Упатство за начинот на вршење теренска опсервација, инвентаризација и мониторинг на биодиверзитетот и живеалиштата на територијата на Република Северна Македонија

Мониторингот на природното наследство е моќна алатка за утврдување и документирање на промените во природата. Некои од промените се природни, а некои се од антропогено потекло. Сепак при управувањето со подрачјата и видовите може да се види поврзаноста помеѓу активностите на управувањето и резултатите од мониторингот. Тие можат да дадат корисни податоци за понатамошниот тек на активностите за креирање на политиката за заштита и управување со природното наследство.При планирањето на националните програми за мониторинг, клучен акцент се става на видовите и живеалиштата од национално значење и ЕУ интерес.

Со користење на Упатството за начинот на вршење теренска опсервација, инвентаризација и мониторинг на биодиверзитетот и живеалиштата на територијата на Република Северна Македонија т.e. листите за видовите и обрасците за живеалиштата за спроведување на мониторинг активности ќе се овозможи унифицирање на податоците кои се собираат од сите научно истражувачки активности и проекти за природното наследство. Со тоа ќе се олесни и унифицира електронскиот внес на овие податоци во Националниот информативен систем за природа кој се управува од страна на Министерство за животна средина и простроно планирање и ќе се овозможи нивна поефикасна обработка и дисеминација со засегнатите страни како и подготовка на извештаи.

Ова упатство беше развиено во рамките на ЕУ Твининг проектот: “Зајакнување на капацитетите за ефективно спроведувањена европското законодавство во областа на заштитата на природата согласно Директива за живеалишта, за собирање на релевантни информации за типовите за живеалишта и видови, изготвени се Листи за теренска опсервација на васкуларни растенија, бриофити/мовови, габи и лишаи, цицачи, птици, водоземци и влекачи, риби и ракови, безрбетници, како и обрасци за теренска инвентаризација и мониторинг на шуми и други шумски живеалишта; отворени живеалишта (тревни површини, вриштини и грмушна вегетација) и мочуришни живеалишта (тресетишта, блата, езера и реки). Листите за теренска опсервација на видови и обрасците за теренска инвентаризација за живеалишта за вршење мониторинг беше усогласени со национални експерти.

Листите за видовите и обрасците за живеалиштата задолжитено треба да се користат од сите субјекти и експерти при спроведување на теренски активности за мониторинг на природното наслество/биолошката разновидност и спроведуање на научни истражувања во природата на национално ниво.

МЖСПП во моментов работи на Развој на софтверска апликација за собирање на податоци на теренот за видови и живеалишта за националниот информативен систем за природно наследство со што ова упатство ќе биде дигитализарано и сите информации ќе може да се собираат преку мобилна апликација.

Со ова ќе се унапреди имплементацијата на националното законодавство за заштита на природата, меѓународните конвеции ратификувани од нашата држава како што се (Конвенција за биолошка разновидност, Бернска, Бонска, Рамсарска конвенција, ЦИТЕС, УНЕСКО) и усогласување и имплементација на ЕУ Директивата за живеалишта и птици.

Линк до:

  1. Упатството за начинот на вршење теренска опсервација, инвентаризација и мониторинг на биодиверзитетот и живеалиштата на територијата на Република Северна Македонија
  2. Протоколи за мониторинг на видови и живелаишта