Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Земјоделство

Резиме

1

1. Што се случува?

Земјоделската активност има големо влијание на животната средина поврзано со загадување на воздухот, водите и почвата, таа исто така во голема мера влијае и на флората и фауната. Од една страна заради зголемената потреба од храна, земјоделските површини се зголемуваат на сметка на шумските предели, но од друга страна земјоделското земјиште се пренаменува во градежно заради зголемената урбанизација околу населените места. Ерозија на почвата е уште еден еколошки проблем предизвикан од земјоделски активности во Република Северна Македонија. Во секторот земјоделство најчести се проблемите со загадување со ѓубрива и пестициди, губење на органските материи во почвата и деградација на хумусниот слој поради суша или обилни врнежи. 
За жал, заради недостаток на податоци за пресметка, за индикаторите Употреба на минерални ѓубрива и Употреба на средства за заштита на растенијата постојат историски податоци од 2009 до 2012 година и за Бруто-Биланс на азот за период од 2000-2004 година.
Повторно е направена анализа на Бруто-Билансот на азот за периодот од 2017 до 2022 година, при што забележлив е променлив тренд на бруто-билансот на азот во нашата земја. Прво е забележан пад, па веднаш потоа раст на истиот до 2020 година. Потоа следи нагло опаѓање во периодот од 2021-2022 година на бруто-билансот на азот изразен како во илјади тони, така и во килограм азот на хектар земјоделска површина kgN/ha. Постојан суфицит индицира потенцијални проблеми со животната средина, додека постојан дефицит во азотниот биланс, индицира потенцијален ризик за намалување на хранливите материи во почвата.

Во последните години се забележува тренд на пораст во органското производство, како во обработливите површини сертифицирани за органско производство, така и во бројот на оператори. Производните површини со органско производство имаат позитивен тренд на пораст од 11 пати, од 266 хектари во 2005 година на 2.664,08 хектари во 2023 година. Површините под конверзија имаат најголем пораст, од 17 пати, во периодот 2005 до 2011 година, а најголем пад во периодот од 2011 до 2014 година. Позитивен тренд на зголемување на површините под конверзија се јавува повторно од  2015 до 2023 година. 
Динамиката на вкупно сертифицирана производна површините со органско земјоделско производство ја следи погоре наведената динамика на зголемување и намалување на бројот на органските оператори во текот на годините. 
Уделот на органското производство во однос на вкупната обработлива површина сеуште е незначителен и изнесува 1,18%.
Исто така целта не е постигната  и согласно проекциите дадени во националните стратегии за земјоделство и рурален развој 2014-2020 и 2021-2027 година. И покрај зголемувањето  на производните капацитети за органско производство во изминатиот период посакуваните проекции на политиката за удел на обработените површини под органското производство се под  2% од вкупното обработено земјоделско земјиште во Република Северна Македонија.

Бројот на пчелните семејства во Република Северна Македонија бележи позитивен тренд на зголемување од 4 пати во однос на 1993 година. Разгледувано по статистички региони, се забележува дека во периодот од 2007 до 2021 година, најголем вкупен број на пчелни семејства (344.692), има во Југоизападниот регион, а најмал (85.261) во Скопскиот регион.
Земјоделскиот сектор е главен извор на емисии на амонијак, со годишен удел од најмалку 85% во целиот период 1990-2020 година, додека во 2020 овој удел изнесува 91%. Намалените емисии на амонијак во 2020 година произлегуваат од намалениот број на одгледуван добиток, намалени земјоделски површини и намалена примена на вештачки ѓубрива, заради зголемената миграција село-град.
Во однос на користење на водните ресурси во земјата по сектори како што се: јавно водоснабдување, наводнување и производство на електрична струја, земјоделството е главен потрошувач на вода за наводнување и во 2021 година претставува 40,75% од вкупното количество на искористените водни ресурси.
 

2. Зошто се случува?

Националниот план за органско производство за периодот 2013 – 2020 година е инструментот кој што обезбедува основа за понатамошен развој на органското производство во Република Северна Македонија. Воедно во овој Национален план одредени се насоките, активностите и мерките, односно политиките кои ќе ги спроведува МЗШВ за периодот 2013 - 2020 за идниот развој на органското производство во Република Северна Македонија, а претставува и основа за планирање и реализацијата на финансиската поддршка во овој сектор. Во Националната стратегија за земјоделство и руралниот развој 2021-2027 предвидени се повеќе активности за развојни земјоделски компоненти и политики со конкретни цели и мерки. 
Сé поголем дел од потрошувачите во Република Северна Македонија знаат што претставува органско земјоделство и ја знаат вредноста на органската храна, но на ова поле треба уште многу да се работи. За да се создаде домашна понуда и побарувачка од органски производи потребно е постојано информирање и подигнување на свеста на потрошувачите преку соодветни кампањи, промоции и други информативни алатки. Исто така, неопходно е преземање на сериозни активности за промоција на органската храна од Република Северна Македонија преку настапи на меѓународни саеми и слични манифестации.

3. Дали имаме национална цел?

3.1.  Површини со органско земјоделство

Согласно проекциите дадени во националните стратегии за земјоделство и рурален развој 2014-2020 и 2021-2027 година. И покрај зголемувањето на производните капацитети за органско производство во изминатиот период посакуваните проекции на политиката за удел на обработените површини под органското производство се под  2% од вкупното обработено земјоделско земјиште во Република Северна Македонија.

