на население на 31.12 во тековната годнина на целата територија на земјата и по статистички региони.

Единици

  • Број на жители на еден км2 и процент (%) на население

Клучно прашање за политиката

Каков е прогресот во густината на населението во Република Северна Македонја и како тоа се одразува на рамномерен регионален развој на земјата?

Клучна порака

Следејќи го постојаниот тренд на зголемување на бројот население, густината на населението во државата во периодот од 2002 до 2020 година, бележи тренд на зголемување од 2,2%.  Но, со последниот спроведен попис од 2021 година се добиваат пореални бројки и просечната густина на населението изнесува 71.4 жители на km2. Со тоа се бележи пад од 9,2% во однос на 2002 година. Падот на просечната густина на населението продолжува во 2022 и 2023 година во однос на 2002 година и изнесува 71,2 и 71 жители на km2, соодветно.

Гледано по статистички региони, дистрибуцијата на населението покажува изразита несразмерност, односно согласно податоците најгусто населен е Скопскиот регион со 323,6 жители на км2, a најретко населен е Вардарскиот регион со 32,9 жители на км2. 

Поради интензивните миграциски движења, на пониско територијално ниво забележливи се големи разлики во однос на густината на населението. Регионите што имаат повеќе градски населби и помали миграциски движења покажуваат погуста населеност, додека регионите со повеќе рурални општини и зголемена стапка на миграција се многу поретко населени.

Слика 1. Густина на население на km2, врз основа на проценетиот број на население на 31.12 , по години

 

Слика 2. Густина на население на km2, врз основа на проценетиот број на население на 31.12 , по статистички региони, по години

Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Државен завод за статистика

Оценка

Следејќи го постојаниот тренд на зголемување на бројот население, густината на населението во државата во периодот од 2002 до 2020 година, бележи тренд на зголемување од 2,2%.  Но, со последниот спроведен попис од 2021 година се добиваат пореални бројки и просечната густина на населението сега изнесува 71.4 жители на km2. Со тоа се бележи пад од 9,2% во однос на 2002 година.

Падот на просечната густина на населението продолжува во 2022 и 2023 година во однос на 2002 година и изнесува 71,2 и 71 жители на km2, соодветно.

Земено спорeдбено пак со претходната година (2022) каде просечната густина на населението изнесувала 71,2 жители на км2, во 2023 имаме пад од 0,28%.

Гледано по статистички региони, дистрибуцијата на населението покажува изразита несразмерност, односно согласно податоците најгусто населен е Скопскиот, a најретко населен е Вардарскиот регион. 
Во Скопскиот регион густината на населението изнесува 323,6 жители на км2 т.е. 33,3% од вкупното население во земјата живее во овој регион. По него следи Полошкиот регион со 101 жител на км2, додека Вардарскиот регион, има најмала густина на населеност од 32,9 жители на км2. 

Поради интензивните миграциски движења, на пониско територијално ниво забележливи се големи разлики во однос на густината на населението. Општините што имаат градска населба покажуваат погуста населеност, додека чисто руралните општини се многу поретко населени.

Методологија

  • Методологија за пресметка на индикаторот

Податоците се преземени од МАКСТАТ базата на Државниот завод за статистика и се анализирани според барањата во дефиницијата на индикаторот.

Цели

Во согласност со Стратегијата за демографски политики на Република Македонија 2015-2024 година, главна стратешка цел е подобрување на постојните демографски трендови во Република Северна Македонија, преку спроведување на долгорочни политики и подрачја на делување, кои директно и индиректно ќе влијаат на демографскиот развој во земјата. 

Општи мета-податоци

Тема Социо-економски индикатори Поврзаност со други теми/сектори Сите сектори
Код на индикаторот MK НИ 091 Временска покриеност 2002-2023
Име на индикаторот Густина на население Извор на податоци Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР Д Датум на последна верзија 12.08.2024
Тип А Подготвено/ажурирано од: Катерина Николовска
Ана Димишкова
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: K.Nikolovska@moepp.gov.mk
a.dimishkova@moepp.gov.mk

 

Поврзаност со други индикатори

МК НИ 091 Густина на население   EEA - Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE - Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG - Цели за одржлив развој со сите цели
GGI - Индикатори за зелен раст не
Кружна економија не

 

Дефиниција

Индикаторот реален БДП по жител (или GDP per capita) ја дава основната информација за една национална економија. Се добива како сооднос помеѓу бруто-домашниот производ и бројот на населението во една земја. 
Бруто домашниот производ (БДП т.е. GDP) зазема централно место во Системот на национални сметки. Тој ја мери вредноста на вкупно произведените стоки и услуги во дадена економија, најчесто за временски период од една година. Оттука, БДП претставува мерка на економската активност. Кога ќе се релативизира со бројот на населението, се добива

