ВОЗДУХ


1.    Вовед

Сознанијата и показателите во последниве децении укажуваат на фактот дека рамнотежата во атмосферата е нарушена.

Се одвиваат појави кои тешко се контролираат, се испуштаат големи количини на загадувачки супстанции, појава на ефект на стаклена градина, оштетување на озонската обвивка, се зголемуваат  емисиите на загадувачките супстанци кои даваат ефект на закиселување и ја разрушуваат биосферата, делуваат  на почвата и др.

Ова се ефектите од пребрзиот технолошки развој, развојот на индустријата, зачестените хаварии и останатите активности диктирани од современиот живот на човекот, како и природните катастрофи (земјотреси, поплави, пожари, вулкански ерупции)

Земајќи ги предвид сите овие показатели, односно промени на глобално ниво, потребно е да се превземат мерки за подобрување на состојбата, особено на квалитетот на воздухот.

Токму поради тоа, од особен интерес е да се располага со податоци за потеклото, застапеноста и влијанието на загадувачките супстанци присутни во воздухот, со цел да се превземат мерки за нивна редукција. Затоа, Македонскиот информативен центар за животна средина ги собира обработува и анализира податоците за емисиите во воздухот од поединечните извори како и на емисии во воздухот од сообраќајот.

Со цел утврдување на состојбата со концентрациите на загадувачките супстанци во амбиентниот воздух се врши редовен мониторинг со Државниот автоматски мониторринг систем за квалитет на амнбиентен воздух, како и мерните станици на други надлежни институции.

По соодветна обработка на податоците тие можат да се искористат за информирање на јавноста, подготовка на документи и превземање на акции за подобрување на квалитетот на воздухот и планови за заштита на истиот.

2.    Законска регулатива

Законот за квалитетот на амбиентниот воздух (Сл. Весник на РМ бр. 67/2004, 92/2007, 83/2009, 35/10, 47/11, 100/12, 163/13, 10/15, 146/15, 151/2021) e подготвен и усвоен во 2004 година во согласност со Рамковната директива за воздух 1996/62/ЕC и директивите ќерки, а во следните години подготвени и усвоени се четири дополнувања и измени кон истиот (Сл. Весник на РМ бр.92/07, 83/09, 35/10, 47/11) со цел усоглсување со ЕУ законадавството за воздух, а особено со Директивата за чист воздух во Европа (Директивата CAFE) која беше усвоена од Европскиот парламент во 2008 година. Законот за квалитет на амбиентен воздух дава правен основ за регулирање на:

-          видовите на извори на загадување;

-          единствени гранични, целни вредности, праговите на информирање и алармирање;

-          управувањето со квалитет на амбиентниот воздух;

-          оценувањето на квалитетот на амбиентниот воздух;

-          планирањето на заштитата на квалитетот на амбиентниот воздух;

-          мониторингoт на квалитетот на амбиентниот воздух и на изворите на емисија;

-          информативен систем;

-          заштита од загадување на амбиентниот воздух;

-          надзор и надлежни тела.

Во таа насока во периодот од 2005 година до денес подготвени се 16 подзаконски акти и измени на подзаконските акти кои се однесуваат на мониторинг, контрола, оценка, известување и заштита на кавлитетот на воздухот. Консолидираниот текст на Законот за квалитет на воздух и подзаконските акти во целост можат да се преземат од следниот линк:

http://www.moepp.gov.mk/?page_id=602