3.2.  Пчелни семејства

Целите во делот на пчеларството во следниот период се зголемување на бројот на пчелните семејства и приносите, што треба да резултира со поголемо производство на мед

3.3.  Употреба на минерални ѓубрива

3.4.    Покрај дефинираната општа цел за користење на ѓубрива од органско потекло, се преферираат и интензивираат мерки за целосна поддршка – субвенционирање на агро-хемиски анализи на почвата со цел да се намали употребата на несоодветно и неконтролирано користење на минерални ѓубрива

3.5.  Употреба на средства за заштита на растенијата 

Општа цел е намалена употреба на пестициди. 

3.6.  Бруто-Биланс на азот 
Општа цел е обезбедување постојан баланс на азот во земјоделското земјиште. 
 

4. Дали националната цел е постигната?

4.1.  Површини со органско земјоделство

Уделот на органското производство во однос на вкупната обработлива површина сеуште е незначителен и изнесува 1,18%.
Исто така целта не е постигната  и согласно проекциите дадени во националните стратегии за земјоделство и рурален развој 2014-2020 и 2021-2027 година. И покрај зголемувањето  на производните капацитети за органско производство во изминатиот период посакуваните проекции на политиката за удел на обработените површини под органското производство се под  2% од вкупното обработено земјоделско земјиште во Република Северна Македонија.

4.2.  Пчелни семејства

Што се однесува за постигнување на националната цел за зголемување на бројот на пчели и производството на мед  треба да се реализираат неколку групи на активности во повеќе релевантни области, потоа да се подржи и финансирањето на трошоците за започнување на пчеларење на млади пчелари. Намалување на загубата на бројот на пчелни семејства ќе се превенира и со подобрување на здравствената заштита на пчелите особено насочена кон надминување на болеста Вароза која учествува во најголем процент во загубите потоа следи исто така и подобрување на хигиената во пчеларењето (добра хигиенска пракса и користење на адекватна технологија), подобрување и проширување на пчелната паша.
Во однос на останатите три индикатори не може да се констатира дали целта е остварена со оглед на тоа што не е конкретна, а исто така и податоците со кои располагаме не се ажурирани.

5. Клучни пораки за темата

Производните површини и површините под конверзија со органско производство имаат променлив тренд на пораст и опаѓање. Производните површини со органско производство имаат позитивен тренд на пораст од 11 пати, од 266 хектари во 2005 година на 2.664,08 хектари во 2023 година. Површините под конверзија имаат најголем пораст во периодот 2005 до 2011 година, односно од 326.54 хектари во 2005 година се зголемиле на 5.573,66 хектари во 2011 година, што претставува пораст од 17 пати. Но потоа, во периодот од 2011 до 2014 година има најголем пад на површините под конверзија од 5.573,66 хектари на 910,88 хектари, што укажува на фактот дека во тој период значително се намалуваат површините под конверзија. Позитивен тренд на зголемување  со одредени флуктуации на површините под конверзија се јавува во годините од 2015 до 2023 година. 
Треба да се зголемат површините со органско земјоделско производство за да се постигнат националните цели.
Што се однесува до Бруто- Биланс на Азот треба да има урамнотежен суфицит и дефицит во азотниот биланс,  поради тоа што и дефицитот на азотен биланс индицира потенцијален ризик за намалување на хранливите материи во почвата.

Вкупниот број на пчелни семејства во Република Северна Македонија во 2021 година, бележи позитивен тренд на зголемување од 59,4% во однос на 2007 година. 
Разгледувано по статистички региони, се забележува дека во периодот од 2007 до 2021 година, најголем вкупен број на пчелни семејства (205.467), има во Полошки регион, а најмал (58.355) во Скопскиот регион. Преку следење на пчелните семејства, однесувањето на пчелите и квалитетот на медот директно може да се следи состојбата на животната средина.
 

6. Кои активности се/треба да се преземат?

За зголемување на бројот на пчелните семејства и приносите, неопходно е да се промени структурата на пчеларските стопанства со поместување на што поголем дел од производителите од ниво на хоби кон пчеларење на ниво на професионализација. Зголемувањето на производните капацитети сепак ќе биде можно доколку се врши континуирано обновување и надоместување на загубите на пчелниот фонд кои го надминуваат биолошкиот процент на загуби, особено со пчелни матици и пчелни роеви од контролиран генетски материјал кој потекнува од автохтониот подвид пчели на медоносни пчели (Apis mellifera macedonica). Овие автохтони подвидови најлесно се справуваат со предизвиците од животната средина и стрес факторите. 
Гледано од аспект на влијанијата во животната средина и бројноста на пчелните семејства, може да се забележи дека пчелите се под голема закана од комбинираните ефекти на климатските промени, интензивното земјоделство, пестицидите, загубата на диверзитетот и загадувањето на животната средина. Со зголемување на загадувањето, се зголемуваат и загубите на пчелниот фонд кои го надминуваат биолошкиот процент на загуби. Преку следење на пчелните семејства, однесувањето на пчелите и квалитетот на медот директно може да се следи состојбата на животната средина. Преку заштита на животната средина, се грижиме за пчелите, а со тоа и за нас и нашата исхрана, што претставува кружен процес.
Што се однесува за употреба на минерални ѓубрива и употреба на средства за заштита на растенијата  постојат историски податоци од 2009 до 2012 година и за Бруто-Биланс на азот во период од 2000-2004 година. Во иднина треба да се овозможи обезбедување на податоци за пресметка на истите индикатори како би можело да се следи состојбата и да се дадат клучни пораки за темата.
Исто така од големо значење е да се знае дека употребата на средствата за заштита на растенијата дека може да има и одреден ризик и опасност по здравјето на луѓето, животните или животната средина, доколку истите не се применуваат на пропишан и правилен начин. Во Националната Стратегија за земјоделството и руралниот развој за периодот 2021-2027 година посебен акцент е ставено на преземањето на сите неопходни активности за да се осигура дека резидуи од пестициди значително ќе бидат намалени на или нема да бидат присутни во храната и храната за животни на нивоа кои претставуваат ризик за луѓето, а кога тоа е релевантно и за животните. 
Земјоделските производители ќе треба да се ориентираат кон користење на методи и производи кои го намалуваат вкупниот ризик за здравјето на луѓето, како и користење на квантитет на производи за заштита во количини кои се конзистентни со ефективните контроли на штетниците, без непотребна и неконтролирана употреба на пестициди. Ваквиот пристап ќе се поттикнува преку примена на принципите на Добра Земјоделска Пракса.

