Сектор за меѓународна соработка

Раководител на секторот за меѓународна соработка
Јасмина Петковска

Тел.

Моб.

Ел.адреса: j.petkovska@moepp.gov.mk

Алтернативна ел.адреса: jasminapett@gmail.gov

 
Помошник раководител на секторот за меѓународна соработка
Даринка Јантинска

Тел. + 389 2 3251 440

Моб. + 389 75 404 411

Ел.адреса: d.jantinska@moepp.gov.mk

Алтернативна ел.адреса: jantinskad@hotmail.com

 
Раководител на одделение за мултилатерална соработка
Даниела Рендевска

Тел.

Моб.

Ел.адреса: d.rendevska@moepp.gov.mk

Алтернативна ел.адреса:

 
Раководител на одделение за билатерална соработка
 

Глобалната соработка е неопходна за справување со новата генерација закани по животната средина. За таа цел,  државите се согласија дека прашањата за заштитата на животната средина мора да бидат адресирани на глобално ниво, најнапред до органите на ООН и нивните специјализирани организации, па потоа на ниво на регионални организации и на национално ниво.

Секторот за меѓународна соработка при Министерството за животна средина и просторно планирање има улога на координатор на активностите во насока на заштита и унапредување на животната средина, а се поврзани со пристапување кон глобални и регионални меѓународни договори; пристапување кон меѓународни и регинални организации; склучување на билатерални договри; и координирање на меѓународната помош.

Секторот за меѓународна соработка е составен од две одделениеја и тоа:

Одделението за
билатерална соработка
Одделението за
мултилатерална соработка

Одделението за билатерална соработка е задолжено да спроведува и иницира билатерални средби и тематски седници со цел унапредување на билатералната соработка на Република Македонија со конкретни земји од областа на заштита на животната средина. Тоа поттикнува институционализација на соработката со потпишување на билатерални договори во областа на заштитата на животната средина со земјите со кои Република Македонија нема потпишано, а го следи процесот и статусот на исполнување на обврските од потпишаните билатерални договори за соработка.

Одделението за мултилатерална соработка ја следи работата на меѓународните движења поврзани со животната средина и предлага мерки за вклучување на Република Македонија во одделни меѓународни договори/меѓународни организации. Покрај тоа, го следи и статусот на реализација на обврските во рамки на меѓународните договори и конвенции во областа на животната средина кон кои пристапила земјата. Одделението е надлежно за вопоставување на соработка со меѓународни организации кои ги промовираат интересите и развојот на земјите од регионот; ги координира регионалните иницијативи за регионални прашања од областа на заштита на животната средина. Исто така, во надлежност на одделението е и координација на меѓународната помош од мултилатерални и билатерални донатори од областа на заштита и унапредување животната средина.