Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Дримскиот басен е пример дека водите не нè разделуваат – туку нè поврзуваат

Дримскиот басен е пример дека водите не нè разделуваат – туку нè поврзуваат

  Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес во Скопје го отвори состанокот на експертските работни групи за Дримскиот процес, истакнувајќи дека заедничкото управување со водите е темел на регионалната стабилност, но и јасно усмерување кон европските стандарди и политики.

Таа нагласи дека новата фаза на поддршка преку ГЕФ-проектот „Дрим II“ е значајна можност не само за подобрување на интегрираното управување со природните ресурси, туку и за продлабочување на партнерствата меѓу државите од сливот и нивното приближување кон принципите на Водната рамковна директива на ЕУ и современите практики на климатска адаптација.

„Ова е момент кога можеме да го подигнеме нивото на регионалната соработка – од реактивно кон стратешко, од национално кон прекугранично, од добро кон одлично“, истакна Лашкоска.

„Дримскиот процес е доказ дека одржливото управување со водите може да се гради само преку доверба, дијалог и заедничко делување. Нашата цел не е само да го одржуваме Дримскиот басен – туку да изградиме модел на прекугранична соработка што ќе биде репер за целиот регион. Денешните разговори се инвестиција во иднина каде природните ресурси се управуваат одговорно, а водата станува мост што нè поврзува, не граница што нè дели.“

„Одговорното управување со заедничките води е европска вредност и европски стандард. Нашата соработка во рамките на Дрим не е само техничка – тоа е јасен избор за модерни институции, усогласени политики и стабилен регион кој се движи со забрзан чекор кон ЕУ.

Министерството за животна средина и просторно планирање останува цврсто посветено на продлабочување на прекуграничната соработка, усогласувањето со европските еколошки политики и градењето на регион што ги управува споделените ресурси со одговорност, транспарентност и меѓусебна доверба. Посветената работа во рамките на Дримскиот процес ја потврдува заедничката определба – одржливи и климатски отпорни екосистеми, стабилни институции и иднина што се темели на партнерство, а не на граници.

Мени за пристапност