МЖСПП: Обезбедени средства за санација и унапредување на колекторскиот систем Охрид – Струга

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и в.д. директорот на Јавното Претпријатие Колекторски Систем – Скопје, Владимир Алексијоски, потпишаа Договор за доделување на средства за санација и унапредување на ефикасноста на колекторскиот систем Охрид – Струга.

МЖСПП Обезбедени средства за санација и унапредување на колекторскиот систем Охрид

За санацијата на Колекторскиот систем, од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање за 2023 година се обезбедени средства во вкупна вредност од 40,4 милиони денари, согласно ПРОГРАМАТА ЗА КОЛЕКТОРСКИ СИСТЕМ ОХРИД И СТРУГА ЗА 2023 ГОДИНА. Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за животна средина и просторно планирање во континуитет ја поддржува санацијата на овој колекторски систем, заради ревитализација на целиот систем и заштита на водите на Охридското Езеро.

1-9