Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Сектор за води

Секторот води е одговорно за спроведување на постапките за користењето и експлоатацијата на водните ресурси,   заштитата од штетното дејство на водите, заштита на водата од сеопфатна екстракција и загадување, управување со водните ресурси, преку издавање на дозволи за користење на води, дозволи за испуштање во води и дозволи за вадење на речен материјал од речните корита заради подобрување на режимот на водите, како и издавање на водостопански согласнсоти и спроведување на постапки за концесии на водите. 

Согласно законските прописи, секторот подготвува информации, мислења, согласности, решениа  кои произлегуваат од Законот за водите и спроведување на проекти и програми во делот на водите.
Исто така, е надлежен за стручна подршка и учество во подготовка на  законски и подзаконски акти, координација и имплементација на меѓународни договори и имплементација на ратификувани конвенции.

Секторот за води постапува по предмети во кој најголем дел се Управни постапки за оставрување на води права за:

  • Дозволи за користењена вода,
  • Дозволи за испуштање во води, 
  • Издавање на Дозволи за вадење на песок, чакал и камен од речните корита, 
  • Издавање на Водостопански согласности  

Покрај тоа, СВ подготвува акти и спроведува постапки кои се однесуваат на: 

  • Издавање на концесии за МХЕ и  концесии за флаширање на вода,
  • Подготовка и реализација на годишната Програма за управување со водите,
  • Подготвување Информации до Влада, 
  • Издавање Мислења по други Владини информации, 
  • Издавање мислења за концесии за минерални суровини, 
  • Издавање мислења за урбанистички проекти или планови,
  • Издавање на Согласност за определување на ширина на крајбрежен појас,
  • Мислења по елаборати за заштитни зони, како и согласност на Одлуката за определување на санитарни заштитни зони,
  • Одобрување на оперативни планови за справување со поплави, како и мислења на чистење на речните корита.

СВ континуирано  е вклучен во:

  • ажурирање на Националната програма за европската унија (НПАА), 
  • подготовка и измени на закони и подзаконски акти, 
  • подготовка на стратегии, програми, планови и др. акти,
  • учество во комисии за: концесии, евалуација на проекти ...,
  • следење на современата техничка и правно-нормативна регулатива,
  • собирање на податоци по обврските од дозволите,
  • учествува во изработка на Планови за управување со речните сливови,
  • изработка на  Програма на мерки, 
  • прибира податоците од мониторингот на водите согласно издадени дозволи,
  • прибира податоците од платени надоместоци согласно издадени дозволи
  • теренски увид на локации согласно Законот за водите,
  • подготвување на месечни, квартални, годишни извештаи и
  • учество и реализирање на тековни проекти, итн.

 

Илбер Мирта

Раководител на сектор за води
Телефон: +389 76 455 405
Е-пошта:
 
 
Опис на работната позиција

Развивање и обединување на политиките во рамиките на делокругот на секторот, координирање и спроведување на таквите политики преку контрола врз програмите и преку управување со средства, подржување на работата на секретарот и министерот.

