Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавен конкурс за проекти за исполнување на обврски кои произлегуваат за производителите согласно со Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад (*), како и прописите за посебните текови на отпад

Министерство за животна средина и просторно планирање Министерство за животна средина и просторно планирање

Јавен конкурс за проекти за исполнување на обврски кои произлегуваат за производителите согласно со Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад (*), како и прописите за посебните текови на отпад 

 

Врз основа на член 49 став (1) алинеи 3, 6 и 7 и член 47 став (4) од Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад (*) (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 215/21 и 73/24) и Годишната програма за финансирање на управувањето со посебни текови на отпад за 2026 година („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 48/26), Министерството за животна средина и просторно планирање објавува:

Јавен конкурс за проекти за исполнување на обврски кои произлегуваат за производителите согласно со Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад (*), како и прописите за посебните текови на отпад

Согласно дел 2 став (4) од Годишната програма за финансирање на управувањето со посебни текови на отпад за 2026 година, предвидени се средства во износ од 23.341.000,00 денари кои ќе се доделат по пат на јавен конкурс за проекти за исполнување на обврски кои произлегуваат за производителите согласно со Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад (*), како и прописите за посебните текови на отпад.

 За користење на средствата преку Центрите за развој на планските региони поднесуваат барање до Министерството за животна средина и просторно, најдоцна 30 дена од денот на објавувањето на јавниот конкурс.

Од страна на комисија формирана од министерот за животна средина и просторно планирање за спроведување на јавниот конкурс, во временски период од 30 дена од денот на истекувањето на рокот за аплицирање, се доставува предлог за распоредување на средствата до министерот, кој врз основа на истиот одлучува за распоредување на средствата од јавниот конкурс, најдоцна до крајот на месец септември 2026 година.

Сите заинтересирани апликанти-општини, преку Центрите за развој на планските региони, треба да ја пополнат проектната апликација за предлог проектите за финансирање во насока на исполнување утврдените намени дадени во дел I, II и III во конкурсот кој е објавен на веб старницата на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk и во Службен весник на Република Северна Македонија.

Мени за пристапност