 

Дефиниција

Билансот на хранливи материи или азотниот биланс, воспоставува поврзаност помеѓу хранливите материи кои се користат во земјоделството и промените во квалитетот на животната средина, со цел одржливо користење на почвените хранливи материи во смисла на нивен внес и излез. 
Индикаторот го проценува потенцијалниот вишок на азот во земјоделското земјиште. Ова се добива со пресметување на билансот помеѓу азотот применет на хектар земјоделско земјиште. Индикаторот ги зема предвид сите влезни и излезни материи на земјоделското стопанство (фармата). Влезните материи се состојат од количеството на азот применет преку минерални ѓубрива и арско ѓубриво, како и врзување на азотот од страна на азотофиксаторните растенија, наносите од воздух и од други помали извори. Излезниот азот се содржи во собраните (ожнеани) култури, како и тревите и растенијата што ги јаде стоката. Неконтролираното испуштање на азотот во атмосферата во вид на NO2 од земјоделството тешко се проценува и затоа не се зема предвид. 

Единици
  • Грубиот т.е. бруто-билансот на азот се изразува во (kgN/година) на хектар (ha).
Клучно прашање за политиката

Дали се подобрува влијанието на земјоделството врз животната средина?

Клучна порака

Во периодот од 2017 до 20022 година забележлив е променлив тренд на бруто-билансот на азот во нашата земја. Прво е забележан пад, па веднаш потоа раст на истиот до 2020 година. Потоа следи нагло опаѓање во периодот од 2021-2022 година на бруто-билансот на азот изразен како во илјади тони, така и во килограм азот на хектар земјоделска површина kgN/ha. Постојан суфицит индицира потенцијални проблеми со животната средина, додека постојан дефицит во азотниот биланс, индицира потенцијален ризик за намалување на хранливите материи во почвата.

Слика 1 Бруто  азотен биланс изразен во илјади тони и kgN/ha земјоделска површина

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Годишни статистички извештаи/Државен завод за статистика, Пресметките за грубиот биланс на азот ги направи Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Методологијата за пресметка на индикаторот е земена од OECD/Eurostat national nutrient balances, која ги зема предвид сите влезни и излезни материи на земјоделското стопанство (фармата).

Влезните азотни материи се состојат од:

  1. Вкупното количество на употребено ѓубриво
  • Неорганско ѓубриво
  • Органско ѓубриво (се исклучува арското ѓубре)
  1. Арско ѓубриво
  2. Врзување на азотот од страна на азотофиксаторните растенија
  3. Наносите на азот од воздух
  4. Други помали извори (семе и друг саден материјал)

Излезните азотни материи се состојат од:

  1. Собраните (пожнеани) растителни култури, кои се пласирани на пазарот, во кои се вклучени и фуражните култури
  2. Тревите и растенијата што ги јаде стоката

Неконтролираното испуштање на азотот во атмосферата во вид на NO2 од земјоделството тешко се проценува и затоа не се зема предвид.

  • Извор за користената методологија

OECD/EurostatGrossNitrogenBalancesHandbook (12/2003)

Несигурност

  • Методолошка несигурност

Податоците кои се користат за пресметување на овој индикатор делумно се базирани на проценка на експерти. Притоа се користи хармонизирана методологија која можеби не ги одразува специфичностите на нашата земја. Одредени коефициенти кои се користат при пресметките многу се разликуваат од земја до земја. Податоците за внес на азот се смета дека се посоодветни и поцелосни отколку оние за изнес. Несигурноста се јавува во однос на ожнеаните фуражни растенија, како и тревестите растенија кои ги јаде стоката.

Поради погоренапоменатото податоците за бруто-билансот на азот во нашата земја треба да се земаат со одредена доза на внимателност .

  • Несигурност на групата податоци

Податоците за количествата на употребуваното арско ѓубриво имаат одредена доза на несигурност, статистичките податоци за семињата и другиот саден материјал, како и податоците за тревестите растенија кои ги јаде стоката, односно кои не се пласираат на пазарот, исто така треба да се прифатат со доза на несигурност.

Цели

Нема специфични цели

Обврска за известување
  • EEA

Општи мета-податоци

Тема Земјоделство Поврзаност со други теми/сектори Почва и користење на земјиште, Природа, Шумарство
Код на индикаторот MK НИ 025 Временска покриеност 2017-2022
Име на индикаторот Бруто биланс на азот Извор на податоци Државен завод за статистика, Годишни публикации во областа на земјоделството
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 2024
Тип А Подготвено/

 

ажурирано од:

Македонски информативен центар за животна средина, Министерство за животна средина и просторно планирање
Фреквенција на публикување 3 – Годишно Контакт e-пошта: 
М.Cvetkovska@moepp.gov.m
 

Поврзаност со други индикатори

МК НИ 025 Бруто биланс на азот EEA – Европска агенција за животна средина IND-157/SEBI 019, Nitrogen balance
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 2. End hunger, achieve food security and improved nutrition and promote sustainable agriculture
GGI – Индикатори за зелен раст не
Кружна економија не

 

Дефиниција

Индикаторот се пресметува како удел (процент) на површина со органско земјоделство (збир од постојните површини со органско земјоделство и површини во процес на пренамена во органско земјоделство) од вкупната земјоделска површина или вкупната обработлива површина.

