Денеска се одржа јавна расправа по Предлог-законот за природа, во рамки на процесот на консултации со засегнатите страни и пошироката јавност.
На расправата беа презентирани предложените законски решенија, при што присутните имаа можност да дискутираат, да ги изнесат своите ставови и да дадат предлози за унапредување на законскиот текст.
Со цел обезбедување транспарентен и инклузивен процес, сите заинтересирани страни, институции, организации и граѓани имаат можност да достават свои коментари, забелешки и предлози по Предлог-законот најдоцна до 14 декември 2026 година.
Добиените коментари ќе придонесат кон подобрување на предложеното ново законско решение и создавање современа и ефикасна законска рамка за заштита и зачувување на природата и биолошката разновидност како и транспонирање и имплементација на европското законодавство во делот на заштита на природата.