Сектор за води

 

Водата е живот и опстанок, незаменлив и ограничен ресурс и фактор за развој на целото општество

Генерални карактеристики за водите во Р. Македонија

Околу 2% од територијата на Република Македонија се под водена површина. Има околу 35 реки и 53 природни и вештачки езера. Според количините на водени ресурси Р.Македонија спаѓа во подрачје со задоволителни водни ресурси, но со доста голема нивна нерамномерна рапределба.

Според хидрографската поделба, на територијата на Република Македонија постојат четири слива и тоа: вардарски, Црнодримски, Струмички и сливот на Јужна Морава.

                                                                                       Voda

Нормативна рамка за водни права во Република Македонија

Основен законски пропис со кој е уредена оваа областа води е Законот за водите (“Службен весник на Република Македонија” бр. 87/08, 6/09, 161/09, 83/10, 51/11, 44/12, 23/13 и 163/13) и подзаконските акти донесени врз основа на Законот за води. Законот за водите е рамковен закон кој ги регулира основните принципи и начела за управување со водните ресурси.

Организациска поставеност на сектор води

Одделение за планирање и развој на водите

Одделение за концесии и меѓуресорска соработка

Одделение за водни права

Одделение за управување со сливното подрачје на реката Вардар

Одделение за управување со сливното подрачје на реката Црн Дрим

Одделение за управување со сливното подрачје на реката Струмица

ЛегислативаПлански документиАктивностиИзвештаиПроектиОбјави

Основен законски пропис со кој е уредена оваа областа води е Законот за водите (“Службен весник на Република Македонија” бр. 87/08, 6/09, 161/09, 83/10, 51/11 и 44/12 ) и подзаконските акти донесени врз основа на Законот за води . Законот за водите е рамковен закон кој ги регулира основните принципи и начела за управување со водните ресурси. Законот е направен според теркот на западно европските закони, со цел да се воспостави една општа правна рамка за регулирање на областа на управување со водите на интегриран и сеопфатен начин. Притоа управувањето со водите ги опфаќа сите мерки и активности за рационално и ефикасно користење на водите, одржливиот развој на водните ресурси, заштита на водите и заштита од штетно дејство на водите. Потребата од интегриран пристап при подготовката на Рамковниот Закон за води, произлегува од фактот што аспектите на управувањето и аспектите на заштитата се суштински поврзани и истите неможат да се регулираат пооделно без да се води сметка за нивната меѓусебна поврзаност. Така, оваа материја се фокусира врз три области и тоа: користење на водите, заштита на водите и контрола на загадувањето и заштита од штетното дејство на водите. Во него директно се пренесени барањата од следните директиви на ЕУ од областа на управувањето со водните ресурси:

- Рамковната директива за води,

- Директивата за квалитет на водата наменета за консумирање од страна на човекот,

- Директивата за квалитет на водата за капење,

- Директивата за третман на комунални отпадни води,

- Директивата за искористување на милот добиен со пречистување на отпадни води, и

- Директивата за заштита на водите од загадување предизвикано од нитрати од земјоделски извори.

Основните цели на законот се: да се обезбедат доволни количества квалитетна вода; да се обезбеди заштита, зачувување и континуирано подобрување на режимот на водите, да се подобри состојбата на водните екосистеми и екосистемите зависни од вода и да се заштити и унапреди водната средина преку рационално користење на водите, прогресивно намалување на штетните испуштања и постепено елиминирање на емисиите на опасни супстанции, како и ублажување на последиците од штетното дејство на водите и од недостигот на вода. Сепак содржината на законот со тоа не е целосно опфатена. Иако директивите на ЕУ од областа на управувањето со водните ресурси не содржат специфични барања, заради интегрираниот пристап при регулирањето на оваа област, потребно е во законската рамка интегрирање на ефективни одредби со кои ќе се регулира правото на физичките и правните лица да користат води, да испуштаат отпадни води односно испуштаат и фрлаат на материи и супстанции во површински и подземни води, како и да вадат песок, чакал и камен од коритата и бреговите на површински водни тела. Флексибилноста на Европското законодавство дозволува ова прашање да се регулира со почитување на уставно- правната рамка и законодавната пракса на државите.

Линк до Законската регулатива: http://www.moepp.gov.mk/?page_id=654

Основни документи за планирање и развој на управувањето со води во Република Македонија се:

1) Националната стратегија за води;

2) Водостопанската основа на Република Македонија и

3) Планови за управување со речни сливови.

1) Со Националната стратегија за води се определува долгорочната политика со која особено се обезбедува:

- одржливиот развој на водите преку задоволување на потребите на сите корисници со квалитетна вода во доволни количества; -рационално и економично користење на водите;

- заштита на водите од загадување и контрола на загадувањето;

- заштита и подобрување на крајбрежното земјиште и водните живеалишта и

- заштита и ублажување на последиците од штетното дејство на водите и недостигот од вода.

