Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

МЖСПП и Амбасадата на САД со заедничка визија за посилни еколошки политики Зголемена поддршка и нови иницијативи во фокусот на средбата

МЖСПП и Амбасадата на САД со заедничка визија за посилни еколошки политики    Зголемена поддршка и нови иницијативи во фокусот на средбата

  Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање оствари работен состанок со помошникот за политички и економски прашања во Амбасадата на Соединетите Американски Држави, г-ѓа Розита Мреношки.

Во рамки на состанокот беа разгледани актуелните состојби и клучните предизвици во животната средина, со посебен акцент на стратешките приоритети на Министерството и можностите за продлабочување на билатералната соработка. Разговорите опфатија прашања поврзани со зајакнување на институционалните капацитети, редовна размена на експертиза и навремено спроведување на активности кои ќе обезбедат мерливи резултати и подобрување на животната средина на национално и локално ниво. Заеднички беше констатирана важноста од редовна координација и отворен дијалог со меѓународните партнери во насока на поефикасни политики и подобри еколошки стандарди.

Во духот на конструктивната соработка, состанокот заврши со заедничка определба за продолжување на координираните активности и развивање иницијативи кои ќе ја унапредат животната средина и ќе го поддржат долгорочниот одржлив развој на државата.

Мени за пристапност