Врз основа на член 67 став 1 точка 2) од Законот за водите ( 87/2008; 6/2009; 161/2009; 83/2010; 51/2011; 44/2012; 23/2013; 163/2013; 180/2014; 146/2015; 52/201;151/2021; 99/2022; и 3/2025); и член 16 став 1 од Правилникот за содржината и начинот на подготвување на Плановите за управување со речните сливови ( Службен Весник на Република Македонија бр. 148/2009), Министерството го објавува распоредот со локации и датуми на одржување на јавни консултации за засегнатите страни во сливот на река Вардар:
1. Тетово – 10.09.2026 Хотел Меркури од 11:00 часот
2. Скопје – 11.09.2026 Holiday Inn, Сала Скала 11:00 часот
3. Штип – 15.09.2026 Хотел Оаза од 11:00 часот
4. Битола – 17.09.2026 Хотел Капри од 11:00 часот
Меѓувремениот преглед на значајните прашања за управувањето со водите идентификувани во сливот на реката Вардар (SWMI) е предвиден во Временска рамка и Програма за работа (2025-2027) за изработка на План за управување со речен слив (ПУРС) на реката Вардар за планскиот период 2028-2033 и е дел од отпочнатиот процес на подготвување на Нацрт-Планот за управување со сливот на река Вардар. Извештајот претставува почетен чекор со цел да се овозможи најрано вклучување на засегнатите страни и пошироката јавност во идентификација на значајните прашања поврзани со управување со водите во сливот на р. Вардар.
Целта на оваа јавна консултација е:
- да се информира јавноста за идентификуваните значајни прашања во сливот на реката Вардар врз основа на кои основата се утврдуваат приоритетите на Планот за управување со речен слив (ПУРС) за Вардар 2028-2033 и
- да се соберат мислења, коментари, предлози за значајните прашања за управување на водите за сливот и да се поттикне активно учество во процесот на јавноста во идентификација и решавање на приоритетите за овие прашања во Планот за управување со речен слив (ПУРС) за Вардар 2028-2033.
да се поттикне дијалог со засегнатите страни уште во раните фази, вклучително и државните институции, општините, јавните комунални претпријатија, граѓанското општество, академската заедница и приватниот сектор.
Покрај учество на јавните консултации и презентација на извештајот, засегнатите страни може да достават мислења, коментари и предлози кои ќе придонесат кон спроведувањето на натамошни чекори во врска со подготовката на Планот за управување со сливот на река Вардар, преку
Пополнување на Прашалник за значајни прашања поврзани со управувањето со водите во сливот на Вардар македонска верзија или албанска верзија.
Меѓувремениот преглед на значајните прашања за управувањето со водите идентификувани во сливот на реката Вардар (достапен на веб страната официјалната веб-страница на МЖСПП: https://www.moepp.gov.mk/mk-MK/ministerstvo/sektor-za-vodi