Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Воздух

Дефиниција

Индикаторот ги следи трендовите на емисиите од антропогени извори на супстанците што предизвикуваат киселост, односно процеси на закиселување во воздухот. Тоа се азотни оксиди, и сулфур диоксид, при што моќноста за предизвикување киселост на секоја од нив се мери според потенцијалот за закиселување.

Индикаторот, исто така, обезбедува информации за емисиите по сектори: производство и претворање на енергијата, патен и друг транспорт, индустрија (од процеси и енергија), фугитивни емисии, отпад, земјоделство и останати сектори.

Единици

  • kt (еквивалент на закиселување)

Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен во вкупната редукција на емисиите на загадувачките супстанци кои предизвикуваат закиселување на воздухот?

Клучна порака

За споредба со 1990 година во 2022 година, вкупните емисии на загадувачките супстанци кои предизвикуваат закиселување се намалени за околу 50% (NOx), додека во однос на (SOx) се намалени за 15%.
Во однос на  тренд на намалување на емисиите NOx, максимална вредност на вкупни национални емисии на NOx е забележана во 1990 година и таа изнесува 45.6 kt. Во 2022 година вкупните емисии изнесуваат 22.7 kt, што претставува историски најниска годишна вредност, а во однос на 2021 година се зголемени за 8%, заради зголемена употреба на мазут и работа на термоелектраната ТЕЦ Неготино.
Што се однесува до емисиите на SOx забележан е скок во 2019 година, додека во 2020 година емисиите се намалени, но не на нивото од 2018 година. Во споредба со 2021 година, емисиите во 2022 година се зголемени за 2%, а во однос на 1990 година емисиите се намалени за 19%. Исто така, треба да се забележи дека 2022 година се направени пресметки на емисиите на оваа загадувачки супстанца, а не се земени во предвид мерењата заради големите разлики во вредностите на волуменските текови на издувните гасови во мерењата направени во различни месеци во текот на годината. 
Значителна редукција на SOx би се остварила по воведување на десулфуризација во најголемата инсталација за производство на електрична енергија РЕК Битола. Според издадената дозвола за оваа компанија оваа мерка треба да се спроведе до 2027 година.
Азотните оксиди во периодот на известување се редуцирани за 50%, од кои најголем дел од секторот производство на енергија (за 74%), а понатамошна редукција во следните години се очекува од секторот сообраќај со обновување на возниот парк и подобрување на јавниот превоз, но и во иднина со воведување на построги гранични вредности за емисиите кои ги испуштаат големите согорувачки постројки и индустријата и градежништвото, од согорување на горива.

Специфично прашање за политиката

За споредба со 1990 година во 2022 година, вкупните емисии на загадувачките супстанци кои предизвикуваат закиселување се намалени за околу 50% (NOx), додека во однос на (SOx) се намалени за 15%.
Во однос на  тренд на намалување на емисиите NOx, максимална вредност на вкупни национални емисии на NOx е забележана во 1990 година и таа изнесува 45.6 kt. Во 2022 година вкупните емисии изнесуваат 22.7 kt, што претставува историски најниска годишна вредност, а во однос на 2021 година се зголемени за 8%, заради зголемена употреба на мазут и работа на термоелектраната ТЕЦ Неготино.
Што се однесува до емисиите на SOx забележан е скок во 2019 година, додека во 2020 година емисиите се намалени, но не на нивото од 2018 година. Во споредба со 2021 година, емисиите во 2022 година се зголемени за 2%, а во однос на 1990 година емисиите се намалени за 19%. Исто така, треба да се забележи дека 2022 година се направени пресметки на емисиите на оваа загадувачки супстанца, а не се земени во предвид мерењата заради големите разлики во вредностите на волуменските текови на издувните гасови во мерењата направени во различни месеци во текот на годината. 
Значителна редукција на SOx би се остварила по воведување на десулфуризација во најголемата инсталација за производство на електрична енергија РЕК Битола. Според издадената дозвола за оваа компанија оваа мерка треба да се спроведе до 2027 година.
Азотните оксиди во периодот на известување се редуцирани за 50%, од кои најголем дел од секторот производство на енергија (за 74%), а понатамошна редукција во следните години се очекува од секторот сообраќај со обновување на возниот парк и подобрување на јавниот превоз, но и во иднина со воведување на построги гранични вредности за емисиите кои ги испуштаат големите согорувачки постројки и индустријата и градежништвото, од согорување на горива.

Оценка

На подолу дадениот графикон прикажан е годишен тренд на емисиите на загадувачките кои предизвикуваат закиселување за период 1990 до 2022 година.

Графикон 1. Тренд на емисии за азотни оксиди и сулфур диоксид

Може и во двата случаи да се забележи променлив тренд со опаѓачки карактер започнувајќи од 2012-2013 година. 

Причините за намалувањето на NOx во последните години се должи, главно и првенствено на значително намалените емисии (74% за периодот 1990-2022) од NFR категоријата производство и дистрибуција на енергија  заради намалена работа на РЕК Осломеј  и модернизација на котлите на РЕК Битола и намалената потрошувачка на јаглен и мазут. Заради стариот возен парк (најмногу од автомобилите припаѓаат на ЕУРО класите 1-4 I) нема значителни редукции на емисија на оваа загадувачка супстанца од патниот сообраќај. Треба да се напомене дека заради расположливост на детални податоци за возниот парк, за периодот 2005-2020 година се применува методологија на пресметка на емисиите на ниво 3, додека за претходните години пресметките се вршени со примена на методологија на ниво 1.

Трендот од 2016 година е стабилен со ниски варијации помеѓу годините. Поголем прогрес во редукција на емисиите на NOx се очекува со обновување на возниот парк, подобрување на јавниот превоз и  зголемување на уделот на обновливи извори во производство на електрична енергија, потоа дефинирање на построги ГВЕ во ИСКЗ дозволата на РЕК Битола во која ќе бидат дадени активности за дополнително намалување на емисиите на азотни оксиди преку процес на модернизација на блокот 1 од термоелектраната, како и построги ГВЕ во ИСКЗ дозволите за согорување на горивата од индустријата, кои се очекува да се дефинираат во подзаконските акти од новиот Закон за индустриски емисии, кој треба да се донесе во текот на оваа година 

Во период 2012-2018 започнува тренд на опаѓање на SOx заради намалена потрошувачка на јаглен и мазут во термоелектраните. Сепак, нема значителна редукција на оваа загадувачка супстанца споредбено со другите европски земји бидејќи во инсталациите за производство на електрична енергија не се спроведени најдобри достапни техники за редукција на сулфурните оксиди кои произлегуваат од употребата на јаглен со голема количина на сулфур како и зголеменото количество мазут кое се користи првенствено од страна на РЕК Битола во последните неколку години. Од друга страна, намалени се емисиите на SO2 од согорувањето на горивата во индустријата и административните капацитети што се должи на примената на мазут со содржина на сулфур до 1%.

Сепак, оваа редукција нема значително намалување на вкупните емисии имајќи предвид дека уделот на емисии од инсталациите за производство на електрична енергија е клучен и во 2022 година и изнесува околу 95%. Во 2019 година има нагло зголемување на SOx емисиите поради зголемената употреба на јаглен со поголема содржина на сулфур и поголемо производство на електрична енергија во споредба со 2018 година. Но, во 2020 година емисиите повторно се намалуваат поради помалата потрошувачка на јаглен и тешки горива, но не на ниво на 2018. Во споредба со 2021 година, емисиите во 2022 година се зголемени за 2%, а во однос на 1990 година емисиите се намалени за 19%. Исто така, треба да се забележи дека 2022 година се направени пресметки на емисиите на оваа загадувачка супстанца, а не се земени во предвид мерењата заради големите разлики во вредностите на волуменските текови на издувните гасови во мерењата направени во различни месеци во текот на годината. 

За да се направи пак оценка на уделите на различните сектори во целокупниот извештаен период, направена е пресметка на емисиите по NFR категории. 

На следниот графикон се прикажани националните емисии пo NFR категории за период 1990-2022 од каде може да утврди уделот на изворите во целокупниот тренд. Со цел усогласеност со Инвентарот, кој се доставува во Обединетите нации и ЕЕА, не се земени предвид другите сектори како природни извори, кои не се вклучуваат во вкупните национални емисии.

   Графикон 2. Вкупни емисии на SOx по сектори на годишно ниво
 

Секторот Производство и дистрибуција на енергија е клучен и доминантен извор во просек од 80-90 % во целиот извештаен период. Така, во 2022 година, речиси сите емисии на SOx потекнуваат од секторот Производство и дистрибуција на енергија (97%), додека само околу 2.8% од вкупните национални емисии на SОx, потекнуваат од категоријата 1.A.2 Согорување на производни индустрии и градежништво. 

На следниот графикон се прикажани националните емисии на втората загадувачка супстанца NOx, која предизвикува киселост пo NFR категории за период 1990-2022 година, од каде може да утврди уделот на изворите во целокупниот тренд. Трендот е променлив, но со мали повторувачки падови до 2021 година. Остриот пад на емисиите (кој се забележува во категоријата производство на енергија) помеѓу 2012 и 2015 година се должи на помалата потрошувачка на јаглен во големите електрани и модернизацијата на котлите во електраната РЕК Битола. Во периодот 2016–2018 година емисиите се стабилни. Во споредба со 2022 година, емисиите во 2021 година се повисоки за 8%, поради зголемена употреба на мазут во термоцентралите

Графикон 3. Вкупни емисии на NOx по сектори на годишно ниво

Имајќи предвид дека азотните оксиди се еден од производите при процесот на согорување на горивата,  во целиот период 1990-2022 година во вкупните емисии на овие загадувачки супстанци изразени како азот диоксид најголем удел имаат три NFR категории, и тоа: 1.А.1 Производство на енергија, 1.А.2 Согорување во производни индустрии и градежништво и 1.А.3 Транспорт. Во 1990 година овие категории учествуваа во вкупните емисии на NOx со удели од 53%, 20% и 21%, соодветно, додека во 2022 година емисиите се намалени, а клучните категории учествуваат со 28%, 21% и 40% соодветно од секоја од наведените категории, споредено со 1990 година. Од оваа споредба може да се увиди влијаните на имплементацијата на добро достапните техники кај клучниот извор на оваа загадувачка супстанца.

Во однос пак на постигнатите цели во 2022 година, SОx се под националните граници плафони дефинирани во Гетеборшкиот протокол и Правилникот за количините на горните граници-плафоните, 1990 година за SOx (согласно Протоколот во врска со понатамошното намалување на емисиите на сулфурни оксиди,  а не е постигната целта од намалување на сулфурни оксиди за 30 проценти споредбено со 1980 година (вкупните емисии на SОx треба да изнесуваат 47 kt или помалку). Оваа цел ќе се оствари со воведувањето на десулфуризација во РЕК Битола. Заради фактот што ова мерка не е имплементирана не е постигнат националниот плафон за редукција на емисија на SOx. Воедно плафонот за емисии од големи согорувачки постројки опфатени со НПНЕ (Национален план за намалување на емисиите) за 2022 година за SOx е повторно надминат.

Од друга страна, NOx емисиите во 2022 година иако се повисоки во однос на претходната година, сепак се во согласност со Гетеборшкиот протокол и со Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на испуштањето азотни оксиди или нивно прекугранично пренесување. Исто така, плафонот за емисии за NOx од големи согорувачки постројки опфатени со НПНЕ за 2022 година не  е надминат.

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и секретаријатот на Обединетите нации. Податоците се достапни на следната веб страна: https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envzewhna/ Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци.

Методологија

  • Методологија за пресметка на индикаторот

Методологијата за пресметка на овој индикатор се базира на собирање и пресметка на податоци за емисиите на годишно ниво, на ниво на држава, на SO2, и NOx како вкупно, така и распределени по сектори, односно дејности.

Пресметките се во согласност со упатствата на Конвенцијата за прекуграничен пренос на аерозагадувањето – UNECE/EMEPConventiononLong-RangeTransboundaryAtmosphericPollution (LRTAPConvention), како и употреба на SNAP – селективна номенклатура на аерозагадувањето. Во однос на овој индикатор, бидејќи треба да се изрази особината и потенцијалот на киселост, користени се фактори. Овие фактори изнесуваат за NOx 0.02174 и за SO2 0.03125. Резултатите се изразени во килотони еквивалент на киселост.

  • Методолошка несигурност и несигурност на податоците

Употребата на факторите со потенцијал за закиселување (ацидификација) водат до одредена несигурност. Исто така, во Република Македонија само во енергетскиот сектор се користат национални емисини фактори добиени врз основа на мерења. Во однос на останатите сектори се користат стандарди емисиони фактори од Упатството на ЕМЕП/ЕЕА за инвентарот на загадувачки супстанци во воздухот. Се претпоставува дека факторите се репрезентативни за Европа во целина; на локално ниво, може да се проценуваат различни фактори. Опсежна дискусија за несигурноста на овие фактори може да се најде во deLeeuw (2002). Во однос на ратата на активност несигурноста произлегува од податоците кои се преземаат од Статистичкиот годишник и останати извори. За дефинирање на ратата на активност која не е барана форма се прават експертски естимации кои содржат несигурност.

  • Извор за користената методологија

Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатство за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013, 2016 година и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013 и http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019)https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2023

Цели

Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на азотните и сулфурни оксиди зацртани се следните цели:

Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на сулфурни оксиди зацртани се следните цели:

  1. Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
  • како цел има редовна инвентаризација на сулфурни оксиди, изразени како SO2, и азотни оксиди изразени како NO2 во килотони на година за период 1990- n-2, каде n е тековната година.
  1. Гетеборшки протокол и Правилник за количините на горните граници-плафоните на емисиите на загадувачките супстанции со цел утврдување на проекции за одреден временски период кои се однесуваат на намалувањето на количините на емисиите на загадувачките супстанции на годишно нивово кој е транспонирана Директива 2001/81/ЕC,воведуваат:
  • национална граница – плафон за емисиите на сулфурни оксиди изразени како сулфур диоксид од 110 килотони
  • национална граница- плафон за емисиите на азотни оксиди изразени како азот диоксид од 39 килотони
  1. Протокол за намалување на емисиите на сулфурни оксиди или на нивното прекугранично пренесување кој воведувацел:
  • Намалување од најмалку за 30 проценти на националните емисии на сулфурни оксиди изразени како сулфур диоксид сметајќи од 1980 г.
  1. Протоколот во врска со понатамошното намалување на емисиите на сулфурни оксиди, кој воведува цел:
  • емисиите во годината n-2 (каде n e тековната година) не треба да ги надминуваат емисиите во 1990 година.
  1. Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на испуштањето азотни оксиди или нивно прекугранично пренесување, кој воведува цел:
  • емисиите во годината n-2 (каде n e тековната година) не треба да ги надминуваат емисиите во 1987 година.
  1. Согласно договорот со Енергетска заедница усвоен е Националниот план за намалување на емисиите (NERP) од LCP (Големи согорувачки постројки), ги воведува следните плафони:
  • вкупниот плафон за SOx од емисии од големи согорувачки постројки треба да изнесува:
    • 15855тони за 2018-2023година.
    • 12634тони за 2024 година.
    • 9412 тони за 2025 година.
    • 6191тони за 2026година.
    • 6191тони за 2027 година.
  • вкупниот плафон за NOx од емисии од големи согорувачки постројки треба да изнесува:
    • 15505 тони за 2018 година.
    • 14088 тони за 2019 година.
    • 12672 тони 2020 година.
    • 11255 тони за 2021 година.
    • 9838 тони за 2022 година.
    • 8422 тони за 2023 година.
    • 7674 тони за 2024 година.
    • 6927 тони 2025 година.
    • 6179 тони за 2026-2027 година.

Обврска за известување

  • Обврските за известување кон меѓународни договори -Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето, како и ЕЕА
  • Обврска за известување до Енергетската заедица согласно наведени национални плафони за NOx и SOx за период 2018-2027 година Националниот план за намалување на емисиите од големи согорувачки постројки.
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина

Општи мета-податоци

Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Енергија, Транспорт, Здравство,Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 001 Временска покриеност 1990-2020
Име на индикаторот Емисии на супстанци што предизвикуваат ацидификација (закиселување) Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање, Инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздухот, 1990-2019 година
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 19.07.2024
Тип Б Подготвено/ажурирано од: Александра Н.Крстеска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт A.Krsteska@moepp.gov.mk

 

Поврзаност со други индикатори

МК НИ 001 Емисии на супстанци што предизвикуваат ацидификација (закиселување)

 

 

EEA – Европска агенција за животна средина IND-5-en Also known as: CSI 001 , APE 007 Emissions of acidifying substances
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа A1/1,2 – Emissions of pollutants into the atmospheric air
Каталог на индикатори за животна средина 32 – Emissions of the main air pollutants in Europe (EEA_CSI040/APE010)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не

 

Дефиниција

Овој индикатор ги следи трендовите на озонските прекурсори: азотни оксиди, јаглеродмоноксид, метан и неметански испарливи органски соединенија, предизвикани од антропогените активности, при што секој прекурсор се мери според својот потенцијал за формирање на тропосферски озон.

Индикаторот, исто така, обезбедува информации за емисиите по сектори: енергетски индустрии, патен и друг вид на транспорт, индустрија (процеси и енергија), друго (енергија), фугитивни емисии, отпад, земјоделство и друго (неенергетски).

Единици

  • kt (NMVOC – еквивалент)

Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на загадувачките супстанци прекурсори на озонот во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Емисиите на прекурсорите на озон во 2022 година во однос на 1990 година се намалени кај азотните оксиди (NOX) за 46%, кај неметанските испарливи органски соединенија (NMVOC) за 53%, јаглерод моноксид (CO) за 63%, а кај метанот (CH4) во однос на 2019 година се забележува пад за 5%.

Редукција на вкупните емисии на прекурсори на озонот се забележува особено во период 2011–2020 година поради намалувањето на емисиите на NOx и CO кои имаат најголем удел во вкупните емисии на прекурсори. Во последните две години се забележува мал поратс на емисии кај NOx заради зголемена употреба на мазут во термоцентралите.  

Намалувањето на NOx е како резултат на модернизацијата на РЕК Битола, пониска потрошувачката на јаглен и понискиот капацитет за работа на втората по големина електрана РЕК Осломеј (од 12 на 5 месеци и помалку), што се припишува на ограничени количини јаглен, додека намалувањето на CO е како резултат на намалена потрошувачка на фосилни горива. 

Кај метанот се намалени емисиите од секторот енергетика заради намалена примена на фосилни горива и од земјоделие заради намалениот број на одгледуван добиток, шумски пожари и зафатнина на употребливо земјиште, но зголемени се емисиите од отпад заради зголемување на популацијата, потрошувачката моќ и бавната примена на стратегијата и легислативата за отпад.

Специфично прашање за политиката

Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на загадувачките супстанци кои се озонски прекуроси на озонот?

Специфична порака

Во 2020 година вкупните национални емисии на супстанците кои предизвикуваат киселост изнесуваат 19.93 kt за NOx, 49.51kt за CO, 22.33 kt за NMVOC и 61.84 kt за CH4.
Најголемиот дел од вкупните национални емисии има секторот Енергетика, кој учествува преку 22% во емисиите на NOx преку производство на енергија, кај CO, NMVOC и CH4 со учество на емисии од согорувачките процеси во домаќинствата и административните капацитети изнесува 68%, односно 25% кај NМVOC, додека во емисиите на метан со учество од 2%. 

За Озонските прекурсори NOx, CO и NMVOC, друг клучен сектор е и Сообраќајот (Патен и не-патен) кој учествува со 40%, 39% и 3.6% соодветно. 
Кај емисиите на CH4 клучни сектори се земјоделство, шумарство и употреба на земјиште со 47%, и отпад со 38%. Секторoт Земјоделие има значаен удел и кај NMVOC со удел од 47% соодветно, а Отпадот во вкупните емисии на CO учествува со 38%. Индустриските процеси кои ги вклучуваат и процесите на употреба на растворувачи се клучен извор во емисиите на NMVOC и учествуват со 38%. Фугитивните емисии учествуваат со околу 12% во емисиите на NMVOC

Оценка

Податоците користени за пресметка на прекурсoрите на озон се преземени од Инвентарот на емисии назагадувачки супстанци во воздухот по дадени сектори, односно дејности, подготвен во период 2021-2022 година за целиот временски период 1990-2020 година.

Инвентаризацијата на метанот како еден од прекурсорите на озон се врши по IPPC методологијата. Во рамките на Третата комуникација кон UNFCCC, подготвен е инвентар на стакленички гасови за период 1990-2020 година и од таму се земени податоците за емисии на метан по сектори.

Од направенате инвентаризација на прекурсорите на озон може да се забележи дека трендот е променлив до 2011 година од кога следува опаѓачки карактер.

Графикон 1. Вкупни емисии на прекурсори на озонот

Промените во количините на емисиите за NOx и CO од секторот сообраќај произлегуваат од промената на потрошените количини на дизел и бензин кај патничките возила.  Во овој сектор од година на година се обновува возниот парк, но се зголемува и бројот на користени возила што придонесува да нема значителни намалувања на емисиите од сообраќај. Воедно треба да се потенцира дека методологија на пресметка на емисии на ниво 2 се применува во последните пет години што доведува и до намалување на емисиите на сите загадувачки супстанци. Потребно е повисоко ниво на пресметка да се користи за целиот период со што би се направила пореална оценка за трендот на емисии од секторот сообраќај. 

Што се однесува до редукција на емисиите на NOx од енергетскиот сектор со спроведената имплементација на IPPC директивата и воведувањето на најдобри достапни техники во инсталациите за производство на  топлински енергија, како и модернизација на постројките за производство на електрична енергија во 2013 година забележано намалување на емисиите на оваа загадувачка супстанца од енергетскиот сектор по 2013 година. Исто така, намалената потрошувачка на јаглен и мазут и намаленото производство на електрична енергија со постоечките енергетски капацитет доведува до намалување на емисиите на загадувачките супстанци кои произлегуваат од овој сектор. Количините на емисии на CO од несогорувачките објекти како домаќинствата најмногу зависи од употребата на дрва за затоплување. Овие емисии се намалуваат во последните години заради намалената потрошувачка на дрва, а зголемена на пелети и природен гас. Се очекува емисиите од овој сектор да се намалуваат и во иднина со зголемена примена на чисти горива, а особено со проширување на мрежата за гасификација.

Директивата 1999/13/EC која се однесува на  NMVOC емисии од примена на растворувачи во инсталации и одредени активности е делумно транспонирана (само во однос на граничните вредности) во националното законодавство, a не се воведени шемите за редукција за овие загадувачки супстанци. Од друга страна, транспонирањето на директивите 1994/63/ЕC и 2009/126/EC, кои се однесуваат на емисии од полнење и дистрибуција на бензин до бензинските станици е завршено, и во тек е имплементацијата на  Законот за контрола на емисии на испарливи органски соединенија при користење на бензини. Имено, во тек е регистрација на инсталации за складирање, инсталации за полнење и празнење на мобилни контејнери и на бензински станици, согласно донесениот правилник. 

Сепак намалувањето на емисиите на NMVOC од спроведување на донесената и планираната регулатива се очекува да се постигне во наредните години.
Кај емисиите од стакленичкиот гас, метан, вкупните емисии се зголемуваат заради раст на емисиите во секторот отпад (најмногу од одлагање на цврстиот отпад) заради трендот на раст на количините на цврст отпад. Емисијата на метан од секторот земјоделие има опаѓачки тренд заради намален број на одгледуван добиток и намалените земјоделски површини. Намалување на емисиите на оваа загадувачка супстанца се очекува со спроведување на Законодавството за отпад.
Уделите на емисиите на озонските прекурсори по сектори и нивната доминација во текот на извештајниот период се прикажани на графиконите со број од 2-5 за секој озонски прекурсор одделно.

Азотни оксиди NOx

Графикон 2. Вкупни емисии на NOx по сектори на годишно ниво

Главен извор на емисии на NOx во 2022 година  е NFR категоријата 1.А.3 - Транспорт со удел од 42%, по што следуваат категориите 1.А.1 Производство на енергија и 1.А.2 - Согорување од производни индустрии и градежништво со удели од 28% и 21%, соодветно.  NFR категоријата 1.А.4 - Други сектори (домаќинства, комерцијален, административен) во вкупните емисии на азотни оксиди учествува со удел од6%, додека останатите категории имаат помал или незначителен удел во вкупните емисии на азотни оксиди.

Јаглерод моноксид (CO)

Графикон 3. Вкупни емисии на СO по сектори на годишно ниво

Главен извор на емисии на CO во 2020 година  е NFR категоријата 1.А.4 - Други сектори (домаќинства, комерцијален, административен) со удел од  67%, по што следува NFR категоријата 1.А.3 - Транспорт со удел од 12%. Потоа следуваат категориите 1.А.2 - Согорување во производни индустрии и градежништво) со удел од 8%, 5. Отпад со удел од 7% и 1.А.1 - Производство на енергија со удел од 4%. 
Останатите NFR категории незначително учествуваат во вкупните емисии на јаглерод моноксид

Неметанските испарливи органски соединенија (NMVOCs)

Графикон 4. Вкупни емисии на NMVОC по сектори на годишно ниво

Главен извор на емисии на NMVOCs во 2022 година  е NFR категоријата 2 Индустриски процеси со удел од 36%, по што следуваат NFR категориите 1.B - Фугитивни емисии од горива и 1.А.4 Други сектори (домаќинства, комерцијален, административен), со по 21%, додека категориите 3 – Земјоделство, 1.А.3 Транспорт и .А.2 - Согорување во производни индустрии и градежништво учествуваат со удели во вкупните емисии на NMVOCs 13%, 5% и 2%. , и и  од.  Останатите категории имаат помал удел во вкупните емисии на овие загадувачки супстанции во 2022 година.

Метан(CH4)

Графикон 5. Вкупни емисии на CH4 по сектори на годишно ниво

Што се однесува до емисиите на метан овде категоризацијата на емисии е направена во неколку сектора: Енергија, Индустрија, Земјоделство, Шумарство и употреба на природни ресурси и Отпад. Направени се рекалулации и последна година во која се пресметани емисии на загадувачки супстанци во воздухот е 2019. За период 2020-2022 година се очекува инвентарот да биде подготвен во текот на следната година. Во 2019 година клучен е секторот Земјоделство, Шумарство и употреба на природни ресурси со 47% по што следи секторот Отпад со 38%, потоа следат емисии кои произлегуваат од Енергетскиот сектор со 15%. Во целиот прегледен период емисиите од секторот енергетика и земјоделство се намалуваат, а од секторот отпад се покачуваат со што и се зголемува уделот на емисии на метан од овој сектор. Зголемувањето на емисии од секторот отпад е резултат на зголемената популација и бавното спроведување на Стратегијата за отпад.

Во однос пак на постигнатите цели во 2022 година, емисиите на NOx и NMVOC се под националните граници плафони дефинирани во стариот Гетеборшкиот протокол и Правилникот за количините на горните граници-плафоните за 2010 година, во кој е транспонирана директивата 2001/81/EC, под емисиите за базните години 1987 година за NOx (согласно Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на испуштањето азотни оксиди или нивно прекугранично пренесување) и 1988 година за NMVOC (согласно Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на емисиите на испарливите органски соединенија или на нивното прекугранично пренесување).

Воедно постигната е целта за редукција на емисија на NOx од големи согорувачки постројки за 2022 година за оваа загадувачка супстанца.
За емисиите на CH4 и CO во ЕУ нема одредена цел но имплементацијата на одредени директиви и протоколи ќе влијае на нивна натамошна редукција. Воедно метанот е еден од шесте гасови кои се опфатени во рамките на Кјото протоколот, кој нашата земја го има ратификувано во 2004 година.

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Податоците за емисии на NMVOC, CO и NOX како вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR се преземени од следната веб страна:  https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envzewhna/, каде се поставени во февруари 2022 година. Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци.

Методологија

  • Методологија за пресметка на индикаторот

Методологијата на пресметка на овој индикатор се базира на собирање и пресметка на податоци за емисиите на годишно ниво на ниво на држава на CO, NMVOC,CH4иNOx како вкупно, така и распределени по сектори, односно дејности.

Пресметкитесе во согласност со упатствата на согласно Упатството на ЕМЕП/ЕЕА односно методологијата на инвентаризација како и употреба на SNAP – селективна номенклатура на аерозагадувањето и за CH4 согласно IPCC методологијата. Во однос на овој индикатор, бидејќи треба да се изрази особината за прекурсор на озонот, користени се фактори. Тие се дадени посебно за поедина загадувачка супстанција и тоа за NOx е 1.22, за NMVOC e 1, за CO e 0.11 и за CH4 е 0.014, a резултатите се изразени во килотони еквивалент на NMVOC.

  • Извор за користената методологија

Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатство за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013,2016 година и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013 и http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019),https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2023.

Во однос на емисиите од секторот производство на енергија и индустрија користени се мерења од инсталациите како и Имплицирани емисиони фактори кои се пресметани врз основа на мерењата.

Цели

Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на озонските прекурсори зацртани се следните цели:

1.  Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот

  • како цел има редовна инвентаризација на јаглерод диоксид CO, Неметански испарливи органски соеднинеија NMVOC, и азотни оксиди изразени како NOx во килотони на година за период 1990- n-2, каде n е тековната година.

2.  Гетеборшки протокол и Правилник за количините на горните граници-плафоните на емисиите на загадувачките супстанции со цел утврдување на проекции за одреден временски период кои се однесуваат на намалувањето на количините на емисиите на загадувачките супстанции на годишно нивово кој е транспонирана Директива 2001/81/ЕC,воведуваат:

  • национална граница – плафон за емисиите на NMVOC од 30 килотони
  • национална граница- плафон за емисиите на азотни оксиди изразени како азот диоксид од 39 килотони

3.  Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на испуштањето азотни оксиди или нивно прекугранично пренесување, кој воведува цел:

  • емисиите во годината n-2 (каде n e тековната година) не треба да ги надминуваат емисиите во 1987 година.

4.  Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на испуштањето NMVOC или нивно прекугранично пренесување, кој воведува цел:

  • емисиите во годината n-2 (каде n e тековната година) не треба да ги надминуваат емисиите во 1988 година.

5. Согласно договорот со Енергетска заедница усвоен е Националниот план за намалување на емисиите (NERP) од LCP (Големи согорувачки постројки), ги воведува следните плафони:

  • вкупниот плафон за NOx од емисии од големи согорувачки постројки треба да изнесува:
  • 15505тони за 2018година.
  • 14088 тони за 2019 година.
  • 12672 тони 2020 година.
  • 11255 тони за 2021 година.
  • 9838 тони за 2022 година.
  • 8422 тони за 2023 година.
  • 7674 тони за 2024 година.
  • 6927 тони 2025 година.
  • 6179 тони за 2026-2027 година.

Обврска за известување

  • Обврските за известување кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето, како и ЕЕА
  • Обврска за известување до Енергетската заедица согласно наведени национални плафони за NOx за период 2018-2027 година согласно Националниот план за намалување на емисиите од големи согорувачки постројки
  • Годишен извештај од обработени податоци за емисии во воздухот
  • Известување за национален инвентар на антропогени емисии од извори и отстранување на на сите стакленички гасови што не се контролирани со протоколот во Монтреал според член 12 (1) (а) од Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC)
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина

Општи мета-податоци

Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Енергија, Транспорт, Здравство,Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 002 Временска покриеност 1990-2022
Име на индикаторот Емисии на озонски прекурсори Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање, Инвентарна емисии на загадувачки супстанци во воздухотИнвентар на стакленички гасови
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 16.07.2024
Тип А Подготвено/ажурирано од: Александра Несторовска-Крстеска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: A.Krsteska@moepp.gov.mk

 

Поврзаност со други индикатори

МК НИ 002 Емиисија на озонски прекурсори

 

 

EEA – Европска агенција за животна средина IND-5-en Also known as: CSI 001, CSI 001Emissions of ozone precursors
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа A1/2,3,5 – Emissions of pollutants into the atmospheric air
Каталог на индикатори за животна средина 32 – Emissions of the main air pollutants in Europe (EEA_CSI040/APE010)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не

 

Дефиниција

Овој индикатор го прикажува делот од урбаната популација која што е потенцијално изложена на концентрации на загадувачки супстанци во амбиентиот воздух над граничните вредности дефинирани за заштита на човеково здравје.
Урбаната популација која што е земена во предвид е всушност вкупниот број на жители кои што живеат во градовите каде што има најмалку една мониторинг станица. Во овие градови влегува главниот град на Република Северна Македонија и останатите поголеми градови. Бројот на жители е во согласност со  пописите спроведени од страна на Државниот завод за статистика од 2002 и 2021 година со тоа што податоците од 2004 до 2020 година се обработувани со бројот на жители од пописот од 2002 година, додека податоците од 2021 година и понови се обработувани со бројот на жители од пописот од 2021 година.
Надминувањето на граничните вредности за квалитет на воздухот се појавува кога концентрацијата на загадувачките супстанци ги надминува граничните вредности за SO2  утврдени со Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели („Сл. весник на РМ“  бр.50/2005, 4/2013, 183/17), во која е транспонирана директивата за квалитет на амбиентен воздух и почист воздух во Европа 2008/50/ЕC и директивата за тешки метали 2004/107/ЕC. Онаму каде што постојат повеќе гранични вредности (види дел за Цели на политиката), индикаторот го користи најстрогиот случај:

  • Сулфур диоксид (SO2): среднодневна гранична вредност

Единици

  • Процент на урбаната популација потенцијално изложена на надминувања на концентрациите во амбиентниот воздух на сулфурдиоксид (SO2), над граничните вредности дефинирани за заштита на човеково здравје.Koнцентрациите во амбиентниот воздух на сулфурдиоксид (SO2) се изразуваат во микрограм/m(µg/m3).

Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен за намалување на концентрациите на загадувачките супстанции во урбаните средини за достигнување на граничните вредности за SO2 дефинирани во Уредбата?

Клучна порака

Во периодот од 2004 до 2023 година, нема надминување на среднодневната концентрација на сулфур диоксид, односно населението не е изложено на концентрации на сулфур диоксид над граничната вредност, со исклучок на 2006 година кога од дозволените 3 дена во Скопје има појава на надминување на граничната вредност во текот на 8 дена, што и не претставува некој значителен проблем.

Постојат планови за инсталирање на постројка за десулфуризација во термоелектраната РЕК Битола, со што значително ќе се намалат националните емисии на SO2 а со тоа се очекува и понатамошно намалување на концентрациите на SO2, кои и онака се под граничните вредности.Концентрациите на SO2 во воздухот се видливо намалени во изминатите години, бидејќи е намалена потрошувачката на лигнит и мазут. Сепак, вкупните национални емисии на SO2 сѐ уште се високи. Поради тоа потребнo е воведување на технологии за намалување на емисиите на SO2 особено кај главните термоелектрани.

окрај големите производствени капацитети на енергија, постојат и помали топлани за потребите на централното парно греење, кои користат гас и нафта за ложење главно во Скопскиот регион.
Овие помали енергетски постројки ја заменија употребата на мазут со нафта за ложење. Со ова значително се намалија концентрациите на SO2 во Скопје.

Дел од емисиите на SO2 (помалку од 10 %) потекнуваат од индустријата односно од фабриките за производство на челик, рафинеријата и цементната индустрија. Патниот сообраќај не емитува значителни количества на SO2, поради десулфуризација на горивата односно сега се употребуваат горива со ниска содржина на сулфур. Токму оваа мерка доведе до бројот на денови на изложеност на населението да се сведе на нула за разлика од 2006 година кога има денови со надминување на граничната вредност.

Оценка

Сулфур диоксидот во воздухот најчесто потекнува од големите термоцентрали и термоелектрани како и од малите и средноголеми котли за согорување на јаглен во урбаните средини. Главниот антропоген извор е согорувањето на јагленот и нафтата. Оваа загадувачка супстанција се емитира во воздухот и како резултат на индустриските процеси (производство на целулоза и хартија, сулфурна киселина, топење на олово-цинкови руди). На следните два графикони се прикажани изложеностите на популацијата на оваа загадувачка супстанца.

Графикон 1: Процент на урбаната популација изложена на загадување на воздухот во области каде концентрациите на загадувачките супстанци се повисоки од граничните/целните вредности

Графикон 2: Процент од урбаната популација изложена на концентрации на SO2 над среднодневната гранична вредност, изразена како број на денови во текот на една календарска година

Во периодот од 2004 до 2023 година, нема надминување на средно-дневната гранична вредност на сулфур диоксид, односно населението не е изложено на концентрации на сулфур диоксид над граничната вредност, со исклучок на 2006 година кога од дозволените 3 дена во Скопје има појава на надминување на граничната вредност во текот на 8 дена, што и не претставува некој значителен проблем.

Во 2006 година 53 % од населението е изложено на концентрации на сулфур диоксид над 125 g/m3 повеќе од 6 дена во текот на годината. Во 2005 и 2007 година има повисок процент (околу 50 %) на населението изложено на концентрации на сулфур диоксид над 125 g/m3 од 1 до 3 дена во годината, додека во 2008 и 2009 година тој процент на изложеност на населението е многу мал (3 %). 

На следниот графикон е прикажана 4та највисока просечна средно-дневна концентрација на SO2.

Графикон 3: 4та највисока просечна среднодневна концентрација на SO2 година

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Македонски информативен центар за животна средина

Moже да се заклучи дека намалувањето на емисиите на SO2 јасно доведува до намалување на концентрациите на SO2 во воздухот. Од 2007 година намалувањето на концентрациите на SO2 е релативно систематски тренд во сите мониторинг станици и нема регистрирани надминувања на граничните вредности на SO2. Ова се должи на промената на горивото кое било користено во некои топлани и имплементација на регулативата за течни горива со ниска содржина на сулфур. 

Концентрациите на SO2 во воздухот се видливо намалени во изминатите години, бидејќи е намалена потрошувачката на лигнит и мазут. Сепак, вкупните национални емисии на SO2 сѐ уште се високи. Поради тоа потребно е воведување на технологии за намалување на емисиите на SO2 особено кај главните термоелектрани.

Покрај големите производствени капацитети на енергија, постојат и помали топлани за потребите на централното парно греење, кои користат гас и нафта за ложење главно во Скопскиот регион.
Овие помали енергетски постројки ја заменија употребата на мазут со нафта за ложење. Со ова значително се намалија концентрациите на SO2 во Скопје.

Дел од емисиите на SO2 (помалку од 10 %) потекнуваат од индустријата односно од фабриките за производство на челик, рафинеријата и цементната индустрија. Патниот сообраќај не емитува значителни количества на SO2, поради десулфуризација на горивата односно сега се употребуваат горива со ниска содржина на сулфур. Токму оваа мерка доведе до бројот на денови на изложеност на населението да се сведе на нула за разлика од 2006 година кога има денови со надминување на граничната вредност.

Методологија

  • Методологија за пресметка на индикаторот

За секоја урбана станица, бројот на денови со среднодневна просечна концентрација поголема од граничната вредност (среднодневна гранична вредност од 125 микрограми SO2/m3) се пресметува од достапните часовни податоци.Селектираните урбани станици вклучуваат станици од типот: станици кои го покажуваат загадувањето од сообраќајот, станици кои го покажуваат загадувањето од индустријата и урбани позадински станици. Бројот на денови кога има надминување во еден град се добиваат со земање на средна вредност на резултатите од сите станици поставени во тој град.

  • Методолошка несигурност и несигурност на податоците

Податоците, генерално, не се репрезентативни за целата урбана средина во Република Македонија. За разлика од дефинираната методологија на Европската агенција за животна средина, каде за пресметување на индикаторот се користат само податоци од урбани позадински станици, ние за пресметка ги искористивме податоците од сите станици поставени во урбани средини. Исто така, поради минималниот број на мониторинг станици, во пресметките на индикаторот се земени станици каде што покриеноста со податоци е поголема од 75% по календарска година. Како несигурност може да се смета и тоа што во пресметката на индикаторотдо 2020 година, земен е бројот на жители по градовите согласно пописот на население спроведен од Државниот завод за статистика во 2002 година, наместо проценет број на население за секоја година поединечно.

Цели

Во Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанци во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните ведности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели, се дефинирани граничните вредности за SO2.

Гранични вредности за концентрации на сулфур диоксид во амбиентниот воздух

Во согласност со горенаведената Уредба за сулфурдиоксид, дефинирани се две гранични вредности за заштита на човековото здравје

  • Среднодневна гранична вредност од 125 µg/m3 и истата не смее да биде надмината повеќе од 3 пати во текот на една календарска година
  • Едночасовна гранична вредност од 350 µg/m3, која не смее да биде надмината повеќе од 24 пати во текот на една календарска година

Обврска за известување

  • Европска агенција за животна средина
    • Размена на податоците за квалитет на воздухот, во согласност со имплементационата одлука во која се дадени правилата на директивите 2004/107/EC и 2008/50/EC на Европскиот парламент и на Советот во однос на реципрочна размена на информации и известување за квалитет на амбиентен воздух (Одлука 2011/850/EC).
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина

 

Општи мета-податоци

Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Енергија, Здравство,Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 004 – 1 Временска покриеност 2004-2023
Име на индикаторот Надминување на граничните вредности за квалитет на воздухот во урбани подрачја – SO2 Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање – Македонски информативен центар за животна средина
Класификација по ДПСИР С Датум на последна верзија 14.08.2024
Тип А Подготвено/ажурирано од: Никола Голубов
Анета Стефановска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: N.Golubov@moepp.gov.mk
А.
Stefanovska@moepp.gov.mk

 

Поврзаност со други индикатори

МК НИ 004 – 1 Надминување на граничните вредности за квалитет на воздухот во урбани подрачја – SO2 EEA – Европска агенција за животна средина IND-34-en CSI 004 , AIR 003 Exceedance of air quality standards in urban areas
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа A2/15 – Annual average concentration of sulphur dioxide
Каталог на индикатори за животна средина 19 – Exceedance of air quality standards in urban areas (EEA_CSI004)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не

 

Дефиниција

Овој индикатор го прикажува делот од урбаната популација која што е потенцијално изложена на концентрации на загадувачки супстанциво амбиентиот воздух над граничните вредности дефинирани за заштита на човеково здравје.

Урбаната популација која што е земена во предвид е всушност вкупниот број на жители кои што живеат во градовите каде што има најмалку една мониторинг станица. Во овие градови влегува главниот град на Република Северна Македонија и останатитеп оголеми градови. Бројот на жители е во согласност со пописите спроведени од страна на Државниот завод за статистика од 2002 и 2021 година со тоа што податоците од 2004 до 2020 година се обработувани со бројот на жители од пописот од 2002 година, додека податоците од 2021 година се обработувани со бројот на жители од пописот од 2021 година.

Надминувањето на граничните вредности за квалитет на воздухот се појавува кога концентрацијата на загадувачките супстанци ги надминува граничните вредности за PM10утврдени со Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели („Сл. весник на РМ“ бр.50/2005, 4/2013, 183/17), во која е транспонирана директивата за квалитет на амбиентен воздух и почист воздух во Европа 2008/50/ЕC и директивата за тешки метали 2004/107/ЕC.Онаму каде што постојат повеќе гранични вредности (види дел за Цели на политиката), индикаторот го користи најстрогиот случај:

  • Суспендирани честички со големина до 10 микрометри (PM10): среднодневна гранична вредност

Единици

  • Процент на урбаната популација потенцијално изложена на надминувања на концентрациите на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (PM10). Koнцентрациите во амбиентниот воздух на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (PM10) се изразуваат во микрограм/m(µg/m3).

Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен за намалување на концентрациите на загадувачките супстанции во урбаните средини за достигнување на граничните вредности за PM10 дефинирани во Уредбата?

Клучна порака

Во периодот од 2004 до 2018 година 100 % од населението било изложено на концентрации на суспендирани честички кои ја надминуваат годишната гранична вредност. Во 2019 година, започнува тренд на намалување на изложеноста на населението, односно во 2019 година 94% од населението било изложено на концентрации на суспендирани честички кои ја надминуваат годишната гранична вредност, односно само на мерното место во Кочани била измерена просечна годишна концентрација која е под граничната вредност. Во 2020 година 87% од населението било изложено на концентрации на суспендирани честички кои ги надминуваат граничните вредности, односно на мерните места во Кочани и Битола измерени се концентрации на суспендирани честички по ниски од годишната гранична вредност, а на сите останати мерни места измерени се концентрации на суспендирани честички над годишната гранична вредност. Во 2021 година исто како во 2020 година 87% од населението било изложено на концентрации на суспендирани честички кои ги надминуваат граничните вредности, односно на мерните места Кочани, Битола и Гевгелија измерени се концентрации на суспендирани честички пониски од годишната гранична вредност. Во 2022 година 89% од населението било изложено на концентрации на суспендирани честички над годишната гранична вредност односно во градовите Битола, Гевгелија и Берово се измерени концентрации на суспендирани честички пониски од годишната гранична вредност, додека во 2023 година процентот се намалува на 73% кога поголем дел од градовите како Битола, Гостивар, Берово, Прилеп и Охрид имаат концентрации на суспендирани честички пониски од годишната гранична вредност.

Значително повисоки концентрации на PM10 се измерени во текот на зимскиот период .
Суспендираните честички се најкритична загадувачка супстанца во нашата земја која влијае врз човеково здравје. Концентрациите на суспендирани честички во земјата се високи, особено во текот на зимските месеци, кога значително ги надминуваат граничните вредности дефинирани во законодавството. Главниот извор на суспендирани честички е употребата на фосилни горива за затоплување на домаќинствата и административните капацитети, но секако индустријата и сообраќајот преставуваат исто така важни извори на оваа загадувачка супстанца. 

За да се надмине оваа состојба, Владата, Општините и Градот Скопје преземаат мерки и активности за намалување на концентрациите преку донесување на законски измени во законот за возила, преку субвенционирање при купување на еколошки системи за греење на домаќинствата, субвенционирање за обнова на возниот парк на граѓаните, субвенции за велосипеди и обнова на возниот парк на јавниот градски превоз. Доста се работи и на подигнување на јавната свест кај населението за употреба на еколошки методи за затоплување на домаќинствата преку изработка на брошури, телевизиски спотови итн. како и стимулирање на употреба на централно греење преку проширување на топловодната мрежа на БЕГ и намалување на цената на централното греење. Интензивно се работи и на проширување и на гасоводната мрежа. Продолжуваат и инспекциските контроли на големите индустриски капацитети со А и Б интегрирани дозволи

Специфично прашање за политиката

Каков прогрес е направен за намалување на концентрациите на загадувачките супстанции во урбаните средини за достигнување на граничните вредности за PM10 дефинирани во Уредбата?

Оценка

Суспендирани честички со големина до десет микрометри се честички кои поминуваат низ отвор кој се селектира по големина со 50% губење на ефикасноста при аеродинамичен дијаметар со големина до десет микрометри (10 μm). Овие честички со димензии до 10 микрометри се таканаречени фини честички или аеросоли. Тие долго се задржуваат во воздухот и настануваат како резултат на природни и антропогени извори. Од природните извори значајни се жолтите дождови кои се јавуваат и кај нас, шумските пожари и хемиските реакции кои што се случуваат во природата. Од антропогените извори најзначајни се согорувањето на јагленот, дрвото и нафтата, индустриските процеси, транспортот и согорувањето на отпадот. На следните два графикони прикажана е изложеноста на популацијата на оваа загадувачка супстанца.

Графикон 1: Процент на урбаната популација изложена на загадување на воздухот во области каде концентрациите на загадувачките супстанци се повисоки од граничните/целните вредности

 

Графикон 2: Процент од урбаната популација изложена на концентрации на РМ10 над среднодневната гранична вредност, изразена како број на денови во текот на една календарска година

Загадувањето кое го предизвикуваат суспендираните честички е на високо ниво и е распространето насекаде во урбаните области во земјата. Просечните годишни концентрации на PM10 ја надминуваат годишната гранична вредност (40 µg/m3) во сите мониторинг станици поставени во урбани места во сите години од 2004 година наваму, со исклучок на мерното место Кочани каде што во 2019 година била измерена просечна годишна концентрација 37.89 mg/m3 која е под граничната вредност, мерните места Кочани и Битола каде што во 2020 година биле измерени просечни годишни концентрации кои се под граничната вредност (35.16 mg/m3 и 38 mg/m3 соодветно), како и на мерните места Кочани, Битола и Гевгелија во 2021 година (29.37 mg/m3, 32.24 mg/m3, и 30.59 mg/m3 соодветно). Во целиот анализиран период и покрај надминувањата на граничната вредност може да се забележи тренд на намалување на измерените концентрации на РМ10. Меѓутоа мора да се напомене дека во 2019 година покриеноста со податоци е многу ниска, односно во предвид се земени само податоци од мерните места во Скопје – Центар, Карпош и Ректорат, Кочани и Струмица кои што имаат покриеност со податоци во текот на 2019 година од над 75%. Во 2020 година односно ниска покриеност со податоци има само на мерните места Струмица, Битола – Битола 2 и Скопје – Ректорат. Во 2021 година ниска покриеност со податоци има само на мерното место Ректорат во Скопје.

Од обработените податоци за периодот 2004-2021 година може да се забележи дека целиот период 100 % од населението е изложено на концентрации на суспендирани честички кои ja надминуваат среднодневна гранична вредност од 50 mg/m3 која што не треба да биде надмината повеќе од 35 дена во една календарска година.

На следниот графикон е прикажана 36та највисока просечна среднодневна концентрација на РМ10.

Графикон 3: 36та највисока просечна среднодневна концентрација на PM10

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Македонски информативен центар за животна средина

Концентрациите на PM10 во урбаните средини имаат нагласени и еднакви сезонски варијации; концентрациите се високи во периодот декември – јануари. Високите концентрации на PM10 во текот на зимата се поврзани со повисоките директни емисии (греење во домаќинствата и административните установи, особено употреба на дрва) но и поради метеоролошките услови кои ја ограничуваат дисперзијата на емисиите и ги олеснуваат хемиските реакции со кои се создаваат секундарни честички, како на пр. од издувните гасови на возилата. Во текот на зимските месеци типична е појавата на смог во градовите кои се наоѓаат во котлините.
За таа цел, изминатите години доста се работеше на подигнување на јавната свест кај населението за употреба на еколошки методи за затоплување на домаќинствата преку изработка на брошури, телевизиски спотови итн. Исто така Владата, Општините и Градот Скопје издвојуваат доста средства за субвенционирање на замената на нееколошки со еколошки начини на затоплување  преку субвенционирање на купување на инвертер системи и печки на пелети за замена на старите печки на дрва како и за подобрување на енергетската ефикасност на домовите. Интензивно се размислува за проширување на топловодната мрежа на БЕГ, а ДДВ на испорачана топлинска енергија од топлински оператор е намалена на 5%, со што се очекува да се зголеми потрошувачката и да се зголеми бројот на корисници. Се работи на проширување на гасоводната мрежа како и се размислува за целосна забрана на продажбата на јаглен за греење. 
Во однос на транспортот преку измени на законот за возила се даваат субвенции за купување на нови возила вклучувајќи ги и електричните и хибридните возила, субвенции за вградување на уреди кои користат нафтен или земен гас, воведување на еколошки налепници и зонирање на Општините со кои во услови на високи епизоди на РМ10 ќе им биде забрането на постарите и возилата кои што загадуваат повеќе да влезат во одредени зони или пак нивно целосно исклучување од сообраќај. Од 2011 год наваму на 2 пати се прошири и обнови возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП од Скопје при што со набавката последнава година се купија еколошки автобуси кои што значително ќе придонесат за намалувањето на емисиите на РМ10. Исто така Општините и Градот Скопје доста работеа и сеуште работат на подобрување на инфраструктурата на велосипедските патеки, а издвоија и сеуште издвојуваат доста средства за субвенционирање при купување на нов велосипед.
Големите индустриски капацитети со А и Б интегрирани дозволи, релативно малку на број, воглавно ги исполнуваат законските прописи за поставување филтри и известување за квалитетот на воздухот. Сепак, ќе се продолжи со редовни инспекциски контроли и ќе се осигура дека сите тие ги исполнуваат строгите прописи.

Методологија

  • Методологија за пресметка на индикаторот

За секоја урбана станица, бројот на денови со среднодневна просечна концентрација поголема од граничната вредност (среднодневна гранична вредност 50 mg/m3) се пресметува од достапните часoвни податоци. Селектираните урбани станици вклучуваат станици од типот: станици кои го покажуваат загадувањето од сообраќајот, станици кои го покажуваат загадувањето од индустријата и урбани позадински станици. Бројот на денови кога има надминување во еден град се добиваат со земање на средна вредност на резултатите од сите станици поставени во тој град.

  • Методолошка несигурност и несигурност на податоците

Податоците, генерално, не се репрезентативни за целата урбана средина во Република Македонија. За разлика од дефинираната методологија на Европската агенција за животна средина, каде за пресметување на индикаторот се користат само податоци од урбани позадински станици, ние за пресметка ги искористивме податоците од сите станици поставени во урбани средини. Исто така, поради минималниот број на мониторинг станици, во пресметките на индикаторот се земени оние станици каде што покриеноста со податоци е поголема од 75% по календарска година. Како несигурност може да се смета и тоа што во пресметката на индикаторот до 2020 година, земен е бројот на жители по градовите согласно пописот на население спроведен од Државниот завод за статистика во 2002 година, наместо проценет број на население за секоја година поединечно.

Цели

Во Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанци во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните ведности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели, се дефинирани граничните вредности за PM10.

Гранични вредности за концентрации на суспендирани честички со големина до 10 микрометри во амбиентниот воздух

Во согласност со горенаведената Уредба за суспендирани честички со големина до 10 микрометри, дефинирани се две гранични вредности за заштита на човековото здравје.

  • 24-часовната гранична вредност изнесува 50 μg/m3, и истата не смее да биде надмината повеќе од 35 пати во текот на една календарска година
  • Просечната годишна концентрација не смее да надмине 40 μg/m3.

Обврска за известување

  • Европска агенција за животна средина

–   Размена на податоците за квалитет на воздухот, во согласност со имплементационата одлука во која се дадени правилата на директивите 2004/107/EC и 2008/50/EC на Европскиот парламент и на Советот во однос на реципрочна размена на информации и известување за квалитет на амбиентен воздух (Одлука 2011/850/EC).

  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина

Општи мета-податоци

Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Климатски промениДомаќинства, Енергија, Транспорт, Здравство,Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 004 – 2 Временска покриеност 2004-2023
Име на индикаторот Надминување на граничните вредности за квалитет на воздухот во урбани подрачја – PM10 Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање – Македонски информативен центар за животна средина
Класификација по ДПСИР С Датум на последна верзија 13.08.2024
Тип А Подготвено/ажурирано од: Никола Голубов
Анета Стефановска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
N.Golubov@moepp.gov.mk
A.Stefanovska@moepp.gov.mk

 

Поврзаност со други индикатори

МК НИ 004 – 2

 

Надминување на граничните вредности за квалитет на воздухот во урбани подрачја – PM10

EEA – Европска агенција за животна средина IND-34-en CSI 004 , AIR 003 Exceedance of air quality standards in urban areas
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа A2/18 – Annual average concentration of PM10
Каталог на индикатори за животна средина 19 – Exceedance of air quality standards in urban areas (EEA_CSI004)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не

 

Дефиниција

Овој индикатор го прикажува делот од урбаната популација која што е потенцијално изложена на концентрации на загадувачки супстанци во амбиентниот воздух над граничните вредности дефинирани за заштита на човеково здравје.

Урбаната популација која што е земена во предвид е всушност вкупниот број на жители кои што живеат во градовите каде што има најмалку една мониторинг станица. Во овие градови влегува главниот град на Република Северна Македонија и останатите поголеми градови. Бројот на жители е во согласност со  пописите спроведени од страна на Државниот завод за статистика од 2002 и 2021 година со тоа што податоците од 2004 до 2020 година се обработувани со бројот на жители од пописот од 2002 година, додека податоците од 2021 година и понови се обработувани со бројот на жители од пописот од 2021 година.

Надминувањето на граничните вредности за квалитет на воздухот се појавува кога концентрацијата на загадувачките супстанци ги надминува граничните вредности за NO2 утврдени со Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели („Сл. весник на РМ“  бр.50/2005, 4/2013, 183/17), во која е транспонирана директивата за квалитет на амбиентен воздух и почист воздух во Европа 2008/50/ЕC и директивата за тешки метали 2004/107/ЕC. Онаму каде што постојат повеќе гранични вредности (види дел за Цели на политиката), индикаторот го користи најстрогиот случај:

  • Азот диоксид (NO2): годишна гранична вредност

Единици

  • Процент на урбаната популација потенцијално изложена на надминувања на концентрациите во амбиентниот воздух на азотдиоксид (NO2) над граничните вредности дефинирани за заштита на човеково здравје. Koнцентрациите во амбиентниот воздух на азотдиоксид (NO2) се изразуваат во микрограм/m(µg/m3).

Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен за намалување на концентрациите на загадувачките супстанции во урбаните средини за достигнување на граничните вредности за NO2 дефинирани во Уредбата?

Клучна порака

Во периодот од 2004 до 2023 година од 0 до 69% од населението било изложено на концентрации на азот диоксид кои се над граничните вредности за заштита на човековото здравје. Највисок процент на изложеност на населението има во 2011 година со изложеност од 69 %.
И покрај тоа што измерените концентрации на азот диоксид во амбиентниот воздух во последните години не ги надминуваат пропишаните гранични вредности, интензивно се спроведуваат мерки за намалување на емисиите од сообраќајот, како еден од значајните извори на загадување на оваа загадувачка супстанца во поголемите урбани средини. Се промовира јавниот градски превоз, возење на велосипед се со цел да се намали бројот на возила по градовите. Се креираат и разни политики за зонирање на градовите, обнова на возниот парк на граѓаните преку субвенционирање за купување на нови возила, хибридни и електрични возила како и субвенции за вградување на уреди кои користат нафтен или земен гас и субвенции за купување на велосипеди. Град Скопје од 2011 година до сега инвестираше доста средства за обнова на возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП.

Оценка

Испитувањата покажале дека во воздухот се застапени повеќе оксиди на азот, но најзначајни се азот диоксид и азот моноксид. Овие загадувачки супстанци најчесто се резултат на природни извори. Сепак, во урбаните средини најголем извор е сообраќајот, а помал извор е индустријата. Најтоксичен од сите азотни оксиди е азот диоксид, чии концентрации се условени од годишното време и од метеоролошките услови. Имено, во утринските часови повисока е концентрацијата на NO заради зголемената фреквенција на сообраќајот, a со интензивирање на сончева радијација во текот на денот се врши претворање на NO во NO2 со што се зголемува концентрацијата на NO2. Азотните оксиди влијаат на содржината на озонот и на другите фотохемиски оксиданси во воздухот. Во текот на сезоната пролет-лето поголема е концентрацијата на NO2, а во сезоните есен-зима на NO. Количеството на NOx e зголемено во зимскиот период поради повисоката фреквенција на сообраќајот. На следните два графикони прикажана е изложеноста на популацијата на оваа загадувачка супстанца.

Графикон 1: Процент на урбаната популација изложена на загадување на воздухот во области каде концентрациите на загадувачките супстанци се повисоки од граничните/целните вредности

Графикон 2: Процент од популацијата изложени на NO2 годишни концентрации во урбани области

Во периодот од 2004 до 2023 година од 0 до 69 % од населението било изложено на концентрации на азот диоксид кои се над граничните вредности за заштита на човековото здравје (40 mg/m3 средна годишна гранична вредност). Највисок процент на изложеност на населението има во 2011 година со изложеност од 69 %.

Во 2004, 2005, 2006 и 2011 година значителен процент од населението (55 - 69 %) е изложен на концентрации над 40 g/m3, додека во 2009, 2010, 2014, 2015, 2016, 2019, 2021, 2022 и 2023 година од 84% до 97% од населението (е изложено на пониски концентрации на азот диоксид под 26 g/m3. Во 2020 година 100% од населението е изложено на концентрации на азот диоксид  под 26  mg/m3.

На следниот графикон е прикажана просечната годишна концентрација на NO2.

Графикон 3: Просечна годишна концентрација на NO2

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Македонски информативен центар за животна средина

Во првите неколку години годишната гранична вредност на NO2 беше надмината во сите мониторинг станици во Скопје, како и во мониторинг станицата во Кичево. Во изминатите години, граничната вредност не е надмината, односно се забележува благ тренд на опаѓање на концентрациите меѓутоа во период од2009 до 2017 година тој тренд стагнира односно концентрациите се на исто ниво, од 2017 година повторно се јавува тренд на на опаѓање на концентрациите. Во Скопје фреквенцијата на возилата не е намалена, ниту пак возниот парк е значително подновен, па затоа сè уште постои веројатност од надминување на граничната вредност поради тоа што највисоки концентрации се бележат во близина на високо фреквентните улици и сообраќајници.

И покрај тоа што измерените концентрации на азот диоксид во амбиентниот воздух во последните години не ги надминуваат пропишаните гранични вредности, интензивно се спроведуваат мерки за намалување на емисиите од сообраќајот, како еден од значајните извори на загадување на оваа загадувачка супстанца во поголемите урбани средини.

Со развивање и промовирање на јавниот превоз и со возење велосипед може да се намали бројот на возила во градовите и со тоа да се подобри квалитетот на воздухот. Најстарите автомобили произведуваат најголеми емисии, па така, обновата на возниот парк значително ќе ги намали емисиите од сообраќајот.

За таа цел се креираат разни политики за обнова на возниот парк на граѓаните, преку субвенционирање за купување на нови возила вклучувајќи ги тука и електричните и хибридните возила за кои што пак има и други поволности после купувањето како на пример бесплатниот паркинг, како и субвенции за вградување на уреди кои користат нафтен или земен гас. Се направени измени на законската легислатива за воведување на еколошки налепници за возилата и зонирање на Општините и Градот Скопје според кои возилата се постари и кои имаат повисоки емисии да им биде забрането движење во одредени зони или пак кога ќе има епизоди на повисоки концентрации на воздухот односно кога ќе биде прогласена алармантна состојба во одредени Општини и Градот Скопје.

Исто така Општините, во своите буџети повеќе години наназад одвојуваат финансиски средства за субвенции на велосипеди, како и за подобрување на инфраструктурата за велосипедите со изградба на нови велосипедски патеки.

Градот Скопје од 2011 година па наваму инвестираше доста средства во обнова на возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие - ЈСП. Последнава година се набавени и нови единечни и дупли еколошки автобуси кои значително ќе придонесат во намалувањето на емисиите на азотни оксиди во главниот град.

Методологија

  • Методологија за пресметка на индикаторот

Годишната средна концентрација во градот се пресметува како просек од средната годишна вредност која се мери на сите мониторинг станици поставени во урбани средини.   Селектираните урбани станици вклучуваат станици од типот: станици кои го покажуваат загадувањето од сообраќајот, станици кои го покажуваат загадувањето од индустријата и урбани позадински станици.

  • Методолошка несигурност и несигурност на податоците

Податоците, генерално, не се репрезентативни за целата урбана средина во Република Македонија. За разлика од дефинираната методологија на Европската агенција за животна средина, каде за пресметување на индикаторот се користат само податоци од урбани позадински станици, ние за пресметка ги искористивме податоците од сите станици поставени во урбани средини. Исто така, поради минималниот број на мониторинг станици, во пресметките на индикаторот се земени оние станици каде што покриеноста со податоци е поголема од 75% по календарска година. Како несигурност може да се смета и тоа што во пресметката на индикаторот до 2020 година, земен е бројот на жители по градовите согласно пописот на население спроведен од Државниот завод за статистика во 2002 година, наместо проценет број на население за секоја година поединечно.

Цели

Во Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанци во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните ведности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели, се дефинирани граничните вредности за NO2.

Гранични вредности за концентрации на азот диоксид во амбиентниот воздух

Во согласност со горенаведена Уредба за азот диоксид, дефинирани се две гранични вредности за заштита на човековото здравје.

  • Едночасовната просечна гранична вредност на азот диоксид не смее да ја надмине граничната вредност од 200 μg/m3 повеќе од 18 пати во текот на една календарска година.
  • Просечната годишна концентрација не смее да надмине 40 μg/m3.

Обврска за известување

  • Европска агенција за животна средина
    • Размена на податоците за квалитет на воздухот, во согласност со имплементационата одлука во која се дадени правилата на директивите 2004/107/EC и 2008/50/EC на Европскиот парламент и на Советот во однос на реципрочна размена на информации и известување за квалитет на амбиентен воздух (Одлука 2011/850/EC).
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина

Општи мета-податоци

Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Климатски промениЕнергија, Транспорт, Здравство
Код на индикаторот MK НИ 004 – 3 Временска покриеност 2004-2023
Име на индикаторот Надминување на граничните вредности за квалитет на воздухот во урбани подрачја – NO2 Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање – Македонски информативен центар за животна средина
Класификација по ДПСИР С Датум на последна верзија 12.08.2024
Тип А Подготвено/ажурирано од: Никола Голубов
Анета Стефановска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
N.Golubov@moepp.gov.mk
A.Stefanovska@moepp.gov.mk

 

Поврзаност со други индикатори

МК НИ 004 – 3 Надминување на граничните вредности за квалитет на воздухот во урбани подрачја – NO2 EEA – Европска агенција за животна средина IND-34-en CSI 004 , AIR 003 Exceedance of air quality standards in urban areas
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа A2/16 – Annual average concentration of nitrogen dioxide
Каталог на индикатори за животна средина 19 – Exceedance of air quality standards in urban areas (EEA_CSI004)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не

 

Дефиниција

Овој индикатор го прикажува делот од урбаната популација која што е потенцијално изложена на концентрации на загадувачки супстанци во амбиентиот воздух над граничните вредности дефинирани за заштита на човеково здравје.

