Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Македонски информативен центар за животна средина

Македонскиот информативен центар за животна средина се основан во април 1998 година и неговата активност се реализира преку четири одделенија:

  • Одделение за мониторинг на квалитет на воздухот
  • Одделение за аналитика и известување
  • Одделение за катастри и моделирање
  • Одделение за информатичка технологија

Основна функција на МИЦЖС е собирање, обработка, анализа и презентација на релевантни податоци за медиумите и областите во животната средина. За таа цел, согласно законската регулатива МИЦЖС ги собира сите информации за состојбата со животната средина, од самомониторингот на разни институции и други извори како и од сопствениот мониторинг. 

За управување со податоците за состојбата на животната средина воспоставува, развива, води и координира Национален информативен систем за животната средина.

Управува со Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух, кој се состои од 21 фиксна и една мобилна мониторинг станица.

Воспоставува база на податоци за  евиденција на загадувачите и на изворите на загадување кои испуштаат загадувачки материи и супстанции во животната средина.
Извештаите за состојбата на животната средина и национални индикатори се достапни на јавноста преку WEB страните на МЖСПП, како и преку соодветни информативни материјали: брошури, извештаи и слично.

 

 

Раководител на сектор – МИЦЖС
 
 
 
 
 
Опис на работната позиција

Управување со секторот преку координирање на работите поврзани со известување за состојба на животната средина и обезбедување на спроведувањето на регулативата

 

Права и обврски
Организирање, насочување, управување и координација со секојдневното работење на Секторот
Известување и информирање како и обезбедување на спроведувањето на законските прописи
  • Планира, организира и координира работата на одделението, спроведува надзор и дава упатства за работа на вработените, го следи, контролира и оценува работењето на вработените;
  • Организира дневна и неделна агенда на министерот;
  • Учествува во развивање на политики и алатки за транспарентно информирање на јавноста за активностите на Министерството од области во негова надлежност;
  • Иницирање на проекти за равивање на комуникација со засегнати страни, подигање на јавна свест и еколошка едукација;
  • Ја планира, организира и координира работата на одделението, спроведува надзор и дава насоки и упатства за работа на вработените, го следи, контролира и оценува работењето на вработените;
  • Ги следи активностите на Министерот;
  • Ги следи активности и новитети во Министерството за навремено информирање на јавноста и дава насоки за подготовки на експозеа, говори;
  • Организира прес конференции;
  • Дава насоки за пишување и пишува соопштенија за јавност;
  • Креира предлог -мерки за јавен настап за изработка на предлог програма за медиумски активности и кампањи;
  • Членува во работна група за организирање медиумски кампањи и активности
 
 

Анета Стефановска

Раководител на ОМКАВ

 

Одделението за мониторинг на квалитет на амбиентен воздух управува со Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКВ).

ДАМСКВ се состои од 21 фиксна и една мобилна автоматска мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух. Фиксните мониторинг станици се поставени во следните градови: пет во Скопје (Карпош, Центар, Ректорат, Лисиче и Гази Баба), две во Битола, по една во Кичево, Велес, Илинден, Куманово, Кочани, Тетово, Кавадарци, с. Лазарополе, Струмица, Гостивар, Гевгелија, Прилеп, Берово и Охрид. Мобилната мониторинг станица се користи за следење на квалитетот на воздухот во помалите градови. Моментално, мобилната станица за автоматско следење на амбиентниот воздух е поставена во Ѓорче Петров (Скопје). Претходно, мобилната станица беше во Бутел (Скопје) и работеше една година во периодот 2018-2019 година.
Основните задачи на одделението се:

  • редовно следење на функционалноста на мерните инструменти;
  • одржување на инструментите, односно редовна замена на потрошните материјали согласно динамиката дадена од производителите на опремата;
  • сервисирање на инструментите;
  • секојдневно следење на податоците добиени од ДАМСКАВ и нивна валидација и верификација;
  • калибрација на анализаторите од мониторинг станиците со цел добивање на веродостојни податоци за квалитет на воздух;
  • калибрација на референтните анализатори од калибрационата лабораторија за квалитет на воздух.

Одделението изготвува информации за состојбата со мониторингот и квалитетот на воздухот. Исто така подготвува дневен, месечен и годишен извештај за квалитетот на воздухот во државата, согласно податоците добиени од ДАМСКВ.

Одделението доставува известување во случај кога ќе забележи надминување на граничните вредности и праговите за алармирање на поедини загадувачки супстанци.
Подетални информации во врска со ДАМСКВ како и состојбата со квалитетот на воздухот во реално време може да најдете на следниов линк: https://air.moepp.gov.mk.

Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30

Мартина Спасовска

Раководител на ОАИ
Телефон: +389 75 290 359
Е-пошта: m.toceva@moepp.gov.mk

Одделението за аналитика и известување е посветено на унапредување на знаењето за животната средина и меѓународната соработка преку сеопфатно управување со податоци и известување

  • Управување со податоци: - собирање, обработка и анализа на податоци за медиумите и животната средина.
  • Известување: Подготовка на дневни, месечни, годишни и четиригодишни извештаи за животната средина.
  • Мапирање: Изработка на тематски карти со гео-ориентирани податоци.
  • Меѓународна соработка: Координација со Европската агенција за животна средина (ЕЕА) и доставување на податоци до меѓународни организации.
  • Развој на индикатори: Развој, имплементација и проширување на националниот сет на индикатори.
  • Статистички придонес: Доставување и обработка на податоци за статистички бази на податоци и годишници.
Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30

Аземине Шакири

Раководител на ОКМ
Телефон: +389 76 404 475
Е-пошта: a.shakiri@moepp.gov.mk

Во одделението за катастри и моделерање се подготвуваат и одржуваат:

  • катастрите за медиумите на животната средина (воздух, вода и бучава) како дел од националниот информативен систем за животна средина; 
  • моделирање; и 
  • воспоставуање и одржување на Регистар на испуштање и пренос на загадувачи (РИПЗ). 

Во однос на катастрите во одделението се вршат и координираат активностите околу одржување и ажурирање на поедините катастри (воздух, вода и бучава) преку :

  • идентификација на изворите на загадување; 
  • идентификација на загадувачките супстанците кои се испуштаат во медиумите на животна средина;
  • одредување на количина на испуштени загадувачки супстанци и 
  • временскиот период во кој настанува загадувањето.  

Во однос на моделирањето во одделнието се вршат активности поврзани со моделирањето кое во моментов е воспоставено само во областа на воздухот, поточно воспоставени се два локални дисперзиони модели за стационарни и мобилни извори на загадување и преземање на податоци од регионален прогностички модел од дедициран сервер на Финскиот метеоролошки институт кој ги споделува податоците со нашето Министерство. 
Исто така воспоставен е COPERT модел за пресметување на емисии од мобилни извори на загадување – TIER 3.

Во одделението развиени се и капацитети за користење на рецепторни модели за одредување на извори на загадување во фракции на PM честички.

Во однос на Регистарот на испуштање и пренос на загадувачи (РИПЗ) во одделението се извршуваат активности поврзани одржување и ажурирање на сеопфатна база на податоци за националните емисии и преносот на загадувачите во СРМ. РИПЗ содржи податоци за: 

  • Постројката и нејзината географска местоположба, вклучувајќи го и речниот басен;
  • Сопственик или оператор на постројката задолжен за доставување на податоците;
  • Индустриски сектор
  • Испуштањето на загадувачи во медиумите на животната средина (воздух, вода и почва);
  • Пренесувања на отпад надвор од локацијата и нивно одредиште, како што е соодветно; и
  • Пренесувања на загадувачи во отпадна вода надвор од локацијата
Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30

Основните задачи на Одделението за информатичка технологија се обезбедување на ИТ сервиси за сите вработени во МЖСПП, одржување на информатичката инфраструктура на МЖСПП и развивање на Националниот информациски систем за животна средина, како и e-mail сервис за МЖСПП, oбезбедување LAN и WAN сервиси за МЖСПП, обезбедување wireless конекција помеѓу различните локации на МЖСПП, обезбедување и одржување пристап до Интернет, обезбедување firewall заштита на мрежата, централизирана заштита од компјутерски вируси, инсталирање и конфигурирање на новонабавена опрема, едитирање и ажурирање на содржините на web порталот на МЖСПП, техничка подготовка (desktop publishing) на брошури и извештаи од обработени податоци од животната средина.

  • Развој и одржување на Националниот информациски систем за животна средина (НИСЖС)
  • Обезбедување мрежни сервиси (LAN и WAN) за потребите на МЖСПП
  • Одржување и редовен update на Web порталите на МЖСПП
  • E-mail сервиси
Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30

Годишна програма за работата на МИЦЖС

Извештаи за работа на МИЦЖС

Мени за пристапност