Преку инвестиции во енергетска транзиција и инфраструктура за здрава животна средина и европска иднина

(Скопје 23.01.2024) Денеска во рамки на годишнaта конференција „Година на европски можности“, на втората панел дискусија  „Инвестиции во енергетска транзиција и инфраструктура за здрава животна средина и европска иднина“ дискутираа министерот за економија Крешник Бектеши, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, Виктор Андонов, директор за развој и инвестиции во ЕСМ и Славјанка Пејчиновска Андонова, консултант за животна средина.Godina na evropski moznosti_1

Министерот Бектеши во своето обраќање се осврна на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција на Северна Македонија која што беше презентирана на крајот на минатата година.

Како што потенцираше министерот, Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција претставува основа за инвестиции и развој на политики кои што ги здружува владата, меѓународните финансии и приватниот сектор со цел за поддршка на процесот за енергетска транзиција на земјата.Godina na evropski moznosti_2

Северна Македонија постави цел за намалување на емисиите на стакленички гасови од 82% до 2030 година, во споредба со нивоата од 1990 година. Со ова се докажува нашата посветеност на принципите на Договорот од Париз и претставува значителен чекор кон поодржлива, конкурентна и праведна иднина. Енергетскиот сектор, кој беше значаен придонесувач за емисиите на нашата земја, се наоѓа на чело на овој процес на транзиција

Министерот потенцираше дека оваа година е многу важна за нас зашто, од осамостојувањето на државата до денес, прв пат ќе бидеме целосно независни од источниот дел во однос на снабдувањето со енергенси, посебно во делот на природен гас. Бектеши информираше дека е во завршна фаза и ставањето во функција на продуктоводот кој е изграден повеќе од една деценија, но кој досега не проработи. Првичната цел на продуктоводот, потсети Бектеши, беше пренос на сурова нафта, а сега, со последните измени на Законот за енергетика, преку него ќе може да се пренесуваат и други деривати, вклучувајќи го и дизелот.Godina na evropski moznosti_3

Во делот на фосилните горива, успеавме преку преговори со ЕУ и други засегнати страни да го преминеме рокот од 2030 до 2040 година за да ги пренасочиме нашите блокови, посебно во РЕК Битола и РЕК Осломеј, како и во ТЕЦ Неготино, од производтсво на електирчна енергија со јаглен на природен гас, имајќи предвид дека после децении почнуваме со градење нов интерконетор кој ќе овозможи безбедност во снабдување со енергенси, но генерално и за државата зашто до овој момент бевме целосно зависни од една влезна точка за снабдување со природен гас – со Република Бугарија, која, за жал, до 2030 година е закупена од „Газпром“, истакна Бектеши.Godina na evropski moznosti_4

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова кажа дека оваа Влада (после неколку одбивања на минатата) е таа која ја препозна ратификацијата на Договорот од Париз како можност за пониско јаглероден раст и развој на државата и како инструмент за привлекување на инвестиции во реализирање на целите на истиот. Имаме поставено среднорочни и долгорочни цели за декарбонизиран раст и развој, согласно глобалната цел од Договорот од Париз, но и согласно Европскиот зелен Договор за јаглеродно-неутрална Европа до 2050 и климатскиот и енергетски пакет до 2030 година, ги имаме идетификувано политиките и мерките за намалување на климатските промени во различни сектори (енергетика, (вклучително и транспорт), земјоделство, употреба на земјиште, шумарство, индустриски процеси), знаеме колку чини реализацијата на мерките и знаеме од каде да ги обезбедиме тие средства“ – истакна министерката Шукова. Таа потенцираше дека според проценките од долгорочната стратегија за климатска акција овие инвестиции создаваат приближно 10.000 зелени работни места, а за преминот кон зелена и циркуларна економија  како најголем извор на инвестиции се ЕУ предпристапните фондови, но секако и финансиската помош на други држави, како што е Швајцарија, Холандија, Германија, Шведска и другите билатерални и мултилатерални донатори и меѓународни финансиски институции како ЕБРД и ЕИБи секако помошта од Инвестициската Рамка за Западен Балкан.

Директорот за инвестиции во ЕСМ, Виктор Андонов истакна дека ЕСМ ќе се трансформира и декарбонизира со меѓународна помош и експертиза.Godina na evropski moznosti_5

Една од сериозните можности е Инвестицискиот план кој кажува дека се обезбедени вкупно три милијарди евра, но овие средства не се за ЕСМ, туку за сите, за домаќинствата, за приватниот сектор, за малите и средните претријатија, но треба да ги гледаме како средства насочени за трансформација на регионите кои биле засегнати со јаглен – Пелагонсикиот, Битолскиот и регионот во Кичево. ЕСМ тука треба да има сериозна улога, бидејќи во последните 40 години тие луѓе таму дишеле неквалитетен воздух и треба да им се оддолжиме. ЕСМ треба да се грижи посебно за тој регион, во Битола и Осломеј, кажа директорот Андонов.Godina na evropski moznosti_6

Славјанка Пејчиновска Андонова, консултант за животна средина која со својот тим учествуваше во изработка на Извештајот за стратешка оцена на Инвестициски план за забрзана транзиција од јаглен на Република Северна Македонија зборуваше за овој многу важен контролен механизам на усогласување на стратегиите, полититките и плановите во корист на животната средина. Според извештајот, Инвестицискиот план овозможува  бројни позитивни влијанија врз животната средина и врз здравјето на луѓето, преку: намалување на емисиите на стакленички гасови (околу 32% од стакленичките гасови од енергетскиот сектор до 2050 год), намалување на емисии на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух – 100% редукција на загадувачки супстанци кои потекнуваат од РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, подобрување на квалитетот на воздухот посебно во околината на двата енергетски капацитети и подобрување на здравствената состојба на населението и работниците, подобрување на квалитетот на почвата и подземните води на локациите на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј – рудниците, одлагалиштата со пепел  преку ремедијација на локациите, поголемо учество на обновливите извори на енергија во однос на фосилните горива; индиректно подобрување на состојбите со квалитетот на површинските и подземните води и состојбата со присутниот биодиверзитет; обезбедување на енергетска ефикасност на јавни објекти; поттик за зелени бизниси, зелени вештини и ред други придобивки.

Линк мк https://www.youtube.com/watch?v=GG0mgrbwSWE

Линк алб https://www.youtube.com/watch?v=Rp0g1DXqClU

Линк анг https://www.youtube.com/watch?v=mAL9nXTSH0A