Единици

Индикаторот се изразува како збир на површина со органско производство и на површина што се конвертира т.е. пренаменува за органско производство, изразено во ha. Уделот на органското земјоделство се дава како процент од вкупната обработлива површина.

Клучно прашање за политиката

Дали уделот на органското обработливо земјиште во однос на вкупното обработливо земјиште е во пораст?

Клучна порака

Во разгледуваниот период производните површини и површините под конверзија со органско производство имаат променлив тренд на пораст и опаѓање. Производните површини со органско производство имаат позитивен тренд на пораст од 11 пати, од 266 хектари во 2005 година на 2.664,08 хектари во 2023 година. Површините под конверзија имаат најголем пораст, од 17 пати, во периодот 2005 до 2011 година, а најголем пад во периодот од 2011 до 2014 година. Позитивен тренд на зголемување на површините под конверзија се јавува повторно од  2015 до 2023 година. 
Динамиката на вкупно сертифицирана производна површините со органско земјоделско производство ја следи погоре наведената динамика на зголемување и намалување на бројот на органските оператори во текот на годините. 
Уделот на органското производство во однос на вкупната обработлива површина сеуште е незначителен и изнесува 1,18%.
Исто така целта не е постигната  и согласно проекциите дадени во националните стратегии за земјоделство и рурален развој 2014-2020 и 2021-2027 година. И покрај зголемувањето  на производните капацитети за органско производство во изминатиот период посакуваните проекции на политиката за удел на обработените површини под органското производство се под  2% од вкупното обработено земјоделско земјиште во Република Северна Македонија.

 

Слика 1. Површини со органско земјоделско производство
 

 

 

Слика 2. Удел на површини со органско земјоделско производство во обработлива и вкупна земјоделска површина

 

Слика 3.Растително органско производство во хектари по вид на култура

 

 

Слика 4. Однос помеѓу бројот на оператори и површината под органско земјоделско производство

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Годишни статистички извештаи/Државен завод за статистика, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Одделение за органско земјоделско производство.

Оценка

Во разгледуваниот период производните површини и површините под конверзија со органско производство имаат променлив тренд на пораст и опаѓање.

Производните површини со органско производство имаат позитивен тренд на пораст од 11 пати, од 266 хектари во 2005 година на 2.917,39 хектари во 2021 година.

Површините под конверзија имат најголем пораст во периодот 2005 до 2011 година, односно од 326.54 хектари во 2005 година се зголемиле на 5.573,66 хектари во 2011 година, што претставува пораст од 17 пати. Но потоа, во периодот од 2011 до 2014 година има најголем пад на површините под конверзија од 5.573,66 хектари на 910,88 хектари, што укажува на фактот дека во тој период значително се намалуваат површините под конверзија. Позитивен тренд на зголемување со одредени флуктуации на површините под конверзија се јавува во годините од 2015 до 2021 година.

Уделот на вкупните површини со органско земјоделско производство (производни + конверзија), во вкупната обработлива површина пораснал од 0,11% во 2005 година на 1,29% во 2011 година, додека во 2012 година уделот се намалува и изнесува 0,91%, негативниот тренд продолжува и во периодот до 2014 година. Од 2015 до 2021 година е забележано зголемување на површините на органското земјоделско производство, во вкупната обработлива површина со одредени флуктуации. Во 2021 година уделот се зголемил и изнесува 0,83%, но за жал сеуште е мал во однос на 2011 година, кога уделот бил најголем, и бележи пад од 35,5%.

Уделот на површините со органско земјоделско производство во вкупната обработлива површина е незначителен со оглед на тоа дека согласно Националниот план за органско производство 2013-2020, до 2020 година треба да се постигне целта органското обработливо земјиште да има удел од 4% во вкупното обработливо земјиште во Северна Македонија и истиот во 2021 година изнесува 0,83%.

Истотака целта не е постигната и согласно проекциите дадени во националните стратегии за земјоделство и рурален развој 2014-2020 и 2021-2027 година.   И покрај зголемувањето на производните капацитети за органско производство во изминатиот период посакуваните проекции на политиката за удел на обработените површини под органското производство се под 2% од вкупното обработено земјоделско земјиште во Република Северна Македонија.

За жал, целта не само што не е постигната, туку состојбата е влошена во споредба со 2011 година кога уделот бил највисок 1,29%.

И покрај незадоволителниот удел на површините со органско земјоделско производство треба упорно да се продолжи со примена на алатки се со цел да се постигне задоволително ниво на препознавање и потрошувачка на органската храна, а со тоа и поголема мотивација на органските производители за зголемување на нивните производни капацитети и мотивација за трговците за продажба на органска храна.

На слика 3 се гледа дека житните култури се водечка органска култура во Северна Македонија во 2021година, со учество од 39,47%, потоа следуваат овошните култури, со 20,07 % како и фуражните со 19,96% учество, додека најмал удел имаат маслодајните култури со учество од 0,57% во вкупните сертифицирани површини.

