Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Туризам

РЕЗИМЕ
1
  1. Што се случува?

Република Северна Македонија е земја со исклучително изразит туристички потенцијал, благодарение на своите природни и антропогени вредности и содржајна животна средина. Развојот на туризмот треба да биде во функција на користење на животната средина без искористување.  Тој треба да претставува фактор на нејзина заштита и унапредување негувајќи ја својата хумана димензија. За да се постигне ваков третман на меѓусебните односи потребно е да се согледаат како позитивните аспекти од развојот на туризмот, така влијанијата кои ги врши како неоспорни оптоварувања на животната средина.  Развојот на туризмот и животната средина ги содржи следниве аспекти:

  • тој делува на зголемената емисија на супстанци и други агенси во воздухот, водата и почвата, поголеми количини на отпад, зголемена бучава и поинтензивен сообраќај, сообраќаен метеж, зафаќање на просторот со изградба на подобра инфраструктура, изградба на супраструктурни туристички објекти и визуелни нарушување на пределот како пејзажи и панорами и  амбиентални атрактивни целини во животната средина.
  • зголемената посетеност и престој подразбира подигнување на хетерогеноста на туристичката побарувачка или интерес за нови содржини во животната средина. Тоа условува проширување на опфатот на просторот за туристичка намена,  со сите последици кои се одразуваат врз животната средина.
  • во услови на кризи (воени, здравствени,природни непогоди) туристичките капацитети се фактор за надминување на проблемите во животната средина. Примерот на создавање карантини од сместувачки капацитети во санацијата на последиците од Covid – 19. доволно е илустративен.
  • индуктивната функција на туризмот и порастот на бројот на туристи подразбира поголема зафаќањата на просторот во животната средина со објекти не само од стопански карактер туку и од јавни сектори како јавни установи (безбедносни, здравствени, културни, спортски)
  • донесени се законски и стратегиски документи според кои треба да се  темели долгорочно одржливиот развој на туризмот со систематски и координирани планови меѓу останатите сектори со оваа дејност, земајќи ги предвид сите потенцијални позитивни и негативни последици врз животната средина и секторскиот систем. Реализација  и спроведување не е на задоволително ниво.

Проширувањето на капацитетите во туризмот се релативно скромно. Тоа го потврдуваа обемот и динамиката на соби,  легла и седишта. Во дваесетгодишниот период од 2002 год. до 2022 год. бројот на соби пораснал за 12%, бројот на легла за 4%, а  бројот на седишта се намалил за 2,7% . Тоа значи дека тие имаат ограничено влијание врз животната средина.

Од економска гледна точка приходите од угостителството бележат постојан пораст. Тие споредбено со 2002 год., во 2019 год., значи до пред пандемискиот период достигнуваат пораст од 244.8%.

Учеството на туризмот во бруто – домашниот производ има позитивна динамика и се движи од 1,3% во 2012 год. до 1,98% во 2022 год. Позитивните економски влијанија ќе се одразат, врз квалитетот на живот и врз животната средина со прелевање на доходот од туризмот.

 

Каква е состојбата на интензитетот на туризмот?

Интензитетот претставува нагласеност на влијанието на туризмот кое во вид на притисок или оптовареност се одразува врз определени сегменти на животната средина. Бројот на ноќевања и туристи по глава на жител го покажува обемот на зголемување на користење на ресурсите од страна туристите.  Тоа покажува притисок со развојот на туризмот врз локалното население. Притисокот се чувствува во обезбедувањето на животни услови базирани на инфраструктурните системи и комунални служби или природни стекнати својства во животната средина, како воздух, почва или вода. Интензитетот го оцртува вкупниот притисок на ниво на држава и негова регионална дистрибуција. Со оглед на тоа дека сезоналноста претставува најголем проблем во развојот на туризмот од сите аспекти следењето на интензитетот во овој период подразбира дека тој е основа за политика на диверзификација и дисперзија на туристичката понуда во и надвор од туристичките дестинации. Сезонската концентрација на посетеност по жител подразбира дека и проблемите кои се сврзани со туризмот имаат соодветна временска рамка. Затоа е потребно да се имаат предвид следниве согледувања:

Бројот на ноќевања по глава на жител покажува интензивно влијание врз животната средина. Тој ги следи обемот, динамиката и структурата во целиот анализиран дваесетгодишен период. Тенденцијата на раст на овој параметар претпоставува притисок врз животната средина. Бројот на ноќевања по глава на жител кој во 2002 изнесува 0,91 во 2022 год. се покачува на 1,56 што бележи пораст од 68%. Додека Индексот на пораст изнесува 168.

Ова покажува дека интензитетот врз животната средина има тенденција на зголемување, што  значи дека треба да се очекуваат  притисоци и во наредниот период.

Бројот на туристи по глава на жител, ја изразува физичката концентрација   на туристите во туристичката дестинација. Таа директно делува во создавањето метеж, бучава, сообраќајни проблеми и содржини кои го определуваат квалитетот на живот. По овој параметар динамиката е уште понагласена. Бројот на туристи по глава на жител во 2002 год. изнесува 0,22, а во 2022год. 0,53. Индексот на пораст изнесува 236, односно порастот на бројот на туристи по глава на жител на  ниво на државата  во 2022 год. е 136%. Ова значи дека притисокот и по овој основ ќе имаа уште поголем интензитет.

Регионалната дистрибуција на туристичкиот промет покажува дека тој не е рамномерно распореден. Во 2022 година бројот на ноќевања по глава на жител е најголем во Југозападниот регион, изнесува 6,87 следува, Југоисточниот регион со 3,09. Останатите региони имаат интензитет помал од нивото на Република Северна Македонија (1,56). Тоа значи дека езерските локалитети се наоѓаат под најголем притисок. Најнизок интензитет се бележи во Североисточниот (0,06) и Вардарскиот (0,15). Ова покажува колкава е регионалната дистрибуција на притисоците и нерамномерноста која постои во регионална смисла.

Сезонските карактеристики на туризмот претставуваат најголем проблем како на развојот на туризмот така на неговото влијание врз другите сектори. Тоа посебно се одразува на притисокот кој се врши врз животната средина. Нерамномерното користење на инфраструктурните и комуналните капацитети се одразува на рентабилноста, кадровската екипираност и проблемите кои произлегуваат од неизбалансираниот процес на притисок врз животната средина.

Најголем број на туристи патуваат во летниот или зимскиот сезонален период , додека во вонсезонскиот  тој  драстично се намалува. Летен сезонален период во јули и август е посебно  интензивен во езерските просторни целини  односно во  ЈЗР, ПеР и ЈИР, каде се лоцирани најголемите езера со капалишни  и активности на сончање. Во овој период бројот на ноќевања и туристи се зголемува за околу 4 пати. Најниско ниво на сезоналност има СКР, но сепак поради општата мобилност на туристите во летниот период и тој бележи најголема посетеност и престој.  Во зимскиот сезонски дел во јануари и февруари најголема посетеност и престој има  ПоПР во кој се наоѓаат зимско – спортските центри Попова Шапка и Маврово.

 

Какви се карактеристиките на туристичкиот промет?

Туристичкиот промет ги содржи основните развојни  индикатори на туризмот.  Тоа се индикаторите кои се однесуваат на посетата и престојот. Посетеноста се изразува преку бројот на туристи, престојот преку остварените ноќевања. Развојот на туризмот и неговото влијание врз животната средина се анализира преку обемот, динамиката и структурата. Обемот се изразува преку  бројот на туристи и ноќевања, динамиката на движењата во прометот во определен временски период, а структурата  категоријата туристи кои ја посетуваат и престојуваат во туристичката дестинација.  Статистиката туристичкиот  промет го регистрира како доаѓања и ноќевања, нивна регионална дистрибуција и по видови места како туристички дестинации.

  • Доаѓања на туристи

Таа овозможува да се дојде до аналитички согледувања на туристичкиот развој во Република Северна Македонија, планските региони и општините, како по вкупниот број на посети, така по посетите на странските туристи и домашните туристи во обем и динамика.

Странската посетеност има позитивни ефекти врз економијата и животната средина. Таа е во функција на ефектот на „невидлив извоз“, овозможува, културно проткајување меѓу народите и подобрување квалитет на живот на населението во државата и другите туристички  дестинации. Зголемениот број на странски туристи значи и зголемен број на промотори на животната средина надвор од државата. Странските туристи имаа респектабилен однос кон животната средина така што стратегиите се насочени кон позитивна динамика на нивната посетеност. Во Република Северна Македонија бројот на доаѓања на странски туристи во дваесетгодишниот период постојано се зголемува се до пандемијата. Во 2019 год. бележи пораст од 616,63% или зголемување од над шест пати во однос на 2002 год. што е најголем пораст.   Ковидот 19 во 2020 год. го нарушува овој тренд, но во 2023 год. доаѓа до повторен рапиден раст и зголемување од 6,2 пати.

Структурата на странската посетеност ги определува традиционалните емитивни зони на туристичкиот пазар за Република Северна Македонија. Тој овозможува поблиску да се определат афинитетите на туристите и во согласност со карактеристиките на населението кое живее во овие земји да се креира туристичката понуда. Така животната средина добива содржини кои одговараат на побарувачката на различни сегменти странски туристи. Во разгледуваниот период најголем број туристи дошле од Турција (1.206.804), Грција (795.852), Србија (725.461), Бугарија (643.148), Албанија (455.820), Германија (365.957), Холандија (350.656), Хрватска (301.538), САД (285.081),  Словенија  (266.664) што претставува 10  водечки емитивни држави во структурата на странската посетеност.

Број на домашни туристи во анализираниот период има нестабилна динамика. Треба да се констатира дека во периодот од 2002 до 2008 год., со исклучок на 2003 год. бележи намалување во однос на базната 2002 година. Позитивна посетеност на домашните туристи е реализирана од 2008 год. до 2011 год. Во следните три години до 2014 год повторно доаѓа до опаѓање. До појавата на Ковид 19 доаѓа до пораст со позабележително зголемување на бројот на домашни туристи. Во 2019 доаѓањата бележат раст од 34,03%.  Позитивната динамика на посетеност, во однос на базната година која е забележана во 2020 год. и 2021 год, кога Ковидот 19 ги парализира туристичките движења е резултат на   пренамена на сместувачки капацитети во карантински центри. Трендот на зголемување е присутен и во постковид периодот кога доаѓањата на домашните туристи бележат најголем пораст од 36,3%.

Вкупната посетеност во сите години е над нивото на базната година, а во некои години, како во 2019 год., индексот на зголемување достигнува дури 268,3, што значи пораст од 68,27%. Овој тренд на зголемување на бројот на туристи е присутен и во 2023 год., кога зголемувањето е во рамките на индекс 264,6, што значи пораст за 164,6%.

Структурата на посетеност покажува динамични промени. За разлика од базната година кога учеството на странската посетеност е 27,81%, а домашната 72,19%, во вкупниот број, учеството на домашната посетеност се намалува за сметка на учеството на странската во вкупниот број на доаѓања. И овој тренд е сопрен со пандемијата, но веќе во 2023 год. странските доаѓања учествуваат со 62,2%, а домашните со 37,18%.

  • Регионалната дистрибуција на посетеноста

Регионалната дистрибуција на посетеноста се мери со обемот на туристи кои се регистрирани во сместувачките единици во статистичките плански региони. Аналитичките следења на состојбите во разместеноста на туристите произлегува од нерамномерноста која се одразува како на туризмот како дејност, така на животната средина, односно туристичката дестинација. Концентрацијата на туристи претставува проблем од различни аспекти (организација, економија, социјална инклузија, екологија). Отсуството на туристи подразбира проблем кој се одразува на квалитетот на живот и користењето на просторните ресурси, односно заживување на животната средина.

Регионалната дистрибуција на остварените доаѓања покажува дека најголем број од вкупно регистрираните посети во 2023 год се јавуваат во ЈЗР (456.194).  Тоа се однесува на целиот разгледуван период. На второ место е СКР (417.352). Тој заостанува за 8,5%. Останатите региони бележат значителни помал број на вкупно остварените доаѓања. Најмал број доаѓања се јавуваат во СИР (11.576).

По разместеноста во посетите на домашните туристи евидентна е уште поголема регионална концентрација на туристичките посети. Во 2023 год. скоро половина од вкупниот број на регистрирани посети на државно ниво (434.591) е остварено во ЈЗР (210.591). Во СКР бројот на туристи изнесува 50.285, што е помалку за околу 4,2 пати.

Странската посетеност во 2023 год. е најголема во СКР (367.067).  Тој е забележително поголем од оној во ЈЗР (245.603). Останатите региони бележат скромни резултати посебно ИР (9.117) и СИР (7.913).

  • Дистрибуција на посетеноста по видови места

Службената статистика како видови места го  опфаќа Скопје, бањските, планинските, езерските и други места. Компаративната анализа треба да покаже какво ниво на атрактивност поседуваат овие места, колку е прифатлива типолошката разместеност за туристите и какви развојни карактеристики имаат според остварениот промет.

Вкупната посетеност покажува дека најголем број на доаѓања се забележани во езерските места (во 2019 год. 543.855 и во 2023 год. 525.261). Скопје се наоѓа на второ место со значително помал број на туристички посети (во 2019 год. 359.008, а во 2023 год. 375.849). Во овој поглед следат посетителите на планинските, а бањските места остваруваат најмала вкупна посетеност.

Според посетеноста на домашни туристи во 2023 година разликите се уште повоочливи.  Езерските места во 2023 год. регистрирале 274.541. Планинските места ги посетиле 48.597, а Скопје 45.481 туристи. Следи посетеноста на бањските места 24.203 туристи.

Странските туристи најголема посетеност во 2023 година бележат во Скопје (330.368), а на второ место според доаѓањата се наоѓаат езерските места (250.720). Најмала посета на странски туристи бележат бањските места (6.116).

  • Ноќевања на туристи

Ноќевањата на туристите претставува параметар за престојот. Тој е одраз на туристичките потреби и потрошувачката која е неопходна за да се реализира, односно зависи од обемот, структурата и динамиката на посета и слободните финансиски средства, како и од рецептивните капацитети по обем и квалитет на стоки и услуги. Престојот и атрактивноста на животната средина се во каузална поврзаност. Атрактивност на животната средина е една од причините за реализација и продолжување на престојот на туристите, а туристичкиот престој условува подигнување на нивото на уреденоста и хигиената на животната средина. Престојот се мери преку остварените ноќевања, како на домашните, така на странките туристи.

Престојот на странските туристи изразен преку обемот на остварени ноќевања е во корелативна врска со странската посетеност, но таа зависи и од погодностите на животната средина кои овозможуваат подолготраен престој. Во изминатиот дваесет годишен период дошло до изразит пораст на бројот на ноќевања реализирани од страна на странските туристи. Бројот на ноќевања во сите анализирани години, со исклучок на 2020 год., кога последиците од пандемијата беа најдрастични, бележи зголемување, во однос на базната 2002 год. Со минимални отстапувања порастот е рапиден, од година во година. Индексот на пораст во 2019 год. достигнува дури 574,32, што претставува пораст од 474,32%. Овој тренд и во 2023 год., која се смета за година на опоравување на туристичкиот промет бележи рапиден раст. Остварени се 1.407.298 ноќевања, што е што е поголема реализација од 412,3%, во однос на базната година.

Структурата на остварени ноќевања по земја на припадност покажува дека во изминатите десет години најголем број остварила Турција (1.893.172)., а следат Холандија, Србија, Грција, Бугарија, Албанија, Германија, Полска, САД и Хрватска.

