EXIM – Министерство за животна средина и просторно планирање

 


Во согласност со Уредбата за воспоставување и начинот на користење на информациониот едношалтерски систем за увоз, извоз и транзит на стоки (Службен весник на РМ бр. 134/08, како и Упатството за поблиските податоци за издавање дозвола за стоките што се увезуваат/извезуваат под ознака Д4 бр. 07-3200/1, Министерството за животна средина и просторно планирање го донесе Упатството за дигитално аплицирање на правните субјекти за издавање дозвола за стоките кои се увезуваат-извезуваат под ознака Д4 од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање бр.02-8454/1.

EXIM (Едношалтерски систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти) овозможува електронско поднесување на барањата за дозволи за увоз, извоз и транзит од страна на деловната заедница, како и електронско издавање на дозволите од страна на надлежните институции.

Електронско поднесување на барањата за дозволи во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање се врши преку EXIM системот со избор на следниот линк www.exim.gov.mk. На истиот линк се објавуваат и потребните информации за условите и правила за регистрација на економските оператори во EXIM, каде можат да се најдат и прирачниците за негово користење.

Регулатива за примена на EXIM

Табела со дозволи и во надлежност на МЖСПП кои се издават преку EXIM

Обрасци за подесување на барање за дозвола во хартиена форма

Корисничка подршка