Линк до документот: http://www.moepp.gov.mk/?page_id=3197

2) Заради интегрирано планирање и спроведување на програмите и мерките за развојот на водите во согласност со целите на националниот одржлив развој и усогласување на економскиот развој, социјалниот напредок  и заштитата на животната средина, како и реализација на Националната стратегија за води се донесува Водостопанска основа на Република Македонија

3) За секој речен слив се изработува план за управување со речен слив за период од шест години.

Планот за управување со речен слив ги содржи особено следниве елементи: – опис на карактеристиките на речниот слив; – приказ на значителните притисоци и влијанија врз состојбата на површинските и подземните води предизвикани од човековите активности; – информации и картографски прикази на регистрираните заштитни зони; – информации и картографски прикази за активностите за мониторинг на состојбата на водите и програмите за мониторинг; – листа на цели на животната средина за секое водно тело во речниот слив, вклучувајќи ги информациите за отстапувањата направени во согласност со овој закон, означувањето на вештачките и силно изменетите површински води. Информациите ги содржат планираните и преземените мерки заради подобрување на квалитетот на водите и постигнување на целите на животната средина; – економска анализа за користењето на водите, вклучувајќи и извештај за примената на начелото корисникот плаќа; – програма на мерки заради постигнување на целите на животната средина; – подетални програми и планови за управување со водите на речните сливови и подсливовите; – програма за заштита од штетно дејство на водите, како и основните мерки за заштита од поплави; – опис на активностите и резултатите од учеството на јавноста при подготвување на планот; – листа на органи и институции надлежни за водите во речниот слив; – начин на кој информациите и документите во врска со изработката и имплементацијата на планот се достапни за јавноста; – остварување на обврските преземени со меѓународни договори кои се однесуваат на управувањето со водите ратификувани од Република Македонија и – други работи определени од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина.

Активностите во делот на управувањето со водите се насочени кон постигнување на „добра состојба” на сите води во определен временски период, и во која се содржани барања за примена на интегрираниот пристап при и управување со водите на ниво на речен слив и тоа како во поглед на квантитетот така и во поглед на квалитетот. Концептот на законот го претставува интегрираниот и сеопфатен пристап за постигнување на стратешката определба за чиста вода на ниво на целата територија. Целите на сите активности е насочена кон: заштита, зачувување и постојано подобрување на состојбата на водните екосистеми и водните живеалишта, промоција на одржливото користење на водата засновано врз долгорочна заштита на водните ресурси, унапредување на заштитата од штетните испуштања и редукција на загадувањето на подземните води, ублажување на последиците од штетното дејство на водите и недостигот на вода, како и исполнување на обврските од меѓународните договори. Клучно барање на законот е управувањето со водите на ниво на речен слив што подразбира употреба, планирање, како и заштита од и на сите површински и подземни води на ниво на географски и хидрографски единици. Централен елемент на управувањето со водите на ниво на речен слив, е изготвувањето на плановите за управување на речните сливови. Со цел да ја промовира рационалната употреба на водите, законот утврдува обврска за надомест на сите трошоци, и тоа: трошоците за животната средина и трошоците за ресурсот.

ПРЕГЛЕД НА TEКОВНИ ДОНАТОРСКИ ПРОЕКТИ ВО СЕКТОРОТ ВОДИ

1. Име на Проектот:Програма за интегрирано управување со водни ресурси во сливот на реката Брегалница
Вкупна вредност на проект 5.270.000 CHF
Вредност на донацијата 4.460.000 CHF Swiss
Вредност на домашно кофинансирање 810.000 CHF (410.000 ВРМ и 400.000 ЕЛС)
Име на Донаторот Владата на Швајцарската Конфедерација
Имплементациона институција МЖСПП и МЗШВ
Времетраење на проектот 3,5 години
Кус опис на проектот Главната цел на проектот е одржливо управување со водните ресурси во сливот на реката Брегалница. Проектот се состои од две главни компоненти, и тоа компонента 1 преку кој ќе се обезбеди институционален развој со цел воспоставување и успешно работење на телото за управување со сливот на реката Брегалница и компонента 2, во чии што рамки ќе се реализира планирање и спроведување на мали инфраструктурни проекти за води. Директните корисници на Проектот ќе бидат 12 општини во сливот на реката Брегалница, како и МЖСПП и МЗШВ.

http://bregalnica.mk/

 

2. Име на Проектот: Регионален проект   “Зачувување и одржливо користење на биолошкиот диверзитет во Преспанското, Охридското и Скадарското Езеро“
Вкупна вредност на проект 2,000,000 ЕУР
Вредност на донацијата
Вредност на домашно кофинансирање
Име на Донаторот Владата на Сојузна Република Германија преку ГИЗ
Имплементациона институција МЖСПП
Времетраење на проектот 2,5 години
Кус опис на проектот Подобро спроведување на законодавството, регулативите и плановите за управување за зачувување и одржлива употреба на биолошкиот диверзитет во Преспанското, Охридското и Скадарското Езеро