Ноќевања на домашните туристи се  одразуваат на животната средина  преку  ангажираноста на капацитетите  и користењето на  рецептивните ресурси. Што е подолг престојот подолго е и ангажирањето на инфраструктурните, комуналните, угостителските објекти и нивното опкружување во туристичките дестинации. Тоа е една од најважните коорелации на туризмот и животната средина. Остварените ноќевања на домашните туристи зависи од побарувачката како, слободното време, националниот доход, семејниот буџет на населението и личните примања. Но исто така зависи од квалитетот и обемот на содржинските елементи на животната средина. Ефектите од зголемувањето на бројот на ноќевања на домашните туристи се одразуваат врз покачената туристичка потрошувачка. Таа пак влијае на прераспределбата на доходот од емитивните во рецептивните просторни целини. На тој начин се обезбедува прелевање на доходот во животните средини со различни економски нивоа на развој. 

Обемот и динамиката на остварените ноќевања покажува заостанување во однос на остварената посета. За разлика од посетеноста која во 2023 год., во однос на 2002 год, бележи пораст од 36,3%, остварените ноќевања бележат пораст од 9,69%.  Во најголем дел од анализираниот период опаѓа бројот на ноќевања (од 2003 до 2018 год)., во некои години дури и во рамките на индекс 91 (во 2013 год).

Просечниот престој, го изразува односот меѓу остварените ноќевања и обемот на туристичка посетеност. Преку неговата должина се оценува колку животната средина како атрактивен фактор и рецептивните капацитети со своите квалитети го задржуваат интересот на туристичката клиентела.

Просечниот престој на домашните туристи бележи постојано намалување во периодот од 2003 до 2023 год. во однос на 2002 год. Тој од 4,94 во 2002 год.  се намалува на 3,98 дена, што претставува пад од 19%. Треба да се должи на намалување на куповната сила на населението во државата и на аутгоингот на домашните туристи поради поатрактивни туристички понуди.

Просечниот престој на странските туристи е забележително пократок од просечниот престој на домашните туристи. Тој во 2002 год. изнесува 2,24 дена., а во 2023год. 1,92 дена. Во останатите анализирани години должината не бележи значителни продолжувања и таа се движи од 2,62 до 1,92 дена. Тоа значи дека и покрај порастот на посетеноста и престојот нема забележителни резултати во продолжувањето на престојот.

  • Регионална дистрибуција на престојот

Регионална дистрибуција на престојот ја изразува територијалната разместестеност на престојувањето на туристите. Таа зависи од туристичката атрактивност на животната средина и рецептивата. Тие овозможуваат креирање на туристичка понуда која е во функција на остварување на афинитетите на туристите кои ги посетуваат планските туристички региони. Туристичката понуда е различна во планските региони, така што развојот на туризмот се огледа и во остварените ноќевања. Вака се мери и искористеноста на сместувачките капацитети на регионално ниво.

Регионалната дистрибуција на остварените ноќевања покажува дека најголем број се остварува во ЈЗР.  Тоа се однесува на целиот разгледуван период. Вкупниот број во 2023 година изнесува 1.624.162.  Во споредба со Скопскиот регион кој се наоѓа на второ место по вкупно остварените ноќевања (731.379) тој е поголем за 55%. Останатите региони бележат значително помал број на вкупно остварените ноќевања. Најмал број остварува СИР (31.145).

Регионалната дистрибуција на домашниот престој е нерамномерна и во поглед на остварените ноќевања на домашните туристи. Најголем број е остварен во ЈЗР (1.073.550), следат СКР (115.925) и ЈИР (373.851). Останатите региони забележително заостануваат по остварувањата зад овие три региона. Најмалку домашни ноќевања остварил СИР (4.975).

Бројот на остварени странски ноќевања во 2023 год. има нерамномерна регионална дистрибуција. Најголем број на странски туристи има во СКР (615.454) во 2023 год., а најскромни резултати се забележени во ВР (17.747).

  • Дистрибуција на престојот според видови места

Престојот во туристичките дестинации е различен. Тоа произлегува од нивото на развој на дестинацијата, од економските можности и заштитата и уредноста на животната средина. Издвоените места во службената статистика како Скопје, бањските, планинските, езерските и други места според реализираните ноќевања се определени како најзначајни за развој на туризмот во Република Северна Македонија.

Вкупниот туристички престој покажува дека езерските места се најприфатливи. Бројот на реализирани ноќевања во овие дестинации во 2023 год. изнесува 1.862.784. На второ место се наоѓа Скопје со 642.504, следат други места со 294.195 и бањските места со 194.325 ноќевања.

Остварените ноќевања покажуваат дека најголем престој од домашните туристи е забележана во езерските места. Бројот на ноќевања во 2023 год. во овие места изнесува 1.316.153, следат остварените ноќевања на домашните туристи во бањските места 165.826 и Скопје 77.677.

Странските ноќевања имаат најголема застапеност Скопје. Нивниот број во 2023 год. во Скопје изнесува 564.827. Во езерските места во 2023 год. остварени се 546.631 ноќевања. Во останатите места забележан е далеку помал број на ноќевања. Концентрацијата на престој во езерските места се должи на најатрактивните содржини на животната средина во езерските целини, а на Скопје поради деловните, културните, сообраќајните и  целините од еколошка природа во неговата близина.

 

Какви се карактеристиките на сместувачките капацитети во туризмот?

Сместувачките капацитети се еден од најважните фактори за развој на туризмот. Треба да се констатира дека туризмот не може да постои без сместувачки капацитети. Нивниот пораст претставува еден од најиздржаните индикатори врз основа на кој  се определува нивото на развој   не само на угостителството туку и туризмот во целина. Квалитетот на сместувачките единици подразбира дека туристите ќе остварат импресивно доживување и задоволување на своите потреби. Хигиената во и околу сместувачките капацитети е  во тесна врска со заштитата на животната средина. На овој начин тие од можни загадувачи се трансформираат во поддржувачи на еколошките стандарди во туристичката дејност. Карактеристиките на сместувачките капацитети се изразуваат преку обемот динамиката и структурата на објектите, собите, леглата и седиштата.

Број на објекти во периодот од 2002 до 2022 година има тенденција на пораст од 50,3%. Оваа тенденција може да има позитивни  економски последици, што би го поттикнале вкупниот развој и чии средства би се прелевале и во областа на заштитата на животната средина. Позитивниот одраз треба да се очекува ако се почитуваат нормите за градба, одржување и примена на еколошки стандарди. Негативни последици  се кога се узурпира просторот, кога има колизија со екосистемската стабилност, кога се нарушуваат визурите, пејзажите и амбиентите.

Бројот на соби во 2022 год. изнесува 30.096. Тоа значи пораст од 12% во однос на 2002 год, што претставува позитивна, но релативно скромна развојна тенденција. Оваа динамика нема значително влијание врз животната средина.

Обемот и динамиката на леглата има стагнантни карактеристики. Благо намалување  е присутно од 2002 до 2017. Најголем пораст е забележан во 2022 год. кога бројот изнесува 76.911, што претставува  индекс од 104 или 4%  зголемување во однос на базната 2002 год.  Динамиката на пораст која е помала од динамиката на соби подразбира подобрување на квалитетот на понудата со помал број на легла во собите. Просториите имаат похуман карактер.

Бројот на седишта има  негативен раст скоро во целиот дваесетгодишен период во однос на базната 2002 год. со исклучок  на  трите години пред пандемијата и 2007 год. кога тој е на базното ниво.

Структурата на капацитетите покажува позитивни движења. Имено во анализираниот период се  зголемуваат капацитетите од хотелски карактер, а се намалуваат  во областа на бањски и климатски лекувалишта и пансиони. Бројот на хотелските капацитети во 2022 година во однос на 2008 пораснал за 149%, бројот на бањски и климатски лекувалишта се намалил за 50,0%, а бројот на пансиони за 100%.

Бројот на соби и легла најмногу се зголемил во категоријата на хотели со три ѕвезди, и тоа соби за 5,5 пати, а легла за 6,2 пати. Од останатите категории на објеткти, во категоријата на преноќишта бројот на соби и легла има најголем пораст. Бројот на соби се зголемил 3,6 пати, а бројот на легла 4,2 пати. Категоријата на коли за спиење има најголем пад на бројот на соби и легла и тоа, 67% (соби) и 77% (легла).

 

Кои се притисоците врз животната средина од секторот туризам?

Притисоците на туристичкиот развој врз животната средина во Република Северна Македонија имаат просторна и временска рамка. Тоа произлегува од различните дистрибуција на туристичкиот промет по обем динамика и структура во регионални рамки и на ниво на државата и сезоналноста која е определена со концентрацијата на доаѓања на туристите и нивниот престој во сезонскиот дел и во вонсезоната.

Притисоците врз животната средина се најголеми во летниот период  поради општата мобилност на населението во овој дел од годината и поради атрактивните својства на животната средина во овие временски рамки. Поради тоа,  ЈЗР поточно езерските места се најпосетени. Скопскиот регион и Скопје се карактеристични по туристичка понуда која не е сврзана со  капалишни и активности на сонце. Тие имаат помала концентрација на туристи, во однос на ЈЗР и езерските места, иако општата мобилност во летниот период условува поголема концентрација на туристи и остварени ноќевања и во оваа животна средина.

Во зимскиот дел од годината притисокот има поголем интензитет во Скопје кој како пренаселен простор во овој дел од годината се соочува со висок степен на загаденост на воздухот и проблемите од комунален и инфраструктурен карактер.

Исто така, притисокот во овој период е нагласен во планинските места и Пелагонискиот и Полошкиот регион поради скијачките активности и игри на снег.

Порастот на бројот на туристи и ноќевања, посебно на странските туристи зависат од квалитетот на туристичката понуда. Таа е одраз на планскиот пристап во третманот на животната средина и санацијата на  притисоците и нивниот интензитет, затоа што така се обезбедуваат услови за позитивни економски резултати. Економската функционалност на туризмот е во директна зависност од квалитетот на животната средина. Без одржливо планирање на туристичките активности и нивна усогласеност со планирањето во областа на животната средина, се јавува деградација и девастација на просторот, односно на атрактивно -  ресурската база на туризмот.

Во анализираниот период интензитетот на туризмот е зголемен неколку пати. Тоа значи дека притисокот на туризмот врз локалното население, туристичката дестинација, елементите на животната средина, инфраструктурните системи (водоснабдување, снабдување со електрична енергија, греење, комуникации и мрежно поврзување) и комуналното уредување и одржување се зголемил.

  • Отпад

Податоците за количеството на создаден комунален отпад од секторот туризам  и  користени водни ресурси во туристичкиот сектор сè уште не се собираат, истите се проценети и се добиени с пресметка, согласно методологијата на EUROSAT.

Според податоците од проценката на EUROSAT количеството на отпад од туристичката посетеност и престој во периодот од 2012, кога имало најмало количество отпад, до 2022 год.  пораснало за 142%. Во 2022 год., по овој основ се создале 6.567,4 тони отпад. Тоа претставува удел во вкупната количина на создаден комунален отпад од  0,77%.

Разместеноста на количеството на отпад на ниво  на статистички региони покажува дека ЈЗР генерира најмногу создаден отпад од секторот туризам. Неговиот удел во вкупната количина на создаден комунален отпад во државата во  2022 год. изнесува 0,56%.

Уделот во количина на создаден комунален отпад од туризмот во ЈЗР просечно изнесува  73,6% од вкупното количество, што е последица на најголемата туристичка посетеност и престој. Тоа е најголем  интензитет на туризмот во однос на другите региони.

  • Вода

Во анализираниот период од 2002 до 2022год. воочливо е дека динамиката  на потрошувачката на користена вода од страна на туристите изразена во милиони m3 на годишно ниво е променлива.  Таа се движи меѓу 0,93 и 5,94 милиони m3.  Според проценката, уделот на користената вода од страна на туристите, во вкупното количество  во 2022год., во однос на 2002 год. се зголемило за 46,1%. Потрошувачката на вода по овој основ се движи меѓу 0,27% и 0,51% во вкупното количество на вода која што е потрошена во Република Северна Македонија.

Сезоналниот карактер на туризмот кој е обележен со најголема концентрација на туристички доаѓања и престој, како и должината на престојот се причина за зголемен притисок врз локалното население и животната средина. Во овој период потребите за вода се зголемуваат како плод на климатските карактеристики на животната средина (високи температури, отсуство  на врнежи, намалена влажност на воздухот, намалена облачност, релативно високиот степен на евапорација). Туристичкиот престој дополнително,  во овој контекст претставува фактор на зголемен притисок. Бројот на туристи кои вршат зголемена концентрација во определени места на масовно собирање и објекти (посебно затворени),  ја покачуваат пред се температурата, што значи дека ја зголемуваат потребата за вода.

Имајќи ја предвид регионалната дистрибуција на туристичкиот промет и сезоналниот карактер на туризмот  најголем притисок во летниот период се јавува во ЈЗР и Скопје.

 

2. Зошто се случува?

Иако се донесени законски и подзаконски акти  и стратегии и планови во областа на туризмот кои имаат врска со животната средина  незадоволителна е нивната примена и реализација.

Порастот на туристичкиот промет со интензивна димензија е  плод на промотивното делување на организациските стрруктури на државно и општинско ниво. Придонес во оваа сфера во последниве години имаат друштвените мрежи и букинг системите кои се применуваат во државата. Посебно е важно дека Република Северна Македонија се промовира како земја на одржлив туризам и специфична сочувана животна средина и земја со високи безбедносни карактеристики.

Бројот на странски туристи е во пораст  поради зголеменото ниво на сознанија за квалитетите на животната средина на Република Северна Македонија како туристичка дестинација. Порастот  на странски посети и ноќевања се случува и  поради субвенционирањето  на овој промет од страна на државата и воведувањето на нискобуџетски летови. Така расте и притисокот врз животната средина.

Бројот на домашни туристи остварува најголем промет во ЈЗПР и езерските места, затоа што  тие главно патуваат поради рекреативни , односно капалишни активности и сончање. Така е определена и сезоналноста со интензитет во летниот период.

Порастот кај домашните туристи е и поради субвенционирање на граѓаните со ниски примања и социјална загрозеност. Тој условува пораст на притисокот од страна на домашните туристи врз животната средина  во сите региони, но посебно во езерските места и во летниот и планинските во зимскиот период. Најмала сезоналност има Скопскиот плански регион и Скопје поради  специфичностите на туристичката понуда која подразбира деловни, културни, административни, шопинг, здравствени и образовни активности. Тоа значи дека притисокот врз животната средина се јавува и во текот на целата година. Сезонската концентрација во летниот дел од годината е и поради општата мобилност на населението кај нас и во меѓународни рамки.

Падот на прометот и бројот на седишта во  објектите за храна и пијалаци во 2020 год. кога се сторнира трендот на раст е поради Ковид 19. Тој претставуваше кардинална појава со епски карактеристики и последици врз туризмот во Република Северна Македонија и животната средина.

Причината за зголемена потрошувачка на вода  во сместувачките капацитети треба да се бара порастот на корисниците  на  вода за исхрана, хигиена и уреденост на опкружувањето. Во летниот период потрошувачката на вода е поголема поради климатските услови кои се одразуваат врз животната средина.

Климатските промени се причина за продолжување на сезоната како позитивна околност. Но, тие се јавуваат како несакани фактори кои го парализираат туристичкиот промет и ја деградираат или девастираат животната средина.

Сообраќајната инфраструктура има исто така големо влијание врз туристичкиот интензитет во Република Северна Македонија. Патна инфраструктура овозможува достапност до туристичките места и просторни елементи на животната средина. Причина за слаба и намален туристички промет треба да се бара во застарената мрежа на патишта и нивното обновување и одржување. Ова посебно се однесува на планинските места.

Подобрените економски резултати од област на туризмот се должат на унапреденото користење на човечките ресурси, квалитетот и конкурентноста на туристичките производи и користењето на атрактивните ресурси во синергија со рецептивните комплекси..

