Скопје, 14.08.2026 Министерството за животна средина и просторно планирање ја соопштува следната РЕАКЦИЈА поврзана со проектот Пречистителна станица и колекторски систем Тетово.
Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува јавноста дека Пречистителната станица во Тетово, заедно со колекторскиот систем претставува еден од најзначајните капитални проекти не само за Тетово туку и за целиот полошки регион.
Токму кога во регионот, целата земја ја сведочи важноста на постоењето на пречистителни станици кои третираат отпадни води, Министерството потсетува дека децениското ветување за пречистителна станица е од исклучителна важност и приоритет за Министерството за животна средина и просторно планирање но и за Општината Тетово.
Затоа, оваа важна капитална инвестиција се спроведува во партнерство со Европската Унија и се користат ИПА средствата за пристапна помош, што воедно значи дека постапката за јавната набавка се спроведува преку Министерството за финансии, Сектор за централно финансирање и склучување на договори и истата е предмет на ex ante одобрување од страна на Делегацијата на ЕУ.
Јавниот повик е меѓународен и објавен на F&T portal, како и на веб страната на CFCD. Општината Тетово, ниту Министерството за животна средина и просторно планирање не ги објавуваат резултатите од тендерската постапка.
На 16 април 2026 година беше избран операторот после кој избор има период на жалбени постапки.