Сектор за природа

Секторот за природа во рамките на Управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање ја спроведува заштитата на природата, преку заштита на биолошката и пределската разновидност и заштита на природното наследство во заштитени подрачја и надвор од заштитени подрачја, како и заштита на природните реткости.

Разновидноста на релјефот, климатските, еколошките, хидролошките и педолошките карактеристики, придонесуваат Република Северна Македонија да поседува значаен геодиверзитет и биодиверзитет.

Основни карактеристики на биолошката разновидност во нашата земја се богатството и хетерогеноста на видовите и екосистемите и високиот степен на реликтност и ендемизам.

И покрај фактот што диверзитетот на флората и фауната сѐ уште не е целосно проучен, сепак, според Националната стратегија за биолошка разновидност со Акциски План за период (2018-2023)на национално ниво утврдени се:2.095 алгални таксони, над 2.000 видови габи, 450 вида лишаи, над 500 таксони на мовови, 4540 таксони од флората, 85 видови риби, 14 водоземци, 32 видови на влекачи, 334 птици и 85 видови нацицачи.

Заштитените подрачја особено националните паркови претставуваат најрепрезентатицниот дел од националното природно наследство.

Уште во 1948 година поради особените природни убавини, историското и научното значење на шумите и шумските предели, дел од планината Пелистер е прогласенa за национален парк, што воедно преставува првото заштитено природно добро во Македонија и на просторите на поранешна СФРЈ.

Значајно е за одбележување прогласувањето на шумските предели околу Мавровското Езеро за национален парк (1949) и прогласување на планината Галичица за национален парк (1958).

Во насока на приоретизација на акции за заштита на природата меѓу кои и управувањето со Заштитетните подрачја во РМ во согласност со Законот за заштита на природата Владата на Република Северна Македонија во 2018 година ги донесе Националната Стратегија за заштита на природата со Акционен План (2017-2027) и Националната стратегија за биолошка разновидност со Акциски План (2018-2023).

Со донесување на Законот за заштита на природата 2005 година започнаа интензивни напори за усогласување на националното законодавство со ЕУ законодавството од областа на заштита на природата. Согласно овој закон се започна со валоризација и ревалоризација на природните вредности на заштитените подрачја и со нови пристапи во управувањето со заштитените подрачја.

Согласно член 65 од Законот за заштита на природата, системот на заштитени подрачја се воспоставува заради заштита на биолошката разновидност во рамките на природните живеалишта, процесите кои се случуваат во природата, како и абиотичките карактеристики и пределската разновидност.

Со прогласувањето на подрачјето за заштитено тоа се стекнува со статус на природно наследство.

Со членот 66 од Законот за заштита на природата прифатени се шест (6) категории на заштитени подрачја, усогласени со категоризацијата на Меѓународната унија за заштита на природата- (IUCN):

1) Категорија I – (Ia) Строг природен резерват (СПР), (Iб) Подрачје на дивина (ПД),

2) Категорија II – Национален парк (НП),

3) Категорија III – Споменик на природата (СП),

4) Категорија IV – Парк на природата (ПП),

5) Категорија V – Заштитен предел (ЗПр) и

6) Категорија VI – Повеќенаменско подрачје (ПНП).

Системот на заштитени подрачја вклучува 82 подрачјa, кои зафаќаат површина од 357,778.05 хектари или околу 13.92 % од територија на Република Северна Македонијa.

Донесен е Законот за прогласување на Шар Планина за национален парксо што % на заштитените подрачја на национално ниво се зголеми од 10,8% на 13,3 % од територијата на државата.

На предлог на Министерствпото за животна средина и просторно планирање, Владата ја донесе Одлуката за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел и Одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел.

Националните паркови зафаќаат околу 6,91% од територијата на државата, потоа следуваат спомениците на природата со 3,0%, додека сите други категории на заштитени подрачја зафаќаат околу 4.01% од територијата на државата.

Со тоа е направен прогрес и надминат е предвидениот процент на заштитени подрачја од 11,5% од територијата на нашата држава, што бил утврден до 2020 година во Секторската студија за заштита на природното наследство, које е изготвена за потребите на Просторниот План на државата (2004).

Број и површина на заштитени подрачја по категории на заштита

Категории на заштита

според IUCN

Број на подрачја Површина

(ha)

% од територија на РСМ
Ia. Строг природен резерват (СПР) 2 10 583,2 0,41
Ib. Подрачје на дивина (ПД) - - -
II. Национален парк (НП) 4 177,575 6,91
III. Споменик на природа (СП) 60 77014.5 3,0
IV. Парк на природа (ПП) 12 3,039.8 0,12
V. Заштитен предел 3 64260, 55 2,5
VI. Повеќенаменско подрачје 1 25305 0,98
Вкупно 82  

357,778.05

 

13,92

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање (2021)

Zastiteni podracja 22.12.2021

 

 Карта на заштитени подрачја во државатa

Извор: Министерсто за животна средина и просторно планирање (2021)

Согласно Законот за заштита на природа извршена е ревалоризација на споменикот на природата – Платанови стебла во Охрид (вклучува 6 стари платанови стебла-чинари). Врз основа на изготвени елаборати за наведените стебла, како природни реткости во Охрид се прогласени Чинар – Пензионерско. Чинар – Влашка Маала, Чинар во централно градско подрачје на општина Охрид, Чинар – Воска, Чинар – Кошишта и Чинар пред зградата на Црвен Крст. Исто така и стеблото од Кочеџик во дворот на црквата Св. Богородица Перивлепта- Охрид е прогласено за природна реткост.

