Сектор за финансиски прашања

Секторот за финансиски прашања во Министерството за животна средина и просторно планирање ги извршува работните задачи и обврски од делокругот на:

  • Следење и примена на законите и подзаконските акти од областа на буџетското и материјално – финансиското работење;
  • Подготвување,извршување и известување за извршувањето на буџетот за субјектот, подготовка на стратешкиот план на буџетот, измена и дополнување на буџетот и стратешкиот план на субјектот, контрола на подготовката и извршувањето на буџетот, спроведува ex-ante и ex-post финансиска контрола
  • Изготвувањето на финансиски план за извршувањето на буџетот(месечен, квартален и годишен) за субјектот, органите во состав и единките корисници на субјектот, следењето на остварувањето на приходите и извршувањето на трошоците на субјектот, сметководствено евидентирање за извршувањето на буџетот и подготвување на годишна сметка.

Изготвува план за воспоставување на финансиското управување и контрола како и методологија за спроведување на планот;

  • Подготовка на Годишен финансиски извештај во делот на внатрешната контрола, подготовка, примање ликвидирање и контрола на сметководствената документација, пресметувањето и исплатата на платите на вработените во субјектот, примена на законите, подзаконските акти и други прописи од областа на јавните набавки
  • Управување, следење и контрола на состојбата и движењето на средствата и изворите на средствата на субјектот утврдени со буџетот
  • Изготвување на годишен план за јавните набавки и негова реализација

Работните задачи и обврски Секторот за финансиски прашања ги извршува преку четири оделенија: Оделение за буџетска координација, Оделение за буџетска контрола, Оделение за сметководство и плаќања и Оделение за јавни набавки.

Одделение за
буџетска
координација
Одделение за
буџетска
контрола
Одделение за
сметководство и
плаќања
Одделение за
јавни
набавки

  • Воспоставува, координира и го усогласува процесот за подготвување и изменување и дополнување на буџетот и стратешкиот план на субјектот;
  • го координира процесот на развој, воспоставување, спроведување и одржување на финансиското управување и контрола;
  • давање предлози за воспоставување/укинување на еx ante финансиска контрола со вршење на проценка на ризик и ажурирање на процедурите за работните процеси од областа на финансиското управување и контрола;
  • следење и примена на законската регулатива од областа на буџетското работење и материјално работење
  • учествува во давањето мислење по предлог на актите што ги изготвуваат другите организациони единици во субјектот и предлог актите на други субјекти кои имаат или можат да имаат финансиски импликации за буџетот на субјектот
  • учествува во подготовка на извештај за реализирани програми, проекти и договори;
  • спроведување на ex-ante финансиска контрола
  • подготовка на извештај за активностите за воспоставување и развој на финансиското управување и контрола;
  • учествува во вршење на самопроценки на одделни процеси на системот на финансиско управување и контрола;
  • учествува во подготовка на Годишниот финансиски извештај

  • контрола на извршувањето на утврдените политики и оперативното управување (надзор над целокупниот процес на финансиското управување и контрола);
  • следење на реализацијата на договорите за јавните набавки
  • спроведува ex post финансиска контрола – вршење документарна контрола на комплетноста и исправноста на целокупната документација (фактури, порачки, испратници,работни налози, приемници и друго и нивна усогласеност со договорот за јавни набавки;)
  • изготвување на информации и извештаи за извршувањето на буџетот;
  • следење и примена на законската регулатива (закони, подзаконски акти, прописи, стандарди, упатства) од областа на финансиското управување и контрола;
  • контрола на расположливоста на планираните средства во буџетот/финансискиот план пред преземање на обврските;
  • Учествува во подготовка на Годишниот финансиски извештај

Спроведува сметководствено евидентирање за извршување на буџетот/финансискиот план и подготвувањето на годишна сметка (биланс на состојба, биланс на приходите и расходите, консолидиран биланс на капиталниот имот, биланс на задолжување и белешки/образложение кон финансиските извештаи);

  • сметководствено евидентирање на основните средства на субјектот, евидентирање и наплата на побарувањата и евидентирање и плаќање на достасаните обврски;
  • буџетското и финансиското известување;
  • заштита на средствата и обврските чија вредност е евидентирана во билнсот на состојба;
  • изготвување на годишни, квартални и месечни финансиски планови за буџетот на субјектот и неговите органи во состави и единки корисници согласно законските прописи;
  • ex ante сметководствена контрола на целокупната документација пред да се изврши плаќањето согласно пишаните процедури за сметководствените процеси;
  • следење и примена на законската регулатива од областа на сметководствено, материјално и финансиско работење;
  • секојдневно водење на благајнички работи и трезор;
  • пресметка и исплата на платите на вработените;
  • континуирано следење и грижа за доследна примена на законските прописи и на други подзаконски акти од областа на материјално – финансиското и книговодственото.

  • Подготовка на интерни акти /процедури за јавни набавки
  • Координација на потребите за јавни набавки во субјектот и подготовка на годишен план за јавни набавки
  • Следење на извршувањето на годишниот план за јавни набавки
  • Подготовка на решенија /одлуки за јавна набавка и договори и барања и согласности за јавни набавки
  • Дава инструкции и совети на Комисијата за јавни набавки
  • Подготовка на огласи за јавни набавки и тендерска документација
  • Водење евиденција на јавните набавки што се вршат во субјектот по видови на постапки и евиденции на другите набавки по видови
  • Изготвување на договори за јавни набавки,
  • Координација, изготвување и следење на реализацијата на порачките согласно склучените договори за јавни набавки.