Просторот, како универзална категорија, е суштествена одредница на државата и истовремено предмет на најважниот процес во нејзиниот развој,процесот на планирањето.
Планирањето на просторот е начин за воспоставување на стратегијата за развојот на територијата на секоја цивилизирана држава.
Министерството за животна средина и просторното планирање, преку Секторот за просторно планирање, е задолжено за водењето и спроведувањето на политиките и следењето на процесите во обликувањето на просторот на Република Македонија.
Просторно планирање е мултидисциплинарна дејност чија цел е долгорочна проекција за развој на просторот од сите аспекти.
Со просторното планирање се обезбедува рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот, услови за хумано живеење и работа на граѓаните, како и предвидување на мерки за заштита и унапредување на животната средина и природата, заштита од воени разурнувања, од природни и технолошки непогоди и др.
Просторното планирање претставува континуиран процес кој се реализира преку перманентно изработување и донесување на просторни планови, како и координирање на нивното спроведување, односно нивна имплементација.
Дејноста просторно планирање е дејност од јавен интерес, регулирана со:
- Законот за просторно и урбанистичко планирање и
- Законот за спроведување на Просторниот план на Република Македонија
Спроведувањето на овие закони е во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање – Секторот за просторно планирање, кој е организиран во три одделенија:
планови и
просторна политикаОдделение за
спроведување на
просторни плановиОдделение за
стратешка оценка на
влијанието врз животната средина
Активости на Секторот кои произлегуваат од Закон:
- ја координира постапката за изработката на просторните планови;
- ја спроведува постапката за нивно донесување;
- ја следи нивната имплементацијата (преку изготвување на едногодишни Извештаи за спроведување на Планот);
- издава Услови за планирање на просторот (Решение за Услови за планирање на просторот);
- учествува во подготовка на законски и подзаконски акти;
- дава стручно мислење за усогласеност на плановите од понизок ред со Просторниот план на државата;
- изготвува проценка и двегодишна програма за спроведување на Просторниот план на Република Македонија;
- дава мислења од областа на просторното планирање;
- ги координира и спроведува политиките за спроведување на постапката за стратешка оцена на влијание врз животната средина;
- прави анализа и проценка на извештаите за стратешка оцена на влијание врз животната средина и издава Мислење по Извештај и Решение за спроведување на стратешка оцена на влијание врз животната средина;
- подготовува документи и предлог законски решенија, потребна стручна помош и стручни мислења од областа на стратешка оцена на влијание врз животната средина.
Други активности – меѓународна и меѓуресорска соработка:
- ги имплементира меѓународни конвенции од областа на просторното планирање;
- остварува меѓусекторска и меѓуресорска соработка;
- учествува во изработка на програмите за соработка со соседните земји во прекуграничен контекст;
- соработува со ЕУ (Територијална Агенда на ЕУ и други документи од областа на просторното планирање);
- соработува со ЕЕА (Европска Агенција за животна средина);
- соработува со Советот на Европа (CEMAT) и др.
Просторниот план на Република Македонијапретставува стратегија за просторен развој на Републиката и дава насоки за намена, користење,заштита, организација, уредување и управување со просторот на Република Македонија.
Просторниот план претставува управувачки документ со трајна вредност и едновремено претставува интегрален развоен проект.
Трајна вредност – преку планот е дефинирана просторната организација на одредена територија, целите и концептите на просторниот развој, начинот на користењето на земјиштето (елементи кои имаат стратешка димензија во развојот и долгорочен карактер), условите за реализација на дефинираните концепти, со него се усогласени плановите од понизок ред;
Интегративен карактер - ги координира сложените структури на примарните, секундарните, терцијалните и јавните дејности, нивна локација и алокација во просторот;
Управувачки – ги артикулира и решава конфликтите кои се случуваат помеѓу субјектите при користењето на природните ресурси, согласно принципите на одржливиот развој, го дефинира користењето на просторот и го насочува планирањето на новите инвестиции.
Просторниот план на Републиката содржи: основна намена на земјиштето, насоки за уредување и користење на просторот, просторна разместеност на градбите од стопанството и нестопанството, мрежа на населени места, просторна разместеност на сообраќајна и друга инфраструктура, стратешка оцена на влијанијата врз животната средина,насоки и мерки за заштита и унапредување на животната средина и природата, мерки за заштита на недвижното културно наследство, мерки за заштита од воени разурнувања, мерки за заштита од природни и технолошки катастрофи и хаварии,параметри за спроведување на планот и соодветни графички прикази.
Просторниот план се изработува по посебна методологија.
Просторниот план се разработува преку:просторен план на регион, просторен план на општина, на општините во градот Скопје и на градот Скопје и просторен план за подрачје од посебен интерес за Републиката(како што е:акумулација, изворник на вода, подрачје за експлоатација на минерални суровини, инфраструктурни и сообраќајни коридори и сл.)
Просторните планови ги изработува Агенција за планирање на просторот, формирана од Владата на Република Македонија, по нарачка од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Просторните планови ги донесува:
Просторниот план на Република Македонија, просторните планови на региони, просторните планови на општините и просторните планови за подрачја од посебен интерес ги донесува Собранието на Република Македонија.