Ефикасно користење на ресурсите и отпад

Глобалните еколошки проблеми со кои се соочуваме денес се во голема мера резултат на човековата прекумерна експлоатација на природните ресурси, вклучувајќи (фосилни) горива, минерали, вода, земја и биодиверзитет. Станува сè појасно дека преовладувачкиот европски модел на економски развој – заснован на голема употреба на ресурси, создавање отпад и загадување – не може да се одржи на долг рок. Многу од ресурсите се користат само за краток временски период, или тие се губат за економијата преку депонирање или намалување на квалитетот за време на операциите за обновување.

Во последниве години воведениот концептот на циркуларна економија и поврзаните политики треба да се справуваа со користењето на ресурсите, производството, потрошувачката и отпадот на повисоко ниво. Овој концепт има за цел да ги затвори материјалните загуби со одржување на вредноста на производите, материјалите и ресурсите во економијата што е можно подолго. Ова ефикасно го намалува создавањето на отпад и употребата на нечист материјал.

Користењето на ресурсите, како и создавањето и третманот на отпадот резултира со значителни еколошки притисоци за време на фазите на екстракција, производство, употреба и крај на животниот век на производот. Целите на политиката за животна средина вклучуваат намалување на количината на материјали што се користат во економијата, подобрување на ефикасноста на ресурсите, намалување на создавањето отпад и претворање на отпадот во ресурс. Спречувањето на отпадот и управувањето со отпадот е еден клучен аспект на циркуларната економија.Ефикасноста на ресурсите е од суштинско значење ако сакаме да го одвоиме економскиот развој од деградацијата на животната средина. Ресурсите на Земјата се ограничени и нивното извлекување генерира влијанија врз животната средина и климата.Нивното поефикасно користење помага да се минимизираат овие влијанија. На тој начин, ефикасноста на ресурсите е еден од основните елементи неопходни за создавање кружна, позелена економија во Европа, како и поодржливи модели на производство и потрошувачка.

Законските регулативи во однос на управување со отпадот во нашата земја се насочени кон промоција на кружна економија преку екстракција на квалитетни ресурси од отпадот колку што е можно повеќе. Понатаму и политиката на Зелената агенда за западен Балкан се потпира на неколку столбови, насочени воглавно на реформи во регионот за да се усогласиме со амбициите на Европскиот зелен договор (European Green Deal), преку економскиот и инвестициски план на Европската Унија. Европскиот зелен договор има за цел да го промовира растот преку транзиција кон модерна, ефикасна во однос на ресурсите и конкурентна економија.

Законот за управување со отпад дава легитимна рамка за третирање и управување со отпадот. Истиот го внесува концептот на хиерархија при управување на отпадот. Хиерархијата што обично се усвојува е минимизирање/намалување на отпадот на изворот, рециклирање, преработка на отпадот (со обновување на ресурсите, т.е. материјали (производи) и енергија), трансформација на отпадот (без враќање на ресурсите) и депонирање на земјиште.За одредени категории на отпадот се неопходни специфични приоди. Затоа, покрај сеопфатниот Закон за управување со отпад, во Република Северна Македонија има и многу други закони за справување со различни видови отпад. Зелената агенда го обврзува Западен Балкан да се движи кон циркуларна економија преку подобрување на управувањето со отпадот; зголемување на продуктивноста на ресурсите; воспоставување иновативни и поефикасни начини на производство и потрошувачка и воведување циркуларност во деловните модели.

Законските регулативи за отпад има за цел да ја заштити животната средина и здравјето на луѓето и да помогне во транзицијата на земјата кон кружна економија. Тие поставуваат цели и се стремат кон:

  • подобрување на управувањето со отпадот,
  • стимулирање на иновациите во рециклирањето,
  • ограничување на депонирањето.

Управување со отпадот

Во Вториот Еколошки акционен план на Република Македонија се наведени одредени цели во врска со отпадот и тоа интегрирано управување со отпадот, ефикасна институционална и организациона поставеност и подобрена инфраструктура за управување со отпад.

Според законската регулатива за отпад во Република Северна Македонија приоритети при управување со отпад се следните:

  • Избегнување на создавање на отпадот и намалување на штетните влијанија на отпадот врз животната средина, животот и здравјето на луѓето,
  • Подобрување на производствените технологии со што се намалува создавањето на отпадот и употреба на еколошки продукти и помалку пакувања,
  • Рециклирање и повторна употреба на отпадот или во друг процес за екстракција на секундарни суровини, или да се користи како извор на енергија.

Главно создавањето на отпад доаѓа од производствените активности, од каменоломите и рудниците, од градежништвото, отпад од земјоделството и шумарството, комуналниот отпад итн.

Отпадот од производствените активности се состои главно од храна, дрво, хартија, хемикалии, неметални минерали, базични метали и друго. Производствените активности можат да имаат централна улога во редуцирањето на количината на генерираниот отпад со:

  • Инкорпорирање на анализите за животниот циклус во дизајнирањето и производството на стоки и сервисни услуги,
  • Промоција на одржливо користење на материјата и енергијата,
  • Елиминација или редуцирано користење на субстанциите и материјалите кои се опасни за здравјето на луѓето и животната средина.

Усвоена е Листа на видови на отпад.

Комунален отпад

Отпадот од рудниците и каменоломите

Отпадот од продукцијата на електрична енергија

Отпад генериран со активностите на конструкција и уривање на објекти во градежништвото

Опасен отпад

Трендови во управување со отпадот

Емисиите на стакленички гасови од секторот „отпад“

Увоз, извоз и транзит на отпад преку територијата на Република Северна Македонија

Организација на информативен систем за управување со отпад

Надзор и надлежни органи на Законот за управување со отпад

Законска регулатива која се однесува на отпадот

Извештај за управување со отпад од пакување

Извештај за управување со отпадни батерии и акумулатори

Извештај за управување со отпадна електрична и електронска опрема

Situation in the Republic of Macedonia regarding waste data and implementation of waste data collection systems