Се забрзува процесот на ревалоризација на НП Маврово

- За нас како Министерство од особено значење е доброто функционирање на заштитата на подрачјата што сме ги прогласиле за заштитени во различни категории на заштита. Од таа причина секогаш сме отворени за поддршка онаму каде што е потребно – рече министерската за животна средина и просторно планирање Каја Шукова на состанокот со претставниците на ЈУ НП Маврово, претставниците на МЕД и Глобал Конзервејшн.Sostanok_Minister_Sukova_NP Mavrovo

На средбата се дискутираше за следните чекори и за начините на кои може да се оствари соработката во правец што поскоро да се изработи Студијата за валоризација на НП Маврово, Законот за репрогласување на НП Маврово, како и Планот за управување, што е основа за доброто функционирање на заштитеното подрачје.