Состанок со градоначалниците од Пелагонискиот плански регион за изработка на Просторен план на РСМ

Состанок со градоначалниците од Пелагонискиот плански регион за изработка на ПростПо повод изработката на Просторен план на Република Северна Македонија, заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, денес оствари координативна средба со градоначалниците од Пелагонискиот плански регион. 

Истакнувајќи дека при креирање на просторниот план на национално ниво се земаат во предвид и политиките на регионите и општините, заменик министерката Оџаклиеска рече дека разбирањето на потребите и просторниот потенцијал на планските региони ќе овозможи реално претставување на состојбите на терен и креирање на одржливи плански решенија, 

- Само преку блиска соработка меѓу планските региони и општините кои во рамки на сопствените стратегии и планови ги изразуваат своите планови за иден развој на просторот, визијата за развој можеме да ја приближиме до реалноста во која сакаме да живееме и обратно и можеме да обезбедиме интегрален пристап во процесот на планирање на просторот додаде Оџаклиеска.