  • Одговорен за ЕУ – Скрининг процесот - “Квалитет на водите“
  • Национално одговорно лице (Focal point) за меѓународната Конвенција за меѓугранични води (UNECE Water convention)
  • Раководи со секторот, ја организира, насочува и координира работата на секторот; врши непосредно контрола и надзор над извршувањето на работите во секторот, ги распоредува задачите и работите на раководителите на одделенијата во состав, како  и им дава упатства за работа и потребна стручна помош во работата и вршењето на најсложените работи и задачи и го следи текот на извршувањето на работите
  • Со раководителите на одделенијата изготвува и се грижи за остварувањето на планот за работа на секторот и одделенијата.
  • Предлага системски решенија и други активности во врска со  работата на одделенијата како и иницира решавање на одделни проблеми во таа насока
  • Учествува во работата на комисии и телата во Владата на РМ за кога тоа е овластен. Дава насоки и задачи во врска со начинот на изготвување на Плановите за управување со речните сливови, го следи нивното спроведување, како и дава мислење и предлози околу приоритетите на управување со плановите
  • Учествува и соработува во работата на Советите за управување на речните сливови, исто така соработува и дава мислење за работата на Националниот Совет за води
  • Одговара за навремено, законите и квалитетно вршење на работите и задачите кои се вршат во секторот; обезбедува предлог програма за работа на секторот, дава извештаји за реализација на програмата за работа на секторот, организира и остварува соработка со работите при вршењето на работите во секторот со другите органи, учествува во работата на работните тела на Собранието на Република Македонија кога за тоа е овластен
  • Се грижи за стручното усовршување и работната дисциплина на вработените во секторот; остварува редовни контакти со другите раководители на сектори во органот разменувајќи со нив информации. 
  • Пренесува ставови од директорот на раководителите на одделенијата кои се однесуваат на нивната надлежност; врши анализа, оценување и проценување на прашањата и проблемите кои се појавуваат;
  • Иницира нови идеи за работи од областа која ја покрива секторот; непосредно одговара за својата работа пред директорот на Управата за животна средина односно министерот. 
  • Одговара за својата работа во рамките на своите овластувања и надлежностите на одделенијата во секторот, како и потпишува документи од делокругот на секторот. 
  • Дава напаствија, мислења и слично од областа на законската регулативи на министерството и склучувањето на договори за министерството што е во делокругот на работа на секторот
  • - Донесува предмети во управна постапка
Образование
  • Дипломиран инжењер - Технолог
Обуки и усовршување
  • ЕУ Програма ‘PACE III’: Обука на државни службеници од I категорија на заедниците кои не се мнозинство во јавната администрација во ЕУ земји, Софија, Бугарија, 2008
  • Тренинг курс за MTEC (MATRA), Делфт, Холандија, Управување со ризик од поплави и Рамковна директива за води, 2010
  • Меѓународна програма за лидерство на посетители (IVLP), на тема: “УПРАВУВАЊЕ СО ВОДИТЕ“ во Вашингтон, САД, 2011
  • Програма за обука и дијалог на JICA, Администрација за подобро управување со услугите за водоснабдување, собирање и третман на отпадни води, Токио, Јапонија 2012
  • Студиска посета за третман на урбани отпадни води и управување со тиња, TAIEX помош, Лондон, Велика Британија, 2013
  • Студиска посета за третман на урбани отпадни води и управување со тиња, Токио и Кјото, Јапонија, 2014
  • Меѓународна тркалезна маса „Партнерство со приватниот сектор за одржливо финансирање на води“, Коломбо, Шри Ланка, 2016
  • Спроведување на SDG во пракса, Работилница за обликувачи на агендата за вода и санитација 2030, ABZ Spiez, Швајцарија, 2017
  • Обука како да се подготват проекти за финансирање приспособување кон климатските промени во прекугранични басени, UNECE, Дакар, Сенегал, 2017
  • Меѓународна академија за ознаки на УНЕСКО и одржлив развој, светско наследство, Торино, Италија, 2017
  • Глобална работилница за интегрирано следење на SDG 6 - вода и санитација, Хаг, Холандија, 2017
  • Твининг проектот „Зајакнување на административните капацитети за управување со водите“, Студиска посета, Вилнус, Литванија, 2018
  • 16-та меѓународна конференција „EUROPE-INBO 2018“, Севиља, Шпанија, 2018
  • GEF IWLEARN - Конференција: Маракеш, Мароко, 2018
  • Студиска посета на Секретаријатот на Комисијата за реката Меконг, Виентиан, Лао ПДР и Камбоџа, 2019
  • Студиска посета на Секретаријатот на Комисијата за реката Меконг, Виентиан, Лао ПДР и Камбоџа, 2019
Информатички технологии
  • Има посетувано додатни обуки од информатички технологии
Останати јазици
  • Албански
  • Англиски
  • Српски
  • Француски
Работно искуство
  • 2007 - МЖСПП, УЖС, Раководител на Секторот за води
  • 2000 - 2007 – Министерство за финансии
  • 1999 - 2000 – Министерство за развој
  • 1994 - 1999 – Приватен сектор
Реализирани проекти и активности
  • ИПА проект - Национална студија за тарифи за вода, 2014
  • ИПА проект „Реформа во секторот води на централно ниво“ 2017
  • Реализација на многу други проекти за управување со води, поддржани од ЕУ - ИПА, УНДП, ГЕФ, ГИЗ, SECO/SDC, Светска банка

Исмет Јакупи

Раководител на ОПРВ
Телефон: +389 75 383 002
Е-пошта: i.jakupi@moepp.gov.mk

 

Одговорно за изработката на Националната стратегија за води, Водостопанската основа според договорените планови, нејзиното дополнување и управувањето со Водостопанската основа, интеграција на разните прилози на Водостопанската Основа во униформен систем; ја следи изработката на плановите и програмите за развој на водите, организира, изработува и ја следи реализацијата на Програмата за управување со водите. Одговорно за соработка и координација со другите организациони облици во министерството, со државните органи, со научните и стручните институции и со невладините организации од земјата и странство, ги координира активностите во делот на изготвувањето на научно-стручни студии и елаборати.    