Урбаната популација која што е земена во предвид е всушност вкупниот број на жители кои што живеат во градовите каде што има најмалку една мониторинг станица. Во овие градови влегува главниот град на Република Северна Македонија и останатите поголеми градови. Бројот на жители е во согласност со  пописите спроведени од страна на Државниот завод за статистика од 2002 и 2021 година со тоа што податоците од 2004 до 2020 година се обработувани со бројот на жители од пописот од 2002 година, додека податоците од 2021 година и понови се обработувани со бројот на жители од пописот од 2021 година.

Надминувањето на граничните вредности за квалитет на воздухот се појавува кога концентрацијата на загадувачките супстанци ги надминува целните вредности за O3 утврдени со Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели („Сл. весник на РМ“  бр.50/2005, 4/2013, 183/17), во која е транспонирана директивата за квалитет на амбиентен воздух и почист воздух во Европа 2008/50/ЕC и директивата за тешки метали 2004/107/ЕC. Онаму каде што постојат повеќе гранични вредности (види дел за Цели на политиката), индикаторот го користи најстрогиот случај:

  • Озон (O3 ): краткорочна цел

Единици

  • Процент на урбаната популација потенцијално изложена на надминувања на концентрациите во амбиентниот воздух на озон (O3) над граничните вредности дефинирани за заштита на човеково здравје. Koнцентрациите во амбиентниот воздух на озон (O3) се изразуваат во микрограм/m(µg/m3).

Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен за намалување на концентрациите на загадувачките супстанции во урбаните средини за достигнување на целните вредности за O3 дефинирани во Уредбата?

Клучна порака

Во периодот од 2004 до 2023 година од 0 до 43 % од населението било изложено на концентрации на озон кои ја надминуваат целната вредност за заштита на човековото здравје. Највисок процент на изложеност на населението има во 2007 година со изложеност од 43 %.

Просечните концентрации на озон во градовите се релативно ниски поради присуството на други загадувачки супстанци кои го разградуваат озонот од воздухот. Сепак, како што е типично за овој регион, краткотрајните епизоди со зголемени концентрации на озон се честа појава.

Изложувањето на озон се смета дека е најопасна за вегетацијата во споредба со која било друга загадувачка супстанца во воздухот. Озонот може да има значително влијание врз растот на дрвјата, потоа врз културите како пченица, соја и ориз како и врз вегетацијата во целина. Од тие причини, високите концентрации на озон може да предизвикаат значителни економски загуби во шумското стопанство и земјоделството. Озонот исто така е штетен по човековото здравје.

Надминувањата на долгорочните цели за озон се дожат на географската местоположба на државата во јужниот дел на Европа која се одликува со голем број на сончеви денови во текот на летниот период.

Оценка

Озонскиот слој се наоѓа на височина од 10 до 15 km од земјата и служи како филтер за UV- зрачењето и стабилизација на климата. 

Автоматските мониторинг станици вршат мерења на приземниот озон кој се формира како резултат на фотохемиски реакции во кои учествуваат азотни оксиди, испарливи органски супстанци (најчесто, јаглеводороди) и др. Сепак, на неговата содржина влијае интензитетот на сончева радијација и годишните времиња. Поради тоа, повисоки концентрации на озон се забележуваат во топлите денови, а особено во летниот период. На следните два графикони прикажана е изложеноста на популацијата на оваа загадувачка супстанца.

Графикон 1: Процент на урбаната популација изложена на загадување на воздухот во области каде концентрациите на загадувачките супстанци се повисоки од граничните/целните вредности

Графикон 2: Процент од урбаната популација изложена на концентрации на O3 над долгорочната целна вредност за заштита на човеково здравје, изразена како број на денови во текот на една календарска година

Во периодот од 2004 до 2023 година од 0 до 43 % од населението било изложено на концентрации на озон кои ја надминуваат целната вредност за заштита на човековото здравје. Највисок процент на изложеност на населението има во 2007 година со изложеност од 43 % по што следи тренд на опаѓање, и во 2012 година процентот на изложеност е 0 %, а во 2013 година процентот на изложеност е 15%. Потоа во 2014 година пак има опаѓање на процентот на изложеност на населението на 0% за во 2015 година процентот на изложеност на населението да порасне до 12%. Во 2016 и 2017 година процентот на изложеност на населението е повторно 0%. Во 2018 и 2019 година процентот на населението кое е изложено на концентрации на озон кои ја надминуваат целната вредност за заштита на човековото здравје е пониска и изнесува 9 и 5%, додека во 2020, 2021, 2022 и 2023 година изнесува 0%.
Во периодот од 2004 до 2009 и 2018 до 2019 година има изложеност на населението на концентрации над целната вредност од 120 g/m3 повеќе од 50 дена во текот на една календарска година. Процент на изложеност на населението на концентрации над целната вредност од 120 g/m3 над 25 до 50 дена во една година има во текот на целиот анализиран период освен во 2005, 2008, 2012, 2014, 2016, 2017, 2019, 2021, 2022 и 2023 година. Во 2020 година 100% од населението не е изложено ниту еден ден на концентрации над целната вредност од 120 g/m3.

Графикон 3: 26та највисока максимална осумчасовна средна концентрација на О3

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Македонски информативен центар за животна средина (http://www.moepp.gov.mk)

Концентрациите на O3 обично се зголемуваат со зголемувањето на надморската висина, па така концентрациите на O3 во мониторинг станиците поставени на поголема надморска висина може да бидат повисоки споредено со станиците поставени на пониска надморска висина. Во урбаните средини, озонот се разградува со хемиски реакции на NO и се формира NO2. Затоа, за разлика од другите загадувачки супстанци, концентрациите на O3 се највисоки во руралните места, пониски во урбаните делови, а најниски во деловите каде што има сообраќај. Затоа во Скопје има пониски концентрации на О3.

Понекогаш, при епизоди на висока соларна радијација и температура, високи концентрации на O3 може да се појават и во урбаните средини. Во урбаните области, намалувањето на емисиите на NOx може да доведе до зголемување на концентрациите на O3. Меѓутоа, концентрациите на O3 не ги одредуваат само емисиите на гасовите реактанти, туку големо влијание имаат и метеоролошките услови. Епизодите со зголемени концентрации на O3 се појавуваат во периоди на топло сончево време бидејќи сончевата светлина и високите температури одат во прилог на формирањето на O3. Па така како се оди појужно во државата концентрациите на О3 се повисоки.

Затоа на мерното место Струмица се бележат повисоки концентрации на озон. Додека пак концентрациите во Скопје се пониски поради тоа што Скопје е град со најголем сообраќаен метеж.
Во периодот од 2004 до 2006 година концентрациите на озон е повисоки и постабилни односно нема некој јасен тренд на растење или опаѓање, додека од 2007 година па наваму се чини дека концентрациите на озон малку опаѓаат додека во 2018 и 2019 има многу благо покачување главно поради концентрациите од новата мониторинг станица поставена во Струмица.

Во 2020 година концентрациите повторно опаѓаат меѓутоа од ова мерно место податоците не се земени во предвид поради ниската покриеност. Во 2021 година повторно има благо покачување на концентрациите и покриеност со податоци имаме од сите мерни места вклучувајќи ја и новата мониторинг станица поставена исто така во јужниот дел на Републиката во Гевгелија. Во 2022 и 2023 година имаме тренд на намалување на концентрациите но во 2023 година одново имаме послаба покриеност со податоци вклучувајќи го и мерното место во Гевгелија.

Изложувањето на озон се смета дека е најопасна за вегетацијата во споредба со која било друга загадувачка супстанца во воздухот. Озонот може да има значително влијание врз растот на дрвјата, потоа врз културите како пченица, соја и ориз како и врз вегетацијата во целина. Од тие причини, високите концентрации на озон може да предизвикаат значителни економски загуби во шумското стопанство и земјоделството. Озонот исто така е штетен по човековото здравје.

Надминувањата на долгорочните цели за озон се должат на географската местоположба на државата во јужниот дел на Европа која се одликува со голем број на сончеви денови во текот на летниот период. 

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

За секоја станица поставена во урбана средина, се пресметува бројот на денови кога максималната дневна 8-часовна средна вредност на озонот ја надминува целната вредност за заштита на човековото здравје – 120 μg/m3. Селектираните урбани станици вклучуваат станици од типот: станици кои го покажуваат загадувањето од сообраќајот, станици кои го покажуваат загадувањето од индустријата и урбани позадински станици. Бројот на денови кога има надминување во еден град се добиваат со земање на средна вредност на резултатите од сите станици поставени во тој град.

  • Методолошка несигурност и несигурност на податоците

Податоците, генерално, не се репрезентативни за целата урбана средина во Република Македонија. За разлика од дефинираната методологија на Европската агенција за животна средина, каде за пресметување на индикаторот се користат само податоци од урбани позадински станици, ние за пресметка ги искористивме податоците од сите станици поставени во урбани средини. Исто така, поради минималниот број на мониторинг станици, во пресметките на индикаторот се земени оние станици каде што покриеноста со податоци е помала од 75% по календарска година.Како несигурност може да се смета и тоа што во пресметката на индикаторот до 2020 година, земен е бројот на жители по градовите согласно пописот на население спроведен од Државниот завод за статистика во 2002 година, наместо проценет број на население за секоја година поединечно.

Цели

Во Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанци во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните ведности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели, се дефинирани граничните вредности за O3.

Целни вредности за концентрации на озон во амбиентниот воздух

Во согласност со горенаведената Уредба за озонот, дефинирани се целна вредност за заштита на човековото здравје и долгорочна цел за заштита на човековото здравје.

  • Целната вредност за заштита на човековото здравје за озонот е определена на тој начин што 8-часовната средна вредност се пресметува од едночасовните концентрации за секој ден. Максималната дневна 8-часовна средна вредност на озонот не треба да ја надмине вредноста од 120 μg/m3 повеќе од 25 денови во текот на годината (пресметано како средна вредност за три години). Оваа целна вредност треба да се достигне до 2010 година.
  • Во Уредбата е дефинирана и долгорочната цел за заштита на човековото здравје од 120 μg/m3, како максимална дневна 8-часовна средна вредност во текот на календарска година.

Обврска за известување

  • Европска агенција за животна средина

–   Размена на податоците за квалитет на воздухот, во согласност со имплементационата одлука во која се дадени правилата на директивите 2004/107/EC и 2008/50/EC на Европскиот парламент и на Советот во однос на реципрочна размена на информации и известување за квалитет на амбиентен воздух (Одлука 2011/850/EC).

  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина

Општи мета-податоци

Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Здравство,
Код на индикаторот MK НИ 004 – 4 Временска покриеност 2004-2023
Име на индикаторот Надминување на граничните вредности за квалитет на воздухот во урбани подрачја – O3 Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање – Македонски информативен центар за животна средина
Класификација по ДПСИР С Датум на последна верзија 15.08.2024
Тип А Подготвено/ажурирано од: Никола Голубов
Анета Стефановска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
N.Golubov@moepp.gov.mk
А.
Stefanovska@moepp.gov.mk
 

Поврзаност со други индикатори

Надминување на граничните вредности за квалитет на воздухот во урбани подрачја –O3 EEA – Европска агенција за животна средина IND-34-en CSI 004 , AIR 003 Exceedance of air quality standards in urban areas
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа A2/17 – Annual average concentration of ground-level ozone
Каталог на индикатори за животна средина 19 – Exceedance of air quality standards in urban areas (EEA_CSI004)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не

 

Дефиниција

Овој индикатор покажува:

  • Број на денови во текот на годината кога нивото на загадување на воздухот (за загадувачките супстанци: суспендирани честички со големина до 10 микрометри (PM10),сулфур диоксид (SO2), азот диоксид (NO2), и приземен озон (O3)) ги надминува пропишаните гранични вредности (максимално дозволените годишни и краткорочни концентрации во урбаните средини, каде што се врши редовна обсервација на квалитетот на воздухот).
  • Процент на урбана популација (на пр. вкупниот број на жители кои живеат во урбаните области со најмалку една мониторинг станица) во земјата изложени на загадување на воздухот над воспоставените гранични вредности.
  • Апсолутни вредности на концентрацијата на загадувачките супстанци во воздухот.

Единици

  • Број на денови
  • Koнцентрации во амбиентниот воздух на сулфурдиоксид (SO2), суспендирани честички со големина до 10 микрометри (PM10), азотдиоксид (NO2) и озон (O3) се изразуваат во микрограм/m(µg/m3).

Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен за намалување на концентрациите на загадувачките супстанции во урбаните средини за достигнување на граничните вредности (за SO2, PM10, NO2) и целните вредности (за O3) дефинирани во Уредбата?

Клучна порака

Суспендирани честички со големина до 10 микрометри (РМ10)

Концентрациите на суспендирани честички со големина до 10 микрометри ги надминуваат граничните вредности дефинирани во Уредбата, на анализираните мерни места. Многу често има појава на високи концентрации на суспендирани честички со големина до 10 микрометри, особено во зимскиот период. Највисоки концентрации на PM10, се забележани во Скопје.

Азот диоксид (NO2)

Во период од 2004 до 2020 година се забележува тренд на опаѓање на концентрации на азот диоксид. Измерените концентрации на оваа загадувачка супстанца ја надминуваат пропишаната гранична вредност само во Скопје.

Сулфур диоксид (SO2)

Во периодот од 2004 до 2020 година, се забележува тренд на опаѓање на просечната годишна концентрација на сите мерни места. Исто така, нема надминување на среднодневната гранична вредност на сулфур диоксид, односно населението не е изложено на концентрации на сулфур диоксид над граничната вредност, на сите анализирани мерни места.

Озон (О3)

Во периодот од 2004 до 2020 година највисоките концентрации на озон се забележани во Битола, од причина што е градот се простира во југозападниот дел од државата со голем број на сончеви денови во текот на годината. Додека пак во Скопје, измерените концентарции на озон, во целиот анализиран период, се значително пониски од концентрациите на озон евидентирани во Битола и Велес.

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Македонски информативен центар за животна средина

Оценка

Суспендирани честички (РМ10)

Суспендирани честички со големина до десет микрометри се честички кои поминуваат низ отвор кој се селектира по големина со 50% губење на ефикасноста при аеродинамичен дијаметар со големина до десет микрометри (10 μm). Овие честички со димензии до 10 микрометри се таканаречени фини честички или аеросоли. Тие долго се задржуваат во воздухот и настануваат како резултат на природни и антропогени извори. Од природните извори значајни се жолтите дождови кои се јавуваат и кај нас, шумските пожари и хемиските реакции кои што се случуваат во природата. Од антропогените извори најзначајни се согорувањето на јагленот, дрвото и нафтата, индустриските процеси, транспортот и согорувањето на отпадот.

Појава на зголемени концентрации на суспендирани честички се забележува во урбаните средини особено во сезоната есен-зима, што најверојатно се должи на зголемената фреквенција на сообраќајот, затоплувањето на индивидуалните домаќинства и административните установи и метеоролошките услови. На следниот графикон се прикажани просечните годишни концентрации за РМ10 за дадениот период.

Графикон 1: Просечна годишна концентрација на РМ10

Од обработените податоци за периодот 2004-2020 година, може да се забележи дека во текот на целиот период населението е изложено на концентрации на суспендирани честички кои ги надминуваат граничните вредности (среднодневна гранична вредност од 50 mg/m3 која што не треба да биде надмината повеќе од 35 дена во една календарска година и годишната гранична вредност од 40 mg/m3). Меѓутоа последните години имаме тренд на опаѓање на концентрациите и на мерното место во Битола – Битола 2 и измерената просечна годишна концентрација oд 38 mg/m3 е под годишната гранична вредност. Највисоки концентрации на оваа загадувачка супстанца се забележани во Скопје, што најверојатно се должи на човековото живеење, густата населеност, големата употреба на цврсто гориво за затоплување на домовите во зимскиот период како и влијанието од индустријата.

Азот диоксид (NO2)

Испитувањата покажале дека во воздухот се застапени повеќе оксиди на азот, но најзначајни се азот диоксид и азот моноксид. Овие загадувачки супстанци најчесто се резултат на природни извори. Сепак, во урбаните средини најголем извор е сообраќајот, а помал извор е индустријата. Најтоксичен од сите азотни оксиди е азот диоксид, чии концентрации се условени од годишното време и од метеоролошките услови. Имено, во утринските часови повисока е концентрацијата на NO заради зголемената фреквенција на сообраќајот, a со интензивирање на сончева радијација во текот на денот се врши претворање на NO во NO2 со што се зголемува концентрацијата на NO2. Азотните оксиди влијаат на содржината на озонот и на другите фотохемиски оксиданси во воздухот. Во текот на сезоната пролет-­лето поголема е концентрацијата на NO2, а во сезоните есен-зима на NO. Количеството на NOx e зголемено во зимскиот период поради повисоката фреквенција на сообраќајот. На следниот графикон се прикажани просечните годишни концентрации за NOза дадениот период.

Графикон 2: Просечна годишна концентрација на NO2

Од обработените податоци може да се види дека надминувања на просечната годишна концентрација на азот диоксид се забележани само во Скопје, што најверојатно се должи на големата фреквенција на сообраќај и работата на индустриските капацитети.

Сулфур диоксид (SO2)

Сулфур диоксидот во воздухот најчесто потекнува од големите термоцентрали и термоелектрани како и од малите и средноголеми котли за согорување на јаглен во урбаните средини. Главниот антропоген извор е согорувањето на јагленот и нафтата. Оваа загадувачка супстанција се емитира во воздухот и како резултат на индустриските процеси (производство на целулоза и хартија, сулфурна киселина, топење на олово-цинкови руди). На следниот графикон се прикажани просечните годишни концентрации за SO2за дадениот период.

Графикон 3: Просечна годишна концентрација на SO2

Во периодот од 2004 до 2020 година, нема надминување на среднодневната гранична вредност на сулфур диоксид, односно населението не е изложено на концентрации на сулфур диоксид над граничната вредност, на сите анализирани мерни места.

Озон (О3)

Озонскиот слој се наоѓа на височина од 10 до 15 km од земјата и служи како филтер за UV- зрачењето и стабилизација на климата.

Автоматските мониторинг станици вршат мерења на приземниот озон кој се формира како резултат на фотохемиски реакции во кои учествуваат азотни оксиди, испарливи органски супстанци (најчесто јаглеводороди) и др. Сепак, на неговата содржина влијаe интензитет на сончева радијација и годишните времиња. Поради тоа, повисоки концентрации на озон се забележуваат во топлите денови, а особено во летниот период. На следниот графикон се прикажани просечните годишни концентрации за О3 за дадениот период.

Графикон 4: Просечна годишна концентрација на O3

Во периодот од 2004 до 2020 година највисоките концентрации на озон се забележани во Битола, од причина што е градот се простира во југозападниот дел од државата со голем број на сончеви денови во текот на годината.Додека пак во Скопје, измерените концентрации на озон, во целиот анализиран период, се значително пониски од концентрациите на озон евидентирани во Битола и Велес.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

При пресметката на индикаторот земени се во предвид податоците од извршените мерења на квалитетот на воздухот од следните три града: Скопје, Битола и Велес, како најрепрезентативни локации за приказ на состојбата за квалитетот на воздухот во Република Македонија. Скопје е избран затоа што е главен град и претставува најголема урбана средина во државата и голем индустриски центар. Битола е втор град по големина, во чија непосредна близина се наоѓа најголемата термоелектрана РЕК Битола и Велес, како град со големо историско индустриско загадување.

За секоја селектирана урбана станица, се наведува типот на станицата (урбана позадинска, станица која го следи загадувањето од сообраќајот, станица која го следи загадувањето од индустријата). Потоа за секоја загадувачка супстанца од достапните часoвни податоци се пресметува: просечната годишна концентрација, највисоката среднодневна концентрација и бројот на денови со надмината среднодневна гранична вредност.

  • Методолошка несигурност и несигурност на податоците

Во пресметките на индикаторот се земени и оние станици каде што покриеноста со податоци е помала од 75% по календарска година.

Цели

Во Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанци во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните ведности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели, се дефинирани граничните вредности за SO2, PM10, NO2 и целните вредности за O3.

Гранични вредности за концентрации на сулфур диоксид во амбиентниот воздух

Во согласност со горенаведената Уредба за сулфурдиоксид, дефинирани се две гранични вредности за заштита на човековото здравје

  • Среднодневна гранична вредност од 125 µg/m3 и истата не смее да биде надмината повеќе од 3 пати во текот на една календарска година
  • Едночасовна гранична вредност од 350 µg/m3, која не смее да биде надмината повеќе од 24 пати во текот на една календарска година

Гранични вредности за концентрации на суспендирани честички со големина до 10 микрометри во амбиентниот воздух

Во согласност со горенаведената Уредба за суспендирани честички со големина до 10 микрометри,дефинирани се две гранични вредности за заштита на човековото здравје.

  • 24-часовната гранична вредност изнесува 50 μg/m3, и истата не смее да биде надмината повеќе од 35 пати во текот на една календарска година
  • Просечната годишна концентрација не смее да надмине 40 μg/m3.

Гранични вредности за концентрации на азот диоксид во амбиентниот воздух

Во согласност со горенаведена Уредба за азот диоксид, дефинирани се две гранични вредности за заштита на човековото здравје.

  • Едночасовната просечна гранична вредност на азот диоксид не смее да ја надмине граничната вредност од 200 μg/m3 повеќе од 18 пати во текот на една календарска година.
  • Просечната годишна концентрација не смее да надмине 40 μg/m3.

Целни вредности за концентрации на озон во амбиентниот воздух

Во согласност со горенаведената Уредба за озонот, дефинирани се целна вредност за заштита на човековото здравје и долгорочна цел за заштита на човековото здравје.

  • Целната вредност за заштита на човековото здравје за озонот е определена на тој начин што 8-часовната средна вредност се пресметува од едночасовните концентрации за секој ден. Максималната дневна 8-часовна средна вредност на озонот не треба да ја надмине вредноста од 120 μg/m3 повеќе од 25 денови во текот на годината (пресметано како средна вредност за три години). Оваа целна вредност треба да се достигне до 2010 година.
  • Во Уредбата е дефинирана и долгорочната цел за заштита на човековото здравје од 120 μg/m3, како максимална дневна 8-часовна средна вредност во текот на календарска година.

Обврска за известување

  • Европска агенција за животна средина

–   Размена на податоците за квалитет на воздухот, во согласност со имплементационата одлука во која се дадени правилата на директивите 2004/107/EC и 2008/50/EC на Европскиот парламент и на Советот во однос на реципрочна размена на информации иизвестување за квалитет на амбиентен воздух (Одлука 2011/850/EC).

Општи мета-податоци

Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Енергија, Транспорт, Здравство,Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 004 – 5 Временска покриеност 2004-2020
Име на индикаторот Надминување на граничните вредности за квалитет на воздухот во урбани подрачја – по мониторинг станица Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање – Македонски информативен центар за животна средина
Класификација по ДПСИР С Датум на последна верзија 20.05.2021
Тип А Подготвено/ ажурирано од: Никола Голубов
Анета Стефановска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
N.Golubov@moepp.gov.mk
А.
Stefanovska@moepp.gov.mk
 

Поврзаност со други индикатори

МК НИ 004 – Надминување на граничните вредности за квалитет на воздухот во урбани подрачја –по мониторинг станица EEA – Европска агенција за животна средина IND-34-en CSI 004 , AIR 003 Exceedance of air quality standards in urban areas
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа А2/15 – Annual average concentration of sulphur dioxide
А2/16 – Annual average concentration of nitrogen dioxide
А2/17 – Annual average concentration of ground-level ozone
А2/18 Annual average concentration of PM10
Каталог на индикатори за животна средина 19 – Exceedance of air quality standards in urban areas (EEA_CSI004)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не

 

Дефиниција

Овој индикатор ги следи трендовите на сулфурните оксиди изразени како сулфур диоксид.

Единици

  • kt/година (килотони на година)

Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на сулфурните оксиди изразени како сулфур диоксид во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Во 1990 година вкупните национални емисии на SOx изнесуваа 112.2 kt. Во 2020 година емисиите изнесуваат 93.41 kt и се зголемени за 4.9%, споредено со 1990 година, и се намалени за 17% во однос на 1990 година. Во однос на 2019 година емисиите на оваа загадувачка супстанца се намалени за 18%.

Воведувањето на процесот на десулфуризација во РЕК Битола, како инсталација со најголем удел во вкупните емисии на сулфурни оксиди, претставува клучниот услов за намалување на емисиите на овие загадувачки супстанции.

Специфично прашање за политиката

Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на сулфурни оксиди?

Најголемиот дел од вкупните национални емисии на SOx потекнуваат од NFRкатегоријатаПроизводство на енергија со удел од 95%.

Од останатите NFRкатегории4% од вкупните национални емисии на SOx потекнуваат од категоријата 1.А.2 – Согорување во производните индустрии и градежништво.

Останатите NFRкатегориисе мали извори на емисии на SOx.

Оценка

Вкупни национални емисии на SOx има во 2020 година и тие изнесуваат 93.41kt. Во однос на 2019 годинакога вкупните емисии изнесуваа 114.65 kt, емисиите на сулфурни оксиди се намалени за 18.5% зарада намалената потрошувачка на јаглен во РЕК Битола. На следниот графикон е прикажан тренд на овие загадувачки супстанци во периодот 1990-2020 година.

Графикон 1. Тренд на вкупни емисии на сулфурни оксиди изразени како сулфур диоксид во периодот 1990-2020 година

На графиконот бр.3 пак прикажен е трендот по NFR категории за целиот период 1990-2020.

Графикон 2: Удел во вкупните национални емисии на SOx по NFR категории во 2020 година

На графиконот бр.3 пак прикажен е трендот по NFR категории за целиот период 1990-2019.

Графикон 3. Eмисии на сулфурни оксиди изразени како SO2 по NFR категории на годишно ниво во периодот 1990-2020 година

Емисиите на SOx во целиот период 1990-2020 година доаѓаат главно од NFR категоријата 1.А.1- Производство на енергија каде влегуваат двете термоелектрани РЕК Битола и РЕК Осломеј, со забелешка дека во последните неколку години емисиите на сулфурни оксиди во најголем дел доаѓаат од термоелектраната РЕК Битола со посебен акцент на мошне високите емисии во 2019 година, потоа топланите за производство на топлинска енергија кои во периодот 1990-2013 год. работеа на мазут (во одредени периоди и делумно на гас), работата на ТЕЦ Неготино во одредени години и рафинеријата за нафта ОКТА Скопје која работеше со полн капацитет до 2011 год., во наредните две години со намален капацитет, а од 2014 година воопшто не работи.

NFR категоријата 1.А.2 – Согорување во производни индустрии и градежништво учествува со далеку помал удел во вкупните национални емисии на сулфурни оксиди, додека останатите NFR категории се незначителни извори на емисии на SOx.

Уделот на NFR категоријата 1.А.1 – Производство на енергија во вкупните емисии на сулфурни оксиди во 1990 година изнесуваше 92%, додека уделот во 2020 година, изнесува 95%. Во однос на 1990 година вкупните емисии на SОx од оваа категорија се намалени за 17%, додека во однос на 2019 година се намалени за 18.52%.

Најголем удел во овие емисии за целиот период 1990-2020 година од оваа NFR категорија има термоелектраната РЕК Битола и генерално трендот на вкупните емисии на SOx го следи трендот на емисиите од оваа инсталација. Падот на емисиите во 1991 година во однос на 1990 година како и флуктуациите (зголемувања и намалувања) со текот на годините главно доаѓаат од РЕК Битола и делумно РЕК Осломеј, односно заради количеството на јаглен кое се согорува т.е вкупната влезна топлотна моќ на горивото изразена во TJ. Исклучок е 2019 година каде се забележува двојно зголемување на емисиите на SОx во однос на претходната 2018 година, а дури и зголемување на емисиите во однос на 1990 година од 4.9%. Причината за овие резултати според известувањето од РЕК Битола може да се квалитетот на мерењето и содржината на сулфур во јагленот и мазутот кој се согорувале. Во 2018 година во однос на 2019 година пониско е вкупното време на работа на блоковите за околу 16%, пониско е производството на електрична енергија за 19.72%, согорено е пониско количество јаглен за 18.38% и мазут за 19.92%. Јагленот што согорувал во 2018 година е со долна топлотна моќ од 1609 kcal/kg, додека во 2019 година 1566 kcal/kg, следствено на тоа поголема е потрошувачката на јаглен за единица добиена енергија со што продукцијата на отпадни гасови е поголема. Во 2020 година има значително намалување на емисиите од 18.5% во однос на 2019 година.

Во периодот 1990-1999 година постои еден речиси континуиран тренд на емисии на SОx, кои потекнуваат од употребата на мазут како гориво. Почнувајќи од 2008 година како резултат на гасификацијата на топланите и неработењето на ТЕЦ Неготино и Рафинеријата за нафта, ОКТА емисиите на сулфурни оксиди од согорување на мазут се значително намалени и тие потекнуваат главно од употребата на ова гориво во РЕК Битола и РЕК Осломеј, а во последните неколку години заради редуцираната работа на РЕК Осломеј главно од РЕК Битола.

Во однос пак на постигнатите цели во 2020 година, емисиите на SOx се под националната граница-плафон дефинирана во Гетеборшкиот протокол и Правилникот за национални граници-плафони.

На следниот графикон е дадена споредба на националните емисии на SOx во период 2018-2020година со горната граница-плафон за 2010 година.

Графикон 4. Споредба  на националните емисии на SOx во период 2018-2020 година со горната граница-плафон за 2010 година

Може да се забележи дека националната граница-плафон за SOx од 110 kt не е надмината во 2020 година.

Според прикажаните годишни пресметани емисии Република Северна Македонија е во согласност со Гетеборшкиот протокол во однос на оваа загадувачка супстанца за 2020 година.

Во однос на Протоколот за намалување на емисиите на сулфурни оксиди или на нивното прекугранично пренесување најмалку за 30 проценти според кој националните емисии на сулфурни оксиди изразени како сулфур диоксид треба да се редуцираат за 30% сметајќи од 1980 година бидејќи емисиите за да се постигне оваа цел треба да изнесуваат 47 kt или помалку, оваа цел не е постигната во 2020 година, а според Протоколот во врска со понатамошното намалување на емисиите на сулфурни оксиди, според кој емисиите во годината n-2 (каде n e тековната година) не треба да ги надминуваат емисиите во 1990 година земјата е во согласност со истиот.

Вкупниот плафон за SOx за 2020 изнесува 15.855 kt согласно Националниот план за намалување на емисиите (NERP) за големи согорувачки постројки, што значи дека во однос на истиот вредноста на емисиите на сулфурни оксиди, кои произлегуваат од големите согорувачки постојки е надмината.

Имајќи предвид дека главен извор во вкупните национални емисии за SOx е NFR категоријата 1.А.1 – Производство на енергија, а во рамките на оваа категорија инсталацијата РЕК Битола, за да се постигнат поставените цели за вкупни емисии на сулфурни оксиди потребно е да се редуцираат емисиите на SOx од оваа инсталација. За таа цел во тек е процес на издавање на А-дозвола за усогласување со оперативен план од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање за РЕК Битола во која ќе бидат дадени активности за намалување на емисиите на сулфур диоксид преку процес на десулфуризација, како и изнаоѓање на финансиски средства за истото.

Опфат на податоци: excel_1, excel_2

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR категории кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и Секретаријатот на Обединетите нации. Податоците се достапни по земја на следната веб страна: https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envyixaja. Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Методологијата на пресметка на овој индикатор се базира на пресметани национални емисии и емисии по NFR категории на оваа загадувачка супстанца кои се репортирани до ЕЕА (Европска агенција за животна средина) и UNECE/EMEP (Економската програма на Обединетите нации за Европа/ Кооперативната програма за мониторинг и евалуација за прекуграничен пренос на аерозагадување кон Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето) во февруари 2022 година.

Пресметките се во согласност со Упатствата на ЕМЕП/ЕЕА за инвентаризација на емисии во воздухот од 2009, 2013, 2016 и 2019 година. Во упатствата се дадени емисиони фактори кои се користени во пресметките, со исклучок на  енергетскиот сектор каде пресметките се направени со користење на национални специфични фактори или примена на податоците од извршените мерења за период 2008-2019 година за оваа загадувачка супстанца за  NFR категоријата 1А1а која се однесува на постројки за производство на електрична и топлинска енергија.

  • Извор за користената методологија

Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатство за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013, 2016 и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019).