 

3. Име на Проектот: Регионален проект “Адатапција врз климатските промени во Западен Балкан“
Вкупна вредност на проект 2,000,000 ЕУР
Вредност на донацијата
Вредност на домашно кофинансирање
Име на Донаторот Владата на Сојузна Република Германија преку ГИЗ
Имплементациона институција МЖСПП
Времетраење на проектот 2,5 години
Кус опис на проектот Подобро спроведување на законодавството, регулативите и плановите за управување за зачувување и одржлива употреба на биолошкиот диверзитет во Преспанското, Охридското и Скадарското Езеро

 

4. Име на Проектот: Проект за Имплементација на Планот за управување со   Преспанското Езеро
Вкупна вредност на проект 5,000,000 Швајцарски франци
Вредност на донацијата
Вредност на домашно кофинансирање
Име на Донаторот Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ)
Имплементациона институција МЖСПП
Времетраење на проектот 6 години
Кус опис на проектот Главна цел на проектот е преку спроведувњае на сеопфатни мерки во повеќе сектори да се подобри еколошкиот статус на Преспанското Езеро, да се зајакне неговата отпорност на влијанијата на човекот и да се воведе контрола на процесите на еутрофикација и загадување.

Мерките се базирани на препораките на Планот за управување со   сливот на Преспанското Езеро, изработен согласно барањата на Рамковната директива за води на ЕУ

 

5. Име на Проектот: ТАИБ 2009 – Зајакнување на административни капацитети во Секторот за води
Вкупна вредност на проект
Вредност на донацијата
Вредност на домашно кофинансирање
Име на Донаторот ИПА проект
Имплементациона институција МЖСПП, Сектор води
Времетраење на проектот Јануари 2014 – крај на 2015 година
Кус опис на проектот Предвидени активности

  1. Помош во спроведување на законодавството
  2. Зајакнување на административни капацитети и
  3. Иницијални активности за ПУРС за Вардар

 

6. Име на Проектот: Заедничко управување на проширениот Дримски Басен
Вкупна вредност на проект 4.5 милиони долари
Вредност на донацијата Променлива зависно од обезбедени донации годишно . Се финансираат само патни трошоци за учество на состаноците на работните групи
Вредност на домашно кофинансирање НЕМА
Име на Донаторот ГЕФ, УНДП, УНЕЦЕ , СИДА
Имплементациона институција МЖСПП, Билатерален Секретаријат , Одделение Охрид
Времетраење на проектот Ноември 2011 – план до 2017 континуирани мерки
Кус опис на проектот Се работи на имплементација на краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки предвидени во Акциониот план за спроведување на Меморандумот за разбирање. Во првата фаза предвидува конскултативни средби, средби на работните групи и средби на Дрим Кор групата

 

7. Име на Проектот: Управување со сливот на реката Струмица
Вкупна вредност на проект 300.000 швајцарски франци + 100.000 ШФ
Вредност на донацијата Променлива зависно од обезбедени донации годишно . Се финансираат само патни трошоци за учество на состаноците на работните групи
Вредност на домашно кофинансирање НЕМА
Име на Донаторот СДЦ
Имплементациона институција МЖСПП
Времетраење на проектот 23.07.2014 -30.06.2015 година
Кус опис на проектот Се работи на имплементација на краткорочни , середно рочни и долгорочни мерки предвидени во Акциониот план за спроведување на Меморандумот за разбирање.

 

8. Име на Проектот: Рехабилитација на колекторскиот систем во Охридско-Струшкиот регион
Вкупна вредност на проект
Вредност на донацијата Променлива зависно од обезбедени донации годишно . Се финансираат само патни трошоци за учество на состаноците на работните групи
Вредност на домашно кофинансирање НЕМА
Име на Донаторот ЈИЦА
Имплементациона институција МЖСПП, Општина Охрид и Струга
Времетраење на проектот
Кус опис на проектот

 

9. Име на Проектот:Воспоставување Биосферен резерват Охрид Преспа под УНЕСКО
Вкупна вредност на проект Не е познато, проектот е под капа на КФВ и на албанската страна
Вредност на донацијата Се финансираат само трошоци на патувања
Вредност на домашно кофинансирање НЕМА
Име на Донаторот КФВ банка , Германска влада
Имплементациона институција Билатерален секретаријат за сливот на Охридско Езеро МКД -АЛБ
Времетраење на проектот До Септември 2013
Кус опис на проектот Целта на проектот е изготвување на апликација за воспоставување на статус Биосферен резерват на УНЕСКО за Охрид Преспа. Процесот опфаќа консултации и подготовка на апликацијата