Сектор за животна средина

Секторот за животна средина е Сектор во рамките на Управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање..

Секторот за животна средина се грижи за спроведување на законските обврски кои произлегуваат од оцената на влијание врз животната средина на одредени проекти , управувањето со бучава како и вршење на физичко-хемиски и токсиколошки анализи во сите медиуми на животната средина (вода, воздух, почва, бучава).

Учествува во изготувањето на закони и подзаконски акти од аспект на оцена на влијание врз животната средина животната средина и бучава.

Секторот за животна средина е е составен од три одделенија: Одделение за оцена на влијание врз животната средина и заштита на почвите, Одделение за бучава и Одделение за лабораторија.

Одделение за оцена на влијание и заштита на почвитеОдделение за бучаваОдделение за лабораторија

Постапката за оцена на влијанието врз животната средина е уредена во глава XI. Оцена на влијанијата на определни проекти врз животната средина од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“бр. 89/22 и 171/22). Со оваа глава од Законот за животната средина се делумно усогласен со одредбите на Директива 2011/92/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот од 13 декември 2011година за оценување на влијанијата врз животната средина на одредени јавни и приватни проекти (кодифицирана) и измените со Директивата 2014/52/ЕУ – околу 80%.

Одделение за оцена на влијание и заштита на почвите врши спроведување на постапката за оцена на влијание врз животната средина. Постаката за оцена на влијане врз животната средина опфаќа процена на можнте влијанија на определени проекти врз животната средина. Исто така постапките опфаќаат и

- кооридинирање на целата постапка за оцена на влијание врз животната средина со релевантни секторти во Управата за животна средина и други засегнати институции,

- консултации со јавност,

- утврдување на потребата од спроведување на постапка за оцена на влијание врз животната средина,

- утврдување на обем на Студијата за ОВЖС,

- организирање и модерирање на јавни расправи,

- водење на записници од јавни расправи,

- изготвување на извештај за соодветност по Студијата за Оцена на влијание врз животната средина,

- подготовка на акти кои произлегуваат од постапката за оцена на влијание врз животната средина.

За проектите за кои се утврдило дека не епотребно да се спроведе постапка за оцена на влијание врз животната средина во одделението за оцена на влијание врз животната средина се утврдува потребата од изработка на Елаборати за заштита на животната средина и се врши нивно одобрување или одбивање.

Во Одделението за оцена на влијание и заштита на почвите се води регистар на одобрени Елаборати за заштита на животната средина и Регистар на Студии за ОВЖС.

Одделение за оцена на влијание и заштита на почвите ги спроведува обврските од Конвенцијата за оцена на влијание во прекуграничен контест – ЕСПО како и дел од обврските на Архушката конвенција.

Исто така обврска на Одделение за оцена на влијание и заштита на почвите е да се грижи за заштитата на почвата како медиум на животната средина.

- Подготовка на законска регулатива (закон и подзаконски акти) од областа на заштитата на почвата

- Заштита на почвата како ограничен, незаменлив, уништлив и тешко обновлив природен ресурс

- Изготвување на стратегии, програми и планови за заштита на почвата

- Имплементација на меѓународни документи за заштита на почвата

- Насоки за заштита од загадување и за унапредување на квалитетот на почвата.

Управувaњето за бучава е регулирано во Законот за бучава. Законот за заштита од бучава во животната средина е делумно усогласен со Директива 2002/49/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 25 Јуни 2002 година во врска со проценката и управувањето со бучавата во животната средина и измената со Регулативата (ЕЗ)1137/2008.

Надлежности на одделението се:

- Изработка на стратешки карти за бучава и акциони планови за бучава .

- учествува во организирање на јавни расправи за изработка на Акциони планови за бучава

- подготвува извештај за состојбата од јавноста, ја следи состојбата со бучава ,

- предлага годишна програма за работа на државната мрежа за мониторинг на бучава

- дава мислења по годишната програмаза работа на локалната мрежа.

- Дава мислења по однос на влијанието на бучавата во одделни дејности и активности врз животнатa средина

- Управува со бучавата и предлага и превзема мерки за нејзино доведување во дозволените граници.

- Учествува во изготувањето на закони и подзаконски акти од доменот на заштита од бучава во животната средина

Одделението за лабораторија функционира како дел од Секторот за животна средина во рамките на Управата за животна средина со цел да врши следење на квалитетот на животната средина, како алатка за развој на политики. Освен вообичнаените и широкораспространети класични методи на анализа, Централната лабораторијата е опремена и со модерна и високософистицирана опрема за анализи, темелена на различни физико-хемиски методи.

Главни функции на лабораторијата се:

  • Следење на квалитетот на животната средина, како алатка за развој на политики
  • Поддршка на Државниот инспекторат за животна средина во неговата улога на спроведување на законите. Самомониторингот на инсталациите треба да биде контролиран од инспекторатот периодично. Мерењата спроведени од Централната лабораторија за животна средина ќе ги проверат податоците добиени од самомониторингот и ќе делуваат превентивно во точно презентирање на резултатите добиени од инсталациите.
  • Следење на инциденти, вклучително хемиска и биолошка контаминација, во животната средина како и следењето на нивна деконтаминација и ремедијација

Централна Лабораторија за животна средина е Акредитирана од Институтот за Акредитација на Република Северна Македонија со сертификат Бр. ЛТ-082 со кој сертификат се потврдува дека се исполнети барањата на МКС EN ISO/IEC 17025:2018 Општи барања на компетентност на лаборатории за тестирање и калибрација, каде опсегот на акредитација опфаќа тестирања во областа за животна средина:

  • Интерна метода за определување на биохемистата потрошувачка на кислород (БПК), Квалитет на вода Спектрофотометриско определување на БПК во вода со реагенс тест 1.00687.0001 MERCK Spectroquant. За опсег од 0,5 mg/L ÷ 3000 mg/L во отпадна вода.
  • Метода во согласност со ISO 15705:2002 за определување на хемиската потрошувачка на кислород (ХПК), Квалитет на вода Спектрофотометриско определување на ХПК во вода со реагенс тест 1.14540.0001. За опсег од 10 mg/L ÷ 150 mg/L во отпадна вода.
  • Метода во согласност со ISO 15705:2002 за определување на хемиската потрошувачка на кислород (ХПК), Квалитет на вода Спектрофотометриско определување на ХПК во вода со реагенс тест 1.14691.0001. За опсег од 300 mg/L ÷ 3500 mg/L во отпадна вода.
  • МКС EN ISO 10523:2013 Квалитет на вода -Определување на pH. Со опсег од pH 0 ÷ pH 14 во отпадна вода.
  • Метода во согласност со DIN 38405-9:2011 определување на концентравија на нитрати (NO3), Квалитет на вода Спектрометриско определување на нитрати во вода со реагенс тест 1.14563.0001. За опсег од 0,5 mg/L ÷ 25 mg/L NO3¯N во отпадна вода.
  • Метода во согласност со DIN 38405-9:2011 определување на концентрација на нитрати (NO3), Квалитет на вода Спектрометриско определување на нитрати во вода со реагенс тест 1.14764.0001. За опсег од 1,0 mg/L ÷ 50 mg/L NO3¯N во отпадна вода.
  • МКС EN ISO 1996-2:2018 Акустика- Опис, мерење и проценување на бучава од околината – Дел 2: Определување на ниво на бучава од околината. Со опсег од 20 dB ÷ 140 dB бучава во животна средина.