Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Сектор за животна средина

Секторот за животна средина е Сектор во рамките на Управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање..

Секторот за животна средина се грижи за спроведување на законските обврски кои произлегуваат од оцената на влијание врз животната средина на одредени проекти , управувањето со бучава како и вршење на физичко-хемиски и токсиколошки анализи во сите медиуми на животната средина (вода, воздух, почва, бучава).

Учествува во изготувањето на закони и подзаконски акти од аспект на оцена на влијание врз животната средина животната средина и бучава.

Секторот за животна средина е е составен од три одделенија: Одделение за оцена на влијание врз животната средина и заштита на почвите, Одделение за бучава и Одделение за лабораторија.

 

Билјана Петкоска

Раководител на сектор за животна средина
Телефон: +389 76 455 427
 
 
Опис на работната позиција

Креира политики кои се под надлежност на Секторот, координација и имплементација на политиките преку контрола во работата во рамките на одделението. Ја организира, насочува и координира работата на одделенијата во Секторот за животна средина. Доделува работни задачи на одделениата и дава упатства за работа. Ги координара предметите кои се водат во управна постапка.

Го координира спроведувањето на постапката за оцена на влијанието врз животната средина, член на комисија за правење оцена на Студијата за оцена на влијанието врз животната средина, организирање и учество на јавни јаспарви, ја координира оцената на Елаборат за заштита на животната средина. Предлага и подготвува ажурирање на измените на законот за животна средина и ажурирање на измените на подзаконските акти.
Предлага и подготвува документација за потребите за изработка на проект за изработка на стратешки карти за бучава.
Ги координира работите во одделението за лабараторија во делот за  акредитирање на нови методи како и одржување на постоеките методи.

Листа на обврски-одговорности

  • Ја организира, насочува и координира работата на секторот; врши    непосредно контрола и надзор над извршувањето на работите во секторот, ги распоредува задачите и работите на раководителите на одделенијата и на стручните државни службеници и им дава упатства за работа и потребна стручна помош во работата и вршењето на најсложените работи и задачи и го следи текот на извршувањето на работите.  
  • Со раководителите на одделенијата изготвува и се грижи за остварувањето на планот за работа на секторот и одделенијата; дава задолженија на помошникот на раководител на секторот. Го координира процесот на меѓусекторската соработка. Учествува во работата на работните тела на Собранието на Република Македонија кога за тоа е овластен. 
  • Се грижи за спроведување на законските обврски кои произлегуваат од постапката за оцена на влијанието врз животната средина, управувањето со бучава и со  заштитата на почвата. 
  • Координација при подготовка на буџет и тековни активности за Секторот за животна средина, 2014-континуирано
  • Се грижи за спроведување на обврските од ЕСПО Конвенцијата – оцена на влијание врз животната средина во прекуграничен контест како Национално контакт лице .
  • Раководител на Група- Хоризонтала од Поглавје 27 - Животна средина и климатски промени – за
  • Билатерален скриниг.
  • Член на Советот за координација и следење на процесот на Партнерство за отворена власт 2021-
  • 2023
     

Билјана Петковска е родена на 12.01.1980 година во Охрид каде го завршува и средното образование во СОУ „Нико Нестор“ – Струга – хидротехничар со одличен успех.
 

Образование
  • Дипломиран Градежен инжинер – конструктивна насока VII -1
Обуки и усовршување
  • JICA Japan International Cooperation Agency, Tokyo, Japan -2010 година
Информатички технологии
  • Има општо познавање од информатички технологии
Останати јазици
  • Англиски
Работно искуство
  • Советник за оцена на влијание врз животна средина, Сектор за животна средина – 2008-2015
Реализирани проекти и активности
  • Твининг проектот: „ “Further strengthening the capacities for effective implementation of the acquis in the field of industrial pollution” – во тек

Александар Петковски

Заменик раководител на СЖС
Телефон: +389 76 455 460
 
 
Опис на работната позиција

Му помага на раководителот на секторот за прашања кои се однесуваат на давање на потребна стручна помош на раководителите на одделенијата во секторот при вршење на насјложени работи и задачи и го следи текот на извршувањето на задачите доверени од раководителот на секторот, иницира решавање на одделни проблеми и одговара за навремено, законито и квалитетно вршење на работите и задачите кои се вршат во секторот, а кои му се доверени од раководителот на секторот. Го заменува раководителот на секторот со сите негови овластувања и одговорности во случај на негова спреченост и отсустност и го известува за превземените дејствија во негова остустност. Непосредно одговара за својата работа пред раководителот на секторот за просторно планирање, одговара за својата работа во рамките на своите овластувања, како и врши и други работи утврдени со правилникот за систематизација на работните места на министерството и други работи кои му се доверени од раководителот на секторот.

