Одржана средба со градоначалниците на Југозападниот плански регион за изработка на Просторен план на РСМ

Одржана средба со градоначалниците на Југозападниот плански регион за изработка наВо рамките на подготвителните активности за изработка на Просторен план на Република Северна Македонија, заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска, заедно со директорката на Агенцијата за планирање на просторот Андријана Андреева, оствари работна средба со раководителот на Центарот за Југозападен  плански регион, Мирјана Лозаноска и градоначалниците на сите општини кои припаѓаат на Југозападниот плански регион. 

На оваа средбата беа презинтирани значењето и улогата на Просторниот план на Република Северна Македонија кој ќе овозможи долгорочен и одржлив социо-економски развој, законската основа и процедурата за неговото донесување, како и потребната документација, податоци и информации кои би требало да се обезбедат од единиците на локалната самоуправа. 

Основна цел на овој состанок, кој е само еден од серијата состаноци кои се одржуваат со Центрите на сите плански региони во Државата, беше да се укаже на клучната улога на општините во прибавувањето на овие информации, како и на Центрите, како координатори и врска помеѓу клучните институции за изработка на што поквалитетен плански документ, кој ќе соодветствува на современите потреби на граѓаните и ќе овозможи побрз и плански развој на сите региони во државата.