Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Сектор за управување со човечки ресурси и стратешко планирање

Во Секторот за управување со човечки ресурси и стратешко планирање се вршат работи од делокругот на управувањето со човечките ресурси, остварувањето на правата, обврските и одговорностите на вработените, стратешкото планирање и годишната програма за работа на Министерството и следењето на нивната реализација.

 

Мисрете Едипи

Раководител на сектор за управување со човечки ресурси
Телефон: +389 72 278 972
Е-пошта: m.edipi@moepp.gov.mk
 
Мајчин јазик
  • Албански
Одделението за стратешко планирање врши организирање и насочување на работата за подготовка и следење на стратешки документи, програми и планови, врз основа на утврдени стратешки приоритети на национално, регионално и меѓународно ниво.

Основни дејности на одделението

  • Организирање и насочување на работата за подготовка и следење на стратешки документи, програми и планови, врз основа на утврдени стратешки приоритети на национално, регионално и меѓународно ниво;
  • Координирање и  подготовка на стратешкиот план на министерството во насока на заштита на животната средина и природата и воспоставување на одржлив развој на национално ниво;
  • Спроведување на стратешкиот план на министерството преку континуирана соработка со останатите партнери во процесот;
  • Утврдување на стратешки приоритети; по потреба организирање обука за стратешко планирање; следење на  динамиката на одвивање на имплементацијата на стратешките приоритети;
  • Организирање и координација на процесот на изготвување на предлог-годишната програмаза работа на министерството и го следи нејзиното остварување во согласност сопрограмата за работа на владата
  • Следење на  реформските процеси и предлага мислења при дефинирање на мисијата и визијата
  • Ги следи постигнувањата во секоја област од надлежност на министерството
Одделнието за управување со човечки ресурси врши обезбедување на методолошка, организациска и техничка поддршка на сите активности и ги координира и насочува сите активности во врска со вработувањето и мобилноста во државна служба за потребите на органот

Основни дејности на одделението

  • Изработување на функционална анализа во МЖСПП;
  • Вршење на  методолошка, организациска и техничка подршка во постапката за изработување на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места во МЖСПП;
  • Спроведување на системот за управување со ефектот во Одделението и ги кординира, со другите оценувачи, активностите за воспоставување на системот за управување со ефектот во МЖСПП;
  • Врши обезбедување на целосна методолошка, организациска и техничка поддршка на сите активности и ги координира и насочува сите активности во врска со вработувањето и мобилноста во државна служба за потребите на органот, во врска со оценувањето, стручното оспособување и усовршување на административните службеници, во врска со мотивацијата и подобрувањето на квалитетот на меѓучовечките односи и во врска со правата, должностите и одговорностите на административните службеници (службенички однос) и информативниот систем за човечки ресурси;
  • Годишна оценка на административниот службеник;
  • Подготвување на Стратешкиот план на МЖСПП и Планот за спроведување на Програмата за работа со посебен осврт на влијанието врз човечките ресурси и примената на начелото за соодветна и правична застапеност;
  • Донесување и учествување во изработувањето на  процедури од Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на Стандардот ISO 9001:2008;
  • Развивање политики и стратешки документи за управување со човечките ресурси во органот на државната служба;
  • Обезбедување стручно – оперативна поддршка на Комисијата за водење на дисциплинска постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и Комисијата за утврдување на материјална одговорност на административните службеници;

Мени за пристапност