Бројот на сертифицирани органски оператори во периодот од 2005 до 2011 година пораснал пропорционално со порастот на површините под органско земјоделско производство (слика 4), односно опаднал во периодот од 2012 до 2014, за повторно да има пораст од 3 пативо периодот од 2014 до 2021 година.Во разгледуваниот период производните површини и површините под конверзија со органско производство имаат променлив тренд на пораст и опаѓање. 
Производните површини со органско производство имаат позитивен тренд на пораст од 11 пати, од 266 хектари во 2005 година на 2.664,08 хектари во 2023 година. 
Површините под конверзија имаат најголем пораст во периодот 2005 до 2011 година, односно од 326.54 хектари во 2005 година се зголемиле на 5.573,66 хектари во 2011 година, што претставува пораст од 17 пати. Но потоа, во периодот од 2011 до 2014 година има најголем пад на површините под конверзија од 5.573,66 хектари на 910,88 хектари, што укажува на фактот дека во тој период значително се намалуваат површините под конверзија. Позитивен тренд на зголемување  со одредени флуктуации на површините под конверзија се јавува во годините од 2015 до 2023 година. 
Уделот на вкупните површини со органско земјоделско производство (производни + конверзија), во вкупната обработлива површина пораснал од 0,11% во 2005 година на 1,29% во 2011 година, додека во 2012 година уделот се намалува и изнесува 0,91%, негативниот тренд продолжува и во периодот до 2014 година. Од 2015 до 2023 година е забележано зголемување на површините на органското земјоделско производство, во вкупната обработлива површина со одредени флуктуации. Во 2023 година уделот се зголемил и изнесува 1,18%, но за жал сеуште е мал во однос на 2011 година, кога уделот бил најголем, и бележи пад  од 8,5%.
Уделот на органското производство во однос на вкупната обработлива површина сеуште е незначителен и изнесува 1,18%.
Исто така целта не е постигната  и согласно проекциите дадени во националните стратегии за земјоделство и рурален развој 2014-2020 и 2021-2027 година.   И покрај зголемувањето на производните капацитети за органско производство во изминатиот период посакуваните проекции на политиката за удел на обработените површини под органското производство се под  2% од вкупното обработено земјоделско земјиште во Република Северна Македонија.
За жал, целта не само што не е постигната, туку состојбата е влошена во споредба со 2011 година кога уделот бил највисок  1,29%.
И покрај незадоволителниот удел на површините со органско земјоделско производство треба упорно да се продолжи со примена на алатки се со цел да се постигне задоволително ниво на препознавање и потрошувачка на органската храна, а со тоа и поголема мотивација на органските производители за зголемување на нивните производни капацитети и мотивација за трговците за продажба на органска храна.
На слика 3 се гледа дека житните култури се водечка органска култура во Северна Македонија во 2023 година, со учество од 31,14%, потоа следуваат овошните култури, со 17,05 % како и фуражните со 16,77% учество, додека најмал удел имаат градинарските култури со 0,50% и  маслодајните култури со учество од 0,63% во вкупните сертифицирани површини.
Бројот на сертифицирани органски оператори во периодот од 2005 до 2011 година пораснал пропорционално со порастот на површините под органско земјоделско производство (слика 4), односно опаднал во периодот од 2012 до 2014, за повторно да има пораст  2,5 пати во периодот од 2014 до 2023 година.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Според методата на Европската aгенција за животна средина

Индикаторот се изразува како збир на површина со органско производство и на површина што се конвертира т.е. пренаменува за органско производство поделена со вкупната обработлива површина или со вкупната земјоделска површина. Оваа вредност се множи со 100 за претставување на вредноста во проценти.

Цели

Согласно проекциите дадени во националните стратегии за земјоделство и рурален развој 2014-2020 и 2021-2027 година, И покрај зголемувањето во изминатиот период, ангажираните производни капацитети за органско производство се под посакуваните проекции на политиката за удел на обработените површини под органското производство од 2% од вкупното обработено земјоделско земјиште во Република Северна Македонија. 

Обврска за известување
  • Годишен извештајза квалитет на животната средина во РМ
  • Статистики на животна средина
  • Европска агенција за животна средина

Општи мета-податоци

Тема Земјоделство Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Почва и користење на земјиште, Природa
Код на индикаторот MK НИ 026 Временска покриеност 2005-2023
Име на индикаторот Површини со органско земјоделство Извор на податоци Државен завод за статистика
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Одделение за органско земјоделско производств
Класификација по ДПСИР Р Датум на последна верзија 12.08.2024
Тип А Подготвено/ажурирано од: Арминда Рушити
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: a.rushiti@moepp.gov.mk

 

Поврзаност со други индикатори

МК НИ 026 Површини со органско земјоделство EEA – Европска агенција за животна средина IND-158/SEBI 020, Agriculture: area under management practices potentially supporting biodiversity
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина 8 Area under organic farming
SDG – Цели за одржлив развој 2. End hunger, achieve food security and improved nutrition and promote sustainable agriculture
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија да

 

Дефиниција

Минералните ѓубрива се супстанци што ги содржат хемиските елементи неопходни за раст и развој на растенијата, особено азот, фосфор и калиум.

Овој индикатор ја покажува употребата на минерални ѓубрива во Република Северна Македонија и тоа, прикажани се вкупните количества во тони од употребуваните супстанции, како и нивната примена на хектар обработлива површина.

Единици
  • Тони, (kg/ha).
Клучно прашање за политиката

Каков тренд покажува количеството на употребени минерални ѓубрива во земјоделството?