Врши работи кои бараат посебна стручност и самостојност во работата што ќе му ги довери раководителот на секторот, се грижи за спроведуваwе и извршуваwе на програмта за работа на секторот; предлага ставови по начелни системски прашаwа на раководителот на секторот, врши оценуваwе и преценуваwе на прашаwа и проблеми кои се појавуваат во секторот и го информира за тоа раководителот на секторот.

Александар Петковски е роден на 02.05.1979 година во Скопје каде го завршува и средното економско училиште„Арсениј Јовков“ со одличен успех. Оженет, татко на две деца.

Образование
  • Дипломиран географ, магистер по техничко-технолошки науки, Универзитет СВ.Кирил и Методиј

Обуки и усовршување

  • Обука за Подготовка на проектни задачи
     
  • Обука за Прирачник за процедури за ИПА-координатори за спроведување на ИПА проекти за Компонента 3
     
  • Обука за Оперативни договори и водичи за Имплементирање на ИПА проекти за Компонента 3
     
  • Комунална технологија за пречистување на урбаните отпадни води и нејзина дренажа-JICA-Јапонија од 26.08 до 08.11 2009 година
     
  • Студиска посета во Италија, Рим-TAIEX за Бучава, Директива за машини кои се користат на отворено од 06.05.2013 до 10.05.2013
     
  • Студиска посета во Чешка, Прага-УНДП од 28.02.2011 до 06.03.2011 година
     
  • Семинар за управување и заштита на природните резервати во Кина од 6-ти до 26-ти септември 2019 година
Информатички технологии
  • Има посетувано додатни обуки од информатички технологии
Останати јазици
  • Англиски
Работно искуство
  • 2012 - во тек Помошник раководител на сектор за животна средина
  • 2008 - 2012 Сектор за води во Управата за животна средина
  • 03.03.2008 во помлад соработник во Сектор за соработка и проектна координација во ИПА-одделението
Реализирани проекти и активности
  • РЕЦ Проект: „Поддршка во селекција на низа на проекти за секторите води и отпад - Подготовка на приоритетна листа за цевководи и пречистителни станици цо РМ.
  • Твининг проектот: „Further strengthening the capacities for effective implementation of the acquis in the field of industrial pollution” – во тек,

Спроведување на постапка за оцена на влијание врз животната средина и издавање на мислење и Решенија по Елаборати за заштита на животната средина. Исто така обврска на Одделение за оцена на влијание и заштита на почвите е да се грижи за заштитата на почвата како медиум на животната средина.

Постапката за оцена на влијанието врз животната средина е уредена во глава XI. Оцена на влијанијата на определни проекти врз животната средина од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“бр. 89/22 и 171/22). Со оваа глава од Законот за животната средина се делумно усогласен со одредбите на Директива 2011/92/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот од 13 декември 2011година за оценување на влијанијата врз животната средина на одредени јавни и приватни проекти (кодифицирана) и измените со Директивата 2014/52/ЕУ – околу 80%.
Одделение за оцена на влијание и заштита на почвите врши спроведување на постапката за оцена на влијание врз животната средина. Постаката за оцена на влијане врз животната средина опфаќа процена на можнте влијанија на определени проекти врз животната средина. Исто така постапките опфаќаат и

