Скопје, 24.10.2025 Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес одржа координативен состанок со Работната група за чист воздух, на кој се разгледуваше спроведувањето на Акцискиот план за чист воздух и подготовката на краткорочни мерки за периодот ноември 2025 – март 2026.
На состанокот беа договорени активности за засилени инспекциски контроли, расчистување на диви депонии, подигање на јавната свест и транспарентно следење на квалитетот на воздухот.
„Само со заедничка и навремена акција можеме да ги намалиме концентрациите на загадувачки материи и да обезбедиме поздрав воздух за сите,“ изјави заменик министерката Лашкоска.
Министерството за животна средина и просторно планирање останува посветено на континуирана координација со сите институции за обезбедување почист и поздрав животен амбиент за граѓаните.