податокот за БДП по глава на жител (GDP per capita), кој ја дава првичната проценка на развојот на животниот стандард во земјата. Притоа, многу значајно е да се води сметка за елиминирање на евентуалното влијание на порастот на цените во временскиот период на пресметка на БДП. Затоа се инсистира на пресметка на реален БДП по жител. 
Со помош на реалниот бруто-домашнеи производ по жител се врши споредба на развиеноста на една држава во однос на друга, но и меѓусебни споредби на продуктивноста на трудот, а тој претставува и основа за добивање податоци за бруто-националниот доход, бруто-штедењето и нето-задолжувањето на државата. Сепак, реалниот БДП по жител не може да се користи како единствена мерка на благосостојбата. Во овој контекст, индикаторот сам за себе не го зема предвид потенцијалното негативно влијание на економската активност врз квалитетот на животната средина. 

Единици

  • Процентуална промена (%) во однос на претходна година

Клучно прашање за политиката

Каков прогрес бележи Република Северна Македонија на економски план односно каков е трендот на движење на реалниот БДП по жител во текот на последните две децении?

Клучна порака

Во анализираниот временски период од 2000 до 2021 година, реалниот БДП по жител во нашата земја покажува тренд на зголемување, проследен со ексцесни намалувања во одредени години (Графикон 1).  Почетокот на анализата е одбележан со намалување на реалниот БДП по жител (-3,5% во 2001 во однос на 2000), што е последица на воените случувања во тој период во Македонија. Потоа следи седумгодишен период на пораст на реалниот БДП по жител. Врвот е постигнат во 2007 година со импресивна стапка на пораст од 6,3% во однос на 2006 година. Како резултат на глобалната финансиска криза (2007-2009), индикаторот најпрвин покажува знаци на стагнирање (5,3% во 2008), а потоа и опаѓање (-0,5% во 2009). Во интервалот од 2010 до 2019 година, реалниот БДП по жител покажува позитивни стапки на раст од една до друга година што се движат во интервал помеѓу 2,2% (2011) и 3,9% (2019). Исклучок е 2012 година кога повторно е регистрирано опаѓање (-0,6%), како и релативно пониската стапка во 2017 година (1,0%). Како резултат на неповолното влијание на пандемијата врз домашната економија, во 2020 година реалниот бруто-домашен производ по жител доживува драстичен пад од -7,8%. Заздравувањето на економијата во 2021 година се огледа во високата стапка на пораст од 4,9%. 
Основна цел за креаторите на економските политики е континуираниот и што е можно поголем пораст на реалниот БДП по жител. Сепак, притоа треба да се има предвид императивот за „зазеленување“ на одржливиот економски раст. Имено, тежнението за економски раст и развој во функција на пораст на благосостојбата на населението, секогаш треба да води сметка за евентуалните импликации врз животната средина. Впрочем, реалниот БДП по жител, сам по себе не дава информации за можните негативни влијанија на економијата врз животната средина.

Графикон 1. Реален БДП по жител, верижен индекс (процентуална промена во однос на претходниот период)
 
 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Државен завод за статистика

  1Со оглед на влијанието на здравствената криза предизвикана со вирусот Ковид-19 (2020-2022), надополнета со реализирањето на пописот на населението во 2021 година и инфлаторните притисоци во текот на 2022 година, се појавија одредени дилеми во поглед на пресметките на трендовите на економската активност и движењата на населението во нашата држава. Оттука, во функција на обезбедување соодветна ригорозност на анализата и добивање што повисок степен на веродостојност на сознанијата, од серијата е изоставена 2022 година т.е. не се земени предвид претпоставените податоци за оваа година

