Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Сектор за просторно планирање

Со просторното планирање се обезбедува рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот, услови за хумано живеење и работа на граѓаните, како и предвидување на мерки за заштита и унапредување на животната средина и природата, заштита од воени разурнувања, од природни и технолошки непогоди и др.

Просторното планирање претставува континуиран процес кој се реализира преку перманентно изработување и донесување на просторни планови, како и координирање на нивното спроведување, односно нивна имплементација.

 

Дејноста просторно планирање е дејност од јавен интерес, регулирана со:

 

Спроведувањето на овие закони е во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање – Секторот за просторно планирање, кој е организиран во три одделенија:

  • Одделение за планови и просторна политика
  • Одделение за спроведување на просторни планови
  • Одделение за стратешка оценка на влијанието врз животната средина

 

Обврски на Секторот кои произлегуваат од Закон:

  • ја координира постапката за изработката на просторните планови;
  • ја спроведува постапката за нивно донесување;
  • ја следи нивната имплементацијата (преку изготвување на едногодишни Извештаи за спроведување на Планот);
  • издава Услови за планирање на просторот (Решение за Услови за планирање на просторот);
  • учествува во подготовка на законски и подзаконски акти;
  • дава стручно мислење за усогласеност на плановите од понизок ред со Просторниот план на државата;
  • изготвува проценка и двегодишна програма за спроведување на Просторниот план на Република Македонија;
    дава мислења од областа на просторното планирање;
  • ги координира и спроведува политиките за спроведување на постапката за стратешка оцена на влијание врз животната средина;
  • прави анализа и проценка на извештаите за стратешка оцена на влијание врз животната средина и издава Мислење по Извештај и Решение за спроведување на стратешка оцена на влијание врз животната средина;
  • подготовува документи и предлог законски решенија, потребна стручна помош и стручни мислења од областа на стратешка оцена на влијание врз животната средина.

 

 

Неби Реџепи

Раководител на Сектор за просторно планирање
Телефон: +389 075 316 728
Е-пошта: n.rexhepi@moepp.gov.mk
 
Опис на работната позиција

Управување со функционирањето на секторот во насока на утврдување на концепти и активности за спроведување и реализација на Просторниот план на Република Македонија како и  координирање и спроведување на политиките на просторно  планирање преку контрола на спроведување на програмата на секторот и преку управување со средствата.

  • Соработува со другите раководни административни службеници од институцијата и со раководни административни службеници на соодветно ниво од други органи, за прашања поврзани со просторното планирање
  • Учествува во работата на работните тела на Собранието на Република Македонија и Владата на Република Македонија, кога за тоа е овластен од функционерот кој раководи со институцијата;
  • Ја организира, насочува и координира работата на секторот; врши    непосредно контрола и надзор над извршувањето на работите во секторот, ги распоредува задачите и работите на реководителите на одделенијата и на стручните државни службеници и им дава упатства за работа и потребна стручна помош во работата и вршењето на најсложените работи и задачи и го следи текот на извршувањето на работите.

 

Неби Реџепи е роден на 06 јануари 1979 година во Гостивар

 

Образование
2000-2007 Технички Универзитет Јилдиз, Истанбул, Р. Турција Градежен факултет
1999-2000 Висока школа за странски јазици Јилдиз, Истанбул, Р. Турција Учење на стручен англиски јазик како предуслов за запишување на студии Диплома BULATS
1998-1999 Универзитетот на Истанбул Висока школа за турски јазик
1994-1998 Средно образование ЦСНО Злате Малакоски, Гостивар Машински техничар
1986-1994 Основно образование Наим Фрашери, Неготино-Полошко Гостивар
 
Обуки и усовршување
Висока школа за странски јазици Јилдиз, Истанбул, Р. Турција
Висока школа за турски јазик
Обука за поврзаноста на рамковната Директива за води со Директивата за ПВЖС/СОВЖС, 2015 Прага – Р.Чешка
Обука за домување и управување со земјиштето, 2016 Женева – Швајцарија
Поврзаноста помеѓу соодветна проценка со ПВЖС/СОВЖС, 2016 Анкара – Турска
Проект за управување со прекуграничен екосистем на отворениот регионален фонд за биодиверзитет на југоисточна Европа, 2017 Тирана Албанија
Планирање на користење на земјиштето и индустриска безбедност, 2018 Мехелен – Белгија.
Регионални консултаци за консолидирање на законодавството за земјиштето, 2018 Скопје
Зајакнување на капацитетите за примена на национална политика и практики за одржлив транспорт – базиран на препораките од Извештајот за перформанси во животна средина- ЕПР, 2019 Будва – Црна Гора
Суб-регионална работилница за планирање на користење на земјиштето и индустриска безбедност, 2020 Белград – Србија
Единаеста сесија на светскиот форум за урбанизам (WUF11), 2022 Катовице – Полска
Интегрирање на биодиверзитетот во проценката на влијанието врз животната средина, 2022 Виена – Австрија
 