Цели

Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на сулфурни оксиди зацртани се следните цели:

  1. Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
    • воведена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатство за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на сулфурни оксиди, изразени како SO2, во килотони на година по принципот n-2, каде n е тековната година.
  2. Директива 2001/81/ЕC, Гетеборшки протокол и Правилник за количините на горните граници-плафоните на емисиите на загадувачките супстанции со цел утврдување на проекции за одреден временски период кои се однесуваат на намалувањето на количините на емисиите на загадувачките супстанции на годишно ниво
    • национална граница – плафон за емисиите на сулфурни оксиди изразени како сулфур диоксид од 110 килотони
  3. Протокол за намалување на емисиите на сулфурни оксиди или на нивното прекугранично пренесување
    • најмалку за 30 проценти според кој националните емисии на сулфурни оксиди изразени како сулфур диоксид треба да се редуцираат за 30% сметајќи од 1980 година
  4. Протоколот во врска со понатамошното намалување на емисиите на сулфурни оксиди
    • емисиите во годината n-2 (каде n e тековната година) не треба да ги надминуваат емисиите во 1990 година.
  5. Согласно Националниот план за намалување на емисиите (NERP) вкупниот плафон за SOxе:
    • 15855 тони за 2018-2023 година.
    • 12634 тони за 2024 година.
    • 9412 тони за 2025 година.
    • 6191 тони за 2026 година.
    • 6191 тони за 2027 година.

Обврска за известување

  • Обврските за известување се на годишно ниво кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP) и Протоколите кои се однесуваат на сулфурните оксиди кон неа, како и Европската агенција за животна средина (ЕЕА)
  • Обврска за известување до Енергетската Заедница согласно наведени национални плафони за SOx за период 2018-2027 година дадени во Националниот план за намалување на емисиите од големи согорувачки постројки.
  • Годишен извештај од обработени податоци за емисии во воздухот
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина

Општи мета-податоци

Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Енергија, Транспорт, Здравство,Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 050 – 1 Временска покриеност 1990-2020
Име на индикаторот Емисија на основни загадувачки супстанци – сулфурни оксиди (SOx) Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање, Инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздухот, 1990-2018 година
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 28.07.2022
Тип Б Подготвено/ажурирано од: Павле Малков
Александра Н.Крстеска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
p.malkov@moepp.gov.mk
a.krsteska@moepp.gov.mk
 

Поврзаност со други индикатори

МК НИ 050-1 Емисија на основни загадувачки супстанци – сулфурни оксиди (SOx) EEA – Европска агенција за животна средина IND-366/CSI 040, AIR 005Emissions of the main air pollutants in Europe
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа A1/1 – Emissions of pollutants into the atmospheric air
Каталог на индикатори за животна средина 32 – Emissions of the main air pollutants in Europe (EEA_CSI040/APE010)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не

 

Дефиниција

Овој индикатор ги следи трендовите на емисии на азотни оксиди во воздухот, изразени како азот диоксид.

Единици

  • kt/година (килотони на година)

Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на азотни оксиди изразени како азот диоксид во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Во 1990 година вкупните национални емисии на NOx изнесуваа 45.47 kt. Во 2020 година емисиите изнесуваат 19.94 kt и се намалени за 56% споредено со 1990 година, што претставува значителен напредок во намалувањето на вкупните емисии на NОx.

Значителнонамалување на вкупните емисии на азотни оксиди се забележува почнувајќи од 2013 година со модернизација на РЕК Битола, како и редуцирана работа на термоелектраната РЕК Осломеј во последните неколку години и намалената потрошувачка на јаглен за производство на електрична енергија, а потоа и во 2014 година како резултат на значителното намалување на емисијата на азотни оксиди од транспортот (како резултат на примена на методологија на пресметка на емисиите на ниво 2 додека за претходните години пресметките се вршени во примена на методологија на ниво 1) , а исто така и намалување на емисиите од согорувањето во производствените индустрии и градежништвото.

Специфично прашање за политиката

Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на азотни оксиди?

Главен извор на емисии на NOx во 2020 година  е NFRкатегоријата1.А.3 – Транспорт со удел од 40.3%, по што следуваат категориите 1.А.2 – Согорување од производни индустрии и градежништво и 1.А.1 – Производство на енергија со удели од 27.0% и 21.7%, соодветно. NFRкатегоријата 1.А.4 – Други сектори (домаќинства, комерцијален, административен) во вкупните емисии на азотни оксиди учествува со удел од 7.8%, додека останатите категории имаат помал или незначителен удел во вкупните емисии на азотни оксиди.

Оценка

Максимална вредност на вкупни национални емисии на NOx е забележана во 1990 година и таа изнесува 45.5 kt. Во 2020 година вкупните емисии изнесуваат 19.94 kt, што претставува историски најниска годишна вредност, и во однос на 1990 година се намалени за 56%, додека во однос на 2019 година се намалениза 13%.

Трендот на емисии на NOx во периодот 1990-2020 година е даден на следниот графикон.

Графикон 1. Тренд на вкупни емисии на азотни оксиди изразени како азот диоксид во периодот 1990-2020 година

Може да се забележи променлив тренд со опаѓачки карактер започнувајќи од 2011 година. Причините за намалувањето на емисиите во последните години се должи на значително намалените емисии на NOx од индустријата за производство на енергија заради намалениот обем на работа на РЕК Осломеј, модернизација на котлите на РЕК Битола и намалената потрошувачка на јаглен и мазут во производството на електрична енергија.

Заради стариот возен парк (околу 56% од автомобилите припаѓаат на ЕУРО класа 0-3) нема значителни редукции на емисија на овие загадувачки супстанци од патниот сообраќај. Воедно треба да се напомене дека заради расположливост на детални податоци за возниот парк за последните неколку години за период 2014-2020 година се применува методологија на пресметка на емисиите на ниво 2, додека за претходните години пресметките се вршени во примена на методологија на ниво 1. Поголем прогрес во редукција на емисиите на NOx се очекува со обновување на возниот парк и подобрување на јавниот превоз што и се забележува во 2020 во споредба со 2019 година. Исто така, во тек е процес на издавање на А-дозвола за усогласување со оперативен план од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање за РЕК Битола во која ќе бидат дадени активности за дополнително намалување на емисиите на азотни оксиди преку процес на модернизација на блокот 1 од термоелектраната, со што истата целосно ќе биде усогласена со ГВЕ за азотни оксиди.

Уделот на NFRкатегориите во вкупните емисии на NOx за 2020 година може да се увиди од приказот на Графикон 2.

Графикон 2: Удел во вкупните национални емисии на NOx по NFR категорииво 2020 година

На следниот графикон е прикажан тренд на емисии на азотни оксиди изразени како азот диоксид во периодот 1990-2020 година по NFR категории.

Графикон 3. Eмисии на NOx по NFR категории на годишно ниво во периодот 1990-2020 година

Имајќи предвид дека азотните оксиди се еден од производите при процесот на согорување на горивата, во целиот период 1990-2020 година во вкупните емисии на овие загадувачки супстанци изразени како азот диоксид најголем удел имаат три NFR категории, и тоа: 1.А.1- Производство на енергија, 1.А.2 – Согорување во производни индустрии и градежништво и 1.А.3 – Транспорт. Во 1990 година овие категории учествуваа во вкупните емисии на NOx со удели од 53%, 20% и 21% соодветно, додека во 2020 година емисиите се намалени за 82%, 42% и 16%, соодветно од секоја од наведените категории, споредено со 1990 година, при што уделот на секоја од овие категории во вкупните емисии на азотни оксиди во 2020година изнесува 22%, 27% и 40% соодветно.

Во периодот 1990-2012 година најголем удел со приближно околу 50% во вкупните емисии на NOx има категоријата 1.А.1 – Производство на енергија во која спаѓаат инсталациите запроизводство на електрична енергија, топланите за производство на топлина за домаќинствата како и рафинеријата за нафта. Генерално трендот на вкупните емисии на NOx го следи трендот на емисиите од оваа NFR категорија. Падот на емисиите во 1991 година во однос на 1990 година како и флуктуациите (зголемувања и намалувања) со текот на годините главно доаѓаат од РЕК Битола и РЕК Осломеј, односно заради количеството на јаглен кое се согорува т.е вкупната влезна топлотна моќ на горивото изразена во TJ.

Во периодот 2014-2020 година се забележува, прво, натамошно намалување на вкупните емисии на NOx споредено со 2013 година и второ, мала разлика во годишните емисии на NОx. РЕК Осломеј работеше од еден до три месеци во секоја година во овој период. Исто така, во 2014 година целосно со работа запре и рафинеријата за нафта. Во 2020 година емисиите на азотни оксиди се на историски минимум и изнесуваат 19.94 ktи споредено со 2019 година се намалени за 13% пред се како резултат на намалените емисии од NFRкатегориите1.А.1 Производство на енергија (Јавна енергетика и електрани) за 24% и 1.А.3 Транспорт за 20%.

Во однос пак на постигнатите цели во 2020 година, емисиите на NOx се под националната граница плафони дефинирана во Гетеборшкиот протокол и Правилникот за национални граници-плафони. На следниот графикон е дадена споредба на националните емисии на NOx во период 2018-2020 година со горната граница-плафон за 2010 година.

Графикон 4. Споредба на националните емисии на NOx во период 2018-2020 година со горната граница-плафон за 2010 година

Од дадениот приказ може да се заклучи дека во последните три години, националната граница-плафон за NOx од 39 kt не е надмината.

Според прикажаните годишни пресметани емисии Република Северна Македонија е во согласност со Гетеборшкиот протокол и националното законодавство во однос на овие загадувачки супстанци.

Во однос на Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на испуштањето азотни оксиди или нивно прекугранично пренесување, според кој емисиите во годината n-2 (каде n e тековната година) треба да не ги надминуваат емисиите во базната година (која за нашата земја е 1987 година) нашата земја е во согласност со овој протокол во однос на пресметаните емисии за 2020 година.

Согласно Националниот план за намалување на емисиите (NERP) вкупниот плафон за NOx за 2020 изнесува 12672 kt, што значи дека во однос на пресметаната вредност на емисиите на азотни оксиди од големите согорувачки постројки за 2020 година, вкупниот плафон не е надминат.

Опфат на податоци: excel_1, excel_2

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR категории кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и Секретаријатот на Обединетите Нации. Податоците се достапни по земја на следната веб страна: https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envyixaja.Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Методологијата на пресметка на овој индикатор се базира на пресметани национални емисии и емисии по NFR категории на овие загадувачки супстанци кои се репортирани до ЕЕА (Европска агенција за животна средина) и UNECE/EMEP (Економската програма на Обединетите Нации за Европа/ Кооперативната програма за мониторинг и евалуација за прекуграничен пренос на аерозагадување кон Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето).

Пресметките се во согласност со Упатствата на ЕМЕП/ЕЕА за инвентаризација на емисии во воздухот од 2009, 2013, 2016 и 2019 година. Во упатството се дадени емисиони фактори кои се користени во пресметките со исклучок на енергетскиот сектор каде пресметките се направени со користење на национални специфични фактори или примена на податоците од извршените мерења за период 2008-2020 година за оваа загадувачка супстанца за NFR категоријата 1А1а, кој се однесува за постројки за производство на електрична и топлинска енергија.

  • Извор за користената методологија

Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатствата за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013, 2016 и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019).

Цели

Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на азотни оксиди зацртани се следните цели:

  1. Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
    • воведена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатството за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздухот, која како цел има редовна инвентаризација на азотни оксиди, изразени како NO2, во килотони на година, по принципот n-2, каде n е тековната година.
  2. Директива 2001/81/ЕC, Гетеборшки протокол и Правилник за количините на горните граници-плафоните на емисиите на загадувачките супстанции со цел утврдување на проекции за одреден временски период кои се однесуваат на намалувањето на количините на емисиите на загадувачките супстанции на годишно ниво
    • национална граница – плафон за емисиите на азотни оксиди изразени како азот диоксид од 39 килотони
  3. Протоколот во врска со понатамошното намалување на емисиите на азотни оксиди
    • емисиите во годината n-2 (каде n e тековната година) не треба да ги надминуваат емисиите во 1987 година.
  4. Согласно договорот со Енергетска заедница усвоен е Националниот план за намалување на емисиите (NERP) од LCP (Големи согорувачки постројки), кој ги воведува следните плафони за емисиите на азотни оксиди:
    • 15505 тони за 2018 година.
    • 14088 тони за 2019 година.
    • 12672 тони 2020 година.
    • 11255 тони за 2021 година.
    • 9838 тони за 2022 година.
    • 8422 тони за 2023 година.
    • 7674 тони за 2024 година.
    • 6927 тони 2025 година.
    • 6179 тони за 2026-2027 година.

Обврска за известување

  • Обврските за известување кон меѓународни договори -Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето, како и ЕЕА
  • Обврска за известување до Енергетската заедница согласно наведени национални плафони за прашина, NOxи SOxза период 2018-2027 година произлезени од Националниот план за намалување на емисиите од големи согорувачки постројки (NERP).
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина.

Општи мета-податоци

Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Земјоделство, Домаќинства, Енергија, Транспорт, Здравство,
Код на индикаторот MK НИ 050 – 2 Временска покриеност 1990-2020
Име на индикаторот Емисија на основни загадувачки супстанци – азотни оксиди (NOx) Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање, Инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздухот за период 1990-2018 година
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 08.07.2022
Тип Б Подготвено/ажурирано од: Павле Малков
Александра Н.Крстеска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
p.malkov@moepp.gov.mk
a.krsteska@mopepp.gov.mk
 

Поврзаност со други индикатори

МК НИ 050-2Емисија на основни загадувачки супстанци – азотни оксиди (NOx) EEA – Европска агенција за животна средина IND-366/CSI 040, AIR 005
Emissions of the main air pollutants in Europe
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа A1/2 – Emissions of pollutants into the atmospheric air
Каталог на индикатори за животна средина 32 – Emissions of the main air pollutants in Europe (EEA_CSI040/APE010)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не

 

Дефиниција

Овој индикатор ги следи трендовите на неметански испарливи органски соединенија (NMVOC).

Единици

  • kt/година (килотони на година)

Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на неметанските испарливи органски соединенија во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Во 1990 година вкупните национални емисии на NMVOCs изнесуваа 47.6 kt. Во 2020 година емисиите изнесуваат 22.34 kt и се намалени за 53% споредено со 1990 година што претставува голем напредок во намалувањето на вкупните емисии на NMVOCs.

Специфично прашање за политиката

Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на NMVOCs?

Главен извор на емисии на NMVOCs во 2020 година е NFRкатегоријата2 – Индустриски процеси со удел од 37.6%, по што следуваат NFRкатегориите 1.А.4 – Други сектори (домаќинства, комерцијален, административен), 3 – Земјоделство и 1.B- Фугитивни емисии од горива со удели во вкупните емисии на NMVOCs од 24.8%, 17.1% и 11.5%, соодветно. Останатите категории имаат помал удел во вкупните емисии на овие загадувачки супстанции во 2020 година.

Оценка

Вкупните емисии на NMVOCs во 1990 година изнесуваа 47.6 kt и истите со одредени флуктуации остануваат приближно еднакви до 2000 година. Првото поголемо намалување на вкупните емисии се забележува во 2001 година првенствено заради намалените емисии на NMVOCs од NFR категориите 1.А.3 – Транспорт и 1.А.4 – Други сектори. Потоа следи периодот 2001-2005 година каде вкупните емисии исто така со одредени осцилации (зголемувања и намалувања) имаат приближно блиски вредности и се за околу 15-20% помали од периодот 1990-2000 година. Дополнително намалување на вкупните емисии има во 2005 година, заради намалените емисии на NMVOCs од NFR категоријата 1.А.3 – Транспорт, по што следува периодот 2005-2017 каде може да се каже дека вкупните емисии на NMVOCs по апсолутна вредност се приближно исти, односно незначително се разликуваат меѓу себе. Конечно, следува периодот 2017-2020 година каде се забележува не многу изразен, но забележителен надолен тренд на вкупните емисии на NMVOCs. Во 2020 година вкупните емисии изнесуваат приближно 22.34 kt и се за 53% пониски од оние во 1990 година а за 4% намалени во однос на претходната 2019 година. На следниот графикон прикажан е трендот на вкупните емисии на NMVOC.

Графикон 1. Тренд на вкупни емисии на NMVOCs во периодот 1990-2020 година

Уделот во вкупните национални емисии на NMVOCs по NFRкатегорииво 2020 година е прикажан на Графикон 2.

Графикон 2: Удел во вкупните национални емисии на NMVOCs по NFR категории во 2020 година

Генерално, во вкупните емисии на NMVOCs, во 2020 година, главно учествуваат четири NFR категории: 2 Индустриски процеси, 1.А.4 – Други сектори (домаќинства, комерцијален, административен), 3 Земјоделство и 1.B- Фугитивни емисии од горива – со удели од 37.6%, 24.8%, 17,1% и 11.5%, соодветно. Останатите NFR категории имаат помал или незначителен удел во вкупните годишни емисии на NMVOCs за 2020 година.

На графиконот бр.3 пак прикажан е трендот, по NFR категории во периодот 1990-2020 година.

Графикон 3. Eмисии на NMVOCs по NFR категории на годишно ниво во периодот 1990-2020 година

NFR категоријата 1.А.3 – Транспорт во вкупните емисии на NMVOCs во периодот 1990-2000 учествува со најголем удел (31% во 1990 година). Во 2020 година, уделот во вкупните годишни емисии на NMVOCs од оваа NFR изнесува само 5%, при што во 2020 година споредено со 1990 година емисиите се намалени за 93%, додека во однос на 2019 година се пониски за 31%. Може да се заклучи дека во целокупниот период 1990-2020 година се забележува значително опаѓачки тренд на емисиите на NMVOCs од оваа NFR категорија. Сепак, треба да се напомене дека заради расположливост на детални податоци за возниот парк за последните неколку години за период 2005-2020 година се применува методологија на пресметка на емисиите на ниво 3 додека за претходните години пресметките се вршени во примена на методологија на ниво 1 и затоа не може да се изведе конкретен заклучок за трендот на емисии на NMVOCs од оваа категорија во целокупниот извештаен период.

NFR категоријата 1.А.4 – Други сектори (домаќинства, комерцијален, административен) во вкупните емисии на NMVOCs во периодот 1990-2004 учествува со удел од 20 – 30% (22% во 1990 година) и по апсолутна вредност емисиите од оваа NFR категорија, кои главно доаѓаат од согорување на дрва во домаќинствата, комерцијалните и административните објекти како и употреба на мали домашни градинарски и земјоделски алатки, во овој период имаа приближно константна вредност. Од 2005 година се забележува намалување на емисиите на NMVOCs од NFR категоријата 1.А.4 – Други сектори, за околу 40%, првенствено заради намалената потрошувачка на дрва за согорување во домаќинствата и административните објекти. Во периодот 2005-2020 година емисиите на NMVOCs од оваа категорија имаат приближни вредности со одредени осцилации (намалувања и зголемувања). Во 2020 година, уделот во вкупните годишни емисии на NMVOCs од NFR категоријата 1.А.4 – Други сектори изнесува 25% , а во 2020 година споредено со 1990 година емисиите се намалени за 48%, додека во однос на 2019 година се приближно еднакви.

NFR категоријата 2 – Индустриски процеси во вкупните емисии на NMVOCs во периодот 1990-2020 учествува со значаен удел од 20 – 38% (26% во 1990 година) и по апсолутна вредност емисиите од оваа NFR категорија, кои главно доаѓаат од употреба на хемиски препарати и средства за премачкување во домаќинствата и индустријата, производство на различни хемиски и други производи како и производство на храна и пијалоци, во овој период имаа приближно константна вредност, со исклучок на периодот 1990-1992 година кога емисиите беа нешто поголеми споредено со останатиот период 1993-2020 година. Во 2020 година, уделот во вкупните годишни емисии на NMVOCs од NFR категоријата 2 – Индустриски процеси е 38%, а во 2020 година споредено со 1990 година емисиите се намалени за 32%, првенствено заради помалата употреба на средства за премачкување во домаќинствата и индустријата и прекинот на производство на одредени хемиски производи, додека во однос на 2019 година се пониски за 3%.

NFR категоријата 3 – Земјоделство во вкупните емисии на NMVOCs во периодот 1990-2020 година учествува со речиси континуиран удел и тоа: во 1990 година со 12%, додека во 2020 година со удел од 17%. Иако, уделот во последните години во вкупните емисии на NMVOCs од оваа NFR категорија расте, сепак по апсолутна вредност тие се намалени и во 2020 година во однос на 1990 година се редуцирани за 35%. Генерално, се забележува, покрај одредените мали флуктуации (зголемувања и намалување на емисиите со текот на годините), опаѓачки тренд на емисии на NMVOCs од оваа NFR категорија првенствено заради намалување на бројот на кокошки несилки, овци и коњи. Може да се наведе дека во периодот 2007-2018 година вкупните емисии на овие загадувачки супстанции од NFR категоријата 3 Земјоделство по апсолутна вредност се менуваат незначително, за да во 2019 година во однос на 2018 година вкупните емисии се намалени за 11%. Емисиите на NMVOCs во 2020 година во однос на 2019 година се приближно еднакви, односно се забележува незначитечно зголемување на емисиите од 1%.

NFRкатегоријата 1.B – Фугитивни емисии од горива учествува со удел од 12% во вкупните емисии на NMVOCs во 2020 година (6% во 1990 година), со забелешка дека од NFR категоријата 1.B – Фугитивни емисии од горива емисиите се речиси еднакви, по апсолутна вредност, со помали флуктуации, во целиот период 1990-2020 година.

Во однос пак на постигнатите цели во 2020 година, емисиите на NMVOCs се под националната граница плафони дефинирана во Гетеборшкиот протокол и Правилникот за национални граници-плафони.

На следниот графикон е дадена споредба на националните емисии на NMVOCs во период 2018-2020 година со горната граница-плафон за 2010 година.

Графикон 4. Споредба на националните емисии на NMVOCs во период 2018-2020 година со горната граница-плафон за 2010 година

Според прикажаните годишни пресметани емисии Република Северна Македонија е во согласност со Гетеборшкиот протокол и директивата 2001/81/ЕC во однос на овие загадувачки супстанции во сите години во периодот 2018-2020.

Во однос на Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на емисиите на испарливите органски соединенија или на нивното прекугранично пренесување, според кој националните емисии на неметански испарливи органски соединенија треба да се редуцираат за 30% сметајќи од 1988 година како базна година земјата е во согласност со овој протокол во 2020 година, како и од почетокот на неговото усвојување во 2010 година.

Опфат на податоци: excel_1, excel_2

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR категории кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и Секретаријатот на Обединетите Нации. Податоците се достапни по земја на следната веб страна: https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envyixaja.Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Методологијата на пресметка на овој индикатор се базира на пресметани национални емисии и емисии по NFR категории на овие загадувачки супстанци кои се доставени до ЕЕА (Европска агенција за животна средина) и UNECE/EMEP (Економската програма на Обединетите Нации за Европа/ Кооперативната програма за мониторинг и евалуација за прекуграничен пренос на аерозагадување кон Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето) во февруари 2022година.

Пресметките се во согласност со Упатствата на ЕМЕП/ЕЕА за инвентаризација на емисии во воздухот од 2009, 2013, 2016 и 2019 година. Во упатствата се дадени емисиони фактори кои се користени во пресметките.

  • Извор за користената методологија

Методологијата која се користеше при пресметката и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатствата за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013, 2016 и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови: http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019.

Цели

Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на неметански испарливи органски соединенија зацртани се следните цели:

  1. Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
    • воведена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатството за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на NMVOCs (неметански испарливи органски соединенија), во килотони на година, по принципот n-2, каде n е тековната година .
  2. Директива 2001/81/ЕC, Гетеборшки протокол и Правилник за количините на горните граници-плафоните на емисиите на загадувачките супстанции со цел утврдување на проекции за одреден временски период кои се однесуваат на намалувањето на количините на емисиите на загадувачките супстанции на годишно ниво
    • национална граница – плафон за емисиите на NMVOCs од 30 килотони
  3. Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на емисиите на испарливите органски соединенија или на нивното прекугранично пренесување, според кој националните емисии на неметански испарливи органски соединенија треба да се редуцираат за 30% сметајќи од 1988 година и треба да изнесуваат најмногу 44 kt.

Обврска за известување

  • Обврските за известување кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP), како и Европската агенција за животна средина (ЕЕА)
  • Годишен извештај од обработени податоци за емисии во воздухот
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина

Општи мета-податоци

Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Земјоделство, Отпад, Домаќинства, Енергија, Транспорт, Здравство,Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 050 – 3 Временска покриеност 1990-2020
Име на индикаторот Емисија на основни загадувачки супстанци -неметански испарливи органски соединенија (NMVOC) Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање, Инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздухот, 1990-2018 година
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 25.07.2022
Тип A Подготвено/ажурирано од: Павле Малков
Aлександра Н.Крстеска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
p.malkov@moepp.gov.mk
a.krsteska@moepp.gov.mk
 

Поврзаност со други индикатори

МК НИ 050-3Емисија на основни загадувачки супстанции – неметански испарливи органски соединенија (NMVOC) EEA – Европска агенција за животна средина IND-366/CSI 040, AIR 005
Emissions of the main air pollutants in Europe
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа A1/3 – Emissions of pollutants into the atmospheric air
Каталог на индикатори за животна средина 32 – Emissions of the main air pollutants in Europe (EEA_CSI040/APE010)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не

 

Дефиниција

Овој индикатор ги следи трендовите на амонијакот.

Индикаторот, исто така, обезбедува информации за емисиите на амонијак во воздухот по подсектори во клучниот сектор Земјоделство.

Единици

  • kt/година (килотони на година)

Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на амонијакот во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Во 1990 година вкупните национални емисии на NH3 изнесуваат 15.8 килотони. Во 2020 година емисиите изнесуваат 8.5 kt и се намалени за 46% споредено со 1990 година што претставува изразеннапредок во намалувањето на вкупните емисии на NH3.

Најголемо учество во вкупните емисии има NFR категоријата3 – Земјоделство со годишен удел од најмалку 85% во целиот период 1990-2020 година, додека во 2020 овој удел изнесува 90%.

Намалените емисии на амонијак во 2020 година произлегуваат од намалениот број на одгледуван добиток, намалени земјоделски површини и намалена примена на вештачки ѓубрива, заради зголемената миграција село-град.

Специфично прашање за политиката

Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на амонијак?

Главен извор на емисии на NH3 во 2020 година е NFRкатегоријата 3 – Земјоделство со удел од 90%. Категоријата 1.А.4 – Други сектори (домаќинства, комерцијален и административни капацитети), учествува со удел од само 7% додека останатите NFRкатегории незначително учествуваат во вкупните емисии на амонијак.

Оценка

Максимална вредност на вкупни национални емисии на NH3 има во 1990 година и тие изнесуваа 15.8 kt. Во 2020 година вкупните емисии изнесуваат 8.5 kt и во однос на 1990 година се намалени за 46%, додека во однос на 2019 година се намалени за 1%. Трендот на вкупните емисии на амонијак е прикажан на следниот графикон.

Графикон 1. Тренд на вкупни емисии на NH3 во периодот 1990-2020 година

Во целиот период 1990-2020 година се забележува генерално континуиран благ опаѓачки тренд, со одредени помали флуктуации (зголемувања) во одредени години, на вкупните годишни емисии на NH3. Ова се должи на намалениот број на одгледуван добиток, намалени земјоделски површини и намалена примена на вештачки ѓубрива.

Дека најголем удел во вкупните емисии на амонијак во 2020 година има NFRкатегоријата 3Земјоделство може да се види од следниот графички приказ.

Графикон 2: Удел во вкупните национални емисии на NH3 по NFRкатегории во 2020 година

NFR категоријата 3 Земјоделство е клучен извор на емисија на амонијак во целиот прегледен период 1990-2020 година со удел од над 85% во текот на целиот период (92% во 1990 година, додека во 2020 година 90%). Со цел да се утврди уделот на подкатегориите во категоријата 3 Земјоделство,даден е преглед за емисиите на амонијак во целиот период по NFR подкатегории.

Графикон 3.  Eмисии на NH3 oд NFR категоријата земјоделство по подкатегории на годишно ниво во периодот 1990-2020

Најголем удел во вкупните емисии на амонијак имаат подкатегориите: одгледување млечни крави (24.3% во 2020 година), урина депозитирана од тревопасни животни (13,6% во 2020 година), употреба на ѓубриво од животни (22.4% во 2020 година). Состојбата е слична и во претходните неколку години, додека во 1990 година поголем е уделот од урина депозитирана од тревопасни животни (20%), додека уделот на одгледуваните млечни крави учествува со 14%, што произлегува од поголемиот број на вкупно одгледувани тревопасни животни во минатото.

Кај NFR категоријата, 1.А.4 – Други сектори учеството во вкупните емисии на NH3 и во 1990 година и во 2020 учествува со удел од 7%,. Во 2020 година во однос на 1990 година емисиите се редуцирани за 50% , а во споредба со 2019 година се зголемени за 2%. Причината за ова во NFR категорија 1.А.4 – Други сектори е согорувањето на фосилни горива од страна на домаќинствата, комерцијалните и административни објекти, пред се дрва, и трендот на емисиите на NH3 од оваа NFR категорија го следи трендот на потрошувачка на дрва во земјата од страна на домаќинствата, комерцијалните и административните објекти.

Со цел пак да се утврди дали е постигната целта за оваа загадувачка супстанца согласно националното законодавство и меѓународните договори даден е приказ на емисиите на амонијак во последните три години споредбено со националната граница-плафон.

Графикон 4. Споредба на националните емисии на NH3 во период 2018-2020 година со горната граница-плафон за 2010 година

Според прикажаните годишни пресметани емисии на амонијак, нашата земја е во согласност со националната граница-плафон за амонијак од 12kt, наведена во националното законодавство за 2010 година согласно директивата 2001/81/ЕC и во Анекс II од Гетеборшкиот протокол во однос на оваа загадувачка супстанца.

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR категории кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и Секретаријатот на Обединетите Нации. Податоците се достапни по земја на следната веб страна:  https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envyixaja. Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Методологијата на пресметка на овој индикатор се базира на пресметани национални емисии и емисии по NFR категории на оваа загадувачка супстанца кои се репортирани до ЕЕА (Европска агенција за животна средина) и UNECE/EMEP (Економската програма на Обединетите нации за Европа/ Кооперативната програма за мониторинг и евалуација за прекуграничен пренос на аерозагадување кон Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето во февруари 2022 година.

Пресметките се во согласност со упатствата на ЕМЕП/ЕЕА за инвентаризација на емисии во воздухот од 2009, 2013, 2016 и 2019 година. Во упатствата се дадени емисиони фактори кои се користени во пресметките, но воедно изборот на емисиони фактори е направен врз основа на националните околности во секторот земјоделство во земјава.

  • Извор на користената методологија

Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатствата за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013, 2016 и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019).

Цели

Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на NH3 зацртани се следните цели:

  1. Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
  2. Директива 2001/81/ЕC, Гетеборшки протокол и Правилник за количините на горните граници-плафоните на емисиите на загадувачките супстанции со цел утврдување на проекции за одреден временски период кои се однесуваат на намалувањето на количините на емисиите на загадувачките супстанции на годишно ниво
  • воведена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатството за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на NH3, во килотони на година, по принципот n-2, каде n е тековната година .
  • национална граница – плафон за емисиите на NH3 од 12 килотони.

Обврска за известување

  • Обврските за известување кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето, како и ЕЕА
  • Годишен извештај од обработени податоци за емисии во воздухот
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина

Општи мета-податоци

Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Земјоделство, Отпад, Домаќинства, Енергија, Транспорт, Здравство,Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 050 – 4 Временска покриеност 1990-2020
Име на индикаторот Емисија на основни загадувачки супстанци – Емисија на амонијак (NH3) Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање, Инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздухот за период 1990-2018 гoдина.
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 22.07.2022
Тип A Подготвено/ажурирано од: Павле Малков
Aлександра Н.Крстеска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
p.malkov@moepp.gov.mk
a.krsteska@moepp.gov.mk
 

Поврзаност со други индикатори

МК НИ 050-4Емисија на основни загадувачки супстанции – амонијак (NH3) EEA – Европска агенција за животна средина IND-366/CSI 040, AIR 005
Emissions of the main air pollutants in Europe
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа A1/4 – Emissions of pollutants into the atmospheric air
Каталог на индикатори за животна средина 32 – Emissions of the main air pollutants in Europe (EEA_CSI040/APE010)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не

 

Дефиниција

Овој индикатор ги следи трендовите на јаглерод моноксид (CO).

Единици

  • kt/година (килотони на година)

Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на јаглерод моноксид во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Во 1990 година вкупните национални емисии на CO изнесуваа 132.4 kt. Во 2020 година емисиите изнесуваат 49.5 kt и се намалени за 63% споредено со 1990 година, што претставува значителен напредок во намалувањето на вкупните емисии на CO.