Оценка

Индикаторот се користи за следење на напредокот во остварувањето на Целите на одржлив развој (ЦОР) 2030, конкретно ЦОР бр. 8, која се однесува на обезбедување одржлив економски раст преку достоинствена работа и економски раст. Оваа цел ја препознава важноста што ја поседува одржливиот економски раст и развој и потребата од што повисоко ниво на продуктивност во сферата на економијата, реализирано во услови на добро платени и пристојни работни места и глобален просперитет. Неспорен е фактот дека економскиот развој претставува основен двигател на просперитетот, но не треба да се испушти од предвид емпириски потврдената можност за загрозување на животната средина од негова страна. Од тие причини реализирањето одржлив економски раст и развој претставува императив во напорите за обезбедување просперитет на земјата и благосостојба на поединците. Сепак, за да економскиот раст биде одржлив неопходно е максимирањето на очекуваните нето-користи од самиот развој да биде условено со одржување на обемот и квалитетот на економските функции на животната средина со текот на времето. Помеѓу останатото тоа подразбира развојот да биде придружен со подобрување на еко-ефикасноста, преземање соодветни климатски активности и флексибилни мерки, паралелно со адекватни политики на пазарот на трудот и социјално инклузивни политики. Оттука, во функција на обезбедување благосостојба и за идните генерации, актуелните генерации треба да настојуваат да реализираат одржлив економски раст и развој т.е. раст и развој што ќе соодветствуваат на потребите на сегашноста без притоа да се наруши капацитетот за задоволување на потребите на идните генерации. 
Во анализираниот временски период од 2000 до 2021 година, реалниот БДП по жител во нашата земја покажува тренд на зголемување, проследен со ексцесни намалувања во одредени години (Графикон 1). Почетокот на анализата е одбележан со намалување на реалниот БДП по жител (-3,5% во 2001 во однос на 2000), што е последица на воените случувања во тој период во Македонија. Потоа следи седумгодишен период на пораст на реалниот БДП по жител. Врвот е постигнат во 2007 година со импресивна стапка на пораст од 6,3% во однос на 2006 година. Како резултат на глобалната финансиска криза (2007-2009), индикаторот најпрвин покажува знаци на стагнирање (5,3% во 2008), а потоа и опаѓање (-0,5% во 2009). Во интервалот од 2010 до 2019 година, реалниот БДП по жител покажува позитивни стапки на раст од една до друга година што се движат во интервал помеѓу 2,2% (2011) и 3,9% (2019). Исклучок е 2012 година кога повторно е регистрирано опаѓање (-0,6%), како и релативно пониската стапка во 2017 година (1,0%). Како резултат на неповолното влијание на пандемијата врз домашната економија, во 2020 година реалниот бруто-домашен производ по жител доживува драстичен пад од -7,8%. Заздравувањето на економијата во 2021 година се огледа во високата стапка на пораст од 4,9%.

Методологија

Стапката на пораст на реалниот БДП по жител е пресметана врз основа на вредности изразени по постојани цени (2010) со цел да се прикажат само волуменските движења, односно да се елиминира влијанието на инфлацијата врз стапката на пораст. Притоа се користат ценовни и волуменски индикатори за да ги прикажат реалните вредности на компонентите на БДП. Стапката на пораст што се добива од пресметките по постојаните цени е податок што се користи за споредба на движењето на економијата за секој од агрегатите на бруто-домашниот производ, како и за споредба на тие движења со другите држави. Имено, индикаторот овозможува споредба на економскиот развој во рамките на определен временски период помеѓу одделни економии со различни големини. 

Бруто-домашниот производ и неговите компоненти се пресметуваат врз основа на европскиот систем на национални сметки (ЕСС 2010), како меѓународно споредлива сметководствена рамка за систематски и детален опис на една економија. БДП ја мери вкупната вредност на стоките и услугите произведени во дадена економија во одреден временски период (најчесто една година). 
БДП може да се пресметува според три аспекти:  производен, расходен (трошочен) и доходовен метод.

Според производниот метод БДП е еднаков на збирот на бруто-додадената вредност и даноците на производи минус субвенциите на производите. Бруто-додадената вредност се пресметува како разлика на бруто-вредноста на производството и меѓуфазната потрошувачка. Бруто-вредност на производството претставува вредност на произведените стоки и извршените услуги во текот на една година.

Бруто-домашниот производ според расходниот метод ја прикажува финалната употреба, т.е. потрошувачката на стоки/производи и услуги произведени во домашната економија за финална потрошувачка, бруто-инвестиции и нето-извоз на стоки и на услуги. 

Цели

Во Фискалната стратегија на Република Северна Македонија за 2024-2028, зацртана е целта, БДП на среден рок (во периодот 2024-2028 година) да оствари повисока стапка на раст од 5% (Министерство за финансии, стр. 11). Идентичната проекција може да се најде и во Програмата на економски реформи 2023-2025 година, каде согласно основното сценарио, просечниот раст на економската активност во периодот 2024-2027 година се предвидува да достигне 5,0% (Министерство за финансии, стр. 18). Сепак, ваквите проекции треба да се земат како реперни, бидејќи се однесуваат на движењето на реалниот БДП, а не и на реалниот БДП по жител. Имено, индикаторот реален БДП по жител е зависен не само од движењето на бруто домашниот производ, туку и од бројот на населението. Притоа, треба да се има предвид дека последниот попис во нашата земја (2021 година) покажа големи промени во бројот на населението. Дополнително, турбуленциите т.е. намалувањата на населението се случуваат во континуитет во текот на последниве неколку години и тоа како резултат на интензивните миграции од нашата земја кон земјите членки на ЕУ. Сето ова зборува во прилог на зголемената доза на внимателност кога се пристапува кон ова прашање. 

