Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Хоџа во Виена ги презентираше еколошките приоритети пред австриската влада

Министерот Хоџа во Виена ги презентираше еколошките приоритети пред австриската влада

Виена, 22.04.2026 Во рамки на официјалната посета на Австрија, денеска во Виена се одржа пленарна средба на двете владини делегации, на која министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, се осврна на приоритетите во процесот на зелена трансформација.

Хоџа нагласи дека земјата се соочува со наследени еколошки предизвици и дека фокусот е на нивното решавање, преку трајни системски решенија и капитални инвестиции.

Меѓу приоритетите издвоени пред двете делегации беа истакнати регионалните центри за управување со отпад, и изградбата на пречистителни станици како конкретни чекори кон затворање на нестандардните депонии и намалување на загадувањето на водите.

Австрија беше посочена како модел и клучен партнер во процесот на усогласување со европските стандарди, а министерот Хоџа изрази убеденост дека посетата на високо владино ниво ќе поттикне конкретни чекори во билатералната соработка - за добробит на животната средина и граѓаните во двете држави.

Мени за пристапност