Ова се ефектите од пребрзиот технолошки развој, развојот на индустријата, зачестените хаварии и останатите активности диктирани од современиот живот на човекот, како и природните катастрофи (земјотреси, поплави, пожари, вулкански ерупции)
Земајќи ги предвид сите овие показатели, односно промени на глобално ниво, потребно е да се превземат мерки за подобрување на состојбата, особено на квалитетот на воздухот.
Токму поради тоа, од особен интерес е да се располага со податоци за потеклото, застапеноста и влијанието на загадувачките супстанци присутни во воздухот, со цел да се превземат мерки за нивна редукција. Затоа, Македонскиот информативен центар за животна средина ги собира обработува и анализира податоците за емисиите во воздухот од поединечните извори како и на емисии во воздухот од сообраќајот.
Со цел утврдување на состојбата со концентрациите на загадувачките супстанци во амбиентниот воздух се врши редовен мониторинг со Државниот автоматски мониторринг систем за квалитет на амнбиентен воздух, како и мерните станици на други надлежни институции.
По соодветна обработка на податоците тие можат да се искористат за информирање на јавноста, подготовка на документи и превземање на акции за подобрување на квалитетот на воздухот и планови за заштита на истиот.