Известување за доставување на коментари и забелешки по Нацрт-Планот за управување со споменикот на природа (СП) Преспанско Езеро за период 2024-2033 година

Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира заинтересираната јавност дека врз основа на Закон за заштита на природата МЖСПП во соработка со општина Ресен на 23 јануари 2024 година одржа Јавна расправа по однос на Нацрт-Планот за управување со споменикот на природа (СП) Преспанско Езеро за период 2024-2033 година.

Нацрт-план за управување со СП Преспанско Езеро за периодот 2024-2033 е достапен за увид на веб страницата на
Министерството на следниот линк:
https://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2023/12/НАЦРТ ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ со СП ПЕ 2023-2032.docx

Вашите забелешки или предлози можеа да се достават на јавната расправа или во рок од 10 дена од одржувањето на истата, а најдоцна до 6 февруари 2024 година на следните контакт адреси:
Општина Ресен, Плоштад Цар Самоил бр.20
е-маил:
cabinet.gradonacalnik@resen.gov.mk и
ajman.almalla@resen.gov.mk
како и копија до Министерство за животна средина и просторно планирање, плоштад Пресвета Богородица бр.3 Скопје,
е-маил: infoeko@moepp.gov.mk