Намалувањето на емисиите на оваа загадувачка супстанца произлегува од намалената потрошувачка на фосилни горива во домаќинствата и административните објекти како и намалената емисија од транспортот во текот на прегледниот период 1990-2020 година.

Специфично прашање за политиката

Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на јаглерод моноксид?

Главен извор на емисии на CO во 2020 година е NFRкатегоријата 1.А.4 – Други сектори (домаќинства, комерцијален, администртивен)со удел од 68.1%, по што следува NFRкатегоријата1.А.3 – Транспорт со удел од 11%. Потоа следуваат категориите 1.А.2 – Согорување во производни индустрии и градежништво) со удел од 9.7% и5 – Отпад со удел од 6.9%.

Останатите NFRкатегории незначително учествуваат во вкупните емисии на јаглерод моноксид во 2020 година.

Оценка

Вкупните национални емисии на јаглерод моноксид за1990 година изнесуваа 132.4 kt. Во 2020 година вкупните емисии изнесуваат 49.5 kt и во однос на 1990 година се намалени за 63%, додека во однос на 2019 година се намалени за 8%.

Трендот на вкупните емисии на јаглерод моноксид во периодот 1990-2020 година е прикажан на следниот графикон.

Графикон 1. Тренд на вкупни емисии на јаглерод моноксид во периодот 1990-2020 година

Трендот на вкупните емисии на CO во периодот 1990-2004 е генерално постојан со некои, во одредени години малку поизразени пикови (максимум во 2000 година со вредност од 144.1 kt и поголеми падови во 1991 и 2001 година). Во периодот 2005-2020 година трендот е општо гледано опаѓачки при што во 2005 година се забележува поголемо намалување на вкупните емисии на CO со вредност од 91 kt. Во овој период 2005-2020 година трендот е благо опаѓачки со исклучок на малите растечки пикови во 2012 и 2016 година додека во 2020 година се јавува најниската вредност на вкупни годишни емисии на јаглерод моноксид за целиот прегледен период 1990-2020 година со вредност од 49.5 kt.

Уделот на одделните NFRкатегории во вкупните емисии на CO за 2020 година може да се увиди и од приказот на Графикон 2.

Графикон 2: Удел во вкупните национални емисии на CO по сектори во 2020 година

Клучни извори на емисии на јаглерод моноксид се согорување на фосилни горива од Домаќинствата, комерцијалните и административните објекти и согорување на течните горива од Сообраќајот (Транспортот), во целиот период 1990-2020 година. Ова, може да се забележи од следниот графикон каде се даден емисиите на CO за целиот прегледен период 1990-2020 година по NFR категории.

Графикон 3. Eмисии на CO по NFR категории на годишно ниво во периодот 1990-2020 година

Од направената анализа на различните NFR категории во прегледниот период може да се донесат следните заклучоци:

NFR категоријата 1.А.4 – Други сектори (домаќинства, комерцијален, административен) во 1990 година учествува во вкупните емисии на CO со удел од 51%, додека во 2020 година, нејзиниот удел е 68%. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени за повеќе од половина, односно за 51%, додека во однос на 2019 година се незначително зголемениза 1%.

Може да се каже дека трендот на вкупните годишни емисии на CO од NFR категоријата 1А4 Други сектори генерално зависи од количината на потрошувачка на дрва од страна на домаќинствата, комерцијалните и административните објекти и со одредени мали отстапувања го следи вкупниот тренд на годишните емисии на јаглерод моноксид од сите категории.

NFR категоријата 1.А.3 – Транспорт во 1990 година учествува во вкупните емисии на CO со удел од 39%, додека во 2020 година, нејзиниот удел е 11%. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени дури за 90%, додека во однос на 2019 година за високи 29%. Најголем удел во емисиите на CO од оваа NFR категорија има подкатегоријата патнички возила, односно трендот на емисиите на јаглерод моноксид го следи оној на бројот на патнички возила и изминат пат од нивна страна. Треба да се напомене дека за периодот 2005-2020 година применето е ниво 3 на методологија односно моделот COPERT V додека за претходниот период ниво 1 методологија односно постои неконзистеност на применетата методологија на чие изедначување ќе се работи понатаму.

NFR категоријата 1.А.2 – Согорување во производни индустрии и градежништво во 1990 година учествува во вкупните емисии на CO со удел од само 4%, додека во 2020 година, нејзиниот удел е 10%, што не се должи на некоја зголемената емисија на CO од оваа NFR категорија по апсолутна вредност туку намалувањето на емисиите на CO од NFR категориите 1.А.4 – Други сектори и 1.А.3 – Транспорт. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени за 18%, додека во однос на 2019 година се намалени за 29%.

NFR категоријата 5 – Отпад во 1990 година учествува во вкупните емисии на CO со удел од само 2%, додека во 2020 година, нејзиниот удел е зголемен и изнесува 7%. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се зголемени за 59% (заради зголемената количина депониран цврст отпад), додека во однос на 2019 година за 2%.

Останатите NFR категории се незначителни извори на емисии на јаглерод моноксид.

Опфат на податоци: excel_1, excel_2

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR категории кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и Секретаријатот на Обединетите Нации. Податоците се достапни по земја на следната веб страна: https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envyixaja.Податоците наведени во овој индикатор се целосно во согласност со испртените податоци.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Методологијата на пресметка на овој индикатор се базира на пресметани национални емисии и емисии по NFR категории на оваа загадувачка супстанца кои се репортирани до ЕЕА (Европска агенција за животна средина) и UNECE/EMEP (Економската програма на Oбединетите нации за Европа/ Кооперативната програма за мониторинг и евалуација за прекуграничен пренос на аерозагадување кон Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето) во февруари 2022година.

Пресметките се во согласност на Упатствата на ЕМЕП/ЕЕА за инвентаризација на емисии во воздухот од 2009, 2013, 2016 и 2019 година. Во упатствата се дадени емисиони фактори кои се користени во пресметките со исклучок на енергетскиот сектор каде пресметките се направени со користење на национални специфични фактори или примена на податоците од извршените мерења за период 2008-2020 година за оваа загадувачка супстанца за NFR категоријата 1.А.1а, која се однесува за постројки за производство на електрична и топлинска енергија.

  • Извор за користената методологија

Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатствата за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013, 2016 и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019).

Цели

Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на јаглерод моноксид зацртани се следните цели:

  1. Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
    • воведена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатството за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на јаглерод моноксид, во килотони на година, по принципот n-2, каде n е тековната година .

Обврска за известување

  • Обврските за известување кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP), како и Европската агенција за животна средина (ЕЕА)
  • Годишен извештај од обработени податоци за емисии во воздухот
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина

Општи мета-податоци

Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Домаќинства, Отпад, Енергија,Транспорт, Здравство,Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 050 – 5 Временска покриеност 1990-2020
Име на индикаторот Емисија на основни загадувачки супстанци – јаглерод моноксид (CO) Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање, Инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздухот за период 1990-2018 година.
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 25.07.2022
Тип A Подготвено/ ажурирано од: Павле Малков
Александра Н.Крстеска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
p.malkov@moepp.gov.mk
A.Krsteska@moepp.gov.mk
 

Поврзаност со други индикатори

МК НИ 050-5Емисија на основни загадувачки супстанции – јаглерод моноксид (CO) EEA – Европска агенција за животна средина IND-366/CSI 040, AIR 005
Emissions of the main air pollutants in Europe
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа A1/5 – Emissions of pollutants into the atmospheric air
Каталог на индикатори за животна средина 32 – Emissions of the main air pollutants in Europe (EEA_CSI040/APE010)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не

 

Дефиниција

Овој индикатор ги следи трендовите на сите видови цврсти честички и тоа вкупни суспендирани честички (TSP), цврсти честички со големина до 10 микрометри и цврсти честички со големина со 2,5 микрометри.

Единици

  • kt/година (килотони на година)

Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на цврсти честички во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Во 2020 година, вкупните национални емисии на TSP, PM10 и PM2,5 изнесуваат 16.41 kt, 13.43 kt и 8.71 kt, и, соодветно. Во споредба со 1990 година во 2020 година, емисиите се намалени во просек за 72% за сите видови на честички. Ова покажува значителен прогрес во целокупниот тренд. Главната причина за ова намалување се должи на пониските емисии од индустриските процеси (производство на феролегури заради запрено производство или воведување на НДТ, потоа од намалената потрошувачка на јаглен во производство на енергија како и намалена потрошувачка на цврсти горива во домаќинствата на сметка на примена на електрична енергија и пелети).

Понатамошна редукција на овие честички се очекува со проширување на мрежата за гасификацијата како и имлементацијата на активностите во РЕК Битола од Фаза I – кои се однесуваат на редукција на прашина, преку реконструкција на електростатски преципитатори и замена на ID-вентилатори и канали за издувни гасови.

Специфично прашање за политиката

Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на различните видови на цврсти честички?

Најголемиот дел од вкупните национални емисии на различните видови цврсти честички потекнуваат од секторот Енергија односно NFR категориите 1.А.1-Производство на енергија и 1.А.4 – Други сектори (домаќинства, административен, комерцијален,). Со намалување на емисиите од овие клучни категории се очекува и редукција на цврстите честички.

Уделот на овие NFR категории е различен во зависност од големина на цврстите честички. Така за TSP најголем удел има 1.А.4 со 39% по што следи 1.А.1 (24%), а потоа 3-Земјоделие (16%) и 2-Индустриски процеси со 10%. Кај PM10 уделите изнесуваат: 1.А.4 (46%), 1.А.1 (20%) и 3-Земјоделие (18%) додека кај најситните честички (PM2.5), најголем е уделот на 1.А.4 со дури 69% по што следат 1.А.1 со 12% и 1.А.2- Согорување во производни индустрии и градежништво со 8%.

NFR категориите 1.А.3-Транспорт, 1.B – Фугитивни емисии и 5 – Отпад имаат помали удели во вкупните емиси на различните видови цврсти честички.

Оценка

На подолу дадениот графикон прикажан е годишен тренд на емисиите на различните видови честички за период 1990 до 2020 година.

Графикон 1. Тренд на емисии на TSP, PM10 и PM2.5

За годините 2001, 2002 и 2009 емисиите се многу ниски, споредено со другите години. Причините за ова е тоа што емисиите кои доаѓаат од производството на феролегури се многу ниски, заради фактот што во овие години компанијата за производство на феросилициум работела со ограничен капацитет. Воедно производството на феросилициум се намалува и во 2012 од крајот на 2014 и во текот на 2015 година, бидејќи оваа инсталација не ја исполни обврската регулирана во А-дозволата за усогласување со оперативен план за инсталација на филтри за намалување на емисиите на прашина што конечно доведе до нејзино затворање во ноември 2016 година. Исто така, почнувајќи од 2012 се намалува и производството на фероникел. Со текот на годините, емисиите од согорување на цврсто гориво, се намалени, и влијаат на пониските национални емисии на цврсти честички. На променливиот тренд на овие загадувачки супстанци влијае и примената на горива во домаќинствата, од причина што во последните години почнувајќи од 2012 се намалува примената на цврсти горива и јаглен, а се зголемува примената на почисти горива како пелети и електрична енергија.

Уделот во вкупните национални емисии на цврсти честички по NFR категории во 2020 година е прикажана на Графикон 2 и може да се заклучи дека, најголемиот дел од вкупните национални емисии доаѓа од NFR категориите 1.А.4 – Други сектори (пред се греење во домаќинствата) и 1.А.1-Производство на енергија. Од графиконот може да се види дека NFR категоријата 1.А.4 – Други сектори (согорувањето на цврсти горива во домаќинствата и административните објекти) има најголем удел во емисиите на TSP како и во емисиите на поситните честички. Земјоделството, има значително поголеми емисии на TSP и PM10 (околу 2,5 ktво 2020 година), споредено со емисиите на PM2.5 (околу 0.5 ktво 2020 година), заради што уделот на земјоделството во вкупните емисии на TSP и PM10 е значително поголем (16-17%) од уделот во вкупните емисии на PM2.5 (околу 2%).

Графикон 2. Eмисии на PM2.5, PM10 и TSP по NFR категории за 2020 година

На следниот графикон пак се покажани емисиите на вкупни честички (TSP) по NFRкатегории на годишно ниво во периодот 1990-2020 година.

Графикон 3.Eмисии на TSP за период 1990-2020 по NFR категории

Од графиконот може да се забележи дека во минатото најголем удел имале емисиите од индустриските процеси и производството на енергија за разлика од последните години, каде уделот на индустриското производство во вкупните емисии на TSP е многу низок, а клучни категории остануваат производството на енергија и согорување на фосилни горива во домаќинствата и административните објекти. Така во 1990 година уделот на емисиите од Индустриски процеси (најмногу од производство на феролегури) изнесува 48%, додека во 2020 година изнесува 10%. Oд друга страна, уделот на емисии од 1.А.4 – Други сектори односно од согорување на фосилни горива во домаќинствата и административните објекти изнесува 21% во 1990 година, а во 2020 година, заради намалениот удел, односно намалените емисии од секторот индустријата, изнесува 39%.

Емисиите од производство на електрична енергија се намалени од 13 ktна 4 kt заради намалена потрошувачка на јаглен и модернизација на РЕК Битола, но уделот е зголемен од 21% во 1990 година до 24% во 2020 година заради намалениот удел на секторот Индустриски процеси. Сличен е трендот и кај другите видови на цврсти честички.

Во однос на исполнување на барањата од зацртаните цели согласно националните и меѓународните документи може да се заклучи следното: Од причина што плафонот за вкупните емисии (TSP) од големи согорувачки постројки опфатени со Националниот план за намалување на емисиите (НПНЕ) за 2020 година изнесува 1738 тони, а од големите согорувачки постројки во 2020 година се испуштени 3685 тони, целта не е постигната, односно плафонот за оваа загадувачка супстанца за 2020 година е надминат.

Опфат на податоци: excel_1, excel_2

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR категории кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и Секретаријатот на Обединетите Нации. Податоците се достапни по земја на следната веб страна: https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envyixaja/. Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Методологијата на пресметка на овој индикатор се базира на пресметани национални емисии и емисии по NFR категории на овие загадувачки супстанци кои се репортирани до ЕЕА (Европска агенција за животна средина) и UNECE/EMEP (Економската програма на Обединетите Нации за Европа/ Кооперативната програма за мониторинг и евалуација за прекуграничен пренос на аерозагадување кон Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето) во февруари 2022 година. Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци до меѓународни организации.

Пресметките се во согласност со Упатствaта на ЕМЕП/ЕЕА за инвентаризација на емисии во воздухот публикувани во 2009 2013, 2016 и 2019 година. Во упатствата се дадени емисиони фактори кои се користени во пресметките со исклучок на енергетскиот сектор каде пресметките се направени со користење на национални специфични фактори или примена на податоците од извршените мерења за период 2008-2020 година за овие загадувачки супстанции за NFR категоријата 1.А.1а која се однесува за постројки за производство на електрична и топлинска енергија.

  • Извор за користената методологија

Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатствата за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013, 2016 и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019).

Цели

Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на цврсти честички (TSP, PM10 и PM2,5) зацртани се следните цели:

  1. Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
  • воведена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатството за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на TSP, PM10 и PM2,5, во килотони на година, по принципот n-2, каде n е тековната година, при што задолжително е известување почнувајќи од 2000 година.
  1. Согласно договорот со Енергетска заедница усвоен е Националниот план за намалување на емисиите (NERP) од LCP (Големи согорувачки постројки), при што вкупниот плафон за TSP од емисии од големи согорувачки постројки треба да изнесува:
  • 1738 тони за 2018-2023 година.
  • 1361 тони за 2024 година.
  • 985 тони 2025 година.
  • 608 тони за 2026 година.
  • 608 тони за 2027 година.

Обврска за известување

  • Обврските за известување кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP), како и Европската агенција за животна средина (ЕЕА) за период 2000-(n-2), каде n e тековната година.
  • Обврска за известување до Енергетската заедница согласно наведени национални плафони за TSP за период 2018-2027 година произлезени од Националниот план за намалување на емисиите од големи согорувачки постројки.
  • Годишен извештај од обработени податоци за емисии во воздухот
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина

Општи мета-податоци

Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Домаќинства, Отпад, Енергија,Транспорт, Здравство,Индустрија
Код на индикаторот MK НИ061 Временска покриеност 1990-2020
Име на индикаторот Емисии на цврсти честички – вкупни суспендирани честички (TSP), честички со големина до 10 микрометри (PM10) и 2,5 микрометри (PM2,5) Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање, Инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздухот, 1990-2018 година
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 16.06.2022
Тип A Подготвено/ажурирано од: Александра Несторовска-Крстеска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт A.Krsteska@moepp.gov.mk
 

Поврзаност со други индикатори

МК НИ 061 Емисија на цврсти честички EEA – Европска агенција за животна средина CSI 040 – AIR 005; INDP 001
Emissions of the main air pollutants in Europe
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа A1/12, 13, 14 – Emissions of pollutants into the atmospheric air
Каталог на индикатори за животна средина 32 – Emissions of the main air pollutants in Europe (EEA_CSI040/APE010)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не

 

Дефиниција

Овој индикатор ги следи трендовите на полициклични ароматични јаглеводороди (Polycyclic aromatic hydrocarbons – PAHs).

Единици

  • t/година (тони на година)

Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен во редукција на полицикличните ароматични јаглеводороди (PAHs) во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Во 1990 година вкупните национални емисии на PAHs изнесуваа 7.15 t. Во 2020 година емисиите изнесуваат 3.81t и се намалени за 47% споредено со 1990 година што претставува добар напредок во намалувањето на вкупните емисии на PAHs.

Редукцијата на овие загадувачки супстанци, во најголем дел, произлегува од намалената потрошувачка на фосилни горива во домаќинствата и административните објекти, а во помал дел од намалените емисии од индустриските процеси, особено од производството на железо и челик заради намаленото производство, но и заради воспоставување на најдобри достапни техники (НДТ) во овие индустриски капацитети.

Со вклучување на домаќинствата и административни објекти (оние кои досега не се приклучени на природен гас) во процесот на гасификација се очекува натамошно значително намалување на емисиите на PAHs.

Специфично прашање за политиката

Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на PAHs ?

Главен извор на емисии на PAHs во 2020 година е категоријата 1.А.4 – Домаќинства и административни капацитети со удел од 73%. Потоа следи 1.A.2 – Согорување во производни индустрии со удел од 18%, по што следат помали извори на емисија и тоа Отпад со 4% и 2- Индустриски процеси со 2.5%. Останатите сектори имаат незначителен удел во вкупните емисии на PAHs.

Оценка

Вкупните национални емисии на PAHs 1990 година изнесуваа 7.15 t. Во 2020 година вкупните емисии изнесуваат 3.81 t и во однос на 1990 година се намалени за 47%.

Трендот на вкупните емисии на PAHs во периодот 1990-1999 е генерално постојан со некои помали флуктуации. Во 2000 година се забележува првото поголемо зголемување на вкупните емисии на PAHs со вредност од 8.2 t, главно заради зголемување на емисиите од согорување фосилни горива, пред се дрва, од домаќинствата и административните објекти, додека во наредната година следува пад на вредноста на емисиите до 6.6 t, заради намалување на емисиите од истата категорија. Променлив тренд има се до 2005 година од кога трендот е постабилен. Треба да се напомене дека од 2005 година се користат ревидирани податоци за користени горива во домаќинствата и административните капацитети од МАКСТАТ базата. Во перид од 2017-2020 година се забележуваат и најниски емисии заради се поголема примена на чисти горива како електрична енергија и пелети. Во 2020 година во однос на 2019 година има намалување на вкупните емисии од 7%. Трендот на емисии е даден на следниот графикон.

Графикон 1. Тренд на вкупни емисии на PAHs во периодот 1990-2020 година

Уделот на одделните NFR категории во вкупните емисии на PAHs за 2020 година е прикажан на Графикон 2. Доминантниот удел на клучната категорија 1.А.4 – Согорување на фосилните горива во домаќинствата и административните капацитети во вкупните емисии на PAHs за 2020 година може да се увиди и од приказот на Графикон 2.

Графикон 2: Удел во вкупните национални емисии на PAHs по NFR категории во 2020 година

Може да се забележи дека значаен удел во вкупните емисии на PAHs имаат и согорувачките процеси во индустрија. На следниот графикон е прикажан тренд на емисии на PAHs во периодот 1990-2020 година по NFR категории.

Графикон 3. Eмисии на PAHs по NFR категории на годишно ниво во периодот 1990-2020 година

Во целиот период 1990-2020година најголем удел во вкупните годишни емисии на PAHs имаNFR категоријата 1.A.4 – Други сектори (пред се согорување на фосилни горива, главно дрва, од домаќинствата и административните објекти), а помал удел има NFR категоријата 1.А.2 – Согорување во производни индустрии и градежништво. Останатите NFR категории се мали извори на емисии на PAHs.

Во 2020 година уделот од согорување на горива во домаќинствата и административните капацитети изнесува 73% а емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени скоро половина, односно за 51%. Во однос на 2019 година, уделот на емисии од оваа категорија е зголеменза 1.5%.

Може да се каже дека трендот на вкупните годишни емисии на PAHs од NFR категоријата 1.А.4 Други сектори генерално зависи од количината на потрошувачка на дрва од страна на домаќинствата и административните објекти и со одредени мали отстапувања го следи вкупниот тренд на годишните емисии на PAHs од сите категории, со посебно потенцирање на падот на емисиите од оваа категорија во 2012 година заради намалената потрошувачка на фосилни горива од страна на домаќинствата и административните објекти како и поквалитетното согорување и квалитет на истите.

NFR категоријата 1.А.2 – Согорување во производни индустрии и градежништво во 1990 година учествува во вкупните емисии на PAHs со удел од само 11%. Во 2019 година, споредено со 1990 година, емисиите од оваа категорија се зголемени речиси двојно, односно имаа удел од околу 25% (што се должи на двојно зголемената влезна топлотна моќ на цврстите горива, пред се лигнит и кокс, кои се користат за согорување во индустријата). Уделот во вкупните емисии од оваа категорија во 2020 година изнесува 19%, а намалувањето во однос на 2019 година изнесува 32%.

Во однос на исполнување на барањата од зацртаните цели согласно националните и меѓународните документи може да се заклучи следното.

Во однос на Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на испуштањето перзистентни органски загадувачи, според кој емисиите во годината n-2 (каде n e тековната година) треба да не ги надминуваат емисиите во базната година (која за нашата земја е 1990 година), нашата земја е во согласност со овој протокол во однос на пресметаните емисии на полициклични ароматични јаглеводороди (PAHs) за 2020 година.

Опфат на податоци: excel_1, excel_2

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR категории кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и Секретаријатот на Обеденитетите нации. Податоците се достапни на следната веб страна:https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envyixaja/. Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Методологијата на пресметка на овој индикатор се базира на пресметани национални емисии и емисии по NFR категории на овие загадувачки супстанци кои се репортирани до ЕЕА (Европска агенција за животна средина) и UNECE/EMEP (Економската програма на Обединетите нации за Европа/ Кооперативната програма за мониторинг и евалуација за прекуграничен пренос на аерозагадување кон Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето) во февруари 2022 година.

Пресметките се во согласност со Упатствата на ЕМЕП/ЕЕА за инвентаризација на емисии во воздухот од 2009, 2013, 2016 и 2019 година. Во упатствата се дадени емисиони фактори кои се користени во пресметките со исклучок на енергетскиот сектор каде пресметките се направени со користење на национални специфични фактори или примена на податоците од извршените мерења за период 2008-2020 година за овие загадувачки супстанци за NFR категоријата 1.А.1.а, кој се однесува за постројки за производство на електрична и топлинска енергија.

  • Извор за користената методологија

Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатствата за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013, 2016 и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019).

Цели

Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на полициклични ароматични јаглеводороди (PAHs) зацртани се следните цели:

  1. Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
  • воведена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатството за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на PAHs, во тони на година, по принципот n-2, каде n е тековната година.
  1. Протокол кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот за перзистентни органски загадувачи
  • националните вкупни емисии на PAHs во период 1990-(n-2) година (каде n е тековната година) не треба да ги надминуваат вкупните емисии пресметани за 1990 година (која е земена како базна година)

Обврска за известување

  • Обврските за известување кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP), како и Европската агенција за животна средина (ЕЕА)
  • Годишен извештај од обработени податоци за емисии во воздухот
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина

Општи мета-податоци

Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Домаќинства, Отпад, Енергија,Транспорт, Здравство,Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 062 – 1 Временска покриеност 1990-2020
Име на индикаторот Емисии на тешко разградливи органски загадувачки супстанци – полициклични ароматични јаглеводороди (PAHs) Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање, Инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздухот за период 1990-2018 година
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 17.06.2022
Тип Б Подготвено/ажурирано од: Павле Малков
Александра Н. Крстеска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: p.malkov@moepp.gov.mk
A.Krsteska@moepp.gov.mk
 

Поврзаност со други индикатори

МК НИ 062-1Емисии на тешко разградливи органски загадувачки супстанци – полициклични ароматични јаглеводороди (PAHs) EEA – Европска агенција за животна средина ND-170/AIR 002
Persistent organic pollutant emissions
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа A1/9 – Emissions of pollutants into the atmospheric air
Каталог на индикатори за животна средина 41 Persistent organic pollutant emissions (EEA_APE006)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не

 

Дефиниција

Овој индикатор ги следи трендовите на полихлорирани бифенили (PCBs).

Единици

  • kg/година (килограми на година)
Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на полихлорирани бифенили во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Во 1990 година вкупните национални емисии на PCBs изнесуваат 382.12 kg. Во 2020 година емисиите изнесуваат 237.2 kg и се намалени за 38% споредено со 1990 година што претставува голем напредок во намалувањето на вкупните емисии на PCBs.

Специфично прашање за политиката

Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на PCBs ?

Главен извор на емисии на PCBs во 2020 година е секторот Индустрија (Производство) со удел од 99.5%. Останатите сектори имаат минимални удели удели во вкупните емисии на PCBs.

Оценка

Вкупните национални емисии на PCBs во 1990 година изнесуваа 382 kg. Во 2020 година вкупните емисии изнесуваат 237 kg и во однос на 1990 година се намалени за 38%, додека во однос на 2019 година се намалени за незначителни 0.5%.

Трендот на вкупните годишни емисии на PCBs во периодот 1990-2020 година може да се подели на три дела и тоа: период 1990-2004 година кога трендот практично го следи оној од NFR категоријата 2 – Индустриски процеси (Производство на олово и Производство на цинк од Топилницата за олово и цинк во Велес која престанува со работа во 2004 година) и кога се забележуваат најголеми годишни емисии на PCBs, секако со одредени помали или поголеми флуктуации, и кои зависат од количината на произведено олово и цинк, потоа периодот 2005-2014 година кога вкупните годишни емисии секоја година се на историски минимум и период 2015-2020 година кога се забележува континуиран пораст на вкупните емисии на PCBs како резултат на NFR категоријата 2 – Индустриски процеси (Производство на секундарно олово во фабрика за акумулатори). Категоријата 2.К, која се однесува на емисии на тешко разградливи органски соединенија и тешки метали од електрична и електронска опрема има најголем удел во целокупниот период a за пресметките согласно најниското ниво на методологија како податок се зема популацијата што доведува до поголема несигурност на овие податоци. Поради тоа е потребно во иднина да се премине на пресмeтка со повисоко ниво на методологија. Трендот на националните емисии на оваа загадувачка супстанца може да се забележи на следниот графикон.

Графикон 1. Тренд на вкупни емисии на PCBs во периодот 1990-2020 година

Оценката на уделите на различните сектори во 2020 година е направена со пресметка на емисиите на PCBs по NFR категории. Уделот на клучниот сектор, Индустриски процеси (производство) во вкупните емисии на PCBs за 2020 година може да се увиди и од приказот на Графикон 2.

Графикон 2: Удел во вкупните национални емисии на PCBs по NFRкатегории во 2020 година

Најголем удел во вкупните годишни емисии на PCBs, историски гледано во целиот период 1990-2020 година, има NFR категоријата 2 – Индустриски процеси, и тоа убедливо со најголемо учествона подкатегориите:Eмисии на тешко разградливи органски соединенија и тешки метали од електрична и електронска опрема, Производство на олово и Производство на цинк (Топилницата за олово и цинк во Велес, период 1990-2004 година), а со далеку помал удел и подкатегоријата Производство на железо и челик, со исклучок на периодот 2005-2014 година кога запира производството на олово и цинк. Во периодот 2015-2020 година повторно се јавува растечки тренд на вкупните годишни емисии на овие загадувачки супстанции од NFR категоријата 2 – Индустриски процеси, преку подкатегоријата, Производство на олово (секундарно олово во фабрика за акумулатори) која подкатегорија станува главниот извор на емисии на PCBs во овој период.

На следниот графикон е прикажан тренд на емисии на PCBs во периодот 1990-2020 година по NFR категории.

Графикон 3. Eмисии на PCBs по NFR категории на годишно ниво во периодот 1990-2020 година

Oд дадениот графички приказ и направените анализи можат да се изведат следните заклучоци. Во 1990 година клучната NFR категорија, 2 – Индустриски процеси учествува во вкупните емисии на PCBs е со удел од 100%, додека во 2020 година, нејзиниот удел изнесува 99.5%. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени за 38%, а во однос на изминатата година се намалени за 0.5 %.

Останатите NFR категории се незначителни извори на емисии на PCBs.

Опфат на податоци: excel_1, excel_2

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR категории кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и Секретаријатот на Обединетите нации. Податоците се достапни на следната веб страна: https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envyixaja/. Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци до меѓународните организации.

Методологија

  • Методологија за пресметка на индикаторот

Методологијата на пресметка на овој индикатор се базира на пресметани национални емисии и емисии по NFR категории на овие загадувачки супстанци кои се репортирани до ЕЕА (Европска агенција за животна средина) и UNECE/EMEP (Економската програма на Обединетите нации за Европа/ Кооперативната програма за мониторинг и евалуација за прекуграничен пренос на аерозагадување кон Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето) во февруари 2022година.

Пресметките се во согласност со Упатствата на ЕМЕП/ЕЕА за инвентаризација на емисии во воздухот од 2009, 2013, 2016 и 2019 година. Во упатствата се дадени емисиони фактори кои се користени во пресметките со исклучок на енергетскиот сектор каде пресметките се направени со користење на национални специфични фактори или примена на податоците од извршените мерења за период 2008-2020 година за основните загадувачки супстанци за NFR категоријата 1.А.1.а, кој се однесува за постројки за производство на електрична и топлинска енергија.

  • Извор за користената методологија

Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатствата за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013, 2016 и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019).

Цели

Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на полихлорирани бифенили (PCBs) зацртани се следните цели:

  1. Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
  • воведена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатството за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на PCBs, во килограми на година, за период 1990 – (n-2), каде n е тековната година.

Обврска за известување

  • Обврските за известување кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP), како и Европската агенција за животна средина (ЕЕА)
  • Годишен извештај од обработени податоци за емисии во воздухот
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Домаќинства, Отпад, Енергија,Транспорт, Здравство,Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 062 – 2 Временска покриеност 1990-2020
Име на индикаторот Емисии на тешко разградливи органски загадувачки супстанци – полихлорирани бифенили (PCBs) Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање, Инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздухот за пеиод 1990-2018
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 20.06.2022
Тип Б Подготвено/ажурирано од: Павле Малков
Александра Н.Крстеска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: p.malkov@moepp.gov.mk
A.Krsteska@moepp.gov.mk
 
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 062-2Емисии на тешко разградливи органски загадувачки супстанци – полихлорирани бифенили (PCBs) EEA – Европска агенција за животна средина ND-170/AIR 002
Persistent organic pollutant emissions
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа A1/10 – Emissions of pollutants into the atmospheric air
Каталог на индикатори за животна средина 41 Persistent organic pollutant emissions (EEA_APE006)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не

 

Дефиниција

Овој индикатор ги следи трендовите на диоксини и фурани (Polychlorinated dibenzo-p-dioxins (PCDD), dibenzofurans (PCDF)).

Единици

  • g I-TEQ / година (грами на токсичен еквивалент на година)

Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на диоксини и фурани во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Во 1990 година вкупните национални емисии на PCDD/PCDF изнесуваа 19.82 g I-TEQ. Во 2020 година емисиите изнесуваат 8.64 g I-TEQ и се намалени за 56% споредено со 1990 година што претставува значителен напредок во намалувањето на вкупните емисии на диоксини и фурани.

Специфично прашање за политиката

Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на PCDD/PCDF ?

