Поддршката од Италија е фокусирана на областа управување со природата

Поддршката од Италија е фокусирана на областа управување со природатаМинистерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари работна средба со амбасадорот на Италијанската Република во Скопје, Н.Е. Андреа Силвестри. 

На средбата, министерот Нуредини изрази задоволство од досегашната поддршка што Италија и ја дава на нашата држава, а двете страни ја потврдија заедничката заложба за унапредување на соработката од областа на животната средина и климатските промени, со тенденција за продлабочување на секторската соработка.

Поддршката од страна на италијанската Амбасада е фокусирана на областа управување со природата, преку реафирмирање на Проектот за заштита на долината на река Радика, која тече во Реканскиот крај, што е дел од Националниот Парк Маврово.