  • имплементацијата на законските одредби и подзаконските акти во врска со управувањето и развој на водите.
  • изработката на Националната стратегија за води
  • изработката на Водостопанската основа според договорените планови, нејзиното дополнување и управувањето со Водостопанската основа, интеграција на разните прилози на Водостопанската Основа во униформен систем
  • изработката на плановите и програмите за развој на водите 
  • изработува и ја следи реализацијата на Програмата за управување со водите
  • соработката со другите организациони облици во министерството, со државните органи, со научните и стручните институции и со невладините организации од земјата и странство, ги координира активностите во делот на изготвувањето на научно-стручни студии и елаборати

Снежана Мартулкова

Раководител на одделение
Раководител на ОВП
Телефон: +389 76 455 429

 

Одговорно во подготовка на подзаконските акти кои се однесуваат на постапката за издавање на водни права и концесии. Организира и учествува во постапката за издавање на дозволи за користење на вода, за испуштање на вода и за вадење на песок, чакал и камен и за издавање на водостопански согласности. Учествува во спроведувањето на постапката за доделување на концесии, соработува и ја координира соработката со другите организациони облици во министерството со државните органи, со научните и стручните институции и со невладините организации од земјата и странство, ги координира активностите во делот на изготвувањето на научно-стручни студии и елаборати.
подготовка на подзаконските акти кои се однесуваат на постапката за издавање на водни права и концесии
имплементацијата на законските одредби и подзаконските акти во врска со управувањето и развој на водите.

  • издавање на дозволи за користење на вода, за спуштање на вода и за вадење на песок, чакал и камен и за издавање на водостопански согласности
  • спроведувањето на постапката за доделување на концесии, 
  • соработката со другите организациони облици во министерството со државните органи, со научните и стручните институции и со невладините организации од земјата и странство, ги координира активностите во делот на изготвувањето на научно-стручни студии и елаборати.
  • Донесува предмети во управна постпка
     

Мелита Гочевска

Раководител на ОКМС
Телефон: +389 76 446 930
Е-пошта: m.gochevska@moepp.gov.mk

имплементацијата на законските одредби и подзаконските акти
  • соработката меѓу  надлежните органи на државна управа на која упатуваат одредбите на  Законот за водите и на Законот за концесии и јавно приватно партнерство
  • Одговорно за организирање на работите околу подготвување и спроведување на постапката за доделување на концесии, соработува и ја координира соработката меѓу надлежните органи на државна управа на која упатуваат одредбите на Законот за водите и на Законот за концесии и Јавно приватно партнерство.
  • Одговорно во подготовка на подзаконските акти кои се однесуваат на постапката за издавање на водни права и доделување на концесии за користење на водите. Ја координира постапката за издавање на дозволи поврзани со концесиската постапка.
  • подготовка на подзаконските акти кои се однесуваат на постапката за издавање на водни права и доделување на концесии за користење на водите.
  • подготвување и спроведување на постапката за доделување на концесии
  • координира  постапка за издавање на дозволи поврзани со  концесиската постапка 
  • спроведувањето на конкретните одлуки за работите кои се вршат во одделението по предходни инструкции од повисоко ниво и дава препораки за нивна имплементација
  • Донесува предмети во управна постпка
  • Координација со телата на сливот и телата на подсливот. 
  • Соработката со другите организациони облици во министерството, со државните органи, со научните и стручните институции и со невладините организации од земјата и странство 
  • Изработката на програми, планови и извештаи на телата на сливот и телата на подсливовите
  • Изработка на основна проценка на карактеристиките на секој речен слив,обезбедува управување со делот на подрачјето на меѓународен речниот слив што се наоѓа на територија на РСМ во согласност со закони меѓународен договор ратификуван од РСМ;
  • учество во издавањето на дозволите,
  • води и одржува регистар на заштитни зони;
  • изработува Планови за управување со речните сливови; 
  • учествува во изработување на Програма на мерки;
  • спроведува плановите за управување со речен слив;
  • спроведува Програмата на мерки;
  • спроведување на мерките за заштита од штетното дејство на водите во соодветниот речен слив; 
  •  врши научно – истражувачки дејности во областа на водите
План за управување со подрачје на речен слив на реката Вардар - Програма за работа (2025-2027) за подготовка на план за управување со подрачје на речен слив на реката Вардар за плански период 2028–2033 година

Даниела Наумоска

Раководител на ОУСПР Црн Дрим
Телефон: +389 76 446 754

 

