НУРЕДИНИ: Управување со водите и со отпадот приоритет за животната средина во о.Тетово

НУРЕДИНИ Управување со водите и со отпадот приоритет за животната средина во ТеМинистерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини оствари работна средба со градоначалникот на општина Тетово Билал Касами на која разговараа за унапредување на соработка за поинтензивна реализација инфраструктурните проекти  што се од интерес на граѓаните. Посебен акцент се стави на проектите предвидени во рамки на ИПА програмите, пред се изградба на  колекторскиот систем и секундарната канализациона мрежа за што речиси се завршени сите обврски од техничката документација. 


Разговарано е и за постапката за издавање на градежната дозвола за спроведување на проектот за  заштита од штетно дејство на водите – Уредување на порој во село Шипковица. 
Тема на разговор беше  и започнувањето на постапката за чистење на дивите депонии во населените места во НП Шар Планина, а се дискутираше и за планираните инвестиции за регионалното управување со отпад во Полошкиот регион.