Нуредини оствари средба со амбасадорката на САД, Мари Брнс

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска оствари протоколарна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во РСМ, Н.Е. Кејт Мари Брнс.

Sredba_Nuredini_Brns

Во фокусот на средбата беше континуираната поддршка од страна на Соединети Американски Држави за имплементација на политиките и мерките кои произлегуваат од стратешките документи посветени на климатски промени, особено во делот на вклучување на приватниот сектор и локалната самоуправа, а од особен интерес е и Ревидираниот Национален Утврден Придонес (eNDC), кој има поамбициозни цели за ублажување базирани на потенцијалот за ублажување и на енергетскиот и на останатите сектори и кој разгледува области како вклучување на приватниот сектор и соработка со локалната самоуправа.

Министерот Нуредини се заблагодари на континуираната поддршка и соработка од страна на Амбасадата на САД и ги изрази своите заложби за конструктивно продлабочување на соработката во областа на животната средина и климатските промени.