Вода


Водата претставува ограничен и основен ресурс, неопходен за одржување на животот, со којшто се обезбедува социјална добросостојба, економски просперитет и здравје на екосистемот. Според хидрографската состојба во Република Македонија, постојат четири подрачја на речени сливови (Вардар, Црн Дрим, Струмица и Јужна Морава) и три природни езера (Охридско Езеро, Преспанско Езеро и Дојранско Езеро). Најголем дел од водите се домицилни, формирани на територијата преку врнежи. Република Македонија не е богата со површински води и тие главно зависат од појавата, времетраењето и интензитетот на врнежите. Како резултат на морфолошката, хидрогеолошката и хидро-географската структура на релјефот, површинските теченија брзо втекуваат во хидрографската мрежа (реките, потоците и езерата) и водата истекува надвор од земјата. Единствени исклучоци се карстните области, каде што водата се задржува подолго време под површината и ги прихранува протечните води од речната мрежа.

Kвалитет на водотеците

Податоцитезаквалитетотна водотеците во Република Македонија се добиваат од Управата за хидрометеоролошки работи.Во рамки на RIMSYS програмата се дефинирани 20 мерни места на реките и параметрите кои се следат.Континуираносеследаторганолептичките, минерализационите, кислородните и показaтелитенакиселост, еутрофикационитедетерминанти, органскимикрополутанти,  штетни и опaсниматерии, биолошкиелементи(Состав и изобилство на акватична флора и Состав и изобилство на бентосна инвертебратна фауна)наследнивемерниместа:

Станица Река
Света Богородица Треска
Граница, Влив Лепенец Лепенец
Радуша, Таор, Ногаевци, Демир Капија, Гевгелија, Башино Село Вардар
Пелинце, Катлановска Бања Пчиња
Трновец Крива Река
Балван Брегалница
Брод Елешка
Скочивир, Возарци Црна Река
Ново Село Струмица
ХЕ Шпиљје Црн Дрим
Бошков Мост Радика

Податоците од мониторингот на квалитет на водотеците може да ги најдете на следниве линкови:

-   http://www.meteo.gov.mk/index.php?option=com_content&view=section&id=3&Itemid=4&lang=mk

Квалитет на водотеците од здравствено – еколошки аспект

Согласно Законот за води органите надлежни за здравствената заштита се должни за вршење на мониторинг на водите наменети за консумирање од страна на човекот и водите за капење и за преземање мерки за активна заштита на населението против заразни и други болести со висока социјална и здравствена релевантност. Овие заводи вршат микробиолошки, паразитолошки, хигиенски, токсиколошки и биохемиски анализи од делокругот на нивната дејност.

Хидролошка состојба на реките и природните езера

Хидролошката состојба на реките и езерата се следи од страна на Управата за хидрометеоролошки работи на дефинираните мерни места преку следење напроток на реки и водостој на природните езера. Податоците од мониторингот на хидролошките параметри може да ги најдете на следниве линкови:

-   http://www.meteo.gov.mk/index.php?option=com_content&view=section&id=3&Itemid=4&lang=mk

Физичко-хемиски истражувања на Охридско Езеро

Податоците за квалитативната состојба на Охридското Езеро се добиваат од Хидробиолошкиот завод од Охрид. Мерните места се дефинирани врз основа на заклучоците од истражувањата во претходните години. Според Програмата за мониторинг на водите од Охридско – Преспанскиот регион,  се врши мерење на пелагијатот на Охридското Езеро.

Во Охридското сливно подрачје, во овој истражувачки период беше опфатен пелагијалот со едно мерно место на вертикален столб со десет длабочини (0, 10, 20, 30, 40, 50, 75, 100, 150, 240).

Хидробиолошкиот завод од Охрид, во водите од Охридското Езеро, континуирано ги следеше следните параметри:

  • Температура, проѕирност, реакција на водата (рН), вкупна алкалност, слободен СО2, кислород (растворен и заситеност), биохемиска потрошувачка на кислород, растворени биоразградливи органски материи преку перманганатна потрошувачка, азотни соединенија (амонијак, вкупен органски азот по Kjeldahl, нитрити и нитрати) и вкупен фосфор.