Oпис на дејноста и обврските на одделението

  • Координација со телата на сливот и телата на подсливот. 
  • Соработката со другите организациони облици во министерството, со државните органи, со научните и стручните институции и со невладините организации од земјата и странство 
  • Изработката на програми, планови и извештаи на телата на сливот и телата на подсливовите
  • Изработка на основна проценка на карактеристиките на секој речен слив,обезбедува управување со делот на подрачјето на меѓународен речниот слив што се наоѓа на територија на РСМ во согласност со закони меѓународен договор ратификуван од РСМ;
  • учество во издавањето на дозволите,
  • води и одржува регистар на заштитни зони;
  • изработува Планови за управување со речните сливови; 
  • учествува во изработување на Програма на мерки;
  • спроведува плановите за управување со речен слив;
  • спроведува Програмата на мерки;
  • спроведување на мерките за заштита од штетното дејство на водите во соодветниот речен слив; 
  • врши научно – истражувачки дејности во областа на водите.

Јован Попов

Раководител на одделениеза управување и одржување на хидросистемот „Ѓавато – Дојранско езеро“ и управување со сливното подрачје на реката Струмица
Телефон: +389 78 322 399

 

  • Координација со телата на сливот и телата на подсливот. 
  • Соработката со другите организациони облици во министерството, со државните органи, со научните и стручните институции и со невладините организации од земјата и странство 
  • Изработката на програми, планови и извештаи на телата на сливот и телата на подсливовите
  • Изработка на основна проценка на карактеристиките на секој речен слив,обезбедува управување со делот на подрачјето на меѓународен речниот слив што се наоѓа на територија на РСМ во согласност со закони меѓународен договор ратификуван од РСМ;
  • учество во издавањето на дозволите,
  • води и одржува регистар на заштитни зони;
  • изработува Планови за управување со речните сливови; 
  • учествува во изработување на Програма на мерки;
  • спроведува плановите за управување со речен слив;
  • спроведува Програмата на мерки;
  • спроведување на мерките за заштита од штетното дејство на водите во соодветниот речен слив; 
  • врши научно – истражувачки дејности во областа на водите 

Љупка Димоска Зајков

Заменик раководител на Сектор за води
Телефон: +389 76 455 364
Е-пошта: l.zajkov@moepp.gov.mk
 
 
Опис на работната позиција

Учество во работењето на раководителот на секторот и во спроведувањето на задачите кои бараат поголема одговорност, стручност и самостојност во работата.

  • Вклученост во ЕУ процедурите и постапките за имплементација на ЕУ acquis 
  • Национално одговорно лице (Focal point) за Протоколот за вода и здравје од меѓународната Конвенција за меѓугранични води
  • Соработува со другите раководни административни службеници од институцијата;
  • Помага на раководителот на секторот во давање на потребната стручна помош на раководителите на одделенијата во секторот при вршење на насложени работи и задачи и го следи текот на извршувањето на задачите доверени од раководителот на секторот во делот на животна средина, одржлив развој, климатски промени и инвестиции во животната средина
  • Дава потребна стручна помош на раководителите на одделенијата во секторот при вршење на насложени работи и задачи и го следи текот на извршувањето на задачите доверени од раководителот на секторот
  • Иницира решавање на одделни проблеми и одговара за навремено, законите и квалитетно вршење на работите и задачите кои се вршат во секторот, а за кои е овластен и кои му се доверени од раководителот на секторот
  • Врши работи кои бараат посебна стручност и самостојност во работата што ќе му ги довери раководителот на секторот, се грижи за спроведување и извршување на програмата за работа на секторот
  • Предлага ставови по начелни системски прашања на раководителот на секторот, врши оценување и преценување на прашања и проблеми кои се појавуваат во секторот и го информира за тоа раководителот на секторот
  • Донесува предмети во управна постпка
  • Помага во врска со изготвување на Плановите за управување со 4 речни сливови, го следи нивното спроведување, како и дава мислење и предлози околу приоритетите на управување со плановите
  • Одговара за својата работа во рамките на своите овластувања и надлежностите 
  • Донесува предмети во управна постпка
Образование
  • Дипломиран инжењер технолог
ИЗВЕСТУВАЊЕ за плаќање на надомест за испуштање во вода
ИЗВЕСТУВАЊЕ за плаќање на надомест за вадење на песок, чакал
ИЗВЕСТУВАЊЕ за плаќање на надомест за користење на вода
Извештајот за состојбата со заштитата на Природното и културното наследство на Охридскиот регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство (44 COM 7B.77)

Мени за пристапност