  • кооридинирање на целата постапка за оцена на влијание врз животната средина со релевантни секторти во Управата за животна средина и други засегнати институции,
  • консултации со јавност,
  • утврдување на потребата од спроведување на постапка за оцена на влијание врз животната средина,
  • утврдување на обем на Студијата за ОВЖС,
  • организирање и модерирање на јавни расправи,
  • водење на записници од јавни расправи,
  • изготвување на извештај за соодветност по Студијата за Оцена на влијание врз животната средина,
  • подготовка на акти кои произлегуваат од постапката за оцена на влијание врз животната средина.
  • За проектите за кои се утврдило дека не епотребно да се спроведе постапка за оцена на влијание врз животната средина во одделението за оцена на влијание врз животната средина се утврдува потребата од изработка на Елаборати за заштита на животната средина и се врши нивно одобрување или одбивање.
  • Во Одделението за оцена на влијание и заштита на почвите се води регистар на одобрени Елаборати за заштита на животната средина и Регистар на Студии за ОВЖС.
  • Одделение за оцена на влијание и заштита на почвите ги спроведува обврските од Конвенцијата за оцена на влијание во прекуграничен контест – ЕСПО како и дел од обврските на Архушката конвенција.
  • Исто така обврска на Одделение за оцена на влијание и заштита на почвите е да се грижи за заштитата на почвата како медиум на животната средина.
  • Подготовка на законска регулатива (закон и подзаконски акти) од областа на заштитата на почвата;
  • Заштита на почвата како ограничен, незаменлив, уништлив и тешко обновлив природен ресурс;
  • Изготвување на стратегии, програми и планови за заштита на почвата;
  • Имплементација на меѓународни документи за заштита на почвата;
  • Насоки за заштита од загадување и за унапредување на квалитетот на почвата
Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30

Одделението за заштита од бучава во животната средина извршува низа на повеќе дејности поврзани со зашитата од бучавата во животната средина, меѓу кои:создавање здрави услови за животот на луѓето и заштита на животната средина од бучава,преземање мерки и активности за избегнување, спречување или намалување на бучавата, преземање на мерки за заштита од бучава која е наметната одблиската средина и предизвикува непријатност и вознемирување,отстранување или намалување на штетните ефекти кои се последица од изложеноста на бучавата во медиумите и областите на животната средина, изработка на стратешки карти за бучава за главни автопатишта, железнички сообраќај и авионски сообраќај, издавање на мислења во делот на заштита од бучава во животната средина.

Одделението за лабораторија функционира како дел од Секторот за животна средина во рамките на Управата за животна средина со цел да врши следење на квалитетот на животната средина, како алатка за развој на политики. Освен вообичнаените и широкораспространети класични методи на анализа, Централната лабораторијата е опремена и со модерна и високософистицирана опрема за анализи, темелена на различни физико-хемиски методи.
Главни функции на лабораторијата се:

  • Следење на квалитетот на животната средина, како алатка за развој на политики
  • Поддршка на Државниот инспекторат за животна средина во неговата улога на спроведување на законите. Самомониторингот на инсталациите треба да биде контролиран од инспекторатот периодично. Мерењата спроведени од Централната лабораторија за животна средина ќе ги проверат податоците добиени од самомониторингот и ќе делуваат превентивно во точно презентирање на резултатите добиени од инсталациите.
  • Следење на инциденти, вклучително хемиска и биолошка контаминација, во животната средина како и следењето на нивна деконтаминација и ремедијација

Централна Лабораторија за животна средина е Акредитирана од Институтот за Акредитација на Република Северна Македонија со сертификат Бр. ЛТ-082 со кој сертификат се потврдува дека се исполнети барањата на МКС EN ISO/IEC 17025:2018 Општи барања на компетентност на лаборатории за тестирање и калибрација, каде опсегот на акредитација опфаќа тестирања во областа за животна средина:

  • Интерна метода за определување на биохемистата потрошувачка на кислород (БПК), Квалитет на вода Спектрофотометриско определување на БПК во вода со реагенс тест 1.00687.0001 MERCK Spectroquant. За опсег од 0,5 mg/L ÷ 3000 mg/L во отпадна вода.
  • Метода во согласност со ISO 15705:2002 за определување на хемиската потрошувачка на кислород (ХПК), Квалитет на вода Спектрофотометриско определување на ХПК во вода со реагенс тест 1.14540.0001. За опсег од 10 mg/L ÷ 150 mg/L во отпадна вода.
  • Метода во согласност со ISO 15705:2002 за определување на хемиската потрошувачка на кислород (ХПК), Квалитет на вода Спектрофотометриско определување на ХПК во вода со реагенс тест 1.14691.0001. За опсег од 300 mg/L ÷ 3500 mg/L во отпадна вода.
  • МКС EN ISO 10523:2013 Квалитет на вода -Определување на pH. Со опсег од pH 0 ÷ pH 14 во отпадна вода.
  • Метода во согласност со DIN 38405-9:2011 определување на концентравија на нитрати (NO3), Квалитет на вода Спектрометриско определување на нитрати во вода со реагенс тест 1.14563.0001. За опсег од 0,5 mg/L ÷ 25 mg/L NO3¯N во отпадна вода.
  • Метода во согласност со DIN 38405-9:2011 определување на концентрација на нитрати (NO3), Квалитет на вода Спектрометриско определување на нитрати во вода со реагенс тест 1.14764.0001. За опсег од 1,0 mg/L ÷ 50 mg/L NO3¯N во отпадна вода.
  • МКС EN ISO 1996-2:2018 Акустика- Опис, мерење и проценување на бучава од околината – Дел 2: Определување на ниво на бучава од околината. Со опсег од 20 dB ÷ 140 dB бучава во животна средина.
Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30
02 - Правилник за формата и содржината на елаборатот за заштита на животната средина, согласно со видовите на дејностите или активностите за кои се изработува елаборат, како и согласно со вршителите на дејноста и обемот на дејностите и активностите кои ги вршат правните и физичките лица, постапката за нивно одобрување, како и начинот на водење на регистарот за одобрени елаборати
03 - Правилник за формата и содржината на барањето заради недонесување на решение со кое се одобрува или со кое не се одобрува елаборатот
05 - Уредба за дејностите и активностите за кои задолжително се изработува елаборат, а за чие одобрување е надлежен градоначалникот на општината, градоначалникот на Градот Скопје и градоначалникот на општините во Градот Скопје
06 - Уредба за дејностите и активностите за кои задолжително се изработува елаборат а за чие одобрување е надлежен органот за вршење на стручни работи од областа на животната средина
07 - Правилник за информациите што треба да ги содржи известувањето за намерата за изведување на проектот и постапката за утврдување на потребата од оцена на влијанието на проектот врз животната средина
09 - Правилник за формата, содржината, постапката и начинот за изработка на извештајот за соодветноста на студијата за оцена на проектот врз животната средина, како и постапката за овластување на лицата од листата на експерти за оцена на влијанието врз животната средина, кои ќе го изготват извештајот
10 - Правилник за содржината на објавата на известувањето за намерата за спроведување на проект, на ешението за потребата од оцена на влијанието на проектот врз животната средина, на студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина, на извештајот за соодветноста на студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина и на решението со кое се дава согласност или се одбива спроведувањето на проектот, како и начин на консултирање на јавноста
11 - Уредба за определување на проектите и за критериумите врз основа на кои се утврдува потребата за спроведување на постапката за оцена на влијанијата врз животната средина
12 - Закон за заштита од бучава во животната средина

14 - Правилник за примената на индикаторите за бучава, дополнителни индикатори за бучава, начинот на мерење на бучава и методите за оценување со инидкаторите за бучава во животната средина
15 - Уредба за агломерациите, главните патишта, главните железнички пруги и главните аеродроми за кои треба да се подготвуваат стратешки карти за бучава
16 - Правилник за начинот на соработката на органите надлежни за изработка на стратешки карти за бучава и акциони планови за бучава со органите надлежни за донесување на стратешки карти за бучава и изработка на акционите планови за бучава од соседната држава
17 - Правилник за поблиската содржина на стратешките карти на бучава и акционите планови за бучава, начинот на изработка и начинот на собирање на податоци за изработка на стратешките карти за бучава и акциони планови за бучава, како и начинот на нивното собирање, чување и евидентирање
18 - Правилник за начинот, условите и постапката за воспоставување и работење на мрежите, методологијата и начинот за мониторинг, како и условите, начинот и постапката за доставување на информациите и податоците од мониторингот на состојбата во областа на бучавата
19 - Правилник за поблиските услови во поглед на потребната опрема која треба да ја поседуваат овластени научни стручни организации и институции како и други правни и физички лица, за вршење на определени стручни работи за мониторинг на бучава
21 - Правилник за поблиските видови на посебните извори на бучава како и услови кои треба да ги исполнуваат постројките, опремата, инсталациите и уредите кои се употребуваат на отворен простор во поглед на емитираната бучава и стандардите за заштита од бучава

Мени за пристапност