Аичи глобалната цел 11 од Конвенцијата за заштита на биолошката разновидност која се однесува на заштитените подрачја е вградена во Акциониот План на Стратегијата за заштита на биолошката разновидност. Согласно оваа цел предложено е да се зголеми површината на заштитени подрачја до 15%, да се обезбеди нивно функционално поврзување како еколошка мрежа и да се воспостави ефективно управување со заштитените подрачја во соработка со локалните заедници.

МЖСПП спроведува постапка за прогласување на локалитетот Студенчишко Блатоза заштитено подрачје во категорија IV-Парк на природа и за прогласување на Кањон Матка за заштитено подрачје во категорија III – Споменик на природа.

Изготвена е Студија за валоризација на Споменик на природата Охридско Eзеро и во тек се активности за изработка на Студија за валоризација за Белчишко Блато.

ЗАШТИТЕНИ ПОДРАЧЈА СО МЕЃУНАРОДЕН РЕЖИМ НА ЗАШТИТА

  • Рамсар подрачја

Споменик на природа – Преспанско Езеро (1995) и
Споменик на природа Дојранско Езеро (2007)
Споменик на природа – Охридско Езеро (2021)

  • Подрачјата од светско наследство (УНЕСКО)

Споменикот на природата – Охридското Езеро (1979)

  • Тентативна (привремена) листа на УНЕСКО

Споменик на природата Маркови Кули (2004) и
Споменик на природа Пештерата Слатински Извор (2004).

  • Прекуграничен биосферен резерват Охрид-Преспа прогласен според критериумите на Програмата на УНЕСКО “Човек и Биосфера (2014)
  • Локалитетот Длабока Река во Национален парк Маврово од Република Северна Македонија е впишан на Листа на УНЕСКО за букови шуми.

Лицe за контакт:
м-р Влатко Трпески
e-mail: v.trpeski@moepp.gov.mk

Стратегии
Студии
Елаборати за ревалоризација на ...

Во Секторот за природа постојат три организациони единици:

Одделение за
заштита
на природното
наследство
Одделение за
биодиверзитет и ГМО
Одделение за уредување
на просторот во
заштитени подрачја
и геодиверзитет

Според постоечката систематизација на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Одделението за заштита на природното наследство (ОЗПН) функционира како дел од Секторот за природа во рамките на Управата за животна средина.

Основен законски пропис по кој работи и постапува Одделението за заштита на природното наследство е Законот за заштита на природата (“Сл.весник на РМ” бр. 67/04, 14/06,  84/07, 35/10, 47/11, 148/11, 59/12 и  13/13), а во секојдневната работа за поедини предмети се применуваат и Законот за животната средина (“Сл. весник на РМ” бр.53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012и 93/2013), како и законите од другите сектори.

Надлежности на одделението се:

- изработка на измени и дополнувања на Законот за заштита на природата,

- изработкана подзаконски акти согласно наведениот закон,

- изготвување на информации за владина седница од областа на заштита на природата,

- изготвување на мислења по однос на закони и подзаконски акти од други сектори,

- водење постапки пред Владата и Собранието на РМ за прогласување или повторно прогласување на заштитени подрачја,

- изготвување на стратегии, програми  и планови за заштита на природата,

- имплементација на меѓународни документи за заштита на природата,

- издавање на дозволи за научно истражување во природата, кога се работи за истражувања во заштитенио подрачја,

- издавање согланост на Плановите за управување со заштитени подрачја,

- издавње согласност на Годишната програма за заштита на природата,

- изготвување мислења по однос на различни  прашања поврзани со заштита на природното наследство (мислења за локации за изградба на инвестициони објекти,  базни станици за мобилна телефонија, мали хидроелектрани, рибници, автопати, железнички линии и др.),

- воспоставување соработка и редовна комуникација со државни органи (министерства, локални самоуправи, јавни претпријатија и др.), научни и стручни институции, невладини организации и др.,

- пружење стручна помош и соработка со управувачите на заштитените подрачја,

- водење Регистар на заштитените подрачја,

- учество на стручни и научни конференции, тренинзи, обуки и работилници во земјата и странство од облсата на заштитата на природата,

- примена на резултатите од научните истражувања во областа на заштитата на природата,популаризација на заштитата на природата преку печатените и електронски медиуми.

Одделението за биодиверзитет е формирано во јуни 2001 година, во рамки на Управата за животна средина со задача да се грижи за статусот на основните компоненти на биолошката разновидност во Република  Северна Македонија.