Главен извор на емисии на PCDD/PCDF во 2020година е категоријата 1.А.4 – Други сектори- Домаќинства и административни објекти со удел од 74%. Помало учество во вкупната емисија на диоксини/фурани имаат категоријата 1.А.2 – Согорување во производни индустрии и градежништво со удел од 10%. Категоријата 2 Индустриски процеси е со удел од 7%, а категориите Производство на енергија, Транспорт и Отпад со околу 3%, 2% и 3% соодветно. Останатите сектори се незначителни извори на емисии на PCDD/PCDF.

Оценка

Вкупните национални емисии на PCDD/PCDF во 1990 година изнесуваа 19.82 g I-TEQ. Во 2020 година вкупните емисии изнесуваат 8.64 g I-TEQ и во однос на 1990 година се намалени за 56%, додека во однос на 2019 година се намалени за 7%.

Трендот на вкупните годишни емисии на PCDD/PCDF во периодот 1990-2020 година е прикажан на следниот графикон.

Графикон 1. Тренд на вкупни емисии на PCDD/PCDF во периодот 1990-2020 година

Трендот може да се подели на три дела и тоа: период 1990-2000 година кога трендот е генерално постојан, секако со одредени мали флуктуации. Вториот период започнува од 2000 година, кога се забележува зголемување на емисиите заради започнување на процесот на инценерација на медицински отпад во 2000 година и трае со флуктации се до 2018 година кога е поставен воден филтер. Од механичкиот фаќач на PM честици гасовите поминуваат низ водена магла (водена магла се постигнува со помош на пумпа) со што се завршува процесот на прочистување на гасовите. Согласно забелешките на Ревизијата применето е повисоко ниво на пресметка на емисиите и примена на емисиони фактори кои произлегуваат на ЕМЕП Упатство за 2009 година каде е наведена примената на ваков тип на редукција.Оценката на уделите на различните сектори во 2020година е направена преку пресметка на емисиите по NFR категории. Уделот на клучната категорија 1.A.4 – Други сектори која се однесува на согорување на фосилните горива во домаќинствата и административните објекти во вкупните емисии на овие загадувачки супстанци за 2020 година може да се увиди и од приказот на Графикон 2.

Графикон 2: Удел во вкупните национални емисии на PCDD/PCDF по NFR категории во 2020 година

Главни извори на емисии на PCDD/PCDF во целиот период 1990-2020 година се NFR категориите 1.А.4 – Други сектори и тоа главно согорување на фосилни горива, пред се дрва, во домаќинствата и административните објекти и 5-Отпад. Во 1990 година овие категории учествуваат во вкупните емисии на диоксини/фурани со удели од 65% и 1%, додека во 2020 година, нивните удели се 74% и 3%, соодветно. Во 2020 година емисиите NFR категоријата 1.А.4 – Други сектори во однос на 1990 година се намалени за половина, односно за 56%, а во однос на 2019 година за 7%. NFR категоријата 5-Отпад особено висок удел во вкупните емисии на овие загадувачки супстанции имаше во периодот 2001-2017 година. Во 2017 година уделот во вкупните емисии од оваа категорија изнесуваше 83%.

На следниот графикон е прикажан тренд на емисии на овие загадувачки супстанци во периодот 1990-2020 година по NFR категории.

Графикон 3. Eмисии на PCDD/PCDF по NFR категории на годишно ниво во периодот 1990-2020 година

Од направените анализи и прикажаниот графикон може да се изведат следните заклучоци:

Како главни извори на емисии на PCDD/PCDF може да се утврдат NFR категориите Отпад, Согорување на горива во домаќинствата и административните капацитети и индустриските процеси.

Согорувањето на горива во домаќинствата и административните капацитети и индустриските процеси, е клучен извор во период од 1990-1999 година, а воедно и во 2020 година. Во 2020 година оваа категорија учествува со 74%, а намалувањето на емисиите во однос на 1990 и 2019 година изнесува 56% односно 7%.

Категоријата отпад е клучен извор на емисија на овие загадувачки супстанци во период од 2000 до 2018 година, додека во останатиот период клучни се другите две споменати категории. Оваа категорија пак во 2020 година учествува со 3%, а се забележува зголемување на емисиите во однос на претходната година од 4%.

Од друга страна пак, категоријата Индустриски процеси која во 1990 година учествуваше со 27% во вкупните емисии во 2020 година, учествува само со 7%. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени за 88%, додека во однос на 2019 година за 27%. Причината за ваквото однесување лежи во тоа што во целиот период 1990-2020 година во емисиите од оваа категорија главно учество имаат две подкатегории и тоа Производство на железо и челик со околу 50% и Производство на цинк (Топилницата во Велес) од околу 45%. По престанокот на работа на Топилницата во 2004 година, почнувајќи од 2005 до 2020 година главен извор за емисии на диоксини/фурани од NFR категоријата 2 Индустриски процеси останува само подкатегоријата Производство на железо и челик.

NFR категоријата 1.А.2 – Согорување во производни индустрии и градежништво во вкупните емисии на диоксини/фурани во 1990 година учествуваше со 5%, додека во 2020 година, нејзиниот удел е зголемен и изнесува 10% соодветно. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се незначително намалени, додека во однос на 2019 година се намалениза 32%.

Останатите NFR категории се незначителни извори на емисии на PCDD/PCDF.

Во однос на исполнување на барањата од зацртаните цели согласно националните и меѓународните документи може да се заклучи следното: Во однос на Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на испуштањето перзистентни органски загадувачи, според кој емисиите во годината n-2 (каде n e тековната година) треба да не ги надминуваат емисиите во базната година (која за нашата земја е 1990 година), нашата земја е во согласност со овој протокол во однос на пресметаните емисии на диоксини и фурани (PCDD/PCDF) за 2020 година.

Опфат на податоци: excel_1, excel_2

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR категории кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и Секретаријатот на Обединетите нации. Податоците се достапни по земја на следната веб страна: https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envyixaja/. Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци до меѓународни организации.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Методологијата на пресметка на овој индикатор се базира на пресметани национални емисии и емисии по NFR категории на овие загадувачки супстанци кои се репортирани до ЕЕА (Европска агенција за животна средина) и UNECE/EMEP (Економската програма на Обединетите нации за Европа/ Кооперативната програма за мониторинг и евалуација за прекуграничен пренос на аерозагадување кон Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето) во февруари 2022 година.

Пресметките се во согласност со Упатствата на ЕМЕП/ЕЕА за инвентаризација на емисии во воздухот од 2009, 2013, 2016 и 2019 година. Во упатствата се дадени емисиони фактори кои се користени во пресметките со исклучок на енергетскиот сектор каде пресметките се направени со користење на национални специфични фактори или примена на податоците од извршените мерења за период 2008-2020 година за основните загадувачки супстанци за NFR категоријата 1.А.1.а, кој се однесува за постројки за производство на електрична и топлинска енергија.

  • Извор за користената методологија

Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатствата за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013, 2016 и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019).

Цели

Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на диоксини и фурани (PCDD/PCDF) зацртани се следните цели:

  1. Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
  • воведена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатството за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на PCDD/PCDF, во g I-TEQ (грами на токсичен еквивалент) на година, по принципот n-2, каде n е тековната година.
  1. Протокол кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот за перзистентни органски загадувачи
  • националните вкупни емисии на PCDD/PCDF во период 1990 – (n-2) година (n е тековната година) не треба да ги надминуваат вкупните емисии пресметани за 1990 година (која е земена како базна година)

Обврска за известување

  • Обврските за известување кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP), како и Европската агенција за животна средина (ЕЕА)
  • Годишен извештај од обработени податоци за емисии во воздухот
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина

Општи мета-податоци

Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Домаќинства, Отпад, Енергија,Транспорт, Здравство,Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 062 – 3 Временска покриеност 1990-2020
Име на индикаторот Емисии на тешко разградливи органски загадувачки супстанци – диоксини и фурани (PCDD/F) Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање, Инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздухот за период 1990-2018 година
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 20.06.2022
Тип Б Подготвено/ажурирано од: Павле Малков
Александра Н.Крстеска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: p.malkov@moepp.gov.mk
A.Krsteska@moepp.gov.mk
 

Поврзаност со други индикатори

МК НИ 062-3Емисии на тешко разградливи органски загадувачки супстанци – диоксини и фурани (PCDD/PCDF) EEA – Европска агенција за животна средина ND-170/AIR 002
Persistent organic pollutant emissions
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа A1/11 – Emissions of pollutants into the atmospheric air
Каталог на индикатори за животна средина 41 Persistent organic pollutant emissions (EEA_APE006)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не

 

Дефиниција

Овој индикатор ги следи трендовите на хексахлоробензен (HCB).

Единици

  • kg/година (килограми на година)

Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на хексахлоробензен во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Во 1990 година вкупните национални емисии на HCB изнесуваат 44.3kg. Во 2020 година емисиите изнесуваат 0.15kg и се намалени за 99% споредено со 1990 година што претставува извонреден напредок во намалувањето на вкупните емисии на HC

Специфично прашање за политиката

Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на HCB ?

Главен извор на емисии на HCB во 2020 година за првпат е категоријата Отпад со удел од 69%. Во претходните години клучен извор беше индустријата, но заради тоа што инсталацијата за производство на алуминиум од која произлегуваат емисиите на HCBе во стечај од 2021 година и поради недостапност на податоци за 2020 година, клучен извор на емисија на оваа загадувачка супстанца е категоријата Отпад.

Оценка

Вкупните национални емисии на HCB во 1990 година изнесуваа 44.3 kg. Во 2020 година вкупните емисии се драстично намалени на 0.15 kg и во однос на 1990 година се намалени за 99.5%. Во однос на 2019 година вкупните емисии се намалени за 96.5% заради немање емисии од категоријата индустрија која до 2019 година беше убедливо најголемиот извор на емисија на оваа загадувачка супстанција (96.7% во 2019 година).

Пикот на емисиите во 1999 и 2002 година се должи на зголемено секундарно производство на алуминиум. Значителното намалување на емисиите помеѓу 2003 и 2004 година е исто така предизвикано затварање на инсталација за производство на алуминиум. Од тогаш па натаму, нивото на емисија останува прилично пониско, но сепак со благи флуктуации кои зависат од производството на алуминиум. Најважните намалувања може да се забележат во секторот 2 Индустриски процеси (производство на алуминиум). Поради немање емисии на оваа загадувачка супстанца од производство на алуминиум (главна подкатегорија од која потекнуваат емисиите на HCB), емисиите се значително пониски во 2020 година кога изнесувале 0.15 kg во споредба со 2019 година кога изнесувале 4.4 kg. Ова може да се забележи на следниот графикон.

Графикон 1. Тренд на вкупни емисии на HCB во периодот 1990-2020 година

Оценката на уделите на различните сектори во 2020 година е направена преку пресметка на емисиите по NFR категории. Уделот на клучниот сектор 2 Индустриja (производство) во вкупните емисии на HCB за 2020 година може да се увиди и од приказот на Графикон 2.

Графикон 2: Удел во вкупните национални емисии на HCB по NFR категории во 2020 година

Најголем удел во вкупните годишни емисии на HCB, историски гледано во целиот период 1990-2019 година, има NFR категоријата 2 Индустриски процеси, и тоа убедливо со најголемо учество со подкатегориите Производство на алуминиум, а со далеку помал удел и подкатегоријата Производство на железо и челик. Во 2020 година клучен извор е подкатегоријата Отпад и оваа година има различен удел на емисиите споредбено со претходниот период, со напомена дека во 2020 година емисиите на HCB, по апсолутна вредност,се сведени на минимум.

На следниот графикон е прикажан тренд на емисии на HCB во периодот 1990-2020 година по NFR категории.

Графикон 3. Eмисии на HCB по NFR категории на годишно ниво

Опфат на податоци: excel_1excel_2

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR категории кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и Секретаријатот на Обеденитетите нации. Податоците се достапни по земја на следната веб страна:.

Во однос на исполнување на барањата од зацртаните цели согласно националните и меѓународните документи може да се заклучи следното:

Во однос на Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на испуштањето перзистентни органски загадувачи, според кој емисиите во годината n-2 (каде n e тековната година) треба да не ги надминуваат емисиите во базната година (која за нашата земја е 1990 година), нашата земја е во согласност со овој протокол во однос на пресметаните емисии на хексахлоробензен (HCB) за 2020 година.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Методологијата на пресметка на овој индикатор се базира на пресметани национални емисии и емисии по NFR категории на оваа загадувачка супстанца кои се репортирани до ЕЕА (Европска агенција за животна средина) и UNECE/EMEP (Економската програма на Обединетите нации за Европа/ Кооперативната програма за мониторинг и евалуација за прекуграничен пренос на аерозагадување кон Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето) во февруари 2022 година. Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци до меѓународни организации.

Пресметките се во согласност со Упатствата на ЕМЕП/ЕЕА за инвентаризација на емисии во воздухот од 2009, 2013, 2016 и 2019 година. Во упатствата се дадени емисиони фактори кои се користени во пресметките со исклучок на енергетскиот сектор каде пресметките се направени со користење на национални специфични фактори за основните загадувачки супстанци.

  • Извор за користената методологија

Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатствата за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013, 2016 и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019).

Цели

Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на хексахлоробензен (HCB) зацртани се следните цели:

  1. Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
  • воведена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатството за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на HCB, во килограми на година, за период 1990 – (n-2), каде n е тековната година.
  1. Протокол кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот за перзистентни органски загадувачи
  • националните вкупни емисии на HCB во (n-2) година (n е тековната година) не треба да ги надминуваат вкупните емисии пресметани за 1990 година (која е земена како базна година)

Обврска за известување

  • Обврските за известување кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP), како и Европската агенција за животна средина (ЕЕА)
  • Годишен извештај од обработени податоци за емисии во воздухот
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина

Општи мета-податоци

Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Домаќинства, Отпад, Енергија,Транспорт, Здравство,Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 062 – 4 Временска покриеност 1990-2020
Име на индикаторот Емисии на тешко разградливи органски загадувачки супстанци – Хексахлоробензен (HCB) Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање, Инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздухот за период 1990-2018
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 17.06.2022
Тип Б Подготвено/ ажурирано од: Александра Н.Крстеска
Павле Малков
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: A.Krsteska@moepp.gov.mk
p.malkov@moepp.gov.mk
 

Поврзаност со други индикатори

МК НИ 062-4Емисии на тешко разградливи органски загадувачки супстанци – хексахлоробензен (HCB) EEA – Европска агенција за животна средина ND-170/AIR 002
Persistent organic pollutant emissions
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина 41 Persistent organic pollutant emissions (EEA_APE006)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не

 

Дефиниција

Овој индикатор ги следи трендовите на олово(Pb).

Единици

  • t/година (тони на година)

Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на олово во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Во 1990 година вкупните национални емисии на Pb изнесуваа 232.5 t. Во 2020година емисиите изнесуваат 2.27 t и се намалени за 99% споредено со 1990 година што претставува практично максимален напредок во намалувањето на вкупните емисии на олово и историски најниска вредност земајќи го предвид целиот разгледуван период 1990-2020 година.

Намалувањето на емисиите на олово се должи на воведувањето на безоловен бензин и затворање на одделни индустриски инсталации.

Специфично прашање за политиката

Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на Pb ?

Во 2020 година во емисиите на Pb забележително учество имаат неколку NFRкатегории, и тоа: 1.А.4 – Други сектори (домаќинствата, комерцијални и административни капацитети), 1.А.2 – Согорување во производни индустрии и градежништво, 1.А.1 -Производство на енергија, 2 Индустриските процеси и 1.А.3 Транспортсо удел од 29.2%, 24.4%, 19.2%, 13.5% и 10.5%, соодветно. Категоријата 2 Индустриски процеси, која е клучна категорија во минатото во 2020 учествува со 13.5%. Останатите категории се помали или незначителни извори на емисии на Pb.

Оценка

Вкупните национални емисии на Pb во 1990 година изнесуваа 232.5 t. Во 2020 година вкупните емисии изнесуваат 2.27 t и во однос на 1990 година се намалени за 99%, додека во однос на 2019 година се намалени за 20%, со забелешка дека вкупните емисии на олово во 2020 година имаат историски најниска вредност земајќи го предвид целиот разгледуван период 1990-2020 година.

Трендот на емисии на оловото е прикажан на следниот графикон.

Графикон 1. Тренд на вкупни емисии наPb во периодот 1990-2020 година

Од гледиште на причините за трендот на вкупните годишни емисии на олово целиот период 1990-2020 година генерално може да се подели на три дела и тоа: период 1990-2003 кога работи Топилницата за олово и цинк во Велес и се користи оловен бензин во транспортот, еден меѓупериод од две години 2004-2005 година кога престанува со работа Топилницата и започнува употребата на безоловен бензин во транспортот и период 2006-2020 година кога не работи Топилницата во Велес и се употребува само безоловен бензин од кој период се и ниските вкупни годишни емисии на олово и овој тренд се задржува до денес.

И покрај тоа што во деведесетите години клучни извори се индустриското производство и сообраќајот, поинаква е состојбата денес.

Уделот на одделните NFR категории во вкупните емисии на Pb за 2020 година е прикажан на Графикон 2.

Графикон 2: Удел во вкупните национални емисии на Pb по NFR категории во 2020 година

На следниот графикон е прикажан тренд на емисии на олово во периодот 1990-2020 година по NFR категории.

Графикон 3. Eмисии на Pb по NFR категории на годишно ниво во периодот 1990-2020 година

Историски гледано најголем удел во вкупните годишни емисии на Pb имаат две NFR категории и тоа: 2 Индустриски процеси и 1.А.3 Транспорт и тоа заради подкатегоријата Производство на олово (Топилница за олово и цинк во Велес) и употреба на оловен бензин од страна на возилата. Историски гледано останатите NFR категории имаат минимален удел во вкупните емисии на олово. Во 2020 година значаен удел изразен во проценти во вкупните емисии имаат пет (5) NFR категории и тоа: 1.A.4 Други сектори (домаќинства, комерцијален, административен), 1.А.2 – Согорување од индустриски процеси и градежништво, 1.А.1 – Производство на енергија, 2 – Индустриски процеси и 1.А.3 Транспорт , но гледано од аспект на апсолутна вредност на вкупни емисии на олово во тони се работи за навистина многу мали вредности од околу 2.27 t.

NFR категоријата 2 – Индустриски процеси во вкупните емисии на Pb во 1990 година учествуваше со 59%, додека во 2020 година, нејзиниот удел изнесува 13.5%. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени за повеќе од 99%, додека во однос на 2019 година се намалени за 24%. Емисиите од оваа NFR категорија, во периодот 1990-2004, пред се должат на подкатегоријата Производство на олово (Топилницата во Велес), а во периодот 2005-2020 година, кога апсолутните вредности на емисија на олово се далеку помали, од подкатегоријата Производство на железо и челик.

NFR категоријата 1.А.3 – Транспорт (која го вклучува патниот и непатниот сообраќај) во вкупните емисии на Pb во 1990 година учествуваше со 39%, додека во 2020 година, нејзиниот удел изнесува 11%. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени за повеќе од 99%, додека во однос на 2019 година се намалени за 15%. Емисиите од оваа NFR категорија, во периодот 1990-2005, пред се должат на употребата на оловен бензин кога вредностите на емисија од оваа подкатегорија се мошне високи, додека во периодот 2006-2020 година, кога е прекината употребата на оловен бензин, емисиите на олово се ниски, особено во периодот 2008-2020 година кога тие може да се каже се минимални.

NFR категоријата 1.А.2 – Согорување од индустриски процеси и градежништво во вкупните емисии на Pb во 1990 година учествуваше со помалку од 1%, додека во 2020 година, нејзиниот удел изнесува 24%. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени за 5%, додека во однос на 2019 година се намалени за 35%. Овие емисии главно доаѓаат од согорување на лигнит во производните процеси во Производство на железо и челик и други индустрии. Сепак по апсолутна вредност годишните емисии од оваа NFR категорија се ниски.

NFR категоријата 1.А.4 – Други сектори во вкупните емисии на Pb во 1990 година учествуваше со помалку од 1%, додека во 2020 година, нејзиниот удел изнесува 29%. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени за 41%, додека во однос на 2019 година се незначително намалени за 1%. Овие емисии главно доаѓаат од согорување на дрва во домаќинствата и административните објекти и употребата на мали домашни и земјоделски алатки на гориво од страна на домаќинствата. Сепак по апсолутна вредност годишните емисии од оваа NFR категорија се ниски.

NFR категоријата 1.А.1 Производство на енергија во вкупните емисии на Pb во 1990 година учествуваше со помалку од 1%, додека во 2020 година, нејзиниот удел изнесува 19%. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени за 51%, додека во однос на 2019 година се намалени за 23%. Овие емисии главно доаѓаат од согорување на лигнит во термоелектраните за производство на електрична енергија, РЕК Битола и РЕК Осломеј. Сепак по апсолутна вредност годишните емисии од оваа NFR категорија се ниски.

Останатите NFR категории се незначителни извори на емисии на Pb.

Во однос на исполнување на барањата од зацртаните цели согласно националните и меѓународните документи може да се заклучи следното:

Во однос на Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за тешки метали, според кој емисиите во годината n-2 (каде n e тековната година) треба да не ги надминуваат емисиите во базната година (која за нашата земја е 1990 година), нашата земја е во согласност со овој протокол во однос на пресметаните емисии на олово (Pb) за 2020 година.

Опфат на податоци: excel_1, excel_2

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR категории кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и Секретаријатот на Обединетите нации. Податоците се достапни по земја на следната веб страна: https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envyixaja. Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Методологијата на пресметка на овој индикатор се базира на пресметани национални емисии и емисии по NFR категории на оваа загадувачка супстанца кои се репортирани до ЕЕА (Европска агенција за животна средина) и UNECE/EMEP (Економската програма на Обединетите нации за Европа/ Кооперативната програма за мониторинг и евалуација за прекуграничен пренос на аерозагадување кон Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето).

Пресметките се во согласност со Упатствата на ЕМЕП/ЕЕА за инвентаризација на емисии во воздухот од 2009, 2013, 2016 и 2019 година. Во упатствата се дадени емисиони фактори кои се користени во пресметките со исклучок на енергетскиот сектор каде пресметките се направени со користење на национални специфични фактори или примена на податоците од извршените мерења за период 2008-2020 година за оваа загадувачка супстанца за NFR категоријата 1.А.1.а, кој се однесува за постројки за производство на електрична и топлинска енергија.

  • Извор за користената методологија

Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатствата за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013, 2016 и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019).

Цели

Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на олово (Pb) зацртани се следните цели:

  1. Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
  • воведена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатството за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на Pb, во тони на година, во период 1990-(n-2), каде n е тековната година.
  1. Протокол кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот за тешки метали
  • националните вкупни емисии на Pb во (n-2) година (n е тековната година) не треба да ги надминуваат вкупните емисии пресметани за 1990 година (која е земена како базна година)

Обврска за известување

  • Обврските за известување кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP), како и Европската агенција за животна средина (ЕЕА)
  • Годишен извештај од обработени податоци за емисии во воздухот
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина

Општи мета-податоци

Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Домаќинства, Отпад, Енергија, Транспорт, Здравство, Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 063 – 1 Временска покриеност 1990-2020
Име на индикаторот Емисии на тешки метали – олово (Pb) Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање, Инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздухот за период 1990-2018
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 27.07.2022
Тип Б Подготвено/ажурирано од: Павле Малков
Александра Н.Крстеска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: p.malkov@moepp.gov.mk
А.Krsteska@moepp.gov.mk
 

Поврзаност со други индикатори

МК НИ 063-1Емисија на тешки метали – олово (Pb) EEA – Европска агенција за животна средина IND-171/AIR 001
Heavy metal emissions
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа A1/6 Emissions of pollutants into the atmospheric air
Каталог на индикатори за животна средина 38 Heavy metal emissions (EEA_ APE005)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не

 

Дефиниција

Овој индикатор ги следи трендовите на кадмиум (Cd).

Единици

  • t/година (тони на година)

Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на кадмиумот во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Во 1990 година вкупните национални емисии на Cd изнесуваа 1.6 t. Во 2020 година емисиите изнесуваат 0.21 t и се намалени за 87% споредено со 1990 година што претставува значителен напредок во намалувањето на вкупните емисии на кадмиум.

Специфично прашање за политиката

Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на Cd?

Најголеми извори во емисиите на Cd во 2020 година се NFRкатегориите 1.А.4 – Други сектори (домаќинства, комерцијални и административни капацитети) и 1.А.1 – Производство на енергија со учество во вкупните емисии на кадмиум од 51% и 25%, соодветно, по што следат категориите 2 – Индустриски процеси со удел од 11% и 1.А.2 – Согорување во производни индустрии и градежништво со 8%. NFRкатегоријата 5 – Отпад има помал удел односно учествува со 4%, додека останатите категории се незначителни извори на емисии на Cd.

Оценка

Вкупните национални емисии на Cd во 1990 година изнесуваа 1.6 t. Во 2020 година вкупните емисии изнесуваат 0.21 t и во однос на 1990 година се намалени за 87%, а во однос 2019 се намалени за 8%.

Од гледиште на трендот на вкупните годишни емисии на кадмиум и причините за истиот, целиот период 1990-2020 година генерално може да се подели на два дела и тоа: период 1990-2004 година, кога работи Топилницата за олово и цинк во Велес и кога се забележуваат највисоките емисии на оваа загадувачка супстанца во 1995-1996 година и со надолен тренд од 1998 до 2005 година, и период 2005-2020 година кога престана со работа Топилницата во Велес како главен извор на емисија на кадмиум, од кога трендот е стабилен. Ова може да се забележи и на следниот графикон.

Графикон 1. Тренд на вкупни емисии на Cd во периодот 1990-2020 година

Уделот на одделните NFRкатегорииво вкупните емисии на Cd за 2020 година е прикажан на Графикон 2.

Графикон 2: Удел во вкупните национални емисии на Cd по NFR категории во 2020 година

Дистрибуцијата на извори во 2020 е поинаква со онаа во периодот 1990-2004 година. За да се направи преглед на уделите по категории во целокупниот период од каде може да се забелeжи и промената на доминантните извори во вкупните национални емисии на оваа загадувачка супстанца, даден е следниот графички приказ.

Графикон 3. Eмисии на Cd по NFR категории на годишно ниво во периодот 1990-2020 година

NFR категоријата 2 – Индустриски процеси во вкупните емисии на Cd во 1990 година учествуваше со 79%, додека во 2020 година, нејзиниот удел изнесува 11%. Големиот удел на оваа категорија се до 2004 година се забележува и на графичкиот приказ. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени за 98% (заради неработењето на Топилницата во Велес) , додека во однос на 2019 година се намалени за 25%.

NFR категоријата 1.А.4 – Други сектори (домаќинства, комерцијални и административни капацитети) во вкупните емисии на Cd во 1990 година учествуваше со 13%, додека во 2020 година, нејзиниот удел изнесува 51%. Оваа категорија добива улога на клучен извор заради значителното намалување на емисиите од NFR категоријата 2 – Индустриски процеси. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени за 48% (намалена количина на потрошувачка на дрва за согорување во домаќинствата и административните објекти), додека во однос на 2019 година се незначително зголемени за 2%.

NFR категоријата 1.А.1 – Производство на енергија во вкупните емисии на Cd во 1990 година учествуваше со 7%, додека во 2020 година, нејзиниот удел изнесува 25%. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени за 53%, додека во однос на 2019 година се намалени за 23%.

Останатите NFR категории се помали или незначителни извори на емисии на Cd.

Во однос на исполнување на барањата од зацртаните цели согласно националните и меѓународните документи може да се заклучи следното:

Во однос на Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за тешки метали, според кој емисиите во годината n-2 (каде n e тековната година) треба да не ги надминуваат емисиите во базната година (која за нашата земја е 1990 година), нашата земја е во согласност со овој протокол во однос на пресметаните емисии на кадмиум (Cd) за 2020 година.

Опфат на податоци: excel_1, excel_2

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR категории кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и Секретаријатот на Обединетите нации. Податоците се достапни по земја на следната веб страна : https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envyixaja. Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Методологијата на пресметка на овој индикатор се базира на пресметани национални емисии и емисии по NFR категории на оваа загадувачка супстанца кои се репортирани до ЕЕА (Европска агенција за животна средина) и UNECE/EMEP (Економската програма на Обединетите нации за Европа/ Кооперативната програма за мониторинг и евалуација за прекуграничен пренос на аерозагадување кон Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето).

Пресметките се во согласност со Упатствата на ЕМЕП/ЕЕА за инвентаризација на емисии во воздухот од 2009, 2013, 2016 и 2019 година. Во упатствата се дадени емисиони фактори кои се користени во пресметките со исклучок на енергетскиот сектор каде пресметките се направени со користење на национални специфични фактори или примена на податоците од извршените мерења за период 2008-2020 година за оваа загадувачка супстанца за NFR категоријата 1.А.1.а, кој се однесува за постројки за производство на електрична и топлинска енергија.

  • Извор за користената методологија

Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатствата за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013, 2016 и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019).

Цели

Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на кадмиум (Cd) зацртани се следните цели:

  1. Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
  • воведена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатството за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на Cd, во тони на година, за период 1990 – (n-2), каде n е тековната година.
  1. Протокол кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот за тешки метали
  • националните вкупни емисии на Cd во (n-2) година (n е тековната година) не треба да ги надминуваат вкупните емисии пресметани за 1990 година (која е земена како базна година)

Обврска за известување

  • Обврските за известување кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP), како и Европската агенција за животна средина (ЕЕА)
  • Годишен извештај од обработени податоци за емисии во воздухот
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина

Општи мета-податоци

Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Домаќинства, Отпад, Енергија,Транспорт, Здравство,Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 063 – 2 Временска покриеност 1990-2020
Име на индикаторот Емисии на тешки метали -кадмиум (Cd) Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање, Инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздухот за период 1990-2018 година
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 27.07.2022
Тип Б Подготвено/ажурирано од: Павле Малков
Александра Н.Крстеска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: p.malkov@moepp.gov.mk
A.Krsteska@moepp.gov.mk
 

Поврзаност со други индикатори

МК НИ 063-2Емисија на тешки метали – кадмиум (Cd) EEA – Европска агенција за животна средина IND-171/AIR 001
Heavy metal emissions
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа A1/7 Emissions of pollutants into the atmospheric air
Каталог на индикатори за животна средина 38 Heavy metal emissions (EEA_ APE005)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не

 

Дефиниција

Овој индикатор ги следи трендовите на жива(Hg).

Единици

  • t/година (тони на година)

Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на жива во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Во 1990 година вкупните национални емисии на Hg изнесуваа 0.645 t. Во 2020 година емисиите изнесуваат 0.165 t и се намалени за 74% споредено со 1990 година што претставува извонреден напредок во намалувањето на вкупните емисии на жива. Исто така, вредноста на емисиите на жива од 0.165 t во 2020 година е историски најниска вредност во разгледуваниот период 1990-2020 година.

Редукцијата на емисии делумно произлегува од намалената потрошувачка на јаглен во секторот Производство на енергија, но најголемо влијание имаат намалените емисии од индустријата.

Специфично прашање за политиката

Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на Hg?

Најголем извор во емисиите на Hgво 2020 година е NFR категоријата 1.А.1 – Производство на енергија со удел од 50.7%. Потоа следуваат NFRкатегориите 2- Индустриски процеси и 1.A.2 – Согорување во производни индустрии и градежништво со удели од 21.1% и 20.1%, соодветно.Останатите категории се помали или незначителни извори на емисии на Hg.

Оценка

Вкупните национални емисии на Hg во 1990 година изнесуваа 0.645 t. Во 2020 година вкупните емисии изнесуваат 0.165 t и во однос на 1990 година се намалени за 74%, додека во однос на 2019 година се намалени за 23%.

Трендот на вкупните годишни емисии на Hg во периодот 1990-2020 година може да се опише како променлив со наизменични намалувања и зголемувања на вкупните годишни емисии и генерално во најголемиот дел од овој период тој зависи од емисиите на жива од две NFR категории и тоа: 2 – Индустриски процеси и 1.А.1 – Производство на енергија. Во периодот 1990-2004 најголем удел во вкупните годишни емисии на Hg има NFR категоријата 2 -Индустриски процеси пред се преку подкатегоријата, Производство на цинк и во помала мерка Производство на железо и челик и општиот тренд во овој период генерално е последица на трендот од оваа NFR категорија. Големиот пад на вредноста на вкупните емисии во периодот 2002-2005 година е резултат на пад на производството на цинк во топилницата во Велес. Со престанок на работењето на Топилницата за олово и цинк во периодот 2005-2020 година најголемо учество во вкупните емисии на жива има NFR категоријата 1.А.1 – Производство на енергија преку согорувањето на јаглен во термоелектраните РЕК Битола и РЕК Осломеј и во овој период вкупните емисии на Hg општо гледано се два до три пати помали од оние во претходниот период (1990-2004 година). Во периодот 2005-2020 година општиот тренд генерално е последица на трендот од NFR категоријата 1.А.1 – Производство на енергија. Вкупниот тренд може да се види на следниот графикон.

Графикон 1. Тренд на вкупни емисии наHg во периодот 1990-2020 година

Уделот на одделните NFR категории во вкупните емисии на Hg за 2020 година е прикажан на Графикон 2.

Графикон 2: Удел во вкупните национални емисии на Hg по NFR категории во 2020 година

Moже да се забележи дека клучни категории во вкупните емисии на жива се: 1.А.1 -Производство на енергија, 2 Индустриски процеси и 1.А.2 – Согорување во производни индустрии и градежништво.

Дистрибуцијата на извори на емисии на Hg во 2020 е поинаква со онаа во периодот 1990-2004 година. За да се направи преглед на уделите по NFR категории во целокупниот период 1990-2020 година, и да се утврди промената на доминатните извори во вкупните национални емисии на оваа загадувачка супстанца, даден е следниот графички приказ.

Графикон 3. Eмисии на Hg по NFR категории на годишно ниво во периодот 1990-2020 година

Од графичкиот приказ и направените анализи, може да се изведат следните заклучоци:

NFR категоријата 2 – Индустриски процеси во вкупните емисии на Hg во 1990 година учествуваше со 65%, додека во 2020 година, нејзиниот удел изнесува 21%. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени за 92% (пред се заради неработењето на Топилницата во Велес) , додека во однос на 2019 година се намалени за 12%.

NFR категоријата 1.А.1 – Производство на енергија во вкупните емисии на Hg во 1990 година учествуваше со 27%, додека во 2020 година, нејзиниот удел изнесува 51%. Зголемувањето на учеството на оваа NFR категорија во вкупните годишни емисии на жива не е заради зголемената емисија од оваа NFR категорија туку заради големото намалување на емисиите од NFR категоријата 2 – Индустриски процеси. Така, во 2020 година емисиите од NFR категоријата 1.А.1 – Производство на енергија во однос на 1990 година се намалени за 51% (помалото количество на јаглен кое се согорува во термоелектраните пред се заради значајното редуцирано работење на РЕК Осломеј особено во последните години), додека во однос на 2019 година се намалени за 24% заради намаленото количество согорен јаглен за производство на електрична енергија од РЕК Битола. Целиот период 1990-2020 година во однос на емисиите на Hg од оваа NFR категорија може да се подели на два дела: периодот 1990-2012 година кога трендот генерално со мали исклучоци може да се каже дека е постојан и кога двете термоелектрани, РЕК Битола и РЕК Осломеј, работат контининуирано, и периодот 2013-2020 година кога се забележува значаен пад во емисиите на жива заради работењето на РЕК Осломеј само неколку месеци во годината со што е намалена вкупната потрошувачка на јаглен.

NFR категоријата 1.А.2 – Согорување во индустриски процеси и градежништво во вкупните емисии на Hg во 1990 година учествуваше со 5%, додека во 2020 година, нејзиниот удел изнесува 20%. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени за 5%, додека во однос на 2019 година се намалени за 35%.

Останатите NFR категории се помали или незначителни извори на емисии на Hg.

Во однос на исполнување на барањата од зацртаните цели согласно националните и меѓународните документи може да се заклучи следното:

Во однос на Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за тешки метали, според кој емисиите во годината n-2 (каде n e тековната година) треба да не ги надминуваат емисиите во базната година (која за нашата земја е 1990 година), нашата земја е во согласност со овој протокол во однос на пресметаните емисии на жива (Hg) за 2020 година.

Опфат на податоци: excel_1, excel_2

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR категории кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и Секретаријатот на Обединетите нации. Податоците се достапни на следната веб страна:https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envyixaja. Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Методологијата на пресметка на овој индикатор се базира на пресметани национални емисии и емисии по NFR категории на оваа загадувачка супстанца кои се репортирани до ЕЕА (Европска агенција за животна средина) и UNECE/EMEP (Економската програма на Обединетите нации за Европа/ Кооперативната програма за мониторинг и евалуација за прекуграничен пренос на аерозагадување кон Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето.

Пресметките се во согласност со Упатствата на ЕМЕП/ЕЕА за инвентаризација на емисии во воздухот од 2009, 2013, 2016 и 2019 година. Во упатствата се дадени емисиони фактори кои се користени во пресметките со исклучок на енергетскиот сектор каде пресметките се направени со користење на национални специфични фактори или примена на податоците од извршените мерења за период 2008-2020 година за оваа загадувачка супстанца за NFR категоријата 1.А.1.а, кој се однесува за постројки за производство на електрична и топлинска енергија.

  • Извор за користената методологија

Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатствата за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013, 2016 и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019).

Цели

Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на жива (Hg) зацртани се следните цели:

  1. Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
  • воведена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатството за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на Hg, во тони на година, за период 1990 – (n-2), каде n е тековната година.
  1. Протокол кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот за тешки метали
  • националните вкупни емисии на Hg во (n-2) година (n е тековната година) не треба да ги надминуваат вкупните емисии пресметани за 1990 година (која е земена како базна година)

Обврска за известување

  • Обврските за известување кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP), како и Европската агенција за животна средина (ЕЕА)
  • Годишен извештај од обработени податоци за емисии во воздухот
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина

Општи мета-податоци

Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Домаќинства, Отпад, Енергија,Транспорт, Здравство,Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 063 – 3 Временска покриеност 1990-2020
Име на индикаторот Емисии на тешки метали – жива (Hg) Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање, Инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздухот за период 1990-2018 година.
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 27.07.2022
Тип А Подготвено/ ажурирано од: Павле Малков
Александра Н.Крстеска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт p.malkov@moepp.gov.mk
A.Krsteska@moepp.gov.mk
 

Поврзаност со други индикатори

МК НИ 063-3Емисија на тешки метали – жива (Hg) EEA – Европска агенција за животна средина IND-171/AIR 001
Heavy metal emissions
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа A1/8Emissions of pollutants into the atmospheric air
Каталог на индикатори за животна средина 38 Heavy metal emissions (EEA_ APE005)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не

 

Дефиниција

Овој индикатор ги следи трендовите на арсен (As).

Единици

  • t/година (тони на година)

Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на арсен во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Во 1990 година вкупните национални емисии на арсенизнесуваа 2.38t. Во 2020година емисиите изнесуваат 0.45 t и се намалени за 81% споредено со 1990 година што претставува значително големнапредок во намалувањето на вкупните емисии на арсен.

Ова намалување произлегува од намаленото производство во секторот индустрија но и намалената потрошувачка на фосилни горива во производството на електрична енергија и во домаќинствата.

Специфично прашање за политиката

Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на As?

Извор со убедливо најголемо учество во емисиите на As во 2022 година е NFRкатегоријата 1.А.1 – Производство на енергија со удел од 92.6%. Притоа, NFRкатегоријата 1.А.2 – Согорување во производни индустрии и градежништво учествува со 3.6%, додека останатите категории се помали или незначителни емисиони извори на арсен.

Оценка

Вкупните национални емисии на As во 1990 година изнесуваа 2.38 t. Во 2020година вкупните емисии изнесуваат 0.45 t, што претставува историски минимум за периодот 1990-2020 година, и во однос на 1990 година се намалени за 81%, додека во однос на 2019 година се намалениза 23%.

Трендот на вкупните годишни емисии на As во периодот 1990-2020 година може, со исклучок на периодот 1994-1998 година кога трендот е изразено растечки, генерално да се опише како опаѓачки со одредени помали флуктуации (зголемувања во одредени години), со забелешка дека во 2019 година се забележува зголемување на емисиите во однос на периодот 2017-2020 година (во 2017 и 2020 година, кога емисиите на арсен незначително се разликуваат, е и историскиот минимум на вкупното годишно количество на емисии на арсен во воздух), при што во најголемиот дел од овој период тој зависи од емисиите на арсен од две NFR категории и тоа: 2 – Индустриски процеси и 1.А.1 -Производство на енергија. Во периодот 1990-2002 најголем удел во вкупните годишни емисии на As има NFR категоријата 2 – Индустриски процеси пред се преку подкатегоријата Производство на олово и во помала мерка Производство на железо и челик, а помал удел има NFR категоријата 1.А.1 – Производство на енергија и општиот тренд во овој период генерално е последица на трендот од NFR категоријата 2 – Индустриски процеси. Големиот пад на вредноста на вкупните емисии во периодот 2002-2005 година е резултат на пад на производството на олово во топилницата во Велес. По престанокот на работењето на Топилницата за олово и цинк во 2004 година во периодот 2005-2020 година, гореспоменатите NFR категории се менуваат по важност па, најголемо учеството во вкупните емисии на арсен има NFR категоријата 1.А.1 – Производство на енергија, како резултат на согорувањето на јаглен во термоелектраните РЕК Битола и РЕК Осломеј, а помало од NFR категоријата 2 Индустриски процеси (преку подкатегоријата Производство на железо и челик) и во овој период вкупните годишни емисии на арсен општо гледано се два-три пати помали од оние во претходниот период (1990-2004 година). Во периодот 2005-2020 година општиот тренд генерално е последица на трендот од NFR категоријата 1.А.1 – Производство на енергија и генерално зависи од количеството на согорен јаглен во термоелектраните РЕК Битола и РЕК Осломеј. Целокупниот тренд може да се види на следниот графикон.

Графикон 1. Тренд на вкупни емисии наAS во периодот 1990-2020 година

Уделот на одделните NFRкатегорииво вкупните емисии на As за 2020 година е прикажан на Графикон 2.

Графикон 2: Удел во вкупните национални емисии на As по NFRкатегории во 2020 година

Moже да се забележи дека клучна NFRкатегорија на емисија на арсен во 2020 година е 1.A.1 -Производство на енергија со 92.6%.

Дистрибуцијата на изворите на емисија во 2020 година е поинаква со онаа во периодот 1990-2004 година. За да се направи преглед на уделите по NFRкатегории во целокупниот период од каде може да се забележи и промената на доминатните извори во вкупните национални емисии на оваа загадувачка супстанца, даден е следниот графички приказ.

Графикон 3. Eмисии на Asпо NFR категории на годишно ниво во периодот 1990-2020 година

NFR категоријата 2 – Индустриски процеси во вкупните емисии на As во 1990 година учествуваше со 62.7%, додека во 2020 година, нејзиниот удел изнесува 1%. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени за 99.7% (заради неработењето на Топилницата во Велес и изменетата методологија на пресметка на емисиите од подкатегоријата Производство на железо и челик), додека во однос на 2019 година се намалени за 13.4%. NFRкатегоријата 1.А.2 – Согорување во производни индустрии и градежништво во 2020 година учествува со 3.6%, додека во 1990 година учествуваше со помалку од 1%, при што вкупните емисии на арсен од оваа категорија во 2020 година се намалени за 6.8% споредбено со 1990 година, а за 35.6% во однос на 2019 година.

NFR категоријата 1.А.1 – Производство на енергија во вкупните емисии на As во 1990 година учествуваше со 36%, додека во 2020 година, нејзиниот удел изнесува 92.6%. Зголемувањето на учеството на оваа NFR категорија во вкупните годишни емисии на арсен не е заради зголемената емисија од оваа NFR категорија туку заради големото намалување на емисиите од NFR категоријата 2 – Индустриски процеси. Така, во 2020 година емисиите од NFR категоријата 1.А.1 – Производство на енергија во однос на 1990 година се намалени за 51.3% (помалото количество на јаглен кое се согорува во термоелектраните пред се заради значајното редуцирано работење на РЕК Осломеј особено во последните години), додека во однос на 2019 година се намалени за 23.3%, заради помалото количество согорен јаглен во термоелектраната РЕК Битола. Целиот период од 1990 до 2020 година во однос на емисиите на As од оваа NFR категорија може да се подели на два дела во однос на трендот: периодот 1990-2012 година кога трендот генерално со мали исклучоци може да се каже дека е постојан и кога двете термоелектрани, РЕК Битола и РЕК Осломеј, работат контининуирано, и периодот 2013-2020 година кога се забележува значаен пад во емисиите на арсен заради намаленото работење на РЕК Осломеј, а во последните години од само неколку месеци во годината, со што е намалена вкупната потрошувачка на јаглен, а со тоа намалена е и вкупната влезна топлотна моќ на лигнитот во термоелектраните.

Останатите NFR категории се незначителни извори на емисии на As.

Во однос на исполнување на барањата од зацртаните цели согласно националните и меѓународните документи може да се заклучи следното:

Направена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатството за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на As, во тони на година, по принципот n-2, каде n е тековната година.

Опфат на податоци: excel_1, excel_2

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR категории кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и Секретаријатот на Обеденитетите нации. Податоците се достапни на следната веб страна : https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envyixaja.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Методологијата на пресметка на овој индикатор се базира на пресметани национални емисии и емисии по NFR категории на оваа загадувачка супстанца кои се репортирани до ЕЕА (Европска агенција за животна средина) и UNECE/EMEP (Економската програма на Обединетите нации за Европа/ Кооперативната програма за мониторинг и евалуација за прекуграничен пренос на аерозагадување кон Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето).

Пресметките се во согласност со Упатствата на ЕМЕП/ЕЕА за инвентаризација на емисии во воздухот од 2009, 2013, 2016 и 2019 година. Во упатствата се дадени емисиони фактори кои се користени во пресметките со исклучок на енергетскиот сектор каде пресметките се направени со користење на национални специфични фактори или примена на податоците од извршените мерења за период 2008-2020 година за оваа загадувачка супстанца за NFR категоријата 1А1а, кој се однесува за постројки за производство на електрична и топлинска енергија.

  • Извор за користената методологија

Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатствата за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013, 2016 и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019).

Цели

Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на арсен (As) зацртани се следните цели:

  1. Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
  • воведена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатството за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на As, во тони на година, за период 1990 – (n-2), каде n е тековната година.

Треба да се напомене дека известувањето за оваа загадувачка супстанца не е задолжително туку доброволно.

Обврска за известување

  • Обврските за известување кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP), како и Европската агенција за животна средина (ЕЕА)
  • Годишен извештај од обработени податоци за емисии во воздухот
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина

Општи мета-податоци

Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Домаќинства, Отпад, Енергија,Транспорт, Здравство,Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 063 – 4 Временска покриеност 1990-2020
Име на индикаторот Емисии на тешки метали – арсен (As) Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање, Инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздухот за период 1990-2018 година.
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 27.07.2022
Тип А Подготвено/ ажурирано од: Павле Малков
Александра Н.Крстеска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
p
.malkov@moepp.gov.mk
A.Krsteska@moepp.gov.mk
 

Поврзаност со други индикатори

МК НИ 063-4Емисија на тешки метали – арсен (As) EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не

Дефиниција

Овој индикатор ги следи трендовите на никел (Ni).

Единици

  • t/година (тони на година)

Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на никелот во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Во 1990 година вкупните национални емисии на Ni изнесуваа 3.01 t. Во 2022 година емисиите изнесуваат 2.36 t и се намалени за 22% споредено со 1990 година што претставува одреден напредок во намалувањето на вкупните емисии на никел. 
Ова намалување произлегува од намалената потрошувачка на фосилни горива, пред сé мазут, во производство на електрична енергија кај термоелектраните ТЕЦ Неготино, РЕК Битола и РЕК Осломеј и неработењето на рафинеријата Окта.

Специфично прашање за политиката

Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на Ni?

Најголемо учество во вкупните емисии на Ni во 2022 година имаNFR категоријата 1.А.1 - Производство на енергија со удел од 90%. Останатите NFR категории се помали или незначителни извори на емисии на Ni во 2022 година.

Оценка

Вкупните национални емисии на Ni во 1990 година изнесуваа 3.01 t.  Во 2022 година вкупните емисии изнесуваат 2.36 t и во однос на 1990 година се намалени за 22%, додека во однос на 2021 година се зголемени за 133% заради цело годишната работа на термоелектраната ТЕЦ Неготино, односно вкупните годишни емисии на Ni зависат пред сé од годишната потрошувачката на мазут која е најголема кај термоелектраната ТЕЦ Неготино.  

Трендот на вкупните годишни емисии на Ni во периодот 1990-2022 година може да се подели генерално на четири дела: период 1990-1994 со општо опаѓачки тренд со исклучок на растечкиот пик во 1993 година, потоа периодот 1994-2012 година со генерално растечки тренд со одредени помали или поголеми флуктуации, периодот 2012-2021 и 2022 со силно изразен растечки пик.

Трендот на емисии на никелот е прикажан на следниот графикон.

Графикон 1. Тренд на вкупни емисии на Ni во периодот 1990-2020 година

Уделот на одделните NFR категории во вкупните емисии на Ni за 2020 година е прикажан на Графикон 2.

Графикон 2: Удел во вкупните национални емисии на Ni по  NFR категории во 2020 година

Може да се забележи дека во 2022 година, клучен извор на емисии на никел е NFR категоријата 1.А.1 - Производство на енергија со удел од 90.0% во вкупните годишни емисии на Ni. 

Различниот удел на изворите на емисија на никел во периодот 1990-2022 година може да се забележи од следниот графикон.

Графикон 3. Eмисии на Ni по NFR категории на годишно ниво во периодот 1990-2020 година

Историски гледано најголемо учество во емисиите на никел во целиот период 1990-2022 година има NFR категоријата  1.А.1 - Производство на енергија, пред се преку согорувањето на мазут во Рафинеријата за нафта,  термоелектраните за производство на електрична енергија и топланите за производство на топлина и може да се каже дека трендот на вкупни емисии на Ni генерално го следи оној од оваа NFR категорија. Од 2012 година до 2022 година се забележува голем пад во емисиите заради преполовеното работење на рафинеријата за нафта и во 2014 година престанок на нејзиното производство, потоа речиси целосното преминување на работењето на топланите од мазут на природен гас и престанокот со работа на термоелектраната ТЕЦ Неготино. Во 2022 година се забележува повторно голем растечки пик во емисиите на Ni како резултат на активирањето и цело годишното работење на термоелектраната ТЕЦ Неготино која за производство на електрична енергија користи мазут како гориво.

Помало учество, исто така историски гледано, во вкупните емисии на никел има  NFR категоријата 1.А.4 - Други сектори како резултат на согорување на течни горива кај домаќинствата и административните објекти иако во 2022 година се забележува голем пад во емисиите на Ni од оваа категорија за дури 71% пред сé како резултат на замената на мазут како гориво за загревање кај административните објекти со што во 2022 година NFR категоријата 1.А.4 - Други сектори (согорување кај домаќинствата, комерцијалните и административни објекти) претставува незначителен извор на емисии на никел во воздухот. 

NFR категоријата 1.А.1 - Производство на енергија во вкупните емисии на Ni во 1990 година учествуваше со 84%, додека во 2022 година, нејзиниот удел изнесува 90%. Во 2022 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени за 16%, додека во однос на 2021 година се зголемени за 253%, заради поголемото количество на согорен мазут пред сé во термоелектраната ТЕЦ Неготино, како и во термоелектраните РЕК Битола и РЕК Осломеј. Целиот период 1990-2022 година во однос на емисиите на Ni од оваа NFR категорија може да се подели на три дела: периодот 1990-2012 година кога се забележуваат најголеми вредности, по апсолутна вредност, на емисиите на никел кога работи рафинеријата за нафта, топланите за производство на топлина работат на мазут и термоелектраните за производство на електрична енергија исто така користат мазут. Вториот период е периодот 2013-2021 година, кога се забележува голем пад на емисиите на никел, кога рафинеријата за нафта прекинува со своето производство (во 2014 година) и сите топлани за производство на топлина за домаќинствата во своето производство користат природен гас, а термоелектраната ТЕЦ Неготино не работи и се чува како резерва и 2022 година кога се забележува голем растечки пик во емисиите на никел како резултат на повторното активирање и цело годишното работење на ТЕЦ Неготино која како термоелектрана за производство на ел. енергија користи мазут како гориво. Термоелектраните РЕК Битола и РЕК Осломеј, како и претходно, за потребите на своето производство користат мазут и во овој период емисиите на никел доаѓаат и од нив, но во 2022 година далеку помалку отколку од ТЕЦ Неготино. 
NFR категоријата 1.А.4 - Други сектори (домаќинства, комерцијални и административни капацитети) во вкупните емисии на Ni во 1990 година учествуваше со 8%, додека во 2022 година, нејзиниот удел изнесува само 2%. Во 2022 година, емисиите од оваа категорија во однос на 1990 година се намалени за 82%, а во однос на 2021 година се намалени за 71% заради намаленото користење на мазут од од овие извори, пред административните објекти. 

Останатите NFR категории се помали или незначителни извори на емисии на Ni. 
Во однос на исполнување на барањата од зацртаните цели согласно националните и меѓународните документи може да се заклучи следното: направена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатството за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на Ni, во тони на година, во период 1990 – (n-2), каде n е тековната година. Известувањето за оваа загадувачка супстанца не е задолжително туку е на доброволна основа.

Опфат на податоци: excel_1, excel_2

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање
Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR категории кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и Секретаријатот на Обединетите Нации. Податоците се достапни по земја на следната веб страна: https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envzewhna. Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Методологијата на пресметка на овој индикатор се базира на пресметани национални емисии и емисии по NFR категории на оваа загадувачка супстанца кои се доставени до ЕЕА (Европска агенција за животна средина) и UNECE/EMEP (Економската програма на Обединетите нации за Европа/ Кооперативната програма за мониторинг и евалуација за прекуграничен пренос на аерозагадување кон Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето). 

Пресметките се во согласност со Упатствата на ЕМЕП/ЕЕА за инвентаризација на емисии во воздухот од 2009, 2013, 2016, 2019 и 2023 година. Во упатствата се дадени емисиони фактори кои се користени во пресметките со исклучок на  енергетскиот сектор каде пресметките се направени со користење на национални специфични фактори или примена на податоците од извршените мерења за период 2008-2022 година за оваа загадувачка супстанца за NFR категоријата 1.А.1.а, кој се однесува за постројки за производство на електрична и топлинска енергија.

  • Извор за користената методологија

Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатствата за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013, 2016 и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2023).

Цели

Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на никел (Ni) зацртани се следните цели:

  1. Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
  • воведена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатството за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на Ni, во тони на година, во период 1990 – (n-2), каде n е тековната година.

Обврска за известување

  • Обврските за известување кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP), како и Европската агенција за животна средина (ЕЕА)
  • Годишен извештај од обработени податоци за емисии во воздухот
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина

Општи мета-податоци

Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Домаќинства, Отпад, Енергија,Транспорт, Здравство,Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 063 – 5 Временска покриеност 1990-2022
Име на индикаторот Емисии на тешки метали – никел (Ni) Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање, Инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздухот за период 1990-2022 година.
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 16.08.2024
Тип А Подготвено/ ажурирано од: Павле Малков
Александра Н.Крстеска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
p.malkov@moepp.gov.mk
А.Krsteska@moepp.gov.mk
 

Поврзаност со други индикатори

МК НИ 063-5Емисија на тешки метали – никел (Ni) EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не

 

Дефиниција

Овој индикатор ги следи трендовите на сулфурните оксиди, азотните оксиди и вкупна прашина емитирани од големи согорувачки постројки опфатени во Националниот план за намалување на емисиите (НПНЕ), како и постигнувањето на поставените цели во планот. 

Единици

  • t/година (тони на година)
  • ТЈ/година (тераџули на година)
  • МW (мегавати)

Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на загадувачките супстанци кои произлегуваат од големите согорувачки постројки во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Емисиите на сулфурните оксиди, азотните оксиди и прашина од големите согорувачки постројки (LCP) опфатени во НПНЕ во дадениот период 2018-2023 година имаат променлив тренд, и со исклучок на азотните оксиди, емисиите на сулфурни оксиди и вкупна прашина ги надминуваат наведените горни граници – плафони во во целиот период од донесувањето на планот. Најголем (клучен) удел во емисиите на трите загадувачки супстанции има РЕК Битола. Треба да се нагласи дека методологијата за пресметка на вкупните годишни емисии од РЕК Битола во 2023 година се разликува од онаа во претходниот разгледуван период 2018-2022 година. Во периодот 2018-2022 година пресметката е заснована на податоците од периодичните мерењата (мерење еден ден во месецот), додека во 2023 година, пресметката на емисионите количества на SO2, NOx и прашина е направена со користење на пресметани емисиони фактори, заради големите разлики во волуменскиот проток на издувните гасови од периодичните мерења, што доведува до неверодостојни и недоверливи  резултати со пресметка како периодот 2018-2022 година. Од тие причини, за добивање најверодостојни податоци за емисиите на SO2, NOx и прашина од сите големи согорувачки постројки опфатени со НЕРП-от, а особено од РЕК Битола, неопходно потребно е инсталација на автоматски систем за континуиран мониторинг на загадувачките супстанции како и параметри на издувните гасови (температура, волуменски проток и др.), и оваа активност е предвидена во А-ИСКЗ дозволата за усогласување со оперативен план за оваа инсталација до крај на 2025 година.   Намалувањата на емисиите на овие загадувачки супстанции може да се реализира само со имплементација на НДТ во делот на емисиите на SOx и прашина, а оваа активност треба да се реализира до крај на 2026 година.

Специфично прашање за политиката

Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на загадувачките супстанци кои произлегуваат?

Во однос на уделите на емисии на загадувачките супстанци во воздухот, големите согорувачки капацитети опфатени со НПНЕ учествуваат со 97% во вкупните годишни емисии на SOx, 28% во вкупните годишни емисии на NOx и 24% во вкупните годишни емисии на вкупна прашина-TSP. Во националните емисии на NOx останати клучни сектори се транспортот со 42% и согорувачки процеси во индустрија со 21%. Кај TSP, освен големите согорувачки капацитети голем удел имаат следните сектори: согорувачките процеси во домаќинствата учествуваат со 36%, додека земјоделието и индустријата со 15% и 16% соодветно.

Оценка

Република Северна Македонија потпиша Договор со Енергетската заедница во 2005 година и кој беше ратификуван од страна на Собранието на РСМ и влезе во сила на 01.07.2006 година. Оттогаш, нашата држава е Договорна страна на Енергетската заедница, при што е должна да ја спроведува Директивата 2001/80/EC на Европскиот парламент и на Советот од 23 октомври 2001 година за ограничување на емисиите на одредени загадувачки материи во воздухот од големите согорувачки инсталации до 31 декември 2017 година.

Министерскиот совет на Енергетската заедница на 24 октомври 2013 година усвои Одлука D/2013/05/MC-EnC со која ја утврди можноста РСМ како Договорна страна на Енергетската заедница од 01.01.2018 до 21.12.2027 година да користи Национален план за намалување на емисиите (НПНЕ) како алтернатива на утврдувањето на емисионите гранични вредности од Директивата 2001/80/EC за секоја согорувачка инсталација, опфатена со овој план, посебно. 

НПНЕ ги дефинира вкупните емисиони горни граници – плафони за SO2, NOx и прашина за секоја од годините, од 2018 до 2027 година. Емисиите од сите согорувачки инсталации како целина коишто се вклучени во планот во текот на овие години, ќе мора да бидат под овие горни граници – плафони. 

Инсталации кои се опфатени со НПНЕ се:

Ознака Назив на инсталацијата Вкупен топлински влез /MWth Вид на употребено гориво
МК0001 ЕСМ АД Скопје – РЕК Битола (Б1 + Б2) 1350 лигнит / мазут
МК0002 ЕСМ АД Скопје – РЕК Битола (Б3) 675 лигнит / мазут
МК0003 ЕСМ АД Скопје – РЕК Осломеј 375 лигнит / мазут
МК0004 ТЕЦ Неготино 630 мазут
МК0005 БЕГ – Топлана Исток 294 природен гас
МК0006 БЕГ – Топлана Запад 116 природен гас
МК0007 Рафинерија ОКТА – Процесна инсталација 102 мазут
МК0008 Рафинерија ОКТА – Енергетика 188 мазут

 

За овој индикатор се опфатени податоци за периодот 2018-2023 година, т.е. почетна година е 2018 година, бидејќи од тогаш е започнато известувањето до Секретаријатот на Енергетската заедница согласно преземените обврски за известување кои произлегуваат од НПНЕ. 
Во нашата земја од употребените горива најголема примена има лигнитот кој игра клучна улога во создавањето на емисиите на загадувачките супстанци. Исто така, во постројките за производство на електрична енергија РЕК Битола и РЕК Осломеј се применува мазутот, како и во ТЕЦ Неготино, како единствено гориво за добивање електрична енергија, во периодот 2021-2023 година, додека постројките за производство на топлинска енергија применуваат природен гас. Вкупниот топлотен влез изразен во TJ од употребата на различни видови горива во големите согорувачки постројки опфатени со овој индикатор се прикажани на следниот графикон.

Графикон 1. Тренд на вкупен топлотен влез од различни видови горива кај големите согорувачки капацитети опфатени со НПНЕ за период 2018-2023 година

Како што може да се забележи се намалува вкупниот топлотен влез од употреба на лигнитот во периодот 2020-2023 година во споредба со првите две години (2018-2019) од разгледуваниот период, заради негова помала потрошувачка од страна на термоелектраните РЕК Битола и РЕК Осломеј, а зголемен е вкупниот топлотен влез од употреба на мазут  е што се должи на поголемата негова потрошувачка во РЕК Битола и ставањето во функција на ТЕЦ Неготино од декември 2021 година, додека нема значителни промени во  вкупниот топлотен влез од употреба на природниот гас, односно неговата потрошувачка во разгледуваниот период многу не се менува. 
На следните три графикони се прикажани емисиите на сулфурни оксиди, азотни оксиди и прашина споредени со дефинираните горни граници – плафони во Националниот план за намалување на емисиите (НПНЕ), како вкупни емисии од сите опфатени постројки и по одделна постројка.

Графикон 2. Тренд на вкупни емисии на сулфурни оксиди за периодот 2018-2023 година од големи согорувачки капацитети споредени со горната граница-плафон согласно НПНЕ

Графикон 3. Тренд на емисии на сулфурни оксиди за периодот 2018-2021 година прикажани по инсталација споредбено со горната граница-плафон согласно НПНЕ

Графикон 4. Тренд на емисии на сулфурни оксиди за периодот 2018-2023 година прикажани по инсталација споредбено со горната граница-плафон согласно НПНЕ

Графикон 5: Тренд на емисии на азотни оксиди за периодот 2018-2021 година прикажани по инсталација споредбено со горната граница-плафон согласно НПНЕ

Графикон 6. Тренд на вкупни емисии на вкупна прашина за периодот 2018-2021 година од големи согорувачки капацитети споредени со горната граница-плафон

Графикон 7: Тренд на емисии на вкупна прашина за периодот 2018-2021 година прикажани по инсталација споредбено со горната граница-плафон согласно НПНЕ

Од прикажанато се забележува дека постои променлив тренд на емисиите за сите три загадувачки супстанци. Понатаму се забележува дека за целиот период 2018-2023 година не се надминати дефинираните горни граници плафони за азотните оксиди, додека надминати се за сулфур диоксид за 5-7 пати и прашина за околу 2 пати.

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Користените податоци се однесуваат на вкупните национални емисии за сулфурни оксиди, азотни оксиди и прашина, кои земјите на Западен Балкан ги доставуваат до ЕЕА и Енергетската заедница. Податоците се достапни по земја на следната веб страна: https://cdr.eionet.europa.eu/mk/eu/energycommunity/.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Пресметка на влезната топлотна моќ изразена во TJ со користење на податоци за потрошувачка на горивото и долна топлотна вредност на истото. Пресметката на вкупните годишни емисии на сулфурни оксиди, азотни оксиди и прашина за периодот 2018-2022 година е направена врз основа на податоците од извештаите доставени по секое мерење извршено кај инсталациите МК0001, МК0002, МК0003, МК0004, МК0005 и МК0006 за потрошувачка на гориво, волуменски проток на излезните гасови, работните часови на испустите и емисионите концентрации на мерените параметри (SO2, NOx и прашина), додека за инсталациите МК0007 и МК0008 врз основа на пресметка земајќи ги предвид податоците за вид и количина на потрошено гориво и емисиони фактори согласно EMEP/EEA Упатство за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2023 година. 

Методологијата за пресметка на вкупните годишни емисии на сулфурни оксиди, азотни оксиди и прашина од РЕК Битола (МК0001 и МК0002) во 2023 година се разликува од онаа во претходниот разгледуван период 2018-2022 година. Во 2023 година, пресметката на емисионите количества на SO2, NOx и прашина е направена со користење на пресметани емисиони фактори, земајќи ги предвид податоците од последните три години (2020, 2021 и 2022), заради големите разлики во волуменскиот проток на издувните гасови од периодичните мерења, што доведува до неверодостојни и недоверливи  резултати со пресметка за вкупните годишни емисии на сулфурни оксиди, азотни оксиди и прашина.

  • Извор за користената методологија

Со цел пресметка на емисиите кои се вклучени во НПНЕ се користат податоци од Месечни извештаи кои  инсталациите се обврзани да ги испраќаат до МЖСПП согласно националното законодавство, во кои се дадени податоци за потрошувачка на гориво и негова долна топлотна вредност, број на работни часови на стационарните извор, волуменски проток на емисионите гасови и емисиони концентрации на SO2, NOx и прашина од стационарниот извор.

