Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Хоџа на еко-акција на Матка: Чистата природа мора да стане наш стандард, а не реткост

Хоџа на еко-акција на Матка: Чистата природа мора да стане наш стандард, а не реткост

Скопје, 25.04.2026 Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се приклучи на волонтерите во голема акција за чистење на локалитетот Матка, едно од најзначајните природни богатства во земјава.

За време на акцијата, министерот истакна дека институциите забрзано работат на системски решенија, но дека клучот за долгорочен успех лежи во личната одговорност на секој поединец.

„Денес спроведуваме акција со која го собираме отпадот но главната цел е да испратиме порака – крајно време е одговорноста кон природата да ни стане навика. Како Министерство, инвестираме во зелена инфраструктура, но силата е во сите нас како граѓани. Чистата природа треба да ни биде стандард, а не реткост,“ истакна министерот.

Министерството упатува благодарност за соработката и поддршката до Општина Сарај, колективните постапувачи за управување со отпад и до сите волонтери кои со својот личен пример денеска покажаа како се чува животната средина.

Оваа акција е дел од пошироките заложби за заштита на природните вредности и поттикнување на еколошката свест кај граѓаните.

Мени за пристапност