Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Сектор за правни и општи работи

Номотехничка изработка на нацрти на закони и подзаконски акти од областа на животната средина на предлог на Секторите, изработува одговор на доставените преставки и предлози, спроведува испити од областа на животната средина, носител на активности за политиките за интегритет

Опис на дејноста и обврските на секторот

  • Секторот за општи и правни работи дава упатства при подготовка на интерни акти, подготвува мислења, анализи, информации и извештаи за истите;
  • Номотехнички ги подготвува нацрт законите и подзаконските акти од областа на животната средина како и измените и дополнувањата на законите и подзаконските акти од областа на животната средина
  • Подготвува критериуми и индикатори кои се однесуваат на мерење и оценка на ефикасното спречување на корупција, политика на интегритет
  • Одговор по однос на сите поднесени претставки и предлози;
  • Секторот за општи и правни работи воедно е и носител е на активностите за изработување на процедури од Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на стандардот ISO 9001:2008 и ISO 9001:2015, и носител на активностите за изработување и примена на Системот за заедничка рамка за проценка CAF;
  • Секторот за општи и правни работи детално ги следи следи, проучува и ги применува прописите од Законот за постапување по преставки и предлози, Законот за општа управна постапка, Закон за архивски материјал, Закон за организација и работа на органите на државна управа, Законот за прибавување и размена на докази по службена должност, Закон за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничка рамка на проценка на работењето и давањето на услуги во државната служба, Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, Законите од областа на животна средина,закон за заштита на лични податоци, закон за информации од јавен карактер, Закон за безбедност и здравје при работа, Закон за укажувачите;
  • Спроведува изпити од областа на животната средина (СЕА, ЕИА и стручен испит за управител за отпад)
  • Правени совети на барање на секторите, контрола на дел од правните акти на институцијата 
  • Учествува во подготовката на Стратешкиот план на МЖСПП и Планот за спроведување на Програмата за работа, како и предлог-буџетот на Министерството од делокругот на работата.
     

Билјана Тешева Ѓорѓиевска

Раководител на СПОР
Телефон: +389 75 232 327
Е-пошта: b.tesheva@moepp.gov.mk
 
 
Опис на работната позиција

Координација и контрола при подготвува на прописите и актите од надлежност на Секторот, мислењата по основ на доставени материјали во системот на е-влада, измените и дополнувањата на законите и подзаконските акти од областа на животната средина, изработка на нацрти на закони и подзаконски акти, контрола при изработка на одговор на доставените преставки и предлози, координација при спроведување на стручните испити од областа на животната средина.

Листа на обврски-одговорности

  • Ја планира, организира и координира работата на секторот, врши надзор и дава насоки и упатства за работата на вработените, ја следи, контролира и оценува работата на вработените во Секторот;
  • Дава упатства при изготвување интерни акти и пишува мислења, анализи, информации и извештаи за нив, одговори на судски предмети;
  • Дава насоки за одговори на поднесените преставки и предлози; 
  • Координација при спроведување на стручните испити од областа на животната средина
  • Ги следи, проучува и ги применува прописите од Законот за постапување по претставки и предлози, Законот за општата управна постапка, Законот за архивски материјал, Законот за организација и работа на органите на државната управа, Законот за прибавување и размена на докази пр. службена должност, Закон за воведување систем за управување со квалитет и заедничка рамка за оцена на работењето и давањето услуги во државната служба, Закон за користење и располагање со државните органи, Закони од областа на животната средина, Закон за заштита на лични податоци, Закон за информации од јавен карактер, Закон за безбедност и здравје при работа, Закон за укажувачи;
  • Носител на активностите за изработка на процедури од Системот за управување со квалитет согласно барањата на Стандардот ISO 9001: 2008 од надлежност на Секторот;
  • Носител на активностите за Стратегијата за управување со ризици 
  • Учествува во подготовката на Стратешкиот план на МЖСПП и Планот за спроведување на Програмата за работа, како и предлог-буџетот на Министерството во делокругот на секторот со кој раководи;
  • Обезбедува стручна помош, совети на административниот персонал од пониско ниво во рамките на Секторот

Кузман Куновски

Раководител на ОНПАСР
Телефон: +389 78 228 319

 

Дејност и обврски на одделението

  • Врши ефикасно и законито спроведување на работите од заеднички интерес на министерството и органите во состав во делот на нормативно правните и административно стручните работи
  • Ги координира активностите кои се поврзани со подготовка на уредби, правилници и други интерни акти, раководи и ги координира стручно и административно-техничките работи во насока на имплементација на Законот за прибавување и размена на докази по службена должност и Законот за заштита на лични податоци;
  • Ги раководи, организира и координира стручно и административно-техничките работи поврзани со  материјалите за седниците на Владата на РМ, ги координира активностите кои се поврзани со издавањето и користење на мобилните телефони, ги координира и контролира работите поврзани со осигурување на движен и недвижен имот на министерството; 
  • Ги координира стручно и административно-техничките работи во насока на имплементација на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, имплементација на Закон за укажувачите, како и подготовката на овластувања на вработените согласно ЗОУП.

Управување со функционирањето на одделението и спроведување на надлежностите во функција на постапување на претставки и предлози на физички и правни лица за работата на министерството, органите во состав

Дејност и обврски на одделението

  • Врши ефикасно постапување по претставки и предлози на физички и правни лица за работата на министерството и органите во состав;
  • Изработува годишен план за постапување по преставки и предлози, врз основа на проценка на ризикот;
  • Активно ги следи прописите, стандардите и упатствата кои се од значење за постапување по преставките и предлозите;
  • Врши контрола и го следи и обезбедува спроведувањето на годишниот план за постапување по преставки и предлози;
  • Врши аналитички и стручно-оперативни работи од делокругот на работата на одделението;
  • Ги следи состојбите, ги анализира причините и прашањата на кои се укажува во претставките;
  • Ги следи и применува прописите од областа во која што работи, вклучувајќи ги меѓународните договори на кои Република Северна Македонија им пристапила или ги ратификувала

Претставки и предлози 2025

Ги организира и координира работите кои се однесуваат на делот на вршењето на општи работи за потребите на министерството, и е одговорно за нивното навремено, законито и квалитетно извршување.

Дејност и обврски на одделението

  • Се грижи за доследно спроведување на Уредбата за канцелариско работење.
  • Ги изработува планот и листите за архивски знаци.
  • Се грижи за правилното архивирање на материјалите коишто се изготвуваат во министерството како и за начинот на документирање на актите во министерството.
  • Изготвување на патни налози за во земјата и во странство.
  • Изготвува решение за задршка на средства по основ на користење на службените мобилни картички
  • Ги коррдинира активностите поврзани со спроведување на стручните испити за животната средина
Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30

Мени за пристапност