Обврска за известување

EUROSTAT 

Општи мета-податоци

Тема Социо-економски индикатори Поврзаност со други теми/сектори Сите сектори
Код на индикаторот MK НИ092 Временска покриеност 2002-2021
Име на индикаторот Реален бруто-домашен производ (БДП) по жител Извор на податоци Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР Д Датум на последна верзија 11.01.2023
Тип А Подготвено/ажурирано од: Снежана Шиповиќ
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: snezana.sipovic@stat.gov.mk 

 

Поврзаност со други индикатори

МК НИ 092 Реален бруто-домашен производ (БДП) по жител   EEA - Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE - Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG - Цели за одржлив развој 8, Eurostat sdg_08_10 Real GDP per capita
GGI - Индикатори за зелен раст не
Кружна економија не

 

Дефиниција

Очекуваното (средно) траење на животот при раѓањето покажува колку години во просек би живеело едно лице, под услов смртноста на населението во текот на целиот период на траење на животот на тоа лице да остане на нивото од периодот за кој се пресметува овој индикатор Подaтоците се пресметуваат како просек од три години и се однесуваат на средната година во референтниот период. 

Единици

  • Број на години

Клучно прашање за политиката

Каков е трендот на очекуваната должина на живот при раѓање на населението според пол?

Клучна порака

Податоците за 2020 година покажуваат дека просечниот очекуван век на живеење изнесува 74,57 години, што претставува пораст за 2,2% во однос на 2000 година. Жените (76,77 години), имаат поголем очекуван век на живот од мажите (72,41 година) во 2020 година. Споредбено во периодот од 2000 до 2020 година, просечно жените живеат подолго од мажите за 4,3 години.

За да се зголеми очекуваната должина на живот на населението потребно е унапредување на политиките на земјата во повеќе сектори, здравство, животна средина, социјална и економска политика.

График 1. Очекувана должина на животот при раѓање, по пол

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Државен завод за статистика

Оценка

Очекуваниот век на живот во Република Северна Македонија бележи благ, но континуиран пораст до 2018 година. Во периодот од 2019 до 2021 година има благ пад во однос на 2018 година од 1,17% и 2,75% соодветно, што може да е резултат на некоја од наведените причини подолу. Податоците за 2020-2021 година покажуваат дека просечниот очекуван век на живеење изнесува 74,2 години, што претставува пораст за 1,7% во однос на 2000 година. Жените, во разгледуваниот период имаат поголем очекуван век на живот, кој се движи од 75,2 години во 2000, до 78,2 години во 2018 година. Мажите, во разгледуваниот период имаат помал очекуван век на живот, кој се движи од 70,8 години во 2000 година до 74,3 година во 2018 година. Споредбено во периодот од 2000 до 2021 година, жените просечно живеат подолго од мажите за 4,3 години. (График 1)

\Индикаторот за очекуваната должина на живот при раѓање го покажува напредокот кон SDG 3 за добро здравје и благосостојба. На должината на животот при раѓање влијаат и следните фактори: репродуктивното здравје на мајките и децата; заразни, незаразни и ментални заболувања; злоупотреба на дрога, алкохол и тутун; како и фактори на ризик по здравјето во животната средина (сообраќајни несреќи, хемикалии, загадување на воздух, вода, почва и друго). 

За да се намали ризикот за здравјето и животот на населението, а со тоа да се зголеми животниот век, главен предуслов е унапредување на здравствената политика и во насока на подобра здравствена заштита на секој поединец. Покрај унапредувањето на социјално економските детерминанти на здравје, особено е значајно да се намалат нееднаквостите меѓу регионите, во смисла на пристап и содржина на здравствени услуги. Покрај тоа, треба да се изнајдат решенија и за унапредување на квалитетот на животната средина со интегрирање на политиката за заштита на животната средина во социјалните и економските политики на земјата.

Методологија

  • Методологија за пресметка на индикаторот

Податоците се преземени од МАКСТАТ базата на Државниот завод за статистика и се анализирани според барањата во дефиницијата на индикаторот.

Цели

Зголемување на животниот век на населението.

Обврска за известување

EUROSTAT

Општи мета-податоци

Тема Социо-економски индикатори Поврзаност со други теми/сектори Сите сектори
Код на индикаторот MK НИ093 Временска покриеност 2000-2021
Име на индикаторот Очекувана должина на животот при раѓање Извор на податоци Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР Д, С, И Датум на последна верзија 12.08.2024
Тип А Подготвено/ ажурирано од: Катерина Николовска*
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
K.Nikolovska@moepp.gov.mk

*) последната верзија од индикаторот е ажурирана од надворешен експерт 

 

Поврзаност со други индикатори

МК НИ 093 Очекувана должина на животот при раѓање

 

 

EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
Eurostat 03_10 Life expectancy at birth by sex
SDG – Цели за одржлив развој 3 - Ensure healthy lives and promote well-being for all at all ages
Светска здравствена организација Цели и индикатори на Стратегија Здравје 2020
GGI – Индикатори за зелен раст не
Кружна економија не
 

 

Мени за пристапност