Презентирана првата верзија на Националната Карта на живеалишта на Северна Македонија

Првата верзија на Националната Карта на живеалишта на Северна Македонија беше презентирана денеска пред академската и стручната јавност, претставници од граѓанскиот сектор, владини институции и повеќе странски амбасади во земјава.

1  Презентирана првата верзија на Националната Карта на живеалишта на Северна МакедонијаМинистерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во своето воведно обраќање истакна дека Картата на живеалишта претставува значаен исчекор во долгорочниот процес за идентификација и валоризација на еколошката состојба живелиштата во нашата земја.

- Министерството за животна средина и просторно планирање, како надлежен орган за креирање на политиката и заштитата на животна средина на национално ниво, ја разбира и потврдува потребата една ваква карта да биде дел од основата за идните процеси на планирање во земјата. Тоа ќе се одрази во делот на просторното планирање, и секако во планирањето на заштитата на природата и природните вредности на нашата земја, но и во делот на идентификација на НАТУРА 2000 подрачја, кои се дел од севкупниот систем за планирање на заштитата на животната средина – истакна Шукова во своето воведно обраќање.

2 Презентирана првата верзија на Националната Карта на живеалишта на Северна МакедонијаКартата е изработена во рамки на проект финансиран од страна на Европската банка за обнова и развој, спроведен од страна на Манеко Солушнс ДООЕЛ Скопје и национален тим на експерти, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

3 Презентирана првата верзија на Националната Карта на живеалишта на Северна МакедонијаПри изборот на податоците е направено соодветно определување на живеалиштата до трето ниво според класификацијата на Европскиот природен информационен систем (EUNIS 2012) на Европската агенција за животна средина (EEA) како и направена е корелација со директивата за живелишта. Развиена е и веб гис платформа на картата на живелишта што ќе биде јавно достапна на интернет страната на Министерството, после промотивниот настан.