Државниот секретар ја отвори работилницатаза мониторинг и надзор на ремедијацијата во ОХИС

Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова ја отвори тридневнатаработилница која се одржува во рамки на проектот за отстранување на техничките и економските бариери за започнување на активности за чистење на локациите контаминирани линдан во кругот на ОХИС преку зајакнување на правните, институционалните и технички капацитети во земјава. Работилницата, во чии рамки се врши обука на националните чинители за одржливо управување, мониторинг и надзор на ремедијационите активности во ОХИС,е во организација на Канцеларијата за за перзистентни органски загадувачи (POPs) при Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Организацијата за индустриски равој при Обединетите нации (UNIDO) и меѓународната консултантска фирма TAUW од Холандија.

Rabotilnica_remedijacija_drzavensekretar

Истакнувајќи дека следењето на клучните параметри во разни медиуми во животната средина во текот на процесот ремедијација е од клучно значење за успешноста на применетите методи и технологии, државниот секретар Шукова во своето воведно обраќање, додаде:

- Верувам дека искуствата и знаењета стекнати во текот на оваа работилница ќебидат применети во сите наредни слични процеси на управување со жешкиточки во нашата држава.

Rabotilnica_remedijacijaOhis_drzavensekretar

Проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на ремедијацијата на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и линдан во ОХИС“ го реализира Министерството за животна средина и просторно планирање преку Канцеларијата за POPs, со финансиска поддршка од Глобалниот еколошки фонд (GEF).