Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ЈАВНА ОБЈАВА за раскинување на Договор за јавна набавка: Одржување на нестандардната депонија во Кочани

Министерство за животна средина и просторно планирање Министерство за животна средина и просторно планирање

Во врска со постапката за раскинување на Договор за јавна набавка бр. 05-2577/3 од 08.08.2025 година – Дел 1: Одржување на нестандардната депонија во Кочани, ја информираме јавноста за следното:

Надлежниот орган изврши повеќекратни обиди за уредна достава на документација до економскиот оператор Друштво за градежништво, трговија и услуги ЛУКС ИНЖЕНЕРИНГ 25 ДООЕЛ Визбегово Скопје, и тоа:

  • Одлука за раскинување на договорот (арх. бр. 05-452/2 од 18.02.2026 година);
  • Известување за раскинување на договорот (арх. бр. 05-452/3 од 18.02.2026 година);
  • Спогодба за спогодбено раскинување на договор (арх. бр. 05-452/5 од 24.02.2026 година).

Доставата беше извршена по поштенски пат на адресата наведена од економскиот оператор во понудата. И покрај тоа што пратките беа уредно предадени на поштенските служби, истите не беа примени од страна на економскиот оператор со напомена од пошта за непознат.

Дополнително, дел од документацијата беше доставена и по електронски пат, при што на 23.02.2026 година е добиена потврда од економскиот оператор дека истата е примена и разгледана.

По дополнително известување од страна на економскиот оператор за корекција на адресата, документацијата беше повторно испратена на новонаведената адреса. Сепак, и при овој обид, пратката повторно беше вратена како недоставена.

Со оглед на наведеното, се констатира дека надлежниот орган ги презел сите потребни дејствија за уредна достава на документацијата. За нотираната состојба составени се и службени белешки со уредна заверка со бр. 05-452/7 од 12.03.2026 година и бр. 05-452/8 од 14.04.2026 година

Оваа јавна објава се објавува со цел информирање и обезбедување транспарентност во постапката.

 

Мени за пристапност