Клучна порака

Употребата на минерални ѓубрива во земјоделството покажува тренд на опаѓање од 2000 до 2012 година. Вкупната употреба на минерални ѓубрива се намалила за 64,61%. Употребата на азотни минерални ѓубрива се намалила за 63,77%. Употребата на фосфорни ѓубрива се намалила за 77,01%. Употребата на мешани минерални ѓубрива од 2000 до 2009 се намалила за 93,26%, а во периодот од 2009 до 2012 година има постепено зголемување за 411,82%. Употребата на калиумови ѓубрива покажува периодичен тренд на намалување и зголемување, употребата во 2012 година се зголемува за 100% во однос на 2011 година. Употребата на минерални ѓубрива на обработлива површина (kg/ha), од земјоделски претпријатија и земјоделски задруги, во разгледуваниот период има периодичен тренд на намалување и зголемување.

График 1. Употребени минерални ѓубрива

CSI_08_Zemjodelstvo2020_gr1

 

График 2. Употребени минерални ѓубрива на обработлива површина (kg/ha) од (земјоделски претпријатија и земјоделски задруги)

 

CSI_08_Zemjodelstvo2020_gr2

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Годишни статистички извештаи, Државен завод за статистика
http://www.stat.gov.mk

Оценка

Во разгледуваниот период употребата на минерални ѓубрива во земјоделството опаднала од 16.416 тони на 5.809 тони ѓубриво. Количеството на употребени минерални ѓубрива на обработлива површина од (земјоделски претпријатија и земјоделски задруги) изразени во килограми на хектар, во разгледуваниот период има периодичен тренд на намалување и зголемување. Во 2001 година со 77,74 kg/ha, има најмала употреба на минерални ѓубрива додека во 2006 година со 147,24 kg/ha употребата на минерални ѓубрива била најголема.
Тешко е да се поврзе трендот на намалување на употребата на минерални ѓубрива директно со влијанието врз состојбата на животната средина. Крајниот ефект врз состојбата на животната средина во голема мера зависи и од други фактори, како што се употребата на органско ѓубриво, приносот од одгледуваните култури, типот на почвите, управувањето со земјоделските фарми и друго.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Примена на одделни групи на минерални ѓубрива како мешани минерални ѓубрива, азотни ѓубрива, фосфорни ѓубрива, калиумови ѓубрива, како и вкупните минерални ѓубрива на хектар обработлива површина, се добива кога вкупното количество на употребуваната група на минерални ѓубрива изразена во kg се дели со вкупната обработлива површина изразена во ha.

Цели

Нема специфични цели.

Обврска за известување

Нема обврска за известување

Општи мета-податоци
Тема Земјоделство Поврзаност со други теми/сектори Воздух, Климатски промени, Почва и користење на земјиште
Код на индикаторот MK НИ 08 Временска покриеност 2000-2012
Име на индикаторот Употреба на минерални ѓубрива Извор на податоци Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР Д Датум на последна верзија 18.08.2020
Тип А Подготвено/ажурирано  од: Арминда Рушити
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: а.rushiti@moepp.gov.mk
 
 Поврзаност со други индикатори
МК НИ 08 Употреба на минерални ѓубрива EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа F2/75,76- Fertilizer consumption
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 2. End hunger, achieve food security and improved nutrition and promote sustainable agriculture
GGI – Индикатори за зелен раст не
Кружна економија не
Дефиниција

Средствата за заштита на растенијата, односно пестицидите се хемиски супстанции кои ги супримираат болестите и штетниците кај растенијата. Овој индикатор ги дава количествата на употребуваните средства за заштита на растенијата како фунгициди, хербициди, инсектициди и категорија вкупно, во која влегуваат, покрај наведените и други средства за заштита на растенијата.

Единици

Прикажани се вкупните количества во тони од употребуваните супстанции, процентуалната застапеност на разни групи на пестициди како и нивната примена на хектар обработлива површина (kg/ha).

Клучно прашање за политиката

Дали се зголемува количеството на употребени пестициди во земјоделството?

Клучна порака

Употребата на пестициди во земјоделството, кое ги вклучува сите средства за заштита на растенијата како фунгициди, хербициди, инсектициди и вкупното количество, покажува тренд на намалување во употребуваното количество од 2000 до 2005 година, нагло зголемување во 2006 и повторно намалување до 2012 година.

Употребата на фунгициди од 2000 до 2006 покажува тренд на варијации на намалување и зголемување, во периодот од 2006 до 2012 година се намалува за 77,66%. Употребата на хербициди се намалила за 80%, на инсектициди се намалила за 52%. Вкупната употреба на пестициди истотака покажува тренд на варијации на намалување и зголемување од 2000 до 2006 година, додека од 2006 до 2012 година вкупната употреба на пестициди во земјоделството се намалила за 71,72%.

 

График 1. Употребени средства за заштита на растенијата

 

График 2. Процентуална застапеност на средствата за заштита на растенијата

 

График 3. Вкупно употребени средствата за заштита на растенијата на вкупно обработлива површина (kg/ha) од (земјоделски претпријатија и земјоделски задруги)

 

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Годишни статистички извештаи, Државен завод за статистика

Оценка

Во периодот од 2000 до 2006 година употребата на пестициди во земјоделството покажува варијации на намалување и зголемување, во периодот од 2006 до 2012 опаѓање од 336 на 95 тони. Во однос на процентуалната застапеност на средствата за заштита на растенијата, во периодот од 2000 до 2012 година најмногу се употребуваат фунгицидите. Во 2012 година, најмногу се употребуваат фунгицидите со 68,42%, потоа инсектицидите со 21% и хербицидите со 10,52%.