Членство во стручно-научни здруженија
Член на советот на НИПП на РСМ, 2014 – продолжува
 
Информатички технологии
Има посетувано додатни обуки од информатички технологии
 
Мајчин јазик
Албански
 
Останати јазици
Македонски
Англиски
Српски
Турски
 
Работно искуство
2010-2011 Управа за животна средина Советник за бучава
2011-2013 Сектор за просторно планирање Советник за спроведување на просторен план на Р.М.
2013-2019 Помошник раководител на Сектор за просторно планирање
2016-2017 Шеф на кабинет на министерот
2019-2023 Раководител на Сектор за просторно планирање
 
Реализирани проекти и активности
Обука за поврзаноста на рамковната Директива за води со Директивата за ПВЖС/СОВЖС, 2015 Прага – Р.Чешка
Обука за домување и управување со земјиштето, 2016 Женева – Швајцарија
Поврзаноста помеѓу соодветна проценка со ПВЖС/СОВЖС, 2016 Анкара – Турска
Проект за управување со прекуграничен екосистем на отворениот регионален фонд за биодиверзитет на југоисточна Европа, 2017 Тирана Албанија
Планирање на користење на земјиштето и индустриска безбедност, 2018 Мехелен – Белгија
Регионални консултаци за консолидирање на законодавството за земјиштето, 2018 Скопје
Зајакнување на капацитетите за примена на национална политика и практики за одржлив транспорт – базиран на препораките од Извештајот за перформанси во животна средина- ЕПР, 2019 Будва – Црна Гора
Суб-регионална работилница за планирање на користење на земјиштето и индустриска безбедност, 2020 Белград – Србија
Единаеста сесија на светскиот форум за урбанизам (WUF11), 2022 Катовице – Полска
Интегрирање на биодиверзитетот во проценката на влијанието врз животната средина, 2022 Виена – Австрија

Дајана Марковска Ристеска

Помошник раководител на сектор за просторно планирање
Телефон: +389 76 455 437
 
Опис на работната позиција

Помагање во работењето на раководителот на секторот во спроведувањето на задачите кои бараат поголема одговорност, стручност и самостојност во работата во изработка и спроведување на просторните планови

  • Соработува со другите раководни административни службеници од институцијата;
  • Во случај на отсуство или спреченост на непосредно претпоставениот административен службеник го заменува истиот врз основа на овластување од секретарот;
  • Помага на раководителот на секторот во давање на потребната стручна помош на раководителите на одделенијата во секторот при вршење на насложени работи и задачи и го следи текот на извршувањето на задачите доверени од раководителот на секторот во делот на животна средина, одржлив развој, климатски промени и инвестиции во животната средина
  • Му помага на раководителот на секторот за прашања кои се однесуваат на давање на потребна стручна помош на раководителите на одделенијата во секторот при вршење на насјложени работи и задачи и го следи текот на извршувањето на задачите доверени од раководителот на секторот, иницира решавање на одделни проблеми и одговара за навремено, законито и квалитетно вршење на работите и задачите кои се вршат во секторот, а кои му се доверени од раководителот на секторот.
  • Врши работи кои бараат посебна стручност и самостојност во работата што ќе му ги довери раководителот на секторот, се грижи за спроведување и извршување на програмата за работа на секторот; 
  • Предлага ставови по начелни системски прашања на раководителот на секторот, врши оценување и преценување на прашања и проблеми кои се појавуваат во секторот и го информира за тоа раководителот на секторот.
  • Подготвува мислења и анализи за одредени прашања, програми и проекти во делот на просторното планирање 
  • Остварува соработка со ЕЛС, меѓусекторска и меѓуресорска соработка 
  • Донесува предмети во управан постапка

Дејан Гаџовски

Раководител на Oдделение за планови и просторна политика
Телефон: +389 76 455 453
Е-пошта: d.gadzovski@moepp.gov.mk

 

Раководи и ја координира работата на одделението за планови и просторна политика, ги спроведува работните задачи доверени од непосредниот раководител кои се однесуваат на спроведување на националната политика на одржлив просторен развој, ја координира изработка и донесувањето на просторни планови и стратешките документи, воспоставува меѓународна, меѓуресорска и меѓусекторска соработка од областа на просторното планирање, пишува стручни мислења и предлози  на законските акти од областа на просторното планирање.