Цели

Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на загадувачките супстани опфатени со овој индикатор зацртани се следните цели:

  1. Согласно Националниот план за намалување на емисиите (НПНЕ), вкупната горна граница – плафон за SOод големи согорувачки постројки за период 2018-2027 година изнесува:
    • 15855 тони за 2018-2023 година.
    • 12634 тони за 2024 година.
    • 9412 тони за 2025 година.
    • 6191 тони за 2026 година.
    • 6191 тони за 2027 година.
  2. Согласно Националниот план за намалување на емисиите (НПНЕ), вкупната горна граница – плафон за NOxод големи согорувачки постројки за период 2018-2027 година, изнесува:
    • 15505 тони за 2018 година;
    • 14088 тони за 2019 година;
    • 12672 тони за 2020 година;
    • 11255 тони за 2021 година;
    • 9838 тони за 2022 година;
    • 8422 тони за 2023 година;
    • 7674 тони за 2024 година;
    • 6927 тони за 2025 година;
    • 6179 тони за 2026-2027 година.
  3. Согласно Националниот план за намалување на емисиите (НПНЕ), вкупната горна граница – плафон за TSPод големи согорувачки постројки за период 2018-2027година, изнесува:
    • 1738 тони за 2018-2023 година;
    • 1361 тони за 2024 година;
    • 985 тони 2025 година;
    • 608 тони за 2026 година;
    • 608 тони за 2027 година.

Обврска за известување

  • Обврска за известување до Енергетската Заедница на годишно ниво, почнувајќи од 2018 година, согласно претходно наведените национални граници – плафони за SOx, NOx и вкупна прашина – TSP кои се емитираат од големите согорувачки капацитети а кои се дел од НПНЕ, за период 2018-2027 година дадени во Националниот план за намалување на емисиите од големи согорувачки постројки.

Општи мета-податоци

Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Енергија, Транспорт, Здравство,  Индустрија 
Код на индикаторот MK НИ 106 Временска покриеност 2018-2023
Име на индикаторот Емисија на загадувачки супстанци  од големи согорувачки постројки Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 16.08.2024
Тип Б Подготвено/ажурирано од: Павле Малков
Александра Н.Крстеска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
p.malkov@moepp.gov.mk
a.krsteska@moepp.gov.mk
 

Поврзаност со други индикатори

МК НИ 061 Емисија на цврсти честички EEA – Европска агенција за животна средина INDP 006 Emissions and energy use in large combustion plants in Europe
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина 27 – Emissions of air pollutants from large combustion plants (EEA_INDP002)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
7 – 7.1.2: Proportion of population with primary reliance on clean fuels and technology
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не

 

Дефиниција

Овој индикатор ги следи трендовите на индустриските емисии на загадувачки на воздухот за период од 2010 година до 2022 година при што 2010 година е земена како референтна година. Индикаторот ги вклучува трендовите на емисии на сулфурните оксиди (SOx), азотните оксиди (NOx), тешки метали (Cd, Hg, Pb), NMVOC (испарливи органски соединенија кои не содржат метан) и цврсти честички со големина до 10 микрометри (PM10) емитирани од индустриските капацитети во целата земја вклучувајќи ги и капацитетите за производство на топлина и електрична енергија. Соодветно за истите загадувачки супстанции направена е споредба на промената во емисиите во нашата земја со државите вклучени во ЕУ 27 за 2022 година во однос на 2010 година земена како референтна година.

Единици

  • Количина на емисии во воздухот од сектор индустрија - процентуална промена во однос на 2010 година која е земена како референтна година.
    Бруто додадената вредност (БДВ) - процентуална промена во однос на 2010 година која е земена како референтна година. 

Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на загадувачките супстанци кои произлегуваат од индустриските капацитети во Република Северна Македонија? 

Клучна порака

Обработката на податоците за емисии на NMVOC, NOx, SOx, Pb, Cd и Hg и PM10 за периодот 2010  до 2022 година покажува тренд на опаѓање со евидентирани варирања кои директно зависат од активноста на индустриските капацитети во државата и користењето на суровина за согорување (јаглен, мазут, природен гас итн). Во подготовката на индикаторот земени се предвид податоци за емисии на NMVOC, NOx, SOx, Pb, Cd и Hg и PM10 за период од 2010 до 2022 година од постоечкиот инвентар на загадувачки супстанци во воздухот кои се известуваат кон Конвенцијата за прекуграничен пренос на аерозагадувањето и Европската агенција за животна средина, при што 2010 година е земена како референтна година.
Трендот на количината на емисии на NOx за периодот 2010 – 2022 во споредба со референтната година 2010 бележи значително опаѓање освен за 2011 и 2019 година кога е забележан мал пораст на емисиите. На крајот од набљудуваниот период односно во 2022 година количината на емисии на NOx изнесува околу 38% од вкупните национални емисии во 2010 година, што претставува намалување на емисиите за 62%.
Количината на емисиите на NMVOC за периодот 2010 – 2022 има релативно стабилен тренд на намалување во споредба со референтната година 2010. На крајот од набљудуваниот период односно во 2022 година количината на емисии на NMVOC изнесува околу 68% од емисиите во 2010 година, што претставува намалување на емисиите за 32%.
Количината на емисиите на SOx за периодот 2010 – 2022 има тренд на намалување до 2017, и потоа од 2020 година во споредба со референтната година 2010. На крајот од набљудуваниот период односно во 2022 година количината на емисии на SOx изнесува околу 108% од вкупните национални емисии во 2010 година, што претставува зголемување на емисиите за 8%.
Количината на емисиите на PM10 за периодот 2010 – 2022 има тренд на има значително зголемување до 2013, а потоа драстично опаѓање до крајот на периодот на набљудување. На крајот од набљудуваниот период односно во 2022 година количината на емисии на PM10 изнесувале околу 21% од емисиите во 2010 година, што претставува значително намалување на емисиите за 79%. 
Количината на емисиите на тешките метали (Pb, Cd и Hg) има стабилен тренд на намалување во споредба со референтната година 2010. На крајот од набљудуваниот период односно во 2022 година количината на емисии на тешки метали (Pb, Cd, Hg) изнесувале околу 28% од емисиите во 2010 година, што претставува значително намалување на емисиите за 72%.
Согласно споредбата на промената во емисиите на NMVOC, NOx, SOx, Pb, Cd и Hg и PM10 од нашата земја со оние на ЕУ 27 за 2022 година во однос на 2010 година (земена како референтна)  се забележува намалување на емисиите за сите параметри освен за SOx каде има зголемување до околу 10%.
Во 2022 подготвена е ИСКЗ Дозвола за РЕК Битола со која се обврзува инсталацијата да врши мерења на емисиите како и да преземе активности за намалување на емисиите на штетните гасови во воздухот. Една активност е имплементирање на процес за десулфуризација на издувните гасови. За овој процес изработена е Физибилити студија каде се предвидува десулфуризацијата да се постигне со примена на влажна постапка, која преставува оптимално решение и најсоодветна за постојниот технолошки процес и опремата што ја поседува инсталацијата. Со реализација на оваа активност се очекува значително намалување на емисиите на SOx во воздухот. 
Законот за контрола на индустриски емисии (транспониран од Директивата за индустриски емисии 2010/75/ЕУ ), кој се очекува да биде донесен 2025 година, има за цел да обезбеди услови кои се потребни за интегрирано спречување  и контрола на загадувањето предизвикано од индустриски активности, како и да обезбеди услови за спречување, или доколку тоа не е возможно намалување на емисиите во воздух, вода и почва и спречување на создавање на отпад, со цел да се постигне високо ниво на заштита на животната средина како целина.
Поголемиот дел од индустриските активности опфатени со Законот за контрола на индустриски емисии мора да се усогласат со НДТ заклучоците што ќе придонесе до подобра контрола на инсталациите и во исто време ќе се зајакне и мониторингот на инсталациите за емисиите во сите медиуми.

Специфично прашање за политиката

Кои различни сектори се вклучени во овој индикатор и имаат учество во зголемување или намалување на емисиите во воздух?

Секторите кои се вклучени во овој индикатор се:

  • 1А1 - Јавно производство на електрична енергија и топлина
  • 1А2 - Стационарно согорување во производствени индустрии и градежништво: Железо и челик
  • A12b - Стационарно согорување во производствени индустрии и градежништво: обоени метали
  • 1A2gviii - Стационарно согорување во производствени индустрии и градежништво: Други
  • 1B1a - Фугитивна емисија од цврсти горива: Ископ и ракување со јаглен
  • 2A1 - Производство на цемент
  • 2C1 - Производство на железо и челик
  • 2C2 - Производство на феролегури
  • 5C1biii - Согорување на медицински отпад

Во Графикон 1, прикажани се загадувачките супстанци кои се очекуваат од секој сектор поединечно и за кои е извршена анализата за овој индикатор.

Графикон 1 Загадувачки супстанци кои се очекуваат од секој сектор одделно

Сектор

NOx

(as NO2)

NMVOC

SOx

(as SO2)

PM10

Pb

Cd

Hg

1A1a

x

x

x

x

x

x

x

1A2a

x

x

x

x

x

x

x

1A2b

x

x

x

x

x

x

x

1A2gviii

x

x

x

x

x

x

x

1B1a

NA

x

NA

x

NA

NA

NA

2A1

NA

NA

NA

x

NA

NA

NA

2C1

x

x

x

x

x

x

x

2C2

NA

NA

NA

x

NA

NA

NA

5C1biii

x

x

x

NA

x

x

x

 

Со колкава количина на емисии на загадувачки материи (NOx, NMVOC, SOx, PM10, Pb, Cd, Hg) учествуваат секторите опфатени во овој индикатор во однос на вкупните емисии на истите загадувачки материи за периодот од  2010 - 2022?

Направен е преглед на уделот на емисиите на секоја загадувачка супстанца во воздухот од секторите кои се дел од овој индикатор во вкупните емисии на истата загадувачка супстанца за секоја година одделно. Прегледот е прикажан во Графикон 2.

Графикон 2 Учество на количината на емисиите во воздухот од сектор индустрија опфатени во овој индикатор во однос на вкупните емисии за секоја година одделно за периодот од 2010 – 2022

Година

NOx
(as NO2)

NMVOC

SOx
(as SO2)

PM10

Pb

Cd

Hg

/

%

%

%

%

%

%

%

2010

71,18

8,12

97,42

61,71

85,29

49,80

89,90

2011

72,78

8,76

98,21

67,37

86,54

51,79

91,10

2012

70,29

8,71

98,68

64,78

83,36

49,14

91,12

2013

62,04

7,82

99,08

66,56

78,30

45,49

89,88

2014

49,54

7,45

99,37

54,15

80,60

46,32

90,25

2015

52,76

7,09

99,32

49,37

79,02

43,81

90,20

2016

40,33

6,53

99,15

42,68

64,94

45,44

88,75

2017

37,93

5,86

99,06

28,60

64,00

49,67

88,30

2018

36,54

6,22

99,20

30,52

65,61

51,88

86,97

2019

40,21

6,91

99,53

27,18

67,77

53,34

88,05

2020

41,85

6,26

99,54

26,06

60,54

47,76

85,37

2021

39,86

6,13

99,47

22,38

63,71

48,94

86,18

2022

43,78

5,99

99,61

26,40

58,06

50,00

85,38

 

Од овој график се гледа дека уделите на емисиите на NOx, NMVOC, PM10 како и на тешките метали Pb и Hg од секторите кои се опфатени во овој индикатор се намалил значително за периодот од 2010 – 2022 и тоа од 71,18 % на 43,78 % за NOx, од 8,12% на 5,99% за NMVOC, од 61,71% на 26,4% за PM10, од 85,29% на 58,06% за Pb и од 89,9% на 85,38% за Hg.

Зголемување на уделот на емисиите за периодот од 2010 – 2022 се забележува за SOx и Cd од секторите кои се опфатени во овој индикатор и тоа од 97,42 % до 99,61 % за SOx и од 49,8% до 50% за Cd.

Оценка

За овој индикатор направена е анализа на обработени податоци за емисии на: NOx, SOx, NMVOC, Cd, Hg, Pb и PM10 за период 2010 – 2022. Податоците се земени од постоечкиот инвентар на загадувачки супстанци во воздухот со кои се известува кон Конвенцијата за прекуграничен пренос на аерозагадување. За овој индикатор како референтна година е земена 2010.

Инвентарот на загадувачки супстанци во воздухот е подготвен согласно податоците од индустријата која има А и Б ИСКЗ дозволи за која има расположливи податоци и податоци од Државниот завод за статистика за количина на применети горива во сектор Индустрија. Подготвен е од страна на МИЦЖС како дел од обврските за известување кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот.

Емисии на NOx

Трендот на количината на емисии на NOx за периодот 2010 – 2022 во споредба со референтната година 2010 бележи значително опаѓање освен за 2011 и 2019 година кога е забележан мал пораст на емисиите како што е прикажано на Графикон 3.

Во 2011 со зголемувањето на количината на емисиите за околу 9% се достигнува и максималната количина на емисии на NOx за периодот 2010 – 2022. Ова зголемување се должи на користење на голема количина на јаглен во сите електрани и топлани. Во следните години се забележува намалување на емисиите кое се должи на  намалување на работата на електраната РЕК Осломеј од 12 на 5 месеци годишно и намалување на потрошувачката на јаглен до 60%, вклучително и гасификација на топланите. Помалите емисии на NOx во 2013 година во однос на 2012 година се резултат и на модернизацијата на котлите во електрана РЕК Битола каде се инсталирани горилници со ниски емисии на NOx. Во константното намалување на емисиите на NOx од 2012 до 2022 влијае константното подобрување и модернизирање на постројките како за производство на електрична енергија (РЕК Битола и Осломеј) и топлина (ТЕ-ТО АД Скопје) која исто така има инсталиран горилници со ниски емисии на NOx. Исто така благодарение на употребата на различни видови горива и примената на иновативни технолошки методи како селективна не-каталитичка редукција на азотни оксиди (NOx), Цементарница УСЈЕ успеа од 2014 година трајно да ги намали емисиите на азотни оксиди.

Намалувањето на емисиите особено во 2016 и 2018 година се должи на гасификацијата на топланата Топлана Запад како и намаленото количество на согорен јаглен во РЕК Битола и намаленото работење на РЕК Осломеј. Од 2015 до 2016 година емисиите на овие супстанции се намалени за 22-23% поради помалата потрошувачка на јаглен и промена на користената методологија за пресметка на емисиите.

На крајот од набљудуваниот период односно во 2022 година количината на емисии на NOx изнесувале околу 38% од емисиите во 2010 година, што претставува намалување на емисиите за 62% во однос на 2010.

Графикон 3 Тренд на вкупни количини на емисии на NOx (како NO2) во воздухот од сектор индустрија за периодот 2010-2022 година претставено како индекс (2010=100)

Емисии на NMVOC

Количината на емисиите на NMVOC за периодот 2010 – 2022 има релативно стабилен тренд на намалување во споредба со референтната година 2010. Пикови каде е забележано зголемување на количината на емисиите е за 2011, 2018 и 2019 година. Во 2011 со зголемувањето на количината на емисиите за околу 10% се достигнува и максималната количина на емисии на NMVOC за периодот 2010 – 2022.

Намалувањето на емисиите се случува поради намалената употреба на растворувачи но и поради намаленото производство во металната индустрија како и намалено согорување во преработувачките индустрии. Бидејќи NMVOC се создава при согорување, зголемување на емисиите се директно поврзани со зголемено согорување од  производство на струја и топлина како и зголемено производство на метал и железо.

NMVOC се создава при фугитивни и емисии при ископ на јаглен и согласно достапните податоци за емисиите кои се создаваат при ископ на јаглен во периодот од 2010 до 2022 година може да се забележи дека се константни. РЕК Битола, согласно А-ИСКЗ дозволата, за намалување на фугитивни емисии од одлагалиштето за јаловина, над-бункерски дел и дробилична постројка предвидува во сушните периоди да се врши прскање со раствор на вода и адитиви. Трендот на вкупни емисии на NMVOC за периодот од 2010 – 2022 е прикажан на Графикон 4.

На крајот од набљудуваниот период односно во 2022 година количината на емисии на NMVOC изнесувале околу 68% од емисиите во 2010 година, што претставува намалување на емисиите за 32% во однос на 2010.

Графикон 4 Тренд на вкупни количини на емисии на NMVOC во воздухот од сектор индустрија за периодот 2010-2022 година претставено како индекс (2010=100)

Емисии на SOx

Количината на емисиите на SOx за периодот 2010 – 2022 има тренд на намалување до 2017, и потоа од 2020 година во споредба со референтната година 2010. Двата пикови каде е забележано зголемување на количината на емисиите е во 2011 и 2019 година. Во 2019 со зголемувањето на количината на емисиите за околу 38% во однос на референтната година 2010 се достигнува и максималната количина на емисии на NMVOC за периодот 2010 – 2022.

Намалувањето на емисиите на SOx во 2013 година се тесно поврзани со промената на енергенс кои се користи во двете топлани на БЕГ односно користење на природен гас наместо мазут. 

Намалувањето на емисиите особено во 2016 година се должи на намаленото количество на согорен јаглен во РЕК Битола и намаленото работење на РЕК Осломеј. Имајќи предвид дека производството на електрична енергија е главниот извор за емисиите на SOx трендовите варираат и зависат од потрошувачката на јаглен. Од 2015 до 2016 година емисиите на овие супстанции се намалени за 22-23% поради помалата потрошувачка на јаглен и промена на методологија на пресметка.

Од 2016 до 2017 година емисиите на SOx се намалени за 13%, поради помалата потрошувачка на јаглен и мазут за производство на електрична енергија, како и намалената работа на РЕК Осломеј. Главно емисиите на SOx зависат од квалитетот и количината на јагленот кој се користи. Во 2018 и 2019 се забележува зголемување на емисиите на SOx. Зголемувањето на емисиите на SOx во 2019 година е скоро двојно во однос на 2017 година и тоа се должи на зголемената количина на согорен јаглен и мазут како и понискиот квалитет на јаглен во РЕК Битола и зголеменото производство на електрична енергија.

Од 2020 до 2022 година се бележи благо намалување на емисиите на SOx како резултат на намалената количина на согорен јаглен во РЕК Битола.

Согласно Инвентарот и Информативниот Извештај за РСМ доставен на Cdr. Eionet базата индустриите за стационарно согорување (железо и челик) во периодот од 2010 до 2022 имаат значително намалување на користење на јаглен и мазут, додека користењето на природен гас варира и бележи незначителен пад, само користењето на биомаса забележува значително зголемување особено од 2018 година. 

Согласно Инвентарот и Информативниот Извештај за РСМ доставен на Cdr. Eionet базата индустриите за стационарно согорување (неметали) во периодот од 2010 до 2022  бележат зголемено користење на мазут. Еуроникел (Фени) од 2021 година има започнато да работи со замена на 25% од горивото со биомаса. Со доаѓањето на енергетската криза на крајот од 2021 термоцентралата на мазут ТЕЦ Неготино отпочнато со работа. Трендот на вкупни емисии на SOx за периодот од 2010 – 2022 е прикажан на Графикон 5.

На крајот од набљудуваниот период односно во 2022 година количината на емисии на SOx изнесувале околу 108% од емисиите во 2010 година, што претставува зголемување на емисиите за 8% во однос на 2010.

Графикон 5 Тренд на вкупни количини на емисии на SOx (како SO2) во воздухот од сектор индустрија за периодот 2010-2022 година претставено како индекс (2010=100)

Емисии на PM10

Количината на емисиите на PM10 за периодот 2010 – 2022 има тренд на има значително зголемување до 2013, а потоа на драстично опаѓање до крајот на периодот на набљудување. Максималната вредност на количината на емисии за периодот 2010 – 2022 е за 42% поголема од количината во референтната година и се забележува во 2013 година.

Трендот на PM10 честичките е променлив со зголемувања и опаѓања поради променливата работа на инсталациите за производство на феролегури како главен извор на националните вкупни емисии на честички. Главната причина за трендот на намалување на прашина која доаѓа од производството на електрична енергија е поради намалената потрошувачка на јаглен, но и на производството на феролегури во земјата со затворање на фабриката за феролегури Југохром во ноември 2016 година. Фабриката за цемент, Цементарница УСЈЕ, исто така претставува потенцијален извор на емисии поради тоа во текот на годините постојано вложува во поставување на најсовремени филтри со цел намалување на емисиите на прашина од печките.

На графиконот како референтна година е земена 2010 и се гледа дека емисиите на PM10 бележат тренд на опаѓање освен за 2011, 2013, 2018 како и 2022 кога се забележува зголемување на емисиите на PM10.  Трендот на вкупни емисии на PM10 за периодот од 2010 – 2022 е прикажан на Графикон 6.

Зголемувањето на емисиите на PM10 во воздухот во 2011 се должат на двојното зголемување на производство на феролегури, во 2012 емисиите бележат благ пад поради намалено производство на струја и феролегури. Во 2013 производството на феролегури се зголемило за околу 27 % иако производството на струја се намалило за 8,29 % сепак вкупните емисии бележат раст и достигнуваат максимални емисии на PM10 во периодот 2010 - 2022. Со почеток на 2014 па се до 2017 количините на емисии на PM10 бележат пад поради модернизација на термоцентралите за производство на струја како и за престанокот со работа на инсталацијата Југохром во 2016 година. Во 2018 забележано е зголемување на емисиите на PM10 за 9 % поради зголемено производство на електрична енергија. Во текот на 2018 година, по преструктуирање,  успешно бил рестартиран и модернизиран процесот за производство на никел и во јануари 2019 година фабриката од ФЕНИ Индустри станала Еуроникел Индустри и отпочнала со работа.

 Во периодот од 2019 до 2021 има намалување на емисиите на PM10 поради опаѓање на производството на електрична енергија од РЕК Битола и Осломеј, а зголемено производство на електрична енергија од хидроелектрични централи. Во 2022 зголемувањето на емисиите на PM10 се должи на зголеменото производство на електрична енергија за 9 % пропратено со зголемување на фугитивни емисии од ископ на јаглен.

На крајот од набљудуваниот период односно во 2022 година количината на емисии на PM10 изнесувале околу 21% од емисиите во 2010 година, што претставува значително намалување на емисиите за 79% во однос на 2010.

Графикон 6 Тренд на вкупни количини на емисии на PM10 во воздухот од сектор индустрија за периодот 2010-2022 година претставено како индекс (2010=100)

Емисии на тешки метали (Pb, Cd и Hg)

Количината на емисиите на тешките метали (Pb, Cd и Hg) има стабилен тренд на намалување во споредба со референтната година 2010. Пикови каде е забележано зголемување на количината на емисиите е за 2011, 2014 и 2019 година. Максималната вредност на количината на емисии за периодот 2010 – 2022 е за 10% поголема од количината во референтната година и се забележува во 2011 година. Трендот на вкупни емисии на тешки метали за периодот од 2010 – 2022 е прикажан на Графикон 7.

Количините на емисии на Pb се значително намалени почнувајќи од 2003 година како резултат на затворањето на Топилницата Злетово – Велес. Затворањето на топилницата за цинк и олово Злетово се одразува и на намалувањето на емисиите на Hg и Cd. Дополнително, позитивно влијание на намалувањето на емисиите на овие загадувачи е поради воведувањето на НДТ во инсталациите кои поседуваат А и Б ИСКЗ дозволи но и вршат мониторинг, преземаат мерки за намалување на емисиите и се грижат за унапредување и модернизација на сопствените фирми.

Како позитивен пример на примена на НДТ е во Макстил каде над челичарницата поставена е „Елефант хаус“, хауба за зафаќање на фугитивни емисии од технолошкиот процес која ги покрива двете печки во 2014 година односно два аспиратори ги извлекуваат емисиите на воздух кои преку цевковод ги носат во објект во кој се лади воздухот.

Во 2011 година се забележува раст на емисиите поради зголемување на производството на метал и железо од инсталациите во Железара како и благ пораст на зголемување на производство на струја. Во 2012 и 2013 година има пад на емисиите поради намалување на производството на железо и метал за 33,3 % и 35 % соодветно.  Во периодот од 2015 до 2017 има опаѓање на емисиите на Pb главно поради модернизација на инсталациите за производство на железо и метал кои исто така поседуваат А ИСКЗ дозволи и преземаат мерки за намалување на емисиите и се грижат за унапредување и модернизација на сопствените фирми. Во периодот од 2018 - 2022 трендот е опаѓачки но се забележува и мал пик на емисии што се должи на зголемено производство на струја и топлинска енергија како и зголеменото согорување на медицински отпад во Дрисла. Емисиите на Cd се рамномерни во текот на целиот период, додека емисиите на Hg се во постојан пад поради затварање на индустрискиот гигант Охис. 

На крајот од набљудуваниот период односно во 2022 година количината на емисии на тешки метали (Pb, Cd, Hg) изнесувале околу 28% од емисиите во 2010 година, што претставува значително намалување на емисиите за 72% во однос на 2010.

Графикон 7 Тренд на вкупни количини на емисии на тешки метали (Pb, Cd, Hg) во воздухот од сектор индустрија за периодот 2010-2022 година претставено како индекс (2010=100)

Во периодот од 2010 до 2022 година, вредноста што индустријата ја генерира за економијата - мерена со бруто додадена вредност (БДВ) - се зголемила, што покажува дека индустријата во нашата земја создава помалку емисии, бидејќи односот на испуштањата на загадувачки супстанци во воздухот со капацитетот на производството на индустриите се намалува. Вкупниот график со сите загадувачки материи и БДВ за периодот од 2010 - 2022 е прикажан на Графикон 8.

Графикон 8 Бруто додадената вредност (БДВ) на Република Северна Македонија во однос на емисиите на загадувачки супстанци во воздухот од сектор индустрија за периодот 2010-2022 година претставени како индекс (2010=100)

Направена е споредбена анализа на промената на емисиите на загадувачките материи во воздух на нашата во однос на другите земји од ЕУ-27 за 2022 година во однос на 2010 (како референтна година). На Графикон 9 е прикажана споредбата на промена на емисиите на NMVOC, NOx, SOx, Pb, Cd и Hg и PM10 од нашата земја со оние на ЕУ 27 за 2022 година во однос на 2010 година (земена како референтна).  Во РСМ  се забележува намалување на емисиите за сите параметри освен за SOx како резултат на модернизација на постројките и технологиите вклучувајќи и НДТ како и подобрување на функционирањето на релевантните институции во делот на мониторингот што овозможува брзо и соодветно постапување и реализирање на мерки. Споредено со останатите држави каде вредностите варираат воочливо е дека емисиите на SOx во сите држави се намалуваат за разлика од ситуацијата во нашата земја каде има зголемување за околу 10%. Ова зголемување се должи на согорувањето на јаглен во постројките за производство на електрична енергија, како РЕК Битола и РЕК Осломеј.  Согласно А- ИСКЗ дозволата на РЕК Битола една од активностите како мерка за намалување ан емисиите на  SOx е изградба на постројка за десулфуризација со која се очекува значително намалување на емисиите на SOx.

Графикон 9 Споредбена анализа на промената на емисиите на загадувачките материи во воздухот од сектор индустрија во однос на другите земји од ЕУ-27 за 2022 година

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци:

Податоци достапни на сајтот на ЕЕА (Change of pollutant releases into air in EU-27 countries in the period 2010-2022) за ЕУ-27 државите додека податоците за РСМ се од Инвентарот за емисии во воздух за РСМ објавен на Eionet.

Користените податоци емисиите категоризирани по NFR категории наведени погоре кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и Секретаријатот на Обединетите нации. Податоците се достапни по земја на следната веб страна: https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envzewhna/. Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Инсталациите во земјата доставуваат извештаи според фреквенција одредена во дозволата или најмалку еднаш годишно до МЖСПП и од нив со помош на количина на готови производи пуштени на пазарот како и количина на согорен енергенс согласно EMEP/EEA Упатство за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух се пресметани емисиите на загадувачки супстанци, кои се обработуваат и се ставаат во excel документ каде се прикажани сумирани емисии од секој сектор поединечно кој учествува во овој индикатор. 

Емисиите кои се емитираат во индустријата и се дел од овој индикатор се: NOx, SOx, NMVOC, Cd, Hg, Pb и PM10 за период 2010 – 2022.

Годишните емисии на различните загадувачки материи се прикажани за секоја година одделно и потоа се изразени како проценти на намалување или зголемување во однос на количините од  2010 година како базна година, по што се креира тренд линија. На овој график прикажана е и бруто додадената вредност (БДВ) која исто така е прикажана како процент на намалување или зголемување на  нивоата од 2010 година.

  • Извор за користената методологија

Податоците се преземени од последната верзија на Информативниот извештај за инвентарот: https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/iir/ а за пресметките на емисиите во рамките на инвентарот во кој се опфатени и категориите од индустрија се користени следните упатства: (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guide…http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guide…http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019

https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2023).

Цели

Според националното законодавство плафоните на емисии во земјата дадени во Правилникот за количините на горните граници-плафоните на емисиите на загадувачките супстанции со цел утврдување на проекции за одреден временски период кои се однесуваат на намалувањето на количините на емисиите на загадувачките супстанции на годишно ниво (Сл. Весник на РМ бр. 02/2010) релевантни за овој индикатор се за SO2 и NOx. Плафоните на емисии за SO2 и NOx изнесуваат 130 kt  за SO2 и 39 kt за NOx. Во периодот од 2010 до 2022 од целокупните емисии во воздухот од земјата не се забележува надминување на прагови на емисии за SO2 и NOx. Тешките метали не ги надминуваат емисиите од базната година согласно барањат на Протоколот за тешки метли кон CLRTAP.
Уделот на секторот индустрија во вкупните емисии на SO2 се зголемува во периодот од 2010 – 2022 од 97,42 % на 99,61 %) додека уделот во вкупните емисии на NOx се намалува од 72,78 % на 36,54 %.  
Целта е инсталациите да не ги надминуваат граничните вредности на емисија дефинирани за нивната дејност согласно националното законодавство.
Загадувањето на воздухот директно влијае на зголемување на медицинските трошоци и истовремено ја намалува економската продуктивност поради лошото здравје на работниците. Таквиот воздух штети и на почвата, посевите, шумите, езерата и реките. 
Поради тоа со земање предвид на трендовите на емисиите на загадувачки супстанци во воздухот од сектор индустрија, потребно е да се преземат мерки за подобрување на состојбата, преку  транспонирање и имплементација на ЕУ директивите за секторот индустрија, зајакнат надзор над операторите на инсталациите и мониторинг на емисиите на загадувачките супстанции во воздухот со примена на референтни методи со крајна цел да се обезбеди подобар квалитет на воздухот.
Подобрениот квалитет на амбиенталниот воздух ќе овозможи квалитетен живот на населението, подобрување на здравјето на луѓето и други придобивки.

Обврска за известување

Обврските за известување  на инвентарот за емисии во воздух, вклучувајќи  ги и емисиите од индустрија се на годишно ниво кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP) како и Европската агенција за животна средина (ЕЕА). Обврските за известување на индустријата се наведени во националното законодавство, во подзаконски акти, кои произлегуваат од Законот за животна средина и Законот за квалитет на амбиентен воздух.

Општи мета-податоци

Тема

Воздух

Поврзаност со други теми/сектори

Почва, Климатски промени, Загадување на воздух, Енергија, Здравство,  Економија на животна средина

Код на индикаторот

MK НИ 108

Временска покриеност

2010-2022

Име на индикаторот

Емисии на загадувачки супстанции во воздухот од сектор индустрија

Извор на податоци

Министерство за животна средина и просторно планирање,

Класификација по ДПСИР

П

Датум на последна верзија

01.10.2024

Тип

A

Подготвено/ ажурирано од:

*

Фреквенција на публикување

Годишно

Контакт

e-пошта: p.malkov@moepp.gov.mk

a.krsteska@moepp.gov.mk

*Индикаторот е изработен за првпат оваа година и е изработен од надворешен консултант

Поврзаност со други индикатори

МК НИ 111 ЕМИСИЈА НА ЗАГАДУВАЧКИ СУПСТАНЦИ  ВО ВОЗДУХОТ ОД СЕКТОРОТ ИНДУСТРИЈА

EEA - Европска агенција за животна средина

INDP 003 Industrial pollutant releases to air in Europe  

UNECE - Економска комисија на Обединетите нации за Европа

нема еквивалент

Каталог на индикатори за животна средина

Industrial pollutant releases to air in Europe (EEA_CSI055/INDP003)

SDG - Цели за одржлив развој

 

9 - Industry, innovation and infrastructure

GGI - Индикатори за зелен раст

да

Кружна економија

не

 

Мени за пристапност