Вкупно употребените средствата за заштита на растенијата на вкупно обработлива површина од земјоделските претпријатија и земјоделски задруги изразени во килограми на хектар, од 2006, кога употребата била најголема, до 2012 година, се намалиле од 5,08 на 2,09 kg/ha, што претставува намалување за 58,85%.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Процентуалната застапеност на разни групи на пестициди како фунгициди, хербициди и инсектициди се добива кога количеството на одделната група се дели со вкупното количество на употребуваните пестициди, а потоа добиената вредност се множи со сто. Примена на одделните групи на хектар обработлива површина се добива кога вкупното количество на употребуваната група на пестициди изразена во kg се дели со вкупната обработлива површина од (земјоделски претпријатија и земјоделски задруги) во Република Северна Македонија изразена во ha.

Цели

Нема специфични цели

Обврска за известување

нема

Општи мета-податоци

Тема Земјоделство Поврзаност со други теми/сектори Воздух, Климатски промени, Почва и користење на земјиште
Код на индикаторот MK НИ 09 Временска покриеност 2000-2012
Име на индикаторот Употреба на средства за заштита на растенијата Извор на податоци Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР Д Датум на последна верзија 18.08.2020
Тип   Подготвено/ажурирано од: Арминда Рушити
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: а.rushiti@moepp.gov.mk
 
Поврзаност со други индикатори 
МК НИ 09 Употреба на средства за заштита на растенијата EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа F4,Pesticide consumption
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 2. End hunger, achieve food security and improved nutrition and promote sustainable agriculture
GGI – Индикатори за зелен раст не
Кружна економија не
 
Дефиниција

Индикаторот го покажува бројот на пчелни семејства без оглед дали се во кошница, сандак и слично, во целата земја и по статистички региони.

Единици
  • Број на пчелни семејства.
Клучно прашање за политиката

Каков е трендот на бројот на пчелни семејства вкупно и по региони?

Клучна порака

Зголемувањето на бројот на пчелни семејства во државата има позитивен тренд и истото има позитивно влијание врз животната средина. Вкупниот број на пчелни семејства во Република Северна Македонија во периодот 1993-2023 година има позитивен тренд со одредени осцилации. Ако во 1993 година во РСМ биле евидентирани 74951 пчелно семејство, нивниот број заклучно со 31.12.2023 година изнесувал 306415 пчелни семејства
На трендот на зголемување на бројот на пчелни семјства во државата позитивно влијание имале повеќе фактори, меѓу кои: државната политика за субвенционирање на одгледувањето пчелни семејства, севкупната едукација на населението за квалитетот и потребата од конзумирање мед, можноста за дополнителна заработка препознаена од поголем број млади пчелари, различни проекти насочени кон поддршка на пчеларството (особено во заштитените подрачја), законските регулирања и олеснувања за продажба на мед од куќен праг, намалувањето на прагот за субвенционирање на бројот на пчелни семејства до 30 на 10 во руралните средини, што резултира со евидентирање и на бројот на пчелни семејства во помалите пчеларници, зголемената ажурност за евиденција и контрола на пчелните семејства на терен од страна на државните институции итн.
Придобивките од пчелите се бројни - покрај економските би ги посочиле и еколошките придобивки посебно врз опрашувањето на растителните видови, со што се влијае на зачувувањето на биолошката разновидност, бидејќи голем број видови својот опстанок го должат на опрашувањето од страна на пчелите.
Сепак, во поширокото општество сеуште не е доволно препознаена големата улога на пчелите во системот, па честопати одредени практики доведуваат да тие страдаат од несовесна употреба на пестициди во земјоделството, разни хемиски третирања, пожари, загадувања на животната средина и сл. Ако на тоа се додадат и климатските промени, со сѐ почестите екстремни влијанија, како и намалувањето на површините под ливади како една од основните површини од каде пчелите собираат нектар, може да се каже, дека за одржување на позитивниот тренд на зголемување на пчелните семејства треба да се посвети и поголемо внимание со поголема подршка на пчеларството како значајна стопанска и еколошка дејност.

Оценка

Вкупниот број на пчелни семејства во Република Северна Македонија во периодот 1993-2023 година има позитивен тренд со одредени осцилации. Во 1993 година во РСМ биле евидентирани 74951 пчелно семејство, додека во 2023 година изнесувал 306415 пчелни семејства. Од анализираните податоци, евидентирани во Државниот завод за статистика на РСМ, а прикажани на слика 1, може да се види дека бројот на пчелни семејства во периодот 1993-2017 година, се движел помеѓу 52897 во 2012 година и 81476 во 2016 година. Големо зголемување се јавува во периодот од 2018 до 2023 година, кога бројот на пчелни семејства се зголемил на 243492 во 2018 година, потоа постигнал кулминација од 312623 во 2021 година и се намалил на 306415 пчелни семејства во 2023 година.

Слика 1. Вкупен број на пчелни семејства, во Република Северна Македонија, по години

 

*Дополнително евидентирани пчелни семејства преку Агенцијата за храна и ветеринарство кои претходно не биле евидентирани

Доколку се анализира бројот на пчелни семејства, по статистички региони, за периодот 2007-2023 година, без 2014 година (за која нема податоци по региони во Државниот завод за статистика), може да се види дека има одредена нерамномерност (слика 2). Притоа може да се заклучи дека најголем број пчелни семејства за анализираниот период се евидентирани во југозападниот регион (344692), а најмал во скопскиот регион (85261). Во североисточниот регион евидентирани се 293659 пчелни семејства, во полошкиот регион 285846, во источнинот 214206, во југоисточниот 172564, во вардарскиот 135735 и во пелагонискиот регион 102008 пчелни семејства.

 

Слика 2. Вкупен број на пчелни семејства, по статистички региони, во периодот од 2007  ̶  2023 г, без 2014 година

 

Бројот на пчелни семејства, по статистички-плански региони, по години, без 2014 година е прикажан на слика 3. Притоа, може да се види дека во различните региони во различни години имало и различен број пчелни семејства. Во  одредени региони, во различни години евидентирано е и значително зголемување на пчелните семејства. Така на пример, во вардарскиот и југоисточниот  регион евидентирано е значително зголемување на пчелните семејства во 2023 година, а во југозападниот во 2022 година. На големите разлики во бројот на пчелни семејства по години и региони повеќе фактори имаат влијание, меѓу кои: појавата на одреден број професионални и полупрофесионални пчелари со голем број пчелни семејства, селењето на пчелните семејства како практика за поголем принос, смртноста на пчелните семјства, инвестициите во зголемување на бројот на пчелни семејства, пријавувањето и ажурирањето на бројот на пчелни семејства кај надлежните институции итн.

 

Слика 3. Вкупен број на пчелни семејства, по статистички региони, по години, без 2014 година за период 2007-2023 година

 

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Државен завод за статистика

Зголемувањето на вкупниот број на пчелни семејства во Република Северна Македонија, од 74951 пчелни семејства во 1993 година на 306415 пчелни семејства во 2023 година е исклучително позитивен показател. Тој има значително позитивно влијание, како од економски и социјален, така и од еколошки аспект.
Главна причина за зголемувањето на бројот на пчелни семејства во 2018 година, како  и во следните години (споредено со претходните) е тоа што тогаш се направија промени во политиката на субвенционирање на пчелните семејства. Тие промени се однесуваа на бројот на пчелни семејства кои треба да ги одгледува пчеларот за да оствари право на субвенија. Така ако претходно субвенции можеа да добијат пчелари кои имаат над 30 пчелни семејства, со измените тоа право можеа да го остварат и пчелари кои имаат над 10 пчелни семејства. На тој начин (преку Агенцијата за храна и ветеринарство) се евидентираа и пчелните семејства кои претходно не беа евидентирани, а такви има најмногу, бидејќи најголем број од пчеларите, како и почетниците располагаат со бројка на пчелни семејства помала од 30.
Со цел да се задржи ваквиот тренд и да се постигне стабилен одржлив развој, потребни се дополнителни инвестиции во пчеларството. Таквите инвестиции треба да бидат насочени кон помладите одгледувачи на пчели и луѓето во руралните средини.
Големите варијации на бројот на пчелни семејства по години и региони, покрај другото, укажува и на одреден стихијност и нерамномерност во одгледувањето пчели. Од големи зголемувања, до значителни намалувања. Таквите варијации не се поволни од аспект на долгорочна одржливост на пчеларството како стопанска гранка која овозможува економски, социјални и еколошки придобивки. Сепак, наведеното укажува и на тоа дека во државата има потенцијал за зголемување на бројот на пчелни семејства, како основа на поголем развој на пчеларството.
Значително помалиот број пчелни семејства во скопскиот, пелагонискиот и вардарскиот регион во однос на југозападниот, североисточниот, полошкиот и источниот регион се во корелација и со севкупните природни и климатски услови. Неповолните и екстремни климатски влијанија најмногу се чувствуваат во скопскиот, пелагонискиот и вардарскиот регион што неминовно се одразува и на одгледувањето пчели. Ако на тоа се надоврзе и зголемувањето на загадувањето на животната средина, урбанизацијата, интензивното полјоделство, намалувањето на природната вегетација, зголемената урбанизација и индустријализација, евидентно е дека и просторот за развој на пчеларството во овие региони се намалува, а условите стануваат понеповолни. Ваквите состојби влијаат на намалување на продуктивноста во пчеларењето, што резултира и со помал интерес за одгледување на пчели во овие региони.
За стабилен и одржлив развој на пчеларството, потребна е и поголема едукација на одгледувачите на пчели и осовременување, како на опремата за пчеларење така и на практиките и техниките за пчеларење. Традиционалните и екстензивни практики и техники треба да се заменат со нови и современи практики со кои ќе се влијае на продуктивноста на пчелите, нивната автохтоност и прилагодливост кон конкретните природни услови. Примената на биотехнички методи во пчеларењето и органскиоит начин на заштита на пчелите треба да бидат приоритет во пчеларењето затоа што на тој начин ќе се постигне поголем квалитет на  медот, но и на другите пчелни производи.
 

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Во пчелни семејства се опфатени сите пчелни семејства, без оглед дали се во кошница, сандак и слично. Податоците се обезбедуваат и обработуваат на ниво на целата територија на земјата и по статистички региони, по години.

Цели

Преку зголемување на бројот на пчелните семејства да се постигнат поголеми приноси на мед и други пчелни производи, а пчеларството да се развива во модерна и одржлива стопанска гранка во која ќе бидат вклучен голем број на одгледувачи на пчели.

Обврска за известување

EUROSTAT

Општи мета-податоци
Тема Земјоделство Поврзаност со други теми/сектори Воздух, Климатски промени, Природа, Пестициди, Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 081 Временска покриеност 1993-2023
Име на индикаторот Број на пчелни семејства Извор на податоци Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР С Датум на последна верзија 22.09.2024
Тип А Подготвено/ажурирано од: Катерина Николовска*
Aрминда Рушити
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: K.Nikolovska@moepp.gov.mk
A.Rushiti@moepp.gov.m

 Поврзаност со други индикатори
МК НИ 081 Број на пчелни семејства EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 2. End hunger, achieve food security and improved nutrition and promote sustainable agriculture
GGI – Индикатори за зелен раст не
Кружна економија не

Мени за пристапност