Надлежности на одделението се:

- изготвување предлози за измени на постојните и донесување нови законски прописи за зачувување на биодиверзитетот,

- истражувачки работи за валоризација на локалитети со ендемични, реликтни, ретки и загрозени диви растителни видови (флородиверзитет), габи (диверзитет на фунги) и животински видови (фаунистички диверзитет),

- координирање на проекти за санација и ревитализација на деградирани природни живеалишта,

- реинтродукција на загрозени диви видови во природни станишта,

- иницирање и учество во изработката на едукативни материјали и организирање семинари и работилници за подигање на јавната свест кај младите за значењето на биодиверзитетот,

- популаризација и презентација на биодиверзитетот,

- соработка со специјализирани агенции на ОН (UNEP, UNESCO, UNDP, FAO) и меѓународните организации (IUCN, Wetlands International, BirdLife International, WWF, WUB, BIONET, GROMS), регионални заедници и организации (CE, EU, ECNC, EEA, EECONET, EURONATUR, REC, CEEWEB, BIOECO, BALET),

- соработка со секретаријати на меѓународни конвенции и договори ратификувани од Република Северна Македонија (Рио-конвенција, Бернска, Бонска, Рамсарска, Вашингтонска, UNESCO-конвенција, Хашки и Лондонски договор) во имплементација на меѓународни критериуми, стандарди и норми за зачувување на биодиверзитетот на национално, регионално и глобално ниво,

- подготвување предлози за ратификација на меѓународни конвенции, договори и протоколи од оваа област,

- примена на принципот на одржливо користење на биоресурсите,

- изготвување (во соработка со националните комитети) национални извештаи за имплементација на меѓународни конвенции и договори во Република Северна Македонија и нивно поставување на web-страна на Министерството, односно на web-страни на секретаријатите на истите,

- учество на меѓународни конференции, симпозиуми, конгреси и семинари на кои се презентираат резултати и информации за статусот на биодиверзитетот во глобални и регионални рамки,

- соработка со други органи, научни, стручни институции во реализација на програмски активности за зачувување на биодиверзитетот,

- координирање, следење и известување за степен на реализација на НПАА (Национална Програма за приближување на право на ЕУ) во областа ГМО,

- изготвување на стручни мислења за управување со ГМО,

- подготовка на подзаконски акти, согласно Закон за ГМО,

- остварување соработка со сите засегнати страни, научни и стручни институции, невладини организации од земјата и странство во областа на генетски модифицираните организми,

- координирање на активности за ефикасно спроведување и  имплементација на меѓународни договори – Картагенски Протокол за биосигурност(Сл.весник на РМ бр.40/05),

Управна постапка:

Барање за добивање дозвола за собирање на засегнати и заштитени диви видови растенија, габи и животни и нивни делови

Барање за добивање дозвола за извоз на загрозени и заштитени диви видови растенија, габи и животни и нивни делови

Барање за добивање дозвола за увоз на загрозени и заштитени  диви видови растенија, габи и животни и нивни делови

Издавање на дозволи за научно истражување во природата

Барање за издавање CITES-дозвола за увоз

Барање за издавање CITES- дозвола за извоз

Барање за добивање дозвола за чување на диви видови животни во заробеништво

Според постоечката систематизација на Министерството за животна средина и просторно планирање, Одделението за уредување на просторот во заштитени подрачја и геодиверзитет функционира како дел од Секторот за природа во рамките на Управата за животна средина.

Надлежности на oдделението се:

- Планирање,заштита и управување со заштитените подрачја,

- Воспоставување на меѓусекторска и меѓуресорска соработка во областа на заштитата на животната средина, заштита на геодиверзитетот и планирање и уредување на просторот,

- Обезбедување на стручна помош при изготвување на проекти за уредување на просторот во заштитените подрачја,

- Издавање на согласност во постапка на донесување на просторно планска документација, доколку планскиот опфат се наоѓа во граници на заштитено подрачје утврдено со закон, член 16 од Законот за заштита на природата,(„Сл.весник на РМ„ ,бр.67/04, 14/06 и 84/07, 35/10, 47/11, 148/11, 59/12, 13/13),

- Издавање на стручно мислење во постапката на утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, доколку бесправно изградениот објект се наоѓа во граници на национален парк, споменик на природата, парк на природата, заштитен предел илиповеќенаменско подрачје, член 18 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти („ Сл. весник на РМ„ бр. 23/11, 54/11 и 155/12),

- Издавање на податоци и информации за постоење на природно наследство во постапката на изработка на урбанистичко планска документација, член 29 од Закон за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ, бр. 124/10, 18/11, 53/11,60/11 и 144/12),

- Издавање стручно мислење во постапката на доделување на концесии за детални геолошки истражувања и експолатација на минерални суровини, член 14,19, 26,41,42 од Законот за минерални суровини („Сл. весник на РМ„ бр.136/12, 25/13 и 93/13),

- Спроведува активности за идентификација, валоризација и заштита на геолошкото и геоморфолошкото наследство.

ОБРАСЦИ ЗА БАРАЊА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛИ: