Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Хоџа: Преку одржливо земјоделство до посилна заштита на природата

Хоџа: Преку одржливо земјоделство до посилна заштита на природата

Радовиш, 24.04.2026 Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, се обрати на настанот „Земјоделство со висока природна вредност и неговото значење за биодиверзитетот и пристапувањето кон ЕУ“, организиран со поддршка на  Шведската агенција за животна средина и општина Радовиш.

Во своето обраќање Хоџа истакна дека овој концепт претставува важен инструмент за воспоставување рамнотежа помеѓу човекот и природата и за зачувување на биолошката разновидност. Тој посочи дека државата активно работи на усогласување со европските стандарди во областа на заштитата на природата - преку имплементација на законодавството, воспоставување на мрежата Натура 2000 и усогласување со директивите за живеалишта и птици.

Покрај овие активности, кои се значаен дел од напредокот во процесот на пристапување кон Европската Унија, Хоџа нагласи дека само со партнерство меѓу институциите, научната заедница, граѓанскиот сектор и земјоделците може да се изгради систем кој функционира долгорочно.

Мени за пристапност