 

3. Дали имаме национална цел?

Националните цели се пропишани во Националната Стратегија за развој на туризмот 2016-2021, подготвена од Министерството за Економија. Стратегијата ги дефинира следните општи цели кои се поврзани со секторот животна средина:

  • Развојот на туризмот треба да биде чинител на зголемување на свеста за запазување на животната средина;
  • Генерирање приходи кои може да се искористи за заштита на животната средина ;
  • Обезбедување на поддршка за заштитата, конзервацијата и реставрацијата на биолошката разновидност и
  • Помагање во подигање на свеста на локалното население за вредноста на природните и културните знаменитости

Стратегијата ја дава развојната проекција која како цели ги определува идните остварувања на ноќевања од страна на домашните и странските туристи и нивниот вкупен број. Тие се дадени како реалистично, оптимистичко и песимистичко сценарио:

Реалистично сценарио

Вкупно туристи

Странски туристи

Домашни туристи

Вкупен број на ноќевања во 2015

2.394.000

1.036.000

1.356.000

Вкупен број на ноќевања во 2021

3.100.000

1.600.000

1.500.000

Вкупен број на ноќевања во 2030

5.200.000

3.400.000

1.800.000

Севкупна годишна стапка на раст (СГСР)

 5,3%

8,2%

1,9%

 

Оптимистично сценарио

Вкупно туристи

Странски туристи

Домашни туристи

Вкупен број на ноќевања во 2015

2.394.000

1.036.000

1.356.000

Вкупен број на ноќевања во 2021

3.400.000

1.800.000

1.600.000

Вкупен број на ноќевања во 2030

6.100.000

4.100.000

2.000.000

Севкупна годишна стапка на раст (СГСР)

 6,4%

9,6%

2,6%

 

Песимистичко сценарио

Вкупно туристи

Странски туристи

Домашни туристи

Вкупен број на ноќевања во 2015

2.394.000

1.036.000

1.356.000

Вкупен број на ноќевања во 2021

2.700.000

1.400.000

1.400.000

Вкупен број на ноќевања во 2030

3.200.000

1.800.000

2.000.000

Севкупна годишна стапка на раст (СГСР)

 2,0%

3,8%

0,2%

 

4. Дали националната цел е постигната?

Подигнато е нивото на интерес за посета и престој на Република Северна Македонија како привлечна туристичка дестинација со атрактивна животна средина.  Вкупниот број на туристи  во 2022 год. се зголемил  за  119,44 %, а странската посетеност за 337, 43%. Исто така,  остварените ноќевања на странските туристи во  дваесетгодишниот период покажуваат пораст  од 316,71%.

Остварените приходи во сите години од анализираниот период, во однос на  базната 2002 год.  бележат позитивен обем и динамика. Тие се со изразито импресивни карактеристики. Приходите  во 2019 год. се  зголемиле, дури за три и пол пати. Ваквата динамика има изразито позитивно дејство во економијата на Република Северна Македонија, што овозможува дел од генерирање приходи  кои може да се искористи за заштита на животната средина.

Обезбедување на поддршка за заштитата, конзервацијата и реставрацијата на биолошката разновидност  е дел од Програмата на Министерството за економија и труд во која се предвидени средства за промоција на еколошки зони. Износот на оваа активност е во вредност од 1.500.000,00 денари.

Помагање во подигање на свеста на локалното население за вредноста на природните и културните знаменитост претставува перманентен процес. Тој  е организиран од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија, Министерството за култура и Агенцијата промоција и поддршка на туризмот.

Остварена е целта на реалистичното сценарио од 3.100.000 ноќевања уште во 2018 год. кога бројот изнесувал 3.176.808. Бројот на ноќевања се зголемил над оптимистичкото ниво  и во 2019 год. , но  Ковидот19,  во 2020 год.  ја анулира оваа динамика. Порастот е присутен  во 2021 год.  (2.313.000) и 2022 год ( 2.848.628 ). Ова се години на опоравување. Иако во 2021 год. не е постигната целта од оптимистичкото сценарио,  поради ваквиот тренд се очекува негова реализација. Тоа значи дека оптимистичкото сценарио е најреално.

Годишна стапка на раст (СГСР) за вкупниот број на ноќевања на туристите, е многу променлива и се движи помеѓу -48% и 36,3% во зависност од годината, во 2021 година СГСР за изнесува 36,3%, што значи дека  е остварена целта од 6,4% севкупна  годишна стапка на раст, од оптимистичното сценарио. Целта за остварување на  вкупен број на ноќевања во 2021 година не е постигната во ниту едно сценарио.

Вкупниот  број на ноќевања на странските туристи  во 2021 година изнесува 670.460 што значи дека е далеку до остварување на целта која требала да се постигне во 2021, според реалното сценарио од 1.600.000 ноќевања како и според песимистичкото сценарио од 1.400.000 ноќевања.Сето ова е резултат на рестрикциите за патување од пандемијата на светско ниво.

Севкупната годишна стапка на раст (СГСР) на бројот на ноќевања на странските туристи, е многу променлива и се движи помеѓу 165% и -84% во зависност од годината.  Поради состојбата предизвикана  од пандемијата, во 2020 година стапката е негативна и изнесува -83,9%, а во 2021 година јасно се гледа закрепнување на туризмот и скок од 165%.  Со ова се остварува целта и на оптимистичкото сценарио кое е зацртано на 9,6%, но треба да се напомене дека во однос на бројот на ноќевања изразени во вкупна бројка целта не е постигната. Оптимистички е порастот во  2022год. е забележан понатамошно зголемување  од 71 % во однос на 2021 год.

Вкупниот број на ноќевања на домашните туристи во 2021 година изнесува 1.643.083 туристи, што значи дека е остварена целта која требала да се постигне во 2021, според реалното и оптимистичко  сценарио. Динамиката на пораст е присутна и во 2022 год кога се забележани 1 703 849 ноќевања од страна на домашните туристи.

Севкупната годишна стапка на раст (СГСР) на  бројот  на ноќевања на домашните туристи, е променлив и се движи меѓу -14,2% и 13,8% во зависност од годината. Во 2020 година СГСР за изнесува -14,2% и има огромен пад поради пандемијата. Во 2021 година има раст од 13,7% . Со тоа е  остварена целта за реалистичното  (1,9%) и оптимистичкото сценарио (2,6%).

 

Клучни пораки за темата

  • Учеството на туристичките дејности кои се определени како објекти за сместување и сервисни дејности со храна, објекти за сместување, дејности за подготовка на оброци и служење на храна и туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив, во бруто домашниот производ во 2019 год. изнесува 2,38 % што е и најголемо учество. Во 2020 год. доаѓа до рапиден пад на учеството. Оваа година учеството паѓа на 1,42%, што зборува за високо ниво на чувствителност на оваа дејност на надворешни влијанија и кризи во животната средина.
  • Вкупниот број на туристи, бројот на странски туристи и бројот на домашни туристи во периодот од 2002 до 2022 год година има динамичен развоен карактер. Вкупниот број во 2019 год, пред пандемијата се зголемил за 168,27 %, а во 2022 год. за 119%.  Бројот на странски туристи во 2019 год, во однос на 2002 год. пораснал за 416% или повеќе од 4 пати. Растот на домашната посетеност и далеку помал тој во 2019 год. бележи пораст од 34% во однос на 2002 год. Во 2020 има пад во развојот на туризмот поради пандемијата. Бројот на туристи по сите основи има драстично намалување.  Во 2021 и 2002 година доаѓа до благо закрепнување што упатува на тоа дека се можни подинамични движења на туристичкиот промет во наредниот период. Со тоа ќе доведе до поголем интензитет врз животната средина.
  • Вкупниот број на ноќевања на туристите, го следи развојниот карактер на бројот на туристи во периодот од 2002 до 2023 год. Покрај двете пандемиски години вкупниот број на ноќевања се зголемил за 69,5%. Бројот на ноќевања на странските туристи од 2002 до 2023 се зголемил за 468%, а бројот на ноќевања на домашни туристи изнесува само 9,7%. Тоа е позитивна коњуктура но се очекува притисокот врз животната средина да расте и во наредниот период.
  • Регионалната дистрибуција покажува дека најголем број на ноќевања туристите оствариле во Југозападниот регион.
  • Структурата на капацитетите за сместување покажува дека, зголемувањата се присутни кај објектите од хотелски карактер, а намалувањата во бањските и климатските лекувалишта и пансиони. Тоа значи дека се подобрува квалитетот на сместување, што има позитивен одраз на животната средина.
  • Најголемиот дел од оптоварувањето на животната средина од туризмот е просторно и временски определен, т.е. концентриран е во езерските места и во текот на летната сезона. Според проценетите податоци, отпадот што се создава од туристичката посетеност и престој претставува удел од 0,41%, од вкупното количество на создаден комунален отпад.
  • Во периодот од 2002 до 2021 год., се забележува дека трендот на користената вода во туризмот изразена во милиони m3 на година, има променлив тренд, и се движи меѓу 0,93 и 5,94 милиони m3 на годишно ниво. Според процената, учеството на потрошувачката на вода во туризмот се движи меѓу 0,27% и 0,51% во вкупното количество во Република Северна Македонија.

 

5. Кои активности се/треба да се преземат?

Согласно Националната Стратегија за развој на туризмот 2016-2021, подготвена од Министерството за Економија, осум клучни стратегии се дефинирани за поддржување на професионалниот туристички развој на Северна Македонија и тоа:

  1. Подигање на свеста за Северна Република Македонија како привлечна туристичка дестинација.
  2. Подобрување на привлечноста на Северна Македонија како туристичка дестинација.
  3. Подобрување на организациските структури во туризмот
  4. Подобрување на инвестициската клима за македонските претприемачи во однос на развојот на дополнителни капацитети за сместување
  5. Подобрување на квалитетот и квантитетот на достапни податоци за туризмот
  6. Подобрување на рамковните услови за развој на туризмот
  7. Подобрување на знаењето и квалитетот на услугите и
  8. Подобрување на свесноста за туризам кај локалното население.

Овие клучни стратегии содржат повеќе активности кои треба да се преземат, како на пример:

  • развој и промоција на национални туристички рути
  • реорганизирање на организациските структури за туризам на национално ниво
  • спроведување на процес за класификација на хотели и да се стимулира развој на дополнителни туристички ознаки
  • подобрување на општата инфраструктура и координација на активностите поврзани со туризмот и други активности.

Бидејќи развојот на туризмот носи и неоспорни оптоварувања на животната средина - зголемена емисија на загадувачки супстанци во воздухот и водата, поголеми количини на отпад, зголемена бучава и сообраќај, потреба од изградба на нова инфраструктура, промена на пределот предизвикана од изградба на објекти за туризмот, потребно е планирањето и активностите на туристичкиот сектор да се спроведат во согласност со заштитата на животната средина. Затоа, неопходно е темелно да се развива туризмот врз потребите на долгорочен одржлив развој, систематски и координирани планови за развој и туризам, кој ќе ги земе во предвид сите потенцијални негативни последици од туризмот врз животната средина.

 

 

ДЕФИНИЦИЈА

Посетеност е индикатор  кој опфаќа обем, динамика и структура на регистрирани туристи кои ги посетиле  сместувачките единици во определени просторни и временски рамки. Посетеноста на странските туристи се однесува лица кои имаат постојано живеалиште надвор државата, а оствариле регистрирана посета во сместувачките единици кои се на територијата на РСМ. 
Како компонента на туристичкиот промет, посетеноста претставува индикатор кој овозможува да се согледа развојот на туризмот и интензитетот кој го врши  врз животната средина и другите сектори. 

 

ЕДИНИЦИ

  • Обем -  број на туристи
  • Динамика -  индекс на пораст
  • Учество - % процент

 

КЛУЧНО ПРАШАЊЕ ЗА ПОЛИТИКАТА

Колкав е обемот и каква е динамиката и трендот на движење на бројот на странски туристи во контекст на интензитетот на животната средина?

 

КЛУЧНА ПОРАКА

Туристичката посетеност на странските туристи е дадена во временска серија од 1997 год., но поради конзистентност на анализите периодот од 2002 до 2023 год. овозможува соодветно согледување на движењата.  Обемот и динамика на странската посетеност го изразува развојот преку апсолутни бројки и базниот индекс. Споредбено, тоа е однос спрема почетната година од анализираниот период.  Тој ги опфаќа вкупниот и бројот на странски туристи кои ја посетиле РСМ по години од 2002 до 2023 год. Бројот на странски туристи бележи рапидно зголемување во сите анализирани години во однос на базната 2002 год.

 

График 1. Обем и динамика на странски и вкупен број на туристи

Бројот на странски туристи кој  во 2002 год изнесуваа 122.861, во 2012 година или во првиот десетгодишен период се покачува на 351.359, односно бележи индекс на пораст од 285,98. Оваа динамика е уште по изразена во периодот до  пандемијата Ковид 19. Во 2019 година остварена е највисока посета во овој анализиран период од 757.593 странски туристи,  што значи зголемување во рамките на индекс 616.63 или зголемување за 516,63%. Драстичното намалување на странската посетеност во 2020 год. е очекувана последица на пандемијата која што ја зафати целата планета, од што не беше поштедена и РСМ. Индексот на посетеност се намалува под нивото на базната 2002 год., и изнесува 96.21. Пост ковидскиот период е карактеристичен по благото покачување на посетеноста во 2021 год., а во 2023 год. индексот на раст изнесува 598 што претставува  забележителна тенденција и во наредниот период.  Тоа упатува  порака  дека интензитетот по овој основ ќе расте. Ваквиот рапиден пораст подразбира и соодветно користење на ресурсите на животната средина за да се амортизира притисокот што се очекува. Тоа значи дека е неопходно капацитетите во рецептивата која подразбира угостителска структура, инфраструктура, комунална уреденост и опременост и супраструктура да се приспособат кон динамичната туристичка побарувачка во опфатот на животната средина како туристичка дестинација.

Обем, учество и динамика на посетеност на странските туристи има забележителни карактеристики во поглед на нејзината дистрибуција по плански региони.

 

График 2. Обем, учество и динамика на посетеност на странски туристи по региони

 

Најголем обем и учество е забележано во Скопскиот и Југозападниот регион. Најмал а е посетеност и учеството на странските туристи во СИР и ИР.

Во последните десет години до пандемијата порастот е присутен во сите региони во континуитет. Најголем пораст до 2019 год. е забележан и во СКР и во ЈЗР иако и онака имаат најголема концентрација на странски туристи. Но, трендот на зголемување на бројот на странски туристи дава порака која води кон поизбалансирано движење на странската туристичка клиентела по планските региони. Најдинамична е посетата на СИР со пораст од 251, 55 % во 2019 год., кој иако намален во однос на 2017 год.( 271.43 бода) претставува најголем пораст.

За време на пандемијата во 2020 год. доаѓа до драстично намалување на бројот на странски туристи. Тоа е и нормално со оглед на целосната парализа на туристичкиот промет во целиот Свет. Но порастот во 2022год., во СКР од 92,1%, СИР од 88%, ПоР од  55,5% и ЈЗР од 52,32% зборува за нов дистрибутивен пораст во повеќе региони. Намалувањата се јавуваат во останатите региони. Клучна порака е дека постои висок степен на концентрација на туристичката посетеност во двата региона и тенденција на пораст на странските туристи во различни региони.

