Сектор за правни и општи работи

Секторот за општи и правни работи брои 3 одделенија во неговиот состав:

-          Одделение за нормативно правни и административно стручни работи

-          Одделение за постапување со преставки и предлози и

-          Одделение за општи работи

Секторот за општи и правни работи дава упатства при подготовка на интерни акти, подготвува мислења, анализи, информации и извештаи за истите.

Предлозите за изготвување на критериуми и индикатори кои се однесуваат на мерење и оценка на ефикасното спречување на корупција се исто така дел од задачите на секторот, како и одговорите по однос на сите поднесени претставки и предлози.

Секторот за општи и правни работи воедно е и носител е на активностите за изработување на процедури од Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на стандардот ISO 9001:2008 и ISO 9001:2015, и носител на активностите за изработување и примена на Системот за заедничка рамка за проценка CAF.

Секторот за општи и правни работи детално ги следи следи, проучува и ги применува прописите од Законот за постапување по преставки и предлози, Законот за општа управна постапка, Закон за архивски материјал, Закон за организација и работа на органите на државна управа, Законот за прибавување и размена на докази по службена должност, Закон за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничка рамка на проценка на работењето и давањето на услуги во државната служба, Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, Закони од областа на животна средина,закон за заштита на лични податоци, закон за информации од јавен карактер, Закон за безбедност и здравје при работа, Закон за укажувачите.

Тој воедно учествува и во подготовката на Стратешкиот план на МЖСПП и Планот за спроведување на Програмата за работа, како и предлог-буџетот на Министерството од делокругот на работата.

Одделение за
нормативно правни и
административно стручни
работи
Одделение за
постапување со
претставки и
предлози
Одделение за
општи работи

ги врши следните работи и задачи:

-          Врши ефикасно и законито спроведување на работите од заеднички интерес на министерството и органите во состав во делот на нормативно правните и административно стручните работи.

-          Ги координира активностите кои се поврзани со подготовка на уредби, правилници и други интерни акти, раководи и ги координира стручно и административно-техничките работи во насока на имплементација на Законот за прибавување и размена на докази по службена должност и Законот за заштита на лични податоци.

-          Ги раководи, организира и координира стручно и административно-техничките работи поврзани со лекторирањето на материјалите за седниците на Владата на РМ, ги координира активностите кои се поврзани со издавањето и користење на мобилните телефони, ги координира и контролира работите поврзани со осигурување на движен и недвижен имот на Министерството.

-          Ги координира стручно и административно-техничките работи во насока на имплементација на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, имплементација на Закон за укажувачите, како и подготовката на овластувања на вработените согласно ЗОУП.

ги врши следните работи и задачи:

-          Врши ефикасно постапување по претставки и предлози на физички и правни лица за работата на министерството и органите во состав.

-          Изработува годишен план за постапување по преставки и предлози, врз основа на проценка на ризикот.

-          Активно ги гследи прописите, стандардите и упатствата кои се од значење за постапување по преставките и предлозите.

-          Врши контрола и го следи и обезбедува спроведувањето на годишниот план за постапување по преставки и предлози.

Претставки и предлози

ги врши следните работи и задачи:

-          Ги организира и координираработите кои се однесуваатна делот на вршењето на општи работи за потребите на Министерството, и е одговорно за нивното навремено, законито и квалитетноизвршување.

-          Се грижи за доследно спроведување на Законот за здравје и безбедност при работа.

-          Ги изработувапланот и листите за архивски знаци.

-          Се грижи за правилното архивирање на материјалите коишто се изготвуваат во Министерството како и за начинот на документирање на актите во министерството