 

Листа на обврски-одговорности

  • Соработува со другите раководни административни службеници од институцијата и со раководни административни службеници на соодветно ниво од други органи,  за прашања од делокруг на организационата единица со која раководи;
  • Во случај на отсуство или спреченост на непосредно претпоставениот административен службеник го заменува истиот врз основа на овластување од секретарот
  • Раководи со одделението, ја организира, насочува и координира работата на одделението, одговара за навремено, законито и квалитетно  извршување на работните задачите во одделението,доверени од непосреден раководител 
  • Се грижи за работната дисциплина, ги спроведува работите и работните задачи доверени од непосредниот раководител, 
  • Воспоставува мегународна, меѓуресорска и меѓусекторска соработка во областа на просторното планирање,
  • Учество во изработката на законска регулатива поврзана со системот на просторното планирање и заштитата на животната средина 
  • Дава стручно мислење за усогласеноста на релевантните стратегиски документи со Просторниот План на Република Македонија,
  • Ги координира постапките за  изработка и донесување на стратешки документи по одделни области,
  • Ги координира постапките за  изработка и донесување на просторни планови,
  • Донесува предмети во управан постапка
     

Соња Фурнаџиска

Раководител на одделение за спроведување на просторни планови
Телефон: +389 76 455 435

 

Управување со функционирањето на одделението во следење на спроведувањето на Просторниот план на РМ со издавање на Услови за планирање на просторот; со изработка и донесување на стратешки документи, законски акти и мислења од областа на просторното планирање; со подготовка на програми, извештаи и информации за Владата на РМ од областа на планирање на просторот како и воспоставување на меѓународна, меѓуресорска и меѓусекторска соработка во областа на регионален територијален односно просторен развој, имплементација на меѓународни акти.

 

Листа на обврски-одговорности:

  • Врши надзор на спроведувањето на Просторниот план на РМ, изработува извештаи и програми  до Владата на РМ за спроведување на Просторниот план на РМ, 
  • Следење на спроведување на стратегијата –Просторниот план на РМ како развоен проект и остварување на коресподентност со останатите стратешки документи што се однесуваат на организација и користење на просторот и просторните ресурси, како и учество во изготвувањето на останатите стратешки документи.
  • Водење на постапка на издавање на услови за планирање на просторот на сите урбанистички планови: за урбанистички план за град/село, за урбанистички план вон населено место и за урбанистички проект за градби од државно значење и соработка со локалната самоуправа во процесот на одлучување.
  • Процедурална и стручна подготовка на законски и подзаконски акти за стратешко планирање на просторот, регулатива за подготовка и спроведување на плански документи и сл.
  • Водење на процесот на изготвување и донесување на Годишниот извештај за состојбите во просторот односно за спроведување на Просторниот план на РМ во соработка со локалната самоуправа, надлежните ресори и институции.
  • Вршење на оперативни работи за потребите на министерството, раководителите и специјално зададените обврски и задачи како што се ревизии на проекти, учество во владини комисии, работни групи и сл.
  • Подготвува информации за  состојбите и промените во просторот,  го следи процесот на издавање на Услови за планирање на просторот. 
  • Изготвува годишна програма и план за работата на одделението. Должен е редовно да доставува извештај за својата и работата на одделението до непосредниот раководител
Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30

Го следи процесот за стратешка оценка на животната средина на планови, програми и документи, врши анализа и проценка на извештаите за стратешка оцена на влијание врз животната средина и издава Мислење по Извештај, како и Решение за спроведување на стратешка оцена на влијание врз животната средина, учествува во подготовка на документи и предлог законски решенија, дава потребна стручна помош и подготвува стручни мислења.

Работно време
Пон-Пет: 07:30-15:30

Одлука за спроведување на стратегиска оцена за животна средина за Национална програма за контрола на загадувањето на воздохот во Република Северна Македонија за период 2027-2037 година

•    Одлука - NАPCP
•    Формулар - NAPCP

Одлука за спроведување на стратегиска оцена за животна средина за Национален план за заштита на амбиентниот воздух во Република Северна Македонија за период 2027-2031

•    Одлука - NP
•    Формулар - NP

Извештаи за стратегиска оцена на животната средина

Стратегиска оцена за животната средина на Oперативна Програма за прекугранична соработка ИПА II помеѓу Грција-Република Македонија 2014-2020

Стратегиска оцена на животна средина за Регионален план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион

Стратегиска оцена за животна средина за Национална програма за контрола на загадувањето на воздухот во Република Северна Македонија за период 2027-2037 година

•    Нацрт СОЖС - Национална програма за контрола на загадувањето на воздохот (NAPCP)
•    Нацрт Национална програма за контрола на загадувањето на воздухот (NAPCP) 

Стратегиска оцена за животна средина за Национален план за заштита на амбиентниот воздух во Република Северна Македонија за период 2027-2031 година

•    Нацрт СОЖС -Национален план за заштита на амбиентниот воздух (NP)
•    Нацрт Национален план за заштита на амбиентниот воздух (NP)

Нацрт Извештај за стратегиска оцена на животната средина за Предлог План за управување со споменикот на природа „Дојранско Езеро“ (2026–2035)

 

Мени за пристапност