 

График 3. Вкупен број на странски туристи

График 4. Вкупен број на странски туристи по земја на припадност во разгледуваниот период

График 5. Држави кои имаат значителен удел во бројот на странски туристи во разгледуваниот период

График 6. Доаѓања на странски туристи според статистички региониво период 2000 – 2023, вкупно

График 7. Доаѓања на странски туристи по видови места во периодот од 2003 до 2023 година

 

Опфат на податоциexcel

Извор на податоци: При пресметка на индикаторот користени се официјални податоци од Државен завод за статистика

 

ОЦЕНКА

Странската посетеност има позначајна улога од домашната како за економијата, така за меѓународните односи, културното проткајување меѓу народите и подобрувањето на условите во животната средина. Со странската посетеност се остварува ефектот познат во туризмот како „невидлив извоз“. Тоа значи дека преку потрошувачката на странските туристи се остваруваат девизни приходи без да се де-факто извезуваат и транспортираат стоки, а се продаваат и услуги.

Влијанието на странската посета врз животната средина се реализира и преку промотивните активности. Зголемениот број на странски посетители подразбира зголемен број на лица, кои од прва рака ги презентираат своите впечатоци и доживувања во туристичките дестинации во РСМ. Така тие вршат лична промоција на туризмот во странство. Тоа не се однесува само на туристичка понуда, туку и на квалитетот на животната средина како туристичка дестинација. Животната средина и државата, преку тоа добива афирмација и репутација на прифатливост пред странската клиентела.

Порастот  на странската посетеност се должи на следниве фактори:

  • субвенционирање на странската посетеност од страна на Владата на РСМ;
  • воведување на ниско буџетски летови од значајни емитивни центри;
  • користење информатички технологии за букирање или букинг систем;
  • достапност на информациии самостојно креирање на посети и ориентација во животната средина на туристичките     дестинации и

зголеменото ниво на атрактивност на животната средина преку заложбите за нејзина заштита и унапредување како современ тренд во туризмот.

 

МЕТОДОЛОГИЈА

  • Методологија за пресметка на индикаторот

Динамиката на обемот на туристичка посета на странските туристи во РСМ и планските региони пресметана е со користење на базните индекси. Индексите се споредлива вредност изразена во бодови. Тие ја изразуваат релативната големина на бројот на домашни туристи во тековниот период, спрема  бројот на туристи регистрирани во базниот период. Како базен индекс на временската низа земена е почетната година, карактеристична на развојот на туристичкиот промет. Базните индекси ги добиваме  според следнава формула:

Ii,b=yi/yb x 100

каде што:

  • Ii,b = базен индекс во набљудуваниот период;
  • Yi = број на странските  туристи во анализираниот период;
  • Yb =број на странски  туристи  во базниот период.

 

ЦЕЛИ

Зголемување на бројот на туристи, и со одржливо планирање и стратегиско управувањето во  туризмот намалување на интензитетот на притисоците врз животната средина.

 

ОБВРСКА ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ

Нема

 

ОПШТИ МЕТА-ПОДАТОЦИ

Тема

Туризам

Поврзаност со други теми/сектори

Воздух, Вода, Отпад

Код на индикаторот

MK НИ 047-1

Временска покриеност

2002-2023

Име на индикаторот

Странска туристичка посетеност

Извор на податоци

При пресметка на индикаторот користени се официјални податоци од Државен завод за статистика

Класификација по ДПСИР

П

Датум на последна верзија

13.08 2024 год.

Тип

А

Подготвено/

ажурирано од:

Катерина Николовска*

Фреквенција на публикување

Годишно

Контакт

e-пошта: K.Nikolovska@moepp.gov.mk

a.dimishkova@moepp.gov.mk

 

ПОВРЗАНОСТ СО ДРУГИ ИНДИКАТОРИ

МК – НИ 047-1

СТРАНСКА ТУРИСТИЧКА ПОСЕТЕНОСТ

EEA - Европска агенција за животна средина

нема еквивалент

UNECE - Економска комисија на Обединетите нации за Европа

нема еквивалент

Каталог на индикатори за животна средина

нема еквивалент

SDG - Цели за одржлив развој

6, Clean water and sanitation

11, Sustainable cities and communities

12, Responsible consumption and production

GGI - Индикатори за зелен раст

да

Кружна економија

не

ДЕФИНИЦИЈА

Странската туристичката посетеност  ги опфаќа доаѓањата на туристи кои чие место на постојано живеење се наоѓа надвор од границите на Република Северна Македонија. Индикаторот претставува компонента на  туристичкиот промет во временска и просторна рамка.

 

ЕДИНИЦИ

  • Обем -  број на туристи
  • Динамика -  индекс на пораст
  • Учество - % процент

 

КЛУЧНО ПРАШАЊЕ ЗА ПОЛИТИКАТА

Колкав е обемот и динамиката и трендот на остварени ноќевања на странските туристи на државно и регионално ниво и како развојот на странскиот туризам се одразува на интензитетот на животната средина?

 

КЛУЧНА ПОРАКА

Престојот на странските туристи се мери со ноќевањата кои тие ги реализираат во определен временски интервал и туристичка дестинација. Тој претставува развоен индикатор со кој се утврдува нивото кое го постигнува РСМ во областа на оваа дејност. Клучна порака е дека порастот на бројот на реализирани странски ноќевања позитивно ќе се одразат на економски, социјален и еколошки план како основни содржини на одржливиот развој. Престојот на странските туристи е посебно важен затоа што овозможува прилив на девизни средства со што се зајакнува економијата чие прелевања придонесува за заштита и унапредување на животната средина. Порастот на бројот на ноќевања го зголемува притисокот врз животната средина, што треба да се има предвид во развојните планови. Се смета дека со поголеми финансиски средства и културно ниво на однесување тие полесно се пребродуваат.

Овој индикатор на развојот ги опфаќа обем и динамика на странски и вкупно остварени ноќевања на ниво на државата и нивна регионалната дистрибуција.

 

График 1. Обем и учество на ноќевања на странски туристи и вкупен број ноќевања

Остварените ноќевања на странските туристи покажуваат дека сеуште бележи помало учество во вкупниот број на остварени ноќевања. Најголем престој 1.577.771 ноќевање е реализиран во 2019 год., што било блиску до половина од вкупно остварените ноќевања во РСМ (3.262.398), но прагот од 50% не е преминат. Сепак динамиката покажува дека може да се очекува тоа да се случи во наредниот период, што би имало позитивни импликации на туристичкиот развој.

 

График 2.Динамика на бројот на ноќевања на странски туристи и вкупен број на ноќевања

Од графиконот се гледа дека остварените ноќевања на странските туристи се со изразита развојна динамика. Во сите анализирани години, со исклучок на 2020 год., кога последиците од пандемијата беа најдрастични се бележи зголемување на бројот на ноќевања во однос на базната 2002 год. Со минимални отстапувања порастот е рапиден, од година, во година. Така индексот на пораст во 2019 год. достигнува дури 574,32 или во апсолутни бројки 1.577.771 ноќевања на странските туристи. Позитивни остварувања се реализирани и во вкупно остварените ноќевања во сите години од овој период во однос на базната 2002 год. но, динамиката е воочливо помала, во однос на онаа што се бележи кај странската посетеност. Овие развојни процеси се со забележителна позитивна конотација. Тие треба да се прифатат како основа за уште поинтензивен развој на странскиот туризам во државата.

Престојот на странските туристи овозможува согледување на развојот низ нејзина просторно – планска дистрибуција. Во временски период од последните десет години може да се добие порака дека постои нерамномерна дистрибуција на бројот на ноќевања на странските туристи.

 

График 3. Обем и учество на странските ноќевања по години и региони

Од графичкиот преглед се гледа дека бројот на ноќевања кои се остварени во Скопскиот регион забележително ги надминува остварувањата во другите плански региони. Единствено остварениот број на ноќевања на странски туристи во ЈЗР има споредливи вредности. Во последната анализирана година (2023) во СКР се забележани 615.454, а во ЈЗР 550.612 ноќевања. Тоа упатува клучна порака дека и притисокот во овие просторни рамки е со најголем интензитет. Најнизок остварен промет од овој вид е регистриран во СИР од 26.170 ноќевања.

Динамиката овозможува да се согледа тенденцијата која ќе овозможи преземање мерки за ублажување на притисоците предизвикани од престојот на странските туристи.

 

График 4. Динамика на обемот на странските ноќевања по години и региони

График 5. Вкупен број на ноќевања и просечен престој на странски туристи по земја на припадност

График 6. Држави кои имаат значителен удел во просечниот престој на странски туристи

График 7. Ноќевања на странски туристи според статистички региониво период 2000 – 2023

Графичкиот преглед остава порака дека во регионални рамки дошло до промени во движењето на бројот на ноќевања  во однос на базната 2002 год. Пораст бележат СКР и ЈЗР. Кај скопскиот регион индексот на пораст е постојан во целиот период до 2020 год. кога се јавува пандемијата. Во последните две години доаѓа до повторно рапидно зголемување. Иако динамиката во ЈЗР има послаб интензитет и во овој плански регион е постојан и забележителен. Индексот на пораст во 2019 год. достигнува пораст од 120,56%. Во 2022 година порастот е повторно присутен. Клучна порака е дека интензитетот на туризмот, по овој основ ќе биде присутен и во наредниот период посебно во СКР и ЈЗР кои остваруваат динамичен пораст на странските ноќевања.

Дистрибуцијата по видови туристички места овозможуваа да се лоцира интензитетот и притисоците и во овој поглед.

 

График 8. Ноќевања на странски туристи по видови места во периодот од 2003 до 2023

Од графиконот се гледа дека остварените ноќевања во најголема мерка се реализираат во езерските места и во Скопје. Тоа значи дека притисокот е преовладителен во овие просторни целини.

 

Опфат на податоциexcel

Извор на податоци: При пресметка на индикаторот користени се официјални податоци од Државен завод за статистика

 

ОЦЕНКА

Остварените ноќевања на странските туристи зависат од бројните фактори на побарувачката карактеристични за емитивните сфери на туризмот во РСМ. Но животната средина на македонските дестинации ја определува атрактивната и рецептивната сфера. Оценка е дека зголемувањето на бројот на ноќевања на странските туристи ја подобруваат рецептивата која опфаќа добра, стоки и услуги и не ја загрозува животната средина. Престојот се реализира во средини со  определени природни и антропогени вредности, услуги и стоки кои служат за задоволување на туристичките потреби за време на туристичкиот престој на странските туристи. Поради тоа, престојот на странските туристи е во тесна врска  со содржините на животната средина, кои се во функција на задоволување на туристичките потреби во РСМ како туристичка дестинација, односно туристичките дестинации во планските региони. Престојот на странските туристи е важен индикатор на задоволството на странските туристи од посетата на државата. Тој иницира економски ефекти во вид на девизни приходи. 
Се смета дека должината на престој ги зближува културите на различните народи и ја афирмира животната средина на интернационално ниво. Позитивните околности во врска со животната средина се фактор за подолг престој и остварени ноќевања во тој поглед. Развојните показатели на престојот покажуваат дека и во наредниот период бројот на ноќевања на странските туристи ќе се зголемува и дека државата има механизми со кои ќе ги амортизира притисоците врз животната средина.
Порастот на бројот на странските ноќевања има изразите динамика по регионална основа и видови места. Тој ќе овозможи развој на странскиот туризам посебно во ЈЗПР и СКПР така што притисоците врз животната средина треба да се очекуваат во овие просторни рамки и во наредниот период.

 

МЕТОДОЛОГИЈА

  • Методологија за пресметка на индикаторот

Податоците за бројот на ноќевања на туристите се добиени врз основа на редовните месечни извештаи на угостителските и другите деловни субјекти кои на туристите им даваат услуги за сместување, односно посредуваат во обезбедувањето на тие услуги. Извор на податоците се книгите за гости кои, според законските прописи, овие деловни субјекти задолжително треба да ги водат.

 

ЦЕЛИ

  • Зголемување на бројот на странски ноќевања како показател за квантитативни и квалитативни мерки за намалување на интензитетот на туризмот врз животната средина.
 

ОБВРСКА ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ

  • Нема

 

ОПШТИ МЕТА-ПОДАТОЦИ

Тема

Туризам

Поврзаност со други теми/сектори

Воздух, Вода, Отпад

Код на индикаторот

MK НИ 047-2

Временска покриеност

2008-2023

Име на индикаторот

Престој на странски туристи

Извор на податоци

При пресметка на индикаторот користени се официјални податоци од Државен завод за статистика

Класификација по ДПСИР

П

Датум на последна верзија

14.08 2024 год.

Тип

А

Подготвено/

ажурирано од:

Катерина Николовска*

Фреквенција на публикување

Годишно

Контакт

e-пошта: K.Nikolovska@moepp.gov.mk

a.dimishkova@moepp.gov.mk

 

ПОВРЗАНОСТ СО ДРУГИ ИНДИКАТОРИ

МК НИ 047-2

Престој на странски туристи

EEA - Европска агенција за животна средина

нема еквивалент

UNECE - Економска комисија на Обединетите нации за Европа

нема еквивалент

Каталог на индикатори за животна средина

нема еквивалент

SDG - Цели за одржлив развој

6, Clean water and sanitation

11, Sustainable cities and communities

12, Responsible consumption and production

GGI - Индикатори за зелен раст

да

Кружна економија

не

ДЕФИНИЦИЈА

Туристичкиот промет ги содржи основните индикатори на туризмот. Овие индикатори овозможуваат да се утврдат процесите на развој на туризмот или да се согледаат појавите и процесите на  стагнација и негативните остварувања во оваа дејност. Нивната поврзаност со економските параметри ги отсликуваат  економските придобивките  и влијанието на економијата во целина.  Преку нив се изразува нивото на должина на престој како индикатор за задржување на интересот на туристите од атрактивно – рецептивните содржини во животната средина како туристичка дестинација.

Но, исто така, тие се во тесна врска со поврзаноста на туризмот и животната средина, затоа што упатуваат на влијанието што го има туризмот врз животната средина и значењето што го има животната средина врз туристичкиот развој, како каузален процес. Туристичкиот промет ги опфаќа посетеноста и престој.

Посетеноста се определува преку индикаторот на бројот на доаѓања на  домашните и странските туристи. Таа  е индикатор  кој опфаќа обем, динамика и структура на регистрирани туристи кои ги посетиле  сместувачките единици во определени просторни и временски рамки.

Посетеноста на домашните туристи се однесува на лица кои имаат постојано живеалиште во државата и оствариле регистрирана посета во сместувачките единици, кои се на територијата на РСМ.

Како компонента на туристичкиот промет, посетеноста на домашните туристи претставува индикатор кој овозможува да се согледа развојот на домашниот туризам и интензитетот кој го врши  врз животната средина и другите сектори. Овој индикатор, во процесот на планирање мора да се има предвид за да се избегнат несакани последици (метеж, отежнато снабдување, користење на комунални услуги, паркирање, бучава и загадувања) по животната средина.

 

ЕДИНИЦИ

  • Обем - број на туристи
  • Динамика - индекс на пораст
  • Учество - % процент

 

КЛУЧНО ПРАШАЊЕ ЗА ПОЛИТИКАТА

Колкав е обемот и каква е динамиката и трендот на движење на бројот на домашни туристи?

 

КЛУЧНА ПОРАКА

Туристичката посетеност на домашните туристи во  периодот од 2002 до 2023 год. бележи нестабилност во обемот и динамиката. Периоди на намалување на бројот, во однос на базната 2002 год. се јавуваат од 2003 до 2007 год.и од 2011 до 2014 год.  Релативно забележителен пораст се јавува од 2015 до 2019 год. значи до пандемијата Ковид 19. Во 2019 год. индексот на зголемување во однос на базната 2002 година изнесува 134 или пораст од 34%. Во периодот од 2021 до 2023 год. доаѓа до повторно, позабележително зголемување на бројот на домашни туристи. Порастот во 2023 година во однос на 2019 година изнесува 1,2%, а во однос на базната 2002 година, 36,6%. Покрај нестабилноста во остварениот број на доаѓања на домашните туристи, сепак тоа зборува за позитивен тренд во зголемувањето на посетеноста што ќе се одрази на интензитетот на туризмот во животната средина. 
Дистрибуцијата е нерамномерна во врска со посетата на домашните туристи. Доминантно место заземаат ЈЗПР и езерските места. Тие се соочуваат со зголемен промет.
Меѓутоа, треба да се има предвид дека зголемената посетеност, посебно на клиентела која е со ниско ниво на досегашна вклученост во туристичкиот промет има и негативни последици по животната средина. Тоа се однесува на појави на не чување хигиена, деградација на природни и културни содржини, меѓусебна нетрпеливост и создавање бучава и појави на метеж во и надвор од рецептивните капацитети. Соочувањето со овие појави подразбира будност во креирањето и реализација на туристичките политики на туризмот  и заштитата на животната средина.

 

ОЦЕНКА

Домашната туристичка посетеност го изразува нивото  на  интерес на туристичката клиентела која живее во  државата за содржини на животната средина како туристички дестинации во нејзини рамки. Таа зависи атрактивноста на просторот и неговите елементи, од неговата рецептивност и од надворешните влијанија какви што се  финансиските можности на населението, насоченоста на потрошувачката и животниот стандард, семејните и личните примања. Овој индикатор  е еден од индикаторите кои овозможуваат  са се согледа нивото на развој и развојната динамика на домашниот туризам. Ефектите од порастот на домашната посетеност треба да се гледа во прелевањето на доходот од една во друга средина. Зголемувањето на посетеноста подразбира намалена посетеност на домашни туристи во странство.  Тоа се одразува на намалување на одливот на девизни средства, ја зголемува индуктивната функција во стопанството и придонесува да се има поголема почит кон вредностите на животната средина во туристичките дестинации во државата. Порастот на бројот на домашни туристи кој во 2023 год. достигнува највисоко ниво на посетеност од 434 591  и пораст од 36,6% подразбира релативно голема концентрација на домашни туристи, што само по себе значи и поголем притисок на животната средина. Карактеристиката на определена нестабилност во динамиката со порастот во последните две години упатува на тенденција која ќе придонесе за подинамичен развој. Позабележителната динамика на туристичката посетеност на домашните туристи се должи на намалените финансиски можности на населението за посети во странство, како и стимулативните мерки на државата во вид на ваучери за граѓаните со низок социјален статус и ниски примања. Се работи за позитивна мерка што упатува на заклучок дека  позитивно се одразува на домашната посетеност. Ова покажува дека е неопходно да се продолжи со мерките за субвенционирање на домашната посетеност и да се прошири и кон други сегменти во користењето на бенефиции кои можат да се дадат на користење не само од страна на Владата туку и на локалните самоуправи. 

 

График 1. Обем и динамика на домашни и вкупен број на туристи

Дистрибуцијата на бројот на домашните туристи по региони покажува дека најголема посетеност се јавува ЈЗПР. Тоа е карактеристично за целиот десетгодишен период.  ЈЗПР по овој вид на промет остварува скоро половина од вкупниот промет од овој вид во државата.  Тоа значи дека се работи за сериозен концентриран притисок врз животната средина.

 

График 2.Дистрибуцијата на бројот на домашни туристи според статистички региони

График 3. Обем и динамика на посетеноста на домашни туристи по региони

Трендот на зголемување во постковидскиот период, 2023 во однос на 2020 година, и понатака е присутен во ЈЗПР (9,9%), иако динамиката на поголем раст е присутна и кај Скопскиот (129,7%) и Југоисточниот плански регион (55,33%). Ова упатува на очекуван пораст на бројот на домашни туристи и во другите плански региони, односно порамномерна дистрибуција на овој вид промет.

Посетеноста на домашните туристи покажува нерамномерна распределба и по видови места. Со тоа се покажува интензитетот кој се јавува во определени просторни целини. Една од основните причини за ваква дистрибуција е атрактивноста  на овие места за домашните туристи.

 

График 4. Доаѓања на домашни туристи според статистички региони во период 2000 – 2023, вкупно

График 5. Доаѓања на домашни туристи по видови места во периодот од 2003 до 2023 год.

Очигледно е дека најголем број на домашни туристи ги посетиле езерските места. Следат планинските и други места, а најмалку се посетени бањските места и Скопје.

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: При пресметка на индикаторот користени се официјални податоци од Државен завод за статистика

 

МЕТОДОЛОГИЈА

  • Методологија за пресметка на индикаторот

Динамиката на обемот на туристичка посета на странските туристи во РСМ и планските региони пресметана е со користење на базните индекси. Индексите се споредлива вредност изразена во бодови. Тие ја изразуваат релативната големина на бројот на домашни туристи во тековниот период, спрема  бројот на туристи регистрирани во базниот период. Како базен индекс на временската низа земена е почетната година, карактеристична на развојот на туристичкиот промет. Базните индекси ги добиваме  според следнава формула:

Ii,b=yi/yb x 100

каде што:

  • Ii,b = базен индекс во набљудуваниот период;
  • Yi = број на странските  туристи во анализираниот период;
  • Yb =број на странски  туристи  во базниот период.

 

ЦЕЛИ

Зголемување на бројот на туристи со одржливо планирање и стратегиски приод во  управувањето во  туризмот, намалување на интензитетот на притисоците  врз животната средина. 

 

ОБВРСКА ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ

  • Нема
 

ОПШТИ МЕТА-ПОДАТОЦИ

Тема

Туризам

Поврзаност со други теми/сектори

Воздух, Вода, Отпад

Код на индикаторот

MK НИ 047

Временска покриеност

2002-2023

Име на индикаторот

Домашна туристичка посетеност

Извор на податоци

При пресметка на индикаторот користени се официјални податоци од Државен завод за статистика

Класификација по ДПСИР

П

Датум на последна верзија

27.9 2024 год.

Тип

А

Подготвено/

ажурирано од:

Катерина Николовска*

Фреквенција на публикување

Годишно

Контакт

e-пошта: K.Nikolovska@moepp.gov.mk

a.dimishkova@moepp.gov.mk

 

ПОВРЗАНОСТ СО ДРУГИ ИНДИКАТОРИ

МК – НИ 047-3

ДОМАШНА ТУРИСТИЧКА ПОСЕТЕНОСТ

EEA - Европска агенција за животна средина

нема еквивалент

UNECE - Економска комисија на Обединетите нации за Европа

нема еквивалент

Каталог на индикатори за животна средина

нема еквивалент

SDG - Цели за одржлив развој

6, Clean water and sanitation

11, Sustainable cities and communities

12, Responsible consumption and production

GGI - Индикатори за зелен раст

да

Кружна економија

не

ДЕФИНИЦИЈА

Во врска со влијанието што го има животната средина врз престојот на туристите треба да се констатира дека должината на престој е во корелативна врска со содржинските елементи. Атрактивност на животната средина е една од причините за продолжување на престојот на туристите.  Животната средина треба да се унапредува во насока на заштита на животната средина за таа да биде пофункционална и поатрактивна. Уредувањето на рецептивните животни средини во функција на унапредување на престојот подразбира создавање на авении и дрвореди, паркови, шеталишта и видиковци, како и внесување на хортикултурни елементи, и нивно одржување. Впрочем најзначајна дејност на комуналните служби е обезбедување на оптимални услови за хумана животна средина, и за развој на  туризмот кој директно зависи и се утврдува со параметрите на посетеноста.  Во тој контекст од посебна важност е одржувањето на хигиената, затоа што не хигиената ги загрозува природните и антропогените атрактивно - рецептивни вредности. Оптималноста на животната средина ја зголемува потрошувачката и придонесува туристите да престојуваат во подолг период и при наредните доаѓања.

Престојот се мери преку остварените ноќевања, на домашните туристи. Нивната динамика е изразена како во апсолутни бројки така во индекси. Тој претставува, индикатор  кој опфаќа обем, динамика и структура на остварени ноќевања во сместувачките единици во определени просторни и временски рамки.

Престојот на домашните туристи произлегува од нивото на посетеност. Овие два индикатори се поврзани и го означуваат степенот на развој на домашниот туризам. Тој се однесува лица кои имаат постојано живеалиште во државата и оствариле ноќевања во сместувачките единици кои се на територијата на РСМ.

 

ЕДИНИЦИ

  • Обем - број на туристи
  • Динамика - индекс на пораст

 

КЛУЧНО ПРАШАЊЕ ЗА ПОЛИТИКАТА

Колкав е обемот и каква е динамиката и трендот неостварени ноќевања на  домашни туристи на државно и регионално ниво?

 

КЛУЧНА ПОРАКА

Престојот на туристите е во тесна врска со задоволувањето на туристичките потреби и потрошувачката која е неопходна за да се реализира. Тој зависи од динамиката на посета и слободните финансиски средства, но и од рецептивните капацитети како по обем, така по квалитет на стоки и услуги. Развојот на домашниот туризам се определува со престој на домашни туристи, односно со реализираните ноќевања на оваа структурна категорија туристи. Тој зависи од националниот доход, семејниот буџет на населението и личните примања. Остварените ноќевања од страна на домашните туристи се индикатор за прифатливоста на домашната туристичка понуда. Престојот на домашните туристи во обем и динамика треба да се анализира преку реализираните ноќевања во периодот од 2002 до 2023 год.

Бројот на остварени ноќевања во последните години има тренд на пораст кој може да се очекува и во наредните години. Со тоа и притисокот врз животната средина ќе расте, Најголем притисок врз животната средина ќе се врши  во СКПР, СИПР,  ИПР,  ЈЗПР и ЈИПР.

 

ОЦЕНКА

Туристичкиот престој на домашните туристи има определен оптимизам за позитивна реализација. Бројот на ноќевањата на домашните туристи иако нема забележителен пораст од  рапиден карактер, сепак зголемувања во последните години упатува на развој кој треба да се има предвид како притисок на животната средина. Клучната порака дека преку остварените ноќевања се определува должината на  контакт и доживување на животната средина во туристичката дестинација од страна на домашните туристи, треба да се оцени како взаемна поврзаност и  условеност меѓу овој вид на туристички промет и животната средина. Порастот не е алармантен, но треба да се зема предвид во креирањето на развојните политики, како на туризмот, така на животната средина.

Ефектите од остварените ноќевања на домашните туристи се одразуваат врз покачувањето на туристичка потрошувачка. Карактеристика на овој вид промет е прераспределбата на доходот од емитивните во рецептивните просторни целини во рамките на државата.  Тој  обезбедува порамномерност на заштитата на животните средини со различни економски нивоа на развој. Влијанието на остварените ноќевања се огледаат и во учеството на користење на рецептивните капацитети, што овозможува поголема рентабилност во работниот процес.

Остварените ноќевања од страна на домашните туристи се индикатор за прифатливоста на домашната туристичка понуда. Преку остварените ноќевања се определува должината на  контакт и доживување на животната средина во туристичката дестинација.

Во поглед на регионалната дистрибуција се очекува и во наредниов период концентрацијата на остварени ноќевања на домашните туристи да биде во езерските локалитети и Скопскиот плански регион. Очекуваниот притисок треба да се почувствува во регионите кои имаат поизразена динамика и растечки тренд, а тоа се СКПР, ЈЗПР, ЈИПР. Порастот на бројот на ноќевања во останатите региони во последните години треба да претставува чинител на избалансиран развој со одржливи карактеристики.

 

 График 1. Обем на престој на домашни и вкупен број на туристи

Обемот на остварените домашни ноќевања во 2023 год. изнесува 1.728.469 ноќевања. Тоа значи дека неговото учество во вкупниот број од 3.135.767 остварен во РСМ е преовладителен и изнесува 55,5%. Тоа се однесува и на останатите анализирани години во овој дваесетгодишен период. Значи дека овој интензитет врз животната средина е и најголем. Сепак,  динамиката покажува движења кои имаат побалансирани карактеристики.

 

График 2. Динамика на престој на домашни туристи

Анализата покажува  дека остварениот број на ноќевања на домашните туристи варира од најниското остварување во 2013 и 2014 год., до највисокото во 2023 год. Остварените ноќевања во периодот до 2017 и 2018 год. се помали од оние во  базната 2002 год. Но иако постои зголемување тоа е релативно мало и е во рамките на пораст од 7%. Овие резултати постигнати во 2018 и 2019 год. се анулирани во 2020 год. поради пандемијата. После тоа, во наредните две години доаѓа до постепено зголемување кое во 2023 год. изнесува 23,5%. Клучна порака е дека бројот на остварени ноќевања во последните години има тренд на пораст кој може да се очекува и во наредните години. Со тоа и притисокот врз животната средина ќе расте.

Број на ноќевања на домашни туристи има нерамномерна дистрибуција по региони. Анализата треба да покаже кои региони имаат најголема концентрација на реализирани ноќевања. Така ќе се согледа и интензитетот на овој вид туристички промет врз животната средина во регионални рамки.

 

График 3. Обем и учество на престој на домашни туристи по региони

 

Од расположливите податоци се забележува дека најголем број и учество на реализирани ноќевања на домашните туристи има ЈЗПР. Бројот во 2023 год достигнува 1.073.550, односно учество во вкупниот број на ноѓевања во земјата од 64,5%. На второ место по овој вид на туристички промет е ЈИПР во кој, во последната анализирана година се остварени 373.851 ноќевања на домашните туристи. Другите региони во овој поглед забележително заостануваат.  Најмал обем на престој СИПР од 4.975 ноќевања, што има симболичен карактер во однос другите региони. Клучна порака е дека постои изразито остварување на ноќевањата на домашните туристи во ЈЗПР и регионите во кои половите на развој се покрај езерските крајбрежја. Тоа е порака дека бројот на ноќевања има јасна концентрација и дека во овие региони е и најголемиот притисок по овој основ. Динамиката на бројот  на ноќевања на домашни туристи по регион ги покажува развојните карактеристики на туризмот. Таа е во функција да ги определи планските идни претпоставки.

 

График 4. Динамика на престој на домашни туристи по регион

График 5. Просечен на престој на домашни и вкупен број на туристи

График 6. Ноќевања на домашни туристи според статистички региони во период 2000 – 2023

Динамиката на бојот на ноќевања на домашните туристи во последниве десет години покажува дека таа е нестабилна. Тоа посебно се однесува на регионите со остварен најголем број на ноќевања на домашните туристи. Динамика на пораст е забележана, во сите плански региони, освен во ПеПР каде постои драстично намалување во сите анализирани години на десетгодишниот период. Ова е посебно карактеристично за периодот до 2018 год. кога започнува  пораст на овој вид промет во останатите плански региони. Најголем пораст бележи СКПР. Порастот во 2019 година, во однос на базната година 2002 е 252 % , а во 2023 за 278,2% поголем.  Клучна порака е дека и во наредниот период притисокот врз животната средина ќе се врши  во СКПР, СИПР,  ИПР,  ЈЗПР и ЈИПР.

 

График 7. Ноќевања на домашни туристи по видови места во периодот од 2010 до 2023

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци:При пресметка на индикаторот користени се официјални податоци од Државен завод за статистика

 

МЕТОДОЛОГИЈА

  • Методологија за пресметка на индикаторот

Динамиката на обемот на остварени ноќевања на домашните туристи во РСМ и Планските региони пресметана е со користење на базните индекси. Индексите се споредлива вредност изразена во бодови. Тие ја изразуваат релативната големина на бројот на ноќевања домашни туристи во тековниот период спрема  бројот на ноќевања на домашните туристи регистрирани во базниот период. Како базен индекс на временската низа земена е почетната година како карактеристична година на развојот на туристичкиот промет. Базните индекси ги добиваме  според следнава формула:

Ii,b=yi/yb x 100

каде што:

  • Iib = базен индекс во набљудуваниот период;
  • Yi = број на домашните туристи во тековниот (набљудуваниот) период;
  • Yb =број на домашни туристи  во базниот период.

 

ЦЕЛИ

Зголемување на бројот на ноќевања на домашните туристи и со што ќе се овозможи економски, еколошки и социјален избалансиран развој на животната средина. Индикаторот овозможува согледување на состојбите и тенденциите на остварените ноќевања на домашните туристи за определување   одржливо планирање и стратегискауправувањето во туризмот, односно намалување на интензитетот на притисоците  врз животната средина.

 
 

ОБВРСКА ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ

Нема 

 

ОПШТИ МЕТА-ПОДАТОЦИ

Тема

Туризам

Поврзаност со други теми/сектори

Воздух, Вода, Отпад

Код на индикаторот

MK НИ 047-4

Временска покриеност

2002-2023

Име на индикаторот

Престој на домашни туристи

Извор на податоци

При пресметка на индикаторот користени се официјални податоци од Државен завод за статистика

Класификација по ДПСИР

П

Датум на последна верзија

27.09 2024 год.

Тип

А

Подготвено/

ажурирано од:

Катерина Николовска*

Фреквенција на публикување

Годишно

Контакт

e-пошта: K.Nikolovska@moepp.gov.mk

a.dimishkova@moepp.gov.mk

*) последната верзија од индикаторот е ажурирана од надворешен експерт

 

ПОВРЗАНОСТ СО ДРУГИ ИНДИКАТОРИ

МК – НИ 047-4

ПРЕСТОЈ НА ДОМАШНИТЕ ТУРИСТИ

EEA - Европска агенција за животна средина

нема еквивалент

UNECE - Економска комисија на Обединетите нации за Европа

нема еквивалент

Каталог на индикатори за животна средина

нема еквивалент

SDG - Цели за одржлив развој

6, Clean water and sanitation

11, Sustainable cities and communities

12, Responsible consumption and production

GGI - Индикатори за зелен раст

да

Кружна економија

не

ДЕФИНИЦИЈА

Угостителството е  една од основните стопански гранки во туризмот. Поради неговата незаобиколна улога во развојот на туризмот обемот и динамиката на капацитетите во угостителството се развоен показател. Индикаторите се определени со бројот на објекти,  соби,  легла и седишта, како сместувачки капацитети, објектите за служење на храна и пијалаци и нивното влијание врз животната средина. 

 

ЕДИНИЦИ

  • Обем - број на објекти, соби и легла
  • Динамика - индекс на движење
  • Учество - % проценти

 

КЛУЧНО ПРАШАЊЕ ЗА ПОЛИТИКАТА

Колкав е обемот и каква е развојната динамика на бројот на соби и легла, како сместувачки капацитети и седишта во објектите за служење на храна и пијалаци и какво е  нивното влијание врз животната средина?

 

КЛУЧНА ПОРАКА

Престојот на туристите во туристичка дестинација не може да се реализира без соодветно сместување и користење на услуги на храна и пијалаци. Значи дека се јавува како фактор кој ги определува другите индикатори со што делува и врз животната средина. Исто така,  тој претставува развоен индикатор на туризмот  со кој се утврдува нивото на кое се наоѓа РСМ во областа на угостителството и туризмот. Угостителството се потпира пред се на квалитетот на услугите и стоките кои во него се користат, на стандардите за хигиена во и надвор од објектите и на користењето на ресурсите на животната средина на одржлив начин. Клучна порака е дека порастот на обемот и неговата развојна димензија се фактор кој врши притисок врз животната средина и дека  неговиот развој зависи од условите во животната и работната средина. Тоа значи дека постои причинско - последична поврзаност. Врз основа на карактеристиките, состојбите и развојот на угостителскиот сектор определен е притисокот врз животната средина, што треба да се имаа предвид во развојните стратегии на туризмот и животната средина. Од нив произлегуваат  и клучните пораки дека  порастот на бројот на сместувачки единици и капацитети за храна и пијалаци има можна позитивна и негативна димензија на интензитет врз животната средина. Клучна порака е дека постои простор за проширување на обемот на капацитетите и   подинамичен и забележителен интензитет врз животната средина, затоа што наместо очекуваното зголемување на обемот  во дваесетгодишниот развој, присутни се години на стагнација и намалување.

 

ОЦЕНКА

Анализата на овој индикатор опфаќа дваесет и две годишен период. На следниот графикон прикажан е трендот за вкупен број на објекти, соби и легла како капацитети за сместување за период 2000-2022 година.

 

График 1. Вкупен број на објекти, соби и легла како капацитети за сместување

Од прикажаното може да се забележи дека бројот на објекти бележи постојан пораст. Најголем број е забележан во 2022 год. кога изнесува 502. Како последица на пандемијата многу објекти ја сторнираат својата дејност така што во 2021 год. доаѓа до намалување на 501.

Бројот на соби во 2022 год. изнесува 30 096, што е најголем забележан број. Најголем број на легла, исто така е забележан во последната анализирана година. Бројот на седишта е минамален во 2009 година, а максимален во 2019 година пред пандемијата. Влијанието на пандемијата проследено со економската криза доведува до остар пад во 2020 година по што следи благо покачување до 2022 година до 130 645 седишта.

 

График 2. Обем на капацитетите во угостителството

Динамиката на развој на сместувачките капацитети  покажува дека овие параметри се меѓусебно поврзани.

 

График 3. Динамика на обем на капацитетите во угостителството

Од графичкиот преглед се гледа дека туризмот  во анализираниот  период  има релативно благи развојни карактеристики. Тоа се однесува на динамиката на бројот на објекти, соби, легла и седишта.

Бројот на деловни субјекти постојано се зголемува се до 2021 год во која доаѓа до драстичен пад. Претпоставка е дека се работи за последици од пандемијата во 2020 год., така што клучна порака е дека интензитетот врз животната средина,  по овој показател треба да се очекува и во наредниот период.

Според динамиката на бројот  соби во анализираниот период можат да се издвојат различни периоди. Периодот до 2005 год. треба да се означи како период на стагнација затоа што порастот е забележан во рамките на индекс 101,28. или има покачување од 1,28% во 2004 год. Динамиката покажува намалување на бројот на соби во периодот од 2006 год. до 2012  год., со исклучок на 2009 год. кога е сведен на ниво на базната 2002 год. Во периодот од 2013 год. до 2022год. како последна анализирана година се бележи благо покачување. Порастот е највисок во 2022 год. кога бројот на соби изнесува 30 096 што покажува пораст во рамките на индекс 111,98.  Тоа е и најголемо покачување во анализираниот период.

Бројот на легла покажува уште поскромна развојна динамика. Од базната 2002 год. кога се забележени  73,985 легла  до 2016 год. бројот се намалува. Во 2017 год бројот  е на ниво од 2002 год. Од оваа година до 2022 бројот постепено се зголемува, но најголемото зголемување е во рамките на индекс 106,69. остварен во последната анализирана година.

Динамиката на обемот на седишта покажува уште поскромни резултати. Тие од 2002 до 2016 год.  со исклучок на 2007 година која е стагнантна, перманентно се намалуваат. Релативно мал пораст се забележува во наредните три год. а после тоа доаѓа до драстично намалување.  Така бројот од 134,231 се намалува на 98,884 што претставува индекс од 73,67.

Во следните графикони се прикажани структурите на капацитети за сместување по објект, соба и легла.

 

График 4. Капацитети за сместување – објекти структура

Во структурата на сместувачките капацитети преовладува хотелското сместување, што претставува поволна околност по животната средина затоа што интерес на хотелиерот е хигиената и одржувањето на просторот во и околу објектот.

 

График 5. Капацитети за сместување – соби структура

Во структурата на соби преовладуваат собите во домашно сместување кои од гледна точка на туристички развој треба да се оценат како неповолна околност. Тие се најчесто фактор на дополнителни приходи на издавачите и не можат да се споредат со влијанието што го имаат другите форми на сместување.

 

 График 6. Капацитети за сместување – легла структура

 

Опфат на податоциexcel

Извор на податоци: При пресметка на индикаторот користени се официјални податоци од Државен завод за статистика

                                                                       

Во структурата на соби преовладуваат, исто така собите во домашно сместување.  Тоа значи дека се работи за неповолна структура како од гледна точка на туристичкиот развој така во поглед на интензитетот врз животната средина. Причините за ваква квалификација произлегуваат од фактот дека тоа е од секундарен карактер и дека хотелиерството треба да биде носител на овој сегмент од угостителството. Тоа е фактор кој го атрикулира развојот на туризмот и унапредувањето на животната средина во тесна врска со комерцијалниот интерес.

Обемот и динамиката на капацитетите во угостителството треба да се оценат како индикатор кој  има битно влијание на интензитетот на животната средина. Развојните трендови покажуваат дека според обемот и динамиката на капацитетите во угостителството бројот на објекти ќе се зголемува, а тоа ќе го зголемува притисокот на животната средина со ширење на корисниот простор за оваа намена. Релативно ниското ниво на динамика на бројот на соби, легла и седишта    упатува на оценка дека тие не можат битно да делуваат на деградацијата и девастацијата на животната средина. Сепак тие треба да се следат во контекст на квалитетот на услугите кои зависат од просторните можности на животната средина кои се предвидени за лоцирање на вакви објекти од туристичката побарувачка и од атрактивните фактори во туристичките дестинации. Оценка е дека овој индикатор е во тесна врска  со содржините на животната средина, кои се во функција на  развојот на туризмот во РСМ како туристичка дестинација, односно  туристичките дестинации во планските региони. Капацитетите во угостителството  се важен индикатор на задоволството на туристите. Уредноста и хигиената во работната и животната средина се основни претпоставки на оваа функција. Угостителството е фактор на остварување на  економски ефекти како од давање на услуги на домашните така на странските туристи. Се смета дека должината на престој  во угостителските единици е од суштествено значење за вкупниот развој на туризмот и одржливо користење на животната седина. Тоа подразбира негово насочување кон зелените туристички форми на угостителска понуда.

 

МЕТОДОЛОГИЈА

  • Методологија за пресметка на индикаторот

Динамиката на обемот на остварени ноќевања на домашните туристи во РСМ и Планските региони пресметана е со користење на базните индекси. Индексите се споредлива вредност изразена во бодови. Тие ја изразуваат релативната големина на бројот на ноќевања домашни туристи во тековниот период спрема  бројот на ноќевања на домашните туристи регистрирани во базниот период. Како базен индекс на временската низа земена е почетната година како карактеристична година на развојот на туристичкиот промет. Базните индекси ги добиваме  според следнава формула:

Ii,b=yi/yb x 100

каде што:

  • Iib = базен индекс во набљудуваниот период;
  • Yi = број на домашните туристи во тековниот (набљудуваниот) период;
  • Yb =број на домашни туристи  во базниот период.

 

ЦЕЛИ

Зголемување на бројот на капацитетите во угостителството на одржлив начин со следење на динамиката за да се намали интензитетот на туризмот врз животната средина.

 

ОБВРСКА ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ

Нема

 

ОПШТИ МЕТА-ПОДАТОЦИ

Тема

Туризам

Поврзаност со други теми/сектори

Воздух, Вода, Отпад

Код на индикаторот

MK НИ 048

Временска покриеност

2008-2022

Име на индикаторот

Обем и динамика на капацитетите во угостителството

Извор на податоци

При пресметка на индикаторот користени се официјални податоци од Државен завод за статистика

Класификација по ДПСИР

П

Датум на последна верзија

22.08.2024 год.

Тип

А

Подготвено/

ажурирано од:

Катерина Николовска*

Фреквенција на публикување

Годишно

Контакт

e-пошта: k.nikolovska@moepp.gov.mk

a.dimishkova@moepp.gov.mk

*) последната верзија од индикаторот е ажурирана од надворешен експерт

 

ПОВРЗАНОСТ СО ДРУГИ ИНДИКАТОРИ

МК НИ 048

EEA - Европска агенција за животна средина

нема еквивалент

UNECE - Економска комисија на Обединетите нации за Европа

нема еквивалент

Каталог на индикатори за животна средина

нема еквивалент

SDG - Цели за одржлив развој

6- Cleanwaterandsanitation

11-Sustainablecitiesandcommunities

12-Responsibleconsumptionandproduction

GGI - Индикатори за зелен раст

да

Кружна економија

не

ДЕФИНИЦИЈА

Остварените приходи во туризмот го определуваат во група на дејности со економска препознатливост. Туризмот претставува област на стопанисување во која се вклучени различни стопански дејности и гранки. Според тоа се работи за широк спектар на економски влијанија кои туризмот ги врши. Туризмот врши влијание на дејности директно вклучени во овозможувањето на задоволување на туристичките потреби. Тоа се угостителските стопански субјекти, трговијата, банките и осигурителните институции. Но, исто така, тоа се националните паркови и заштитените природни и културни локалитети и објекти  во животната средина за кои се грижат соодветни установи. Станува збор за влијанија од широк спектар кој упатува на полифункционален економски карактер на туризмот.

Местото на туризмот во економијата е определено како улога и значење на оваа дејност врз развојните карактеристики на стопанството на РСМ.

 

ЕДИНИЦИ

  • Обем - број на работници
  • Број на деловни единици
  • Висина на остварени приходи во денари
  • Динамика - индекс на движење
  • Учество - % проценти

 

КЛУЧНО ПРАШАЊЕ ЗА ПОЛИТИКАТА

Како да се подобри местото на туризмот во економијата на РСМ, а при тоа да се заштити и унапреди животната  средина?

 

КЛУЧНА ПОРАКА

Туризмот претставува и стопанска дејност така што има свое место во економијата на РСМ.  Пораката се однесува на тоа дека место и улогата на туризмот  во економијата на РСМ зависи од оптималното стопанско користење на расположливите ресурси. Следењето на овие индикатори во периодот од 2002 до последната година во која се располага со податоци овозможува да се согледа развојното ниво на економските  резултати кои оваа дејност ги постигнува. Анализата треба да ја потврди пораката дека туризмот учествува во економијата, но исто така преку прелевање на доходот тој позитивно делува врз животната средина. Туристичкиот развој  овозможува простор за вработување, отворање на бизниси и реализација на приходи.

 

ОЦЕНКА

На следните графикони прикажани се Обем и динамика на бројот на работници, деловни единици и приходи, за период 2002 до 2021 година, додека не се достапни податоци за 2022.

 

Графикон 1. Обем на бројот на работници и деловни единици

Извор: Државен завод за статистика, макстат база

 

Од графичкиот преглед се гледа дека бројот на  ангажирањето на работници во периодот 2001 год,  до 2006 год. варира и може да се оцени како стагнација. Од 2007 год. доаѓа до постојан пораст од година во година,  во однос на базната 2002 год. Во 2019 година тој достигнува 17.662 работника или индекс од 176,94. Во 2020 и 2021 год. бројот на работници се намалува како последица на пандемијата, но сепак бројот на работници е повисок од оној во 2002 год. Ова значи дека станува збор за изразита позитивна економска динамика на раст. Истиот тренд се забележува и на следниот графикон каде се прикажани приходите во денари.

 

Графикон 2. Висина на остварени приходи во денари

Извор: Државен завод за статистика, макстат база

 

Графикон 3.  Динамика на бројот на работници, деловни единици и приходи

Извор: Државен завод за статистика, макстат база

 

Што се однесувадо бројот на деловни единици може да се забележи постепен пораст, но со  блага динамика во однос на ангажираните работници.  Највисоко ниво е достигната во 2019 год. Таа година бројот на  деловни единици достигнува 2.340, што претставува индекс од 132 во однос на базната 2002 година.

Обемот  на прилив на девизни средства е еден од најважните во поглед на економските ефекти од развојот на странскиот туризам. Во него е содржан ефектот на невидливиот извоз кој се одразува не само на економијата во државата туку и на условите во животната средина.

 

Графикон 4. Обем на прилив на девизни средства во милиони долари

Извор: Агенција за промоција и поддршка на туризмот 

 

Највисоко ниво на остварени девизни приходи се реализирани во 2019 год. Но, со оглед на тоа дека за 2022 год. не се објавени приходите од последното тромесечје евидентно е дека тие ќе забележат највисоки остварувања.

Динамиката на пораст на девизниот прилив оди во насока на перманентно зголемување се до пандемијата.

 

Графикон 5. Динамика на прилив на девизни средства во милиони долари

Извор: Агенција за промоција и поддршка на туризмот

 

Индексот на пораст изнесува 121 или зголемување на девизните приходи од 21%. Во однос на 2017 год.

Учеството на туризмот во бруто домашниот производ покажува дека бил највисок во 2019 год. кога изнесува 2,38%. Остварениот БДП во милиони од туризмот изнесува 31.451,58, а БДП на ниво на државата 1.320.895,53.

 

Графикон 6. Учество на обемот на туризмот во БДП

Извор: Државен завод за статистика, макстат база

 

Динамиката во  десетгодишниот период покажува пораст се до 2020 год.како година напандемијата. Клучна порака е дека и во наредниот период ќе се задржи овој пораст. Падот на учеството во 2020 год. покажува дека туризмот  е почувствителна дејност на надворешни влијанија во однос на другите дејности.

 

Графикон 7.  Динамика на процентуално учеството на туризмот во БДП

Извор: Државен завод за статистика, макстат база

 

Графикон 8. Учеството на Објекти за сместување и сервисни дејности со храна во БДП во %

Извор: Државен завод за статистика, макстат база

 

Опфат на податоциexcel

Од прикажаното може да е заклучи дека остварените економски резултати ќе овозможат прелевање на доходот и во областа на заштитата на животната средина. Порастот на бројот на работници и  бројот на деловни единици има позитивно влијание врз животната средина затоа што на овој начин се подобрува квалитетот на живот. Преку ангажирањето на работници се подобрува хигиената во и околу угостителските објекти. Во структурата на вработени се вклучуваат и кадри кои се ангажираат на хортикултурното и партерно уредување што има позитивно влијание  врз животната средина во кои се одвиваат работните процеси на деловните единици.

Воедно може да се забележи дека порастот на бројот на работници и  бројот на деловни единици има позитивно влијание врз животната средина затоа што на овој начин се подобрува квалитетот на живот. Преку ангажирањето на работници се подобрува хигиената во и околу угостителските објекти. Во структурата на вработени се вклучуваат и кадри кои се ангажираат на хортикултурното и партерно уредување што има позитивно влијание  врз животната средина во кои се одвиваат работните процеси на деловните единици.

Остварените приходи во сите години од анализираниот период, во однос на  базната 2002 год.  бележат позитивен обем и динамика. Тие се со изразито импресивни карактеристики. Приходите  во 2019 год. се  зголемиле, дури за три и пол пати. Ваквата динамика има изразито позитивно дејство во економијата на РСМ.

Местото на туризмот во економијата посебно е изразено преку остварените девизни приходи кои произлегуваат од остварениот прилив на девизни средства од посетата и престојот на странските туристи. Ефектите од девизниот приход се јавуваат во поглед на учеството во  стопанскиот урамнотежен развој на просторните целини и нивната животна средина како туристичка дестинација, влијание на туризмот од платниот биланс на земјата, унапредување на меѓународната економска размена и влијание на вработеноста на населението. Преку  приливот на девизни средства се остварува индуктивната функција на туризмот, неговата мултипликативност и конверзивност. Индуктивната функција е изразена преку  ефектите кои се остваруваат во други гранки и дејности во стопанството. Мултипликативниот ефект произлегува од приходите кои се остваруваат во трансакциите на дејностите во кои се прелева девизниот прилив.

Според  теоријата на мултипликација во областа на туризмот еден долар потрошен од страна на странските туристи се мултиплицира во македонското стопанство и добива  вредност од 3,2 УС долари. Овој  коефициент ни го покажува бројот на обрти на девизниот прилив од страна на туристите во текот на една година.

 

МЕТОДОЛОГИЈА

  • Методологија за пресметка на индикаторот

Индикаторот опфаќа повеќе показатели кои  бараат примена на различна методологија. За утврдување на динамиката на обем,  работници, деловни единици  и прилив на девизни средства  приходи прилив на девизни средства  е применета методологијата на индекс на движење. Во оваа методологија за пресметка на индикаторот користена е следната формула:

Ii,b=yi/yb x 100

каде што:

  • Iib = базен индекс во анализираниот период;
  • Yi = број на опфат на видот на појавата во тековниот анализиран период и
  • Yb =број на опфат на видот на појавата во базниот период.

Податоците за бројот на работници, деловни единици и приходи се добиени врз основа на редовните месечни извештаи на угостителските и другите деловни субјекти кои на туристите им даваат услуги за сместување, односно посредуваат во обезбедувањето на тие услуги. Извор на податоците се книгите за гости кои, според законските прописи, овие деловни субјекти задолжително треба да ги водат. Податоците за остварените девизни приходи се добиени од страна на Агенција за промоција и поддршка на туризмот Учеството во бруто домашниот производ се дава во %.

 

ЦЕЛИ

  • Зголемување на учеството на туризмот во бруто домашниот производ.
 

ОБВРСКА ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ

  • Нема
 

ОПШТИ МЕТА-ПОДАТОЦИ

Тема

Туризам

Поврзаност со други теми/сектори

Воздух, Вода, Отпад

Код на индикаторот

MK НИ 049

Временска покриеност

2002-2022

Име на индикаторот

Местото на туризмот во економијата

Извор на податоци

Државен завод за статистика

Класификација по ДПСИР

П

Датум на последна верзија

22.08.2024 год.

Тип

А

Подготвено/

ажурирано од:

Катерина Николовска*

Фреквенција на публикување

Годишно

Контакт

e-пошта: k.nikolovska@moepp.gov.mk

a.dimishkova@moepp.gov.mk

*) последната верзија од индикаторот е ажурирана од надворешен експерт

 

ПОВРЗАНОСТ СО ДРУГИ ИНДИКАТОРИ

МК НИ 049

EEA - Европска агенција за животна средина

нема еквивалент

UNECE - Економска комисија на Обединетите нации за Европа

нема еквивалент

Каталог на индикатори за животна средина

нема еквивалент

SDG - Цели за одржлив развој

6 - Cleanwaterandsanitation

11 - Sustainablecitiesandcommunities

12 -Responsibleconsumptionandproduction

GGI - Индикатори за зелен раст

да

Кружна економија

не

ДЕФИНИЦИЈА

Индикаторот го следи интензитетот на туризмот по години на ниво на држава и според статистичките региони, што дава проценка на притисокот на туризмот врз локалното население, туристичката дестинација и инфраструктурниот систем (водоснабдување, комунални услуги и сл.). Потенцијалниот притисок на туризмот се изразува како однос меѓу бројот на ноќевања и бројот на жители, и бројот на туристи и бројот на жители.

 

ЕДИНИЦИ

  • Број на туристи по глава на жител
  • Број на ноќевања по глава на жител

 

КЛУЧНО ПРАШАЊЕ ЗА ПОЛИТИКАТА

Каков тренд бележи интензитетот на туризмот на ниво на држава и според статистичките региони?

 

КЛУЧНА ПОРАКА

Од анализата се гледа дека и бројот на ноќевања и туристи постојано се зголемува по глава на жител, на ниво на држава. Исклучок е 2020 година каде има значителен пад на туризмот поради пандемијата предизвикана од Ковид-19. Сепак, во период 2021-2022 се забележува подобрување, но не се вратени вредностите до пред пандемијата. Вкупниот интензитет на туризмот во земјата, и по статистички региони, разгледуван по месеци има сезонски влијанија. Анализата според регионалната дистрибуција во 2022 година на бројот на ноќевања/туристи по глава на жител е пксжувс дека интензитетот најголем во Југозападниот и Југоисточниот плански регион. Ова ни покажува дека регионите со езерско крајбрежје имаат најголем интензитет на туризмот, додека Североисточниот регион и Вардарскиот имаат најмал интензитет на туризмот. Скопскиот плански регион е карактеристичен по тоа што нема големи пикови, но податоците покажуваат зголемување на бројот на туристи најчесто во јуни и септември. Тоа значи дека сезоналноста е драстично намалена. Таа има дистрибуција на туристичкиот промет во најголем број на месеци со позитивно влијание врз животната средина. Ова покажува дека интензитетот на туризмот се зголемува, но потребно да се достигнат вредностите од пред пандемијата и да се работи на рaзвој на туризмот во другите региони.    

 

ОЦЕНКА

Бројот на ноќевања/туристи по глава на жител дава проценка на притисокот на туризмот врз локалното население, туристичката дестинација и инфраструктурниот систем (водоснабдување, комунални услуги и сл.) се прикажани на следните графикони. 

 

Графикон 1. Интензитет на туризмот во Република Северна Македонија

*ревидирани податоци за бројот на жители според пописот од 2021 година

 

Од податоците се гледа дека и бројот на ноќевања и туристи постојано се зголемува по глава на жител, на ниво на држава. Исклучок е 2020 година каде има значителен пад на туризмот поради пандемијата предизвикана од Ковид-19. Ако се спореди периодот од 2002 година 2019 може да се види раст на бројот на ноќевања по глава на жител за 89%. Нивото од  пред пандемијата во 2022 год.не е достигнати и имаме негативен биланс од 10,1%. Ова ниво се достигнува кај бројот на ноќевања по глава на жител во 2022 год.,  а кај туристите минимално заостанува (0,5 во 2022г. однос на 0,6 во 2019 год).

 

Графикон 2. Интензитет на туризмот по региони - број на ноќевања по глава на жител  

 

Графикон 3. Интензитет на туризмот по региони - број на туристи по глава на жител, 2022*

 

Анализата според регионалната дистрибуција во 2022 година на бројот на ноќевања/туристи по глава на жител е најголем во Југозападниот и Југоисточен плански регион ни покажува дека регионите со езерско крајбрежје имаат најголем интензитет на туризмот, додека Североисточниот регион и Вардарскиот имаат најмал интензитет на туризмот. Имено, се забележуваат пикови најчесто во месеците јули и август, каде бројот на туристи и ноќевања е поголем во однос на останатиот период од годината и за 4-5 пати заради користење на летните годишини одмори во овие региони. Ова е особено изразено во Југозападниот, Југоисточниот и Пелагонискиот плански регион, каде што се наоѓаат трите езера, додека спротивно на овие региони, во Полошкиот плански регион пиковите се забележуваат во јануари и февруари поради зимските активности посебно во скијачките центри.

Интензитетот на туризмот се одвива со нееднаква постојаност во текот на целата година, односно има сезонска карактеристика. Имено, се забележуваат пикови најчесто во месеците јули и август, каде бројот на туристи и ноќевања е поголем во однос на останатиот период од годината и за 4-5 пати. Ова е особено изразено во регионите каде што се наоѓаат трите тектонски езера.

Бројот на ноќевања/туристи по глава на жител дава проценка на притисокот на туризмот врз локалното население, туристичката дестинација и инфраструктурниот систем (водоснабдување, комунални услуги и сл.).  

 

Графикон 4. Сезонски карактер на туризмот на ниво на држава и по статистички региони - број на ноќевања по глава на жител,по месеци од 2010 до 2022 година

Од податоците во периодот од 2002 до 2022 година, се гледа дека бројот на ноќевања се зголемува по глава на жител на ниво на држава за 70%. Процентот за толку голем временски период не изгледа како значително зголемување бидејќи во 2020 тој тренд е прекинат поради пандемијата со Ковид-19 и тогаш бројот на ноќевања е сведен скоро на нивоата од 2002. Во период 2021- 2022 има закрепнување, но нивоата сеуште не се како пред пандемијата. Тие се со негативен биланс од 10,1% во поглед на бројот на ноќевања по глава на жител, во однос на пред пандемиската 2019 година.

Во периодот од 2002 до 2022 година, се гледа дека бројот на туристи се зголемува по глава на жител на државно ниво  за 143%. Бројот на туристи по глава на жител во 2022 има повторен раст од 39%, во однос на претходната 2021 година, но во однос на пред пандемиската 2019 година има негативен биланс од 16%.

Анализата  според регионалната дистрибуција во 2022 година покажуваа дека бројот на ноќевања по глава на жител е најголем во Југозападниот плански регион  (6,9 ноќевања по глава на жител), следи Југоисточниот плански регион со 3,1 ноќевања по глава на жител, што ни укажува дека регионите со езерски крајбрежја имаат најголем интензитет на туризмот. Во истата година, Вардарскиот и Североисточниот плански регион имаат најмал интензитет на туризмот. Тој изнесува 0,15 и 0,06 ноќевање по глава на жител.

И во однос на другиот показател, број на туристи по глава на жител, во 2022 година е најголем во Југозападниот плански регион (1,59), следи Југоисточниот плански регион ( 0,82 ), што ни укажува дека регионите со езерски крајбрежја имаат најголем интензитет на туризмот. Во истата година, Вардарскиот и Североисточниот плански регион имаат најмал интензитет на туризмот и изнесува 0,1 и 0,03 туристи по глава на жител.

Интензитетот на туризмот се одвива со нееднаква постојаност во текот на целата година, односно има сезонска карактеристика. Поголемиот број од туристите патуваат во летна сезона или во зависност од дестинацијата.

 

Опфат на податоциexcel

Извор на податоци: При пресметка на индикаторот користени се официјални податоци од Државен завод за статистика

 

МЕТОДОЛОГИЈА

  • Методологија за пресметка на индикаторот

Податоците за туристите се добиени врз основа на редовните месечни извештаи на угостителските и другите деловни субјекти кои на туристите им даваат услуги за сместување, односно посредуваат во обезбедувањето на тие услуги. Извор на податоците се книгите за гости кои, според законските прописи, овие деловни субјекти задолжително треба да ги водат.

Податоците за вкупното население се однесуваат на проценет број на жители заклучно со 31.12 во истата годината.

Индикаторот се пресметува како:

  • однос на вкупниот број на ноќевања во Република Северна Македонија/статистички регион и вкупниот број на жители во Република Северна Македонија/статистички регион
  • однос на вкупниот број на туристи во Република Северна Македонија/статистички регион и вкупниот број на жители во Република Северна Македонија/статистички регион

 

ЦЕЛИ

  • Зголемување на бројот на туристи и ноќевања со интеграција на принципите на одржливиот развој и аспектите на животната средина во секторот туризам.
    • Реалистично сценарио
      • Вкупен број на ноќевања во 2021 – 3.100.000
      • Вкупен број на ноќевања во 2030 – 5.200.000
      • Севкупна годишна стапка на раст (СГСР) 5,3%
    • Оптимистично сценарио
      • Вкупен број на ноќевања во 2021 – 3.400.000
      • Вкупен број на ноќевања во 2030 – 6.100.000
      • Севкупна годишна стапка на раст (СГСР) 6,4%
    • Определување на подрачја од приоритетно значење за развој на туризмот;
    • Определување на режим за туристичка посета на заштитени просторни целини;
    • Заштита на природното богатство и биодиверзитетот во туристичките дестинации;
    • Промовирање на органско производство како атрактивна туристичка понуда;
    • Креирање туристички производи со еколошки содржини;
    • Промовирање на еко - туристичка понуда;
    • Креирање на угостителска понуда со зелени содржини;
    • Поддршка на зелени сместувачки капацитети и
    • Промоција на кампинг форми на сместување.

 

ОБВРСКА ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ

  • Годишно до EUROSTAT
  • Светска туристичка организација WTO
  • Годишен статистички преглед за туризам и други услуги
  • Петтогодишна анкета за странски туристи во сместувачките објекти

 

ОПШТИ МЕТА-ПОДАТОЦИ

Тема

Туризам

Поврзаност со други теми/сектори

Воздух, Климатски промени, Вода, Природа, Отпад, Енергија, Транспорт, Бучава, Економија на животната средина и управување со ресурси

Код на индикаторот

MK НИ094

Временска покриеност

2002-2022

Име на индикаторот

Интензитет натуризмот

Извор на податоци

При пресметка на индикаторот користени се официјални податоци од Државен завод за статистика

Класификација по ДПСИР

Д

Датум на последна верзија

22.08.2024 год.

Тип

А

Подготвено/

ажурирано од:

Катерина Николовска*

Фреквенција на публикување

Годишно

Контакт

e-пошта:

K.Nikolovska@moepp.gov.mk

a.dimishkova@moepp.gov.mk

*) последната верзија од индикаторот е ажурирана од надворешен експерт

 

ПОВРЗАНОСТ СО ДРУГИ ИНДИКАТОРИ

МК НИ 094 Интензитет на туризмот

EEA - Европска агенција за животна средина

нема еквивалент

UNECE - Економска комисија на Обединетите нации за Европа

нема еквивалент

Каталог на индикатори за животна средина

нема еквивалент

SDG - Цели за одржлив развој

6 - Cleanwaterandsanitation

11-Sustainablecitiesandcommunities

12- Responsibleconsumptionandprodu-ction

GGI - Индикатори за зелен раст

да

Кружна економија

не

ДЕФИНИЦИЈА

Индикаторот го покажува притисокот, од количеството на создаден комунален отпад од секторот туризам, врз животната средина, по години, на ниво на држава и по статистички региони.

 

ЕДИНИЦИ

  • Милион m3/година, процент (%)
 

КЛУЧНО ПРАШАЊЕ ЗА ПОЛИТИКАТА

Каков е трендот на количеството на создаден отпад од секторот туризам, и колкав е удел во вкупното количество на комунален отпад?

 

КЛУЧНА ПОРАКА

Според податоците од проценката на количината на отпад, создаден од посетата и престојот на  туристите притисокот пораснала во периодот од 2012 до 2022 година за 142%. Во 2022 година врз основа на проценката, како и остварените ноќевања на туристите, по овој основ се создадени се 6.567,4 тони отпад, што претставува удел во вкупната количина на создаден комунален отпад од 0,77%. Количината на отпад од туризмот во 2022 година во однос на претходната година не покажува разлика од 18%, односно зголемување во однос на претходната година која се должи на благото закрепнување на туризмот. Значителен пад на количеството отпад од туризмот од 37% има во 2020 година, во однос на претходната година, поради намалениот број на туристи како последица на пандемијата од Ковид-19. Најмал удел од 0,34% е проценет во 2012 и 2013 година.
Анализата според статистичките региони, покажува дека Југозападниот регион генерира најмногу отпад создаден од туризмот. Неговиот удел во вкупната количина на создаден комунален отпад во тој регион се движи  меѓу 1,61% во 2014 и 2,63% во 2022 година. Ова е во согласност со фактот дека најголем интензитет на туризмот, односно ноќевања по глава на жител се забележува во Југозападниот, по што следи Југоисточниот регион (како региони со езерско крајбрежје). Во 2022 година најмал удел припаѓа на Североисточниот регион, во кој отпадот од туризмот учествува со 0,04% во вкупната количина на создаден комунален отпад во тој регион. 
Создадениот смет од страна на туристите е најзастапен во регионите со најголема концентрација на туристи и остварени ноќевања, односно ЈЗР и СКР посебно во летните месеци и ПоР и ПеР во зимските месеци.Тоа наведува дека и притисокот од туризмот има соодветно влијание.

ОЦЕНКА

Интензитетот на туризмот овозможува оценка на притисокот на туризмот врз локалното население, туристичката дестинација и инфраструктурниот систем (водоснабдување, комунални услуги и сл.). Во периодот што се анализира, интензитетот на туризмот е покачен неколку пати, што значи дека и притисокот од количината на отпад создаден од туризмот се зголемува. Тоа значи дека интензитетот е со рапидни карактеристики. Oтпадот го загрозува квалитетот на живот во туристичката дестинација, го пореметува  одвивањето на туристичките активности и имиџот на животната средина како „туристичка дестинација со високо ниво на стабилност на екосистемите“. Отпадот ја анулира атрактивната физиономија на просторот како визура на животната средина. Тој е причина за ниско ниво на прифаќање на промотивната дестинациска порака дека условите за туристичка посета и престој се поволни. Најголем товар врз животната средина од страна на туризмот е зголемувањето на количината на отпад во текот на летната сезона. Високите температури ја зголемуваат евапорацијата, со што се создава непријатна  миризба за туристите. Загадениот воздух е фактор на здравствени проблеми, што може да предизвика туристите предвреме да ја напуштат туристичката дестинација и да понесат непријатни доживувања. На следниот графико е покажано проценето количество на отпад од туризам на ниво на целата земја и уделоот во вкупниот доџдаден комунален отпад. Може да се забележи дека најголена количина на национанлно ниво од 5.785,44 тони отпад е создадена во 2019 година по што следи остар пад заради пандемијара. Во 2022 година во однос на 2021 година забележан е раст од 18 %.

 

Графикон 1. Проценето количество на отпад од туризам на ниво на целата земја

 

На следниот графикон е прикажано проценето количество на отпад од туризам по статистички региони, тони. Треба да се констатира дека туризмот не е рамномерно распределен на целата територија на државата, со што и притисокот од создаденото количество на отпад некаде е поголем, а некаде помал. 

 

Графикон 2. Проценето количество на отпад од туризам по статистички региони, тони

 

На следниот гафикон е прикажано проценето количество на отпад од туризам по статистички региони, но изразено во проценти. Со најголем удел, кој е значително повисок од другите региони учествува Југозападниот регион и тоа со 2,63% во 2022 година и воопшто највисок забележан удел. Најмал удел во 2022 година е забележан во Североисточен регион од 0,04%, додека најнизок удел во целиот извештаен период е забележан во истиот регион во 2008 година.

 

Графикон 3. Проценето количество на отпад од туризам по статистички региони, проценти

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: При пресметка на индикаторот користени се официјални податоци од Државен завод за статистика

Од прикажаното може да се заклучи дека туризмот не е рамномерно распределен на целата територија на државата, со што и притисокот од создаденото количество на отпад некаде е поголем, а некаде помал.

 

МЕТОДОЛОГИЈА

  • Методологија за пресметка на индикаторот

Податоците се проценети, односно индикаторот се пресметува според методологијата на EUROSTAT опишана во “Methodological work on measuring the sustainable development of tourism, Part 2: Manual on sustainable development indicators of tourism”  (http://ec.europa.eu/eurostat/documents/3888793/5834249/KS-DE-06-002-EN…).

Производството на отпад од секторот за туризам се пресметува според формулата: 

Отпад од туризам=  Вкупна количина на создаден комунален отпад х (број на ноќевања на туристите х 1,2)
 (број на жители х 365) + (број на ноќевања на туристите х 1,2)

 

При пресметувањето, вкупниот број на ноќевања на туристите (странски и домашни) се коригира за 20%. Имено, иако известувањето ги опфаќа сите субјекти кои обезбедуваат услуги за сместување во туристичките места, голем број ноќевања остануваат не пријавени, особено во приватното сместување. Затоа, вкупниот број ноќевања се множи со фактор 1,2.

Податоците за бројот на ноќевања на туристите се добиени врз основа на редовните месечни извештаи на угостителските и другите деловни субјекти кои на туристите им даваат услуги за сместување, односно посредуваат во обезбедувањето на тие услуги. Извор на податоците се книгите за гости кои, според законските прописи, овие деловни субјекти задолжително треба да ги водат. Податоците за вкупното население се однесуваат на проценет број на жители на 31.12 во годината.

 

ЦЕЛИ

  • Зголемување на бројот на туристи и ноќевања со интеграција на принципите на одржливо управување со комуналниот отпад од туризмот.

 

ОБВРСКА ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ

Нема 

 

ОПШТИ МЕТА-ПОДАТОЦИ

Тема

Туризам

Поврзаност со други теми/сектори

Воздух, Вода, Отпад

Код на индикаторот

MK НИ095

Временска покриеност

2008-2022

Име на индикаторот

Отпад од туризмот

Извор на податоци

При пресметка на индикаторот користени се официјални податоци од Државен завод за статистика

Класификација по ДПСИР

П

Датум на последна верзија

26.08.2024 год.

Тип

А

Подготвено/

ажурирано од:

Катерина Николовска

*

Фреквенција на публикување

Годишно

Контакт

e-пошта: k.nikolovska@moepp.gov.mk

a.dimishkova@moepp.gov.mk

*) последната верзија од индикаторот е ажурирана од надворешен експерт

 

 

ПОВРЗАНОСТ СО ДРУГИ ИНДИКАТОРИ

МК НИ 095 Отпад од туризмот

EEA - Европска агенција за животна средина

нема еквивалент

UNECE - Економска комисија на Обединетите нации за Европа

нема еквивалент

Каталог на индикатори за животна средина

нема еквивалент

SDG - Цели за одржлив развој

6- Clean water and sanitation

11- Sustainable cities and communities

12-Responsible consumption and production

GGI - Индикатори за зелен раст

да

Кружна економија

не

ДЕФИНИЦИЈА

Индикаторот го покажува притисокот од секторот туризам на системот за водоснабдување по години на ниво на држава, изразено како количество на користени водни ресурси.

 

ЕДИНИЦИ

  • Милион m3/година,
  • процент (%)

 

КЛУЧНО ПРАШАЊЕ ЗА ПОЛИТИКАТА

Каков е трендот на количеството на користени водни ресурси од секторот туризам, и колкав е нивниот удел во вкупното користење на водни ресурси?

 

КЛУЧНА ПОРАКА

Во периодот од 2002 до 2022 година, се забележува дека трендот на користената вода во туризмот изразена во милиони m3 на година, има променлив тренд, и се движи помеѓу 0,93 во 2020 година и 5,94 милиони m3 на година во 2012 година. Поради пандемијата со Ковид-19 во 2022 година има значителен пад од 46% на користењето на водните ресурси во туристичкиот сектор, во однос на 2002 година.
Според проценката, уделот на користените водни ресурси во туризмот, во вкупното количество на водни ресурси, во 2022 година, во однос на 2002 година се зголемило за 69,9%, додека во однос на претходната 2021 година зголемувањето изнесува 23,5%.
Земајќи го предвид овие параметри, може да се заклучи дека според проценката, учеството на потрошувачката на вода во туризмот се движи помеѓу 0,269% и 0,514% во вкупното количество на водни ресурси во Република Северна Македонија. 
Притисокот од туризмот врз вкупното количество на користени води се зголемува, повторно по пандемијата. Бидејќи најголем број туристи и ноќевања се остварува  во текот на летната туристичка сезона, се очекува дека потрошувачката на вода во овој период ќе биде зголемена, што значително ја оптоварува инфраструктурата за водоснабдување, особено во деловите од земјата каде што  концентрацијата е најголема, а тоа се планските региони во кои се наоѓаат тектонските езера.

 

Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: При пресметка на индикаторот користени се официјални податоци од Државен завод за статистика

 

ОЦЕНКА

Интензитетот на туризмот дава проценка на притисокот на туризмот врз локалното население, туристичката дестинација и инфраструктурниот систем (водоснабдување, комунални услуги и сл.). Во период што се анализира, интензитетот на туризмот е зголемен неколку пати, што значи дека и притисокот од туризмот врз вкупното количество на користени води се зголемува.Променливата динамика на користење на вода зависи од туристичкиот промет. Тој е чувствителен на надворешни влијанија. Тоа го потврдуваат појавите на кризи каква што е пандемијата кога доаѓа до драстично намалување на прометот. Влијанието на пандемијата се забележува и на следниот графикон каде има остар пад на користење на водните ресурси во туризмот. 

 

Графикон 1. Користење на водни ресурси во туризмот


 
Сепак по 2020 година се до 2022 година која е последна година земена предвив во овој извештај се забележува зголемен туристички промет, што доведува дo тренд на пораст на користење на вода од страна на туристите. Тоа ќе претставува притисок врз животната средина кој треба да се има предвид при стратегиските приоди во развојот на туризмот поврзан со неговото влијание врз животната средина.

 

МЕТОДОЛОГИЈА

  • Методологија за пресметка на индикаторот

Податоците се проценети, односно индикаторот се пресметува според методологијата на EUROSTAT опишана во “Methodological work on measuring the sustainable development of tourism, Part 2: Manual on sustainable development indicators of tourism”  (http://ec.europa.eu/eurostat/documents/3888793/5834249/KS-DE-06-002-EN…).

Користењето на водни ресурси во секторот за туризам за Република Северна Македонија се пресметува според формулата:

 

Користење на водни ресурси во туризмот = Вкупно користење на водни ресурси × (број на ноќевања на туристите × 1,2) / (број на жители × 365) + (број на ноќевања на туристите × 1,2)

 

При пресметувањето, вкупниот број на ноќевања на туристите (странски и домашни) во Република Северна Македонија се коригира за 20%. Имено, иако известувањето ги опфаќа сите субјекти кои обезбедуваат услуги за сместување во туристичките места, голем број ноќевања остануваат неоткриени, особено во приватното сместување. Затоа, вкупниот број ноќевања се множи со фактор 1,2.

Податоците за бројот на ноќевања на туристите се добиени врз основа на редовните месечни извештаи на угостителските и другите деловни субјекти кои на туристите им даваат услуги за сместување, односно посредуваат во обезбедувањето на тие услуги. Извор на податоците се книгите за гости кои, според законските прописи, овие деловни субјекти задолжително треба да ги водат.Податоците за вкупното население се однесуваат на проценет број на жители на 31.12 во годината.

 

ЦЕЛИ

Зголемување на бројот на туристи и ноќевања со интеграција на принципите на одржливо користење на водните ресурси и аспектите на животната средина во секторот туризам.

 

ОБВРСКА ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ

Нема 

 

ОПШТИ МЕТА-ПОДАТОЦИ

Тема

Туризам

Поврзаност со други теми/сектори

Воздух, Вода

Код на индикаторот

MK НИ096

Временска покриеност

2002-2022

Име на индикаторот

Користење на водни ресурси од туризмот

Извор на податоци

При пресметка на индикаторот користени се официјални податоци од Државен завод за статистика

Класификација по ДПСИР

Д

Датум на последна верзија

26.08.2024 год.

Тип

А

Подготвено/ажурирано  од:

  Катерина Николовска*

Фреквенција на публикување

Годишно

Контакт

  e-пошта:      K.Nikolovska@moepp.gov.mk

a.dimishkova@moepp.gov.mk

*) последната верзија од индикаторот е ажурирана од надворешен експерт

 

ПОВРЗАНОСТ СО ДРУГИ ИНДИКАТОРИ

МК НИ 096 Користење на водни ресурси од туризмот

EEA - Европска агенција за животна средина

нема еквивалент

UNECE - Економска комисија на Обединетите нации за Европа

нема еквивалент

Каталог на индикатори за животна средина

нема еквивалент

SDG - Цели за одржлив развој

6-Clean water and sanitation

11- Sustainable cities and communities

12- Responsible consumption and production

GGI - Индикатори за зелен раст

